Контакт

Избори 2019

(Видео) Бајрами: До ОЈО и МВР нема пристигнато никаква пријава за случајот во Студеничани

Објавено пред

Претседателот на Комисијата за следење изборни нерегуларности при Јавното обвинителство на РСМ, обвинителот Џелал Бајрами, по затворањето на гласачките места изјави дека до овој момент до Обвинителството и до МВР не е пријавен настанот во Студеничани, каде што едно избирачко место утрово не беше отворено бидејќи, како што беше изнесено во јавноста, лицето што го поседувало клучот од избирачкото место одбивало да ја отклучи просторијата за гласање.

„Треба првично да се утврди дека лицето не ја отклучило просторијата. Засега до МВР и Обвинителството не е пријавен таков настан и доколку се утврди некаква вина, секако дека ќе бидат поведени потребните активности од наша страна“, рече Бајрами.

Обвинителот истакна дека, генерално, изборите течат во најдобар ред, со мали исклучоци.

Досега забележана е една повреда на тајноста на гласањето во Тетово, каде што гласач го фотографирал ливчето со мобилен телефон. Како што вели Бајрами, уредот е одземен и ќе биде извршено вештачење по што ќе има и постапка од страна на Обвинителството.

Во општината Чешиново-Облешево приведени се неколку лица што дистрибуирале пропаганден материјал на еден од кандидатите за претседател.

Во текот на денот до Обвинителството пријавен е и случај од страна на граѓанин кој во општината Ѓорче Петров забележал комбе со разглас преку кој се повикувало на бојкот на изборите.

„ОЈО Скопје е известено дека на територијат на општината Ѓорче Петров има комбе што кружи и преку разглас повикува на бојкот. Дадени се насоки да се излезе на терен и да се утврди идентитетот, но припадниците на МВР не затекле такво комбе и немало сведоци што би ја потврдиле изјавата на лицето што го пријавило случајот“, рече Бајрами.

Од Обвинителството очекуваат во периодот помеѓу двата изборни круга, како и самиот ден на гласањето на вториот круг, да помине како и досега, мирно и во демократски услови.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Избори 2019

(Видео) Заев со честитки до Пендаровски: Драг Стево, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев испрати честитка по повод инаугурацијата на претседателот на државата Стево Пендаровски. Честитката ви ја презентираме во целост:

„Почитувани граѓани, денес нашата земја добива претседател – тоа е нашиот Стево Пендаровски, лидер кој ни се приклучува во водството напред, во нашата заедничка иницијатива со која ја правиме Северна Македонија убаво место за живеење. Денес Пендаровски ја презема должноста да биде претседател на сите граѓани, натпартиски, да се бори за правда и правичност и да ја претставува земјата достоинствено насекаде низ светот.

,,Драг Стево, Нека е честито, успеавме, граѓаните потврдија дека мораме да продолжиме напред, преку заедништво. Ти посакувам успех и верувам во конструктивна соработка во интерес на развојот. Сега одговорноста е голема. Те поддржувам за да им служиш посветено и праведно на сите граѓани и на нашата држава.Честитки, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе и на првиот работен состанок. Нѐ чека многу заедничка работа, за нашиот народ”, се вели во честитката на Заев.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Напладне инаугурација на Пендаровски во Собрание, ќе присуствуваат повеќе државници од регионот

Објавено пред

Новоизбраниот претседател Стево Пендаровски денеска ќе ја преземе функцијата, по свечената инаугурацијата во Собранието, по што официјално ќе започне неговиот петгодишен мандат.

На давањето заклетва на петтиот по ред претседател на земјава во 12 часот во Собранието, ќе присуствува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и претседателите на Албанија, Бугарија и на Косово.

Во Кабинетот на претседателот „Вила Водно”, според најавата, во 13.45 часот ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата претседател со највисоки воени и државни почести.

По свечената церемонија, предвидено е претседателот Ѓорге Иванов и претседателот Стево Пендаровски да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува и заедничка средба на двајцата претседатели со вработените во кабинетот на претседателот.

Пендаровски ќе оствари билатерални средби со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, со претседателот на Република Албанија, Илир Мета, со претседателот на Република Косово, Хашим Тачи.

Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари билатерални средби и со Срѓан Дармановиќ, министер за надворешни работи и европски интеграции на Црна Гора, со Фарук Кајмакчи, заменик МНР на Република Турција и со Пјотр Вавжик, државен потсекретар во МНР на Република Полска.

Пендаровски вчера во Државната изборна комисија (ДИК) го доби уверението за избран претседател, пред неговата утрешна инаугурација во Собранието.

„По првпат, ако не се лажам, а памтам долго бидејќи имам доволен број години, од деведесетите па наваму, сите учесници во изборниот процес го признаа изборниот резултат и тоа е исклучително добра препорака за земјава. За тоа се заслужни не само моите двајца противкандидати на кои им благодарам за однесувањето во целата кампања туку и сите државни институции надлежни за организацијата, од Државната изборна комисија па сè до последниот гласачки одбор. Државата се однесуваше европски во целиот изборен процес“, рече Пендаровски.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Управниот суд пресече – нема прегласување во Ново Село

Објавено пред

Управниот суд ја одби како неоснована тужбата поднесена од ВМРО – ДПМНЕ за изборите за градоначалник на Ново Село. Тие на својата веб-страница соопштија дека го потврдуваат решението што претходно го донесе Државната изборна комисија.

ВМРО-ДПМНЕ бараше да се поништи гласањето на Избирачкото место број 1789 во постапката за избор на градоначалник на Општина Ново Село и гласањето да се повтори. Тоа го бараа оти констатирале дека во Избирачкиот список за тоа изборно место се потпишале вкупно 411 избирачи, додека во гласачката кутија биле пронајдени 412 ливчиња.

Државната изборна комисија на 11 мај го отфрли приговорот на ВМРО – ДПМНЕ за гласањето на ова избирачко место.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион10 часа

Србинка заврши со притвор со новороденчето – била шеф на балканска наркобанда во Шпанија

37-годишна Србинка заедно со нејзиното новороденче е притворена во Шпанија, откако тамошната полиција спровела истрага во која е откриена балканска...

Свет12 часа

Ако Баку користи турски авиони „Ф-16“ – Ереван ќе ги користи ракетите „Искандер“

Ерменскиот амбасадор во Русија, Вардан Тогањан, изјави дека Ереван ќе користи ракети „Искандер“ доколку Баку употреби турски ловци „Ф-16“ во...

Свет12 часа

Ерменија бара итна реакција од Европскиот суд за човекови права

Ерменија итно реагираше до Европскиот суд за човекови права од кого побара привремени мерки против Азербејџан, каде што траат борбите...

Македонија13 часа

Јанкулоска спроведeна во затворот „Идризово“

Ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска од нејзиниот дом е спроведена во затворот „Идризиво“, потврдуваат од МВР. Таа треба да...

Македонија14 часа

Јанакиески до судот: Дали треба да се најде жртвено јагне за да ја понесе одговорноста за постапките на Груевски?

„Ниту сум прифатил, ниту сум дал насоки, ниту сум поттикнувал“, вели обвинетиот ексминистер Миле Јанакиески во завршните зборови на рочиштето...

Македонија18 часа

Четири лица починаа, потврдени 48 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа потврдени се 48 нови случаи на коронавирус од 387 теста, а починаа четири лица, соопшти Министерството...

Македонија18 часа

МОН: Во тек се тестирањата на Националната платформа за онлајн-настава

Во тек се тестирањата на платформата, се работи на нејзина оптимизација, велат од Министерството за образование и наука по реакциите...

Регион19 часа

Црна Гора го враќа полицискиот час во некои градови

Со оглед на екстремно распространетиот локален пренос на коронавирус, големиот број случаи во болниците и огромниот притисок врз здравствениот систем,...

Свет19 часа

(Видео) Жестоки борби во Нагорно-Карабах, светските лидери бараат прекин на огнот

Голем судир меѓу Ерменија и Азербејџан избувна во регионот Нагорно-Карабах. ООН повика на итен прекин на огнот. Москва, Вашингтон и...

Свет19 часа

Kина: Запрете го увозот на замрзната храна од загрозените земји, преку неа се пренесува короната

Властите во Пекинг апелираа до увозниците да престанат да увезуваат замрзната храна од земјите погодени од епидемијата Ковид-19 бидејќи примероците...

Македонија20 часа

Притвор за десеттемина дрвокрадци кои претепаа полицајци

Судот определи мерка притвор од 30 дена за десет осомничени лица кои биле вклучени во претепувањето на полициските службеници во...

Регион21 час

Трамп: Лидерите на Србија и Косово се прегрнаа во Белата куќа, прекрасно беше да се види тоа

На предизборен митинг во сојузната држава Пенсилванија, Трамп повторно зборуваше за неговото посредување меѓу Србија и Косово, како и меѓу...

Економија22 часа

Усвоен четвртиот пакет економски мерки – 470 милиони евра за поддршка на граѓаните и стопанството

Владата на вчерашната редовна седница ја разгледа информацијата за четвртиот сет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на...

Македонија23 часа

Седум града со над 100 активно заразени од коронавирус

Во моментот во земјата како активни се водат 2.323 случаи на заразени од коронавирус. Од нив, во седум македонски града...

Економија1 ден

Субвенции и за казината – ќе плаќаат само една третина од износот за лиценца

Во четвртиот сет мерки Владата предвиде субвенции за приредувачите на игри на среќа за месеците октомври, ноември и декември. Тие...

Македонија1 ден

Заев и Борисов разговараа телефонски: Историските комисии треба да најдат решенија прифатливи за двете страни

Премиерите на Република Северна Македонија и Република Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, денеска телефонски разговараа за повеќе области на...

Регион2 дена

Серија земјотреси кај Атос

Серија земјотреси, од кои најсилниот од 5,2 степени според Рихтеровата скала, ја погодија областа Атос во Грција во последните 24...

Свет2 дена

(Видео) Борбите околу Нагорно-Карабах траат со часови, има мртви и ранети војници и цивили

Парламентот на Азербејџан прогласи воена состојба и полициски час во неколку региони по вооружениот конфликт со Ерменија околу Нагорно-Карабах, јавува...

Свет2 дена

Папата Франциско повика на мир меѓу Ерменија и Азербејџан

Папата Франциско денеска апелираше до Ерменија и Азербејџан да ги решат „нивните недоразбирања“ преку преговори по конфликтот за отцепениот регион...

Топ2 дена

Шестгодишно дете почина од струен удар во Скопско

Шестгодишно дете почина од струен удар во Скопско. Како што информира МВР, вчера во 14.25 часот во СВР Скопје, од...

Досие