Контакт

Избори 2019

(Видео) Мицкоски: Доколку престанеме да ги следиме идеалите на нашите предци Македонија ќе престане да живее

Објавено пред

Македонија живее и ќе продолжи да живее доколку го сонуваме сонот за Македонија и доколку се бориме тој сон еден ден да стане јаве. Доколку престанеме да го сонуваме тој сон за Македонија и доколку престанеме да ги следиме идеалите и аманетот на нашите предци за жал ниту Македонија ќе живее, ниту ние со нејзе, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Затоа јас ја користам оваа прилика и на оние помлади генерации овдека коишто се со нас, иако јас лично не се сметам за генерација којашто еве во завршниот дел од својата политичка кариера, но зборувам за оние млади генерации на Унијата на млади сили, на сите оние коишто се денеска овдека да продлжат да го следат идеалот и аманететот на генерациите пред нас и за Македонија, и за ВМРО, и за ВМРО-ДПМНЕ да го надградуваат и прошируваат, и навистина еден ден Република Македонија да биде горда и достоинствена што одгледала такви синови, ќерки, такви граѓани, такви жители во Република Македонија. Затоа тоа е многу значајно“, рече тој.

Луѓето, рече Мицкоски, како резултат на сите овие порази, национални и недостоинствени однесувања на одредени политичари, не зборам од само сега, зборувам и во минатото, не зборувам само на националната основа, туку зборувам и на онаа останатата општествената, социјалната димензија.

„Некако како да ја ставија во втор план љубовта, емоцијата кон татковината. Ние во новата програма посветуваме посебен столб, посебен дел којшто ќе ја поврати таа емоција кон нашата татковина да си ја сакаме како наша втора мајка. Затоа уште еднаш би сакал на сите вас од прв до последен да ве поканам вечерва од 19 часот да ни се придружите на најголемиот сенароден митинг којшто ќе се одржи пред платото на Владата на Република Македонија, каде што ќе говори идниот претседател на републиката Проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова. А потоа се разбира, после големиот триумф на Проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова, следуваат предвремени парламентарни избори на кои што ВМРО-ДПМНЕ заедно со Коалицијата за Подобра Македонија, но и во историјата најголемата некогаш направена коалиција во Република Македонија а тоа е коалицијата со народот ќе им покаже што значи победа и што значи навистина одзивот на народот и реакцијата на народот за сите оние лаги за сите оние нереализирани ветувања, неисполнети очекувања, за сиот оној криминал, понижувања, за сето она омаловажување на сопствената држава и сопствениот нација која што за жал денеска во Република Македонија е секојдневие. Победата на предвремените парламентарни избори ќе отвори една нова страница, една нова книга за историјата во Република Македонија“, рече Мицкоски.

Избори 2019

(Видео) Заев со честитки до Пендаровски: Драг Стево, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев испрати честитка по повод инаугурацијата на претседателот на државата Стево Пендаровски. Честитката ви ја презентираме во целост:

„Почитувани граѓани, денес нашата земја добива претседател – тоа е нашиот Стево Пендаровски, лидер кој ни се приклучува во водството напред, во нашата заедничка иницијатива со која ја правиме Северна Македонија убаво место за живеење. Денес Пендаровски ја презема должноста да биде претседател на сите граѓани, натпартиски, да се бори за правда и правичност и да ја претставува земјата достоинствено насекаде низ светот.

,,Драг Стево, Нека е честито, успеавме, граѓаните потврдија дека мораме да продолжиме напред, преку заедништво. Ти посакувам успех и верувам во конструктивна соработка во интерес на развојот. Сега одговорноста е голема. Те поддржувам за да им служиш посветено и праведно на сите граѓани и на нашата држава.Честитки, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе и на првиот работен состанок. Нѐ чека многу заедничка работа, за нашиот народ”, се вели во честитката на Заев.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Напладне инаугурација на Пендаровски во Собрание, ќе присуствуваат повеќе државници од регионот

Објавено пред

Новоизбраниот претседател Стево Пендаровски денеска ќе ја преземе функцијата, по свечената инаугурацијата во Собранието, по што официјално ќе започне неговиот петгодишен мандат.

На давањето заклетва на петтиот по ред претседател на земјава во 12 часот во Собранието, ќе присуствува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и претседателите на Албанија, Бугарија и на Косово.

Во Кабинетот на претседателот „Вила Водно”, според најавата, во 13.45 часот ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата претседател со највисоки воени и државни почести.

По свечената церемонија, предвидено е претседателот Ѓорге Иванов и претседателот Стево Пендаровски да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува и заедничка средба на двајцата претседатели со вработените во кабинетот на претседателот.

Пендаровски ќе оствари билатерални средби со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, со претседателот на Република Албанија, Илир Мета, со претседателот на Република Косово, Хашим Тачи.

Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари билатерални средби и со Срѓан Дармановиќ, министер за надворешни работи и европски интеграции на Црна Гора, со Фарук Кајмакчи, заменик МНР на Република Турција и со Пјотр Вавжик, државен потсекретар во МНР на Република Полска.

Пендаровски вчера во Државната изборна комисија (ДИК) го доби уверението за избран претседател, пред неговата утрешна инаугурација во Собранието.

„По првпат, ако не се лажам, а памтам долго бидејќи имам доволен број години, од деведесетите па наваму, сите учесници во изборниот процес го признаа изборниот резултат и тоа е исклучително добра препорака за земјава. За тоа се заслужни не само моите двајца противкандидати на кои им благодарам за однесувањето во целата кампања туку и сите државни институции надлежни за организацијата, од Државната изборна комисија па сè до последниот гласачки одбор. Државата се однесуваше европски во целиот изборен процес“, рече Пендаровски.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Управниот суд пресече – нема прегласување во Ново Село

Објавено пред

Управниот суд ја одби како неоснована тужбата поднесена од ВМРО – ДПМНЕ за изборите за градоначалник на Ново Село. Тие на својата веб-страница соопштија дека го потврдуваат решението што претходно го донесе Државната изборна комисија.

ВМРО-ДПМНЕ бараше да се поништи гласањето на Избирачкото место број 1789 во постапката за избор на градоначалник на Општина Ново Село и гласањето да се повтори. Тоа го бараа оти констатирале дека во Избирачкиот список за тоа изборно место се потпишале вкупно 411 избирачи, додека во гласачката кутија биле пронајдени 412 ливчиња.

Државната изборна комисија на 11 мај го отфрли приговорот на ВМРО – ДПМНЕ за гласањето на ова избирачко место.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

Лидерска средба без меѓународен фактор за првпат од независноста

Лидерската средба организорана од Претседателот на државата, Стево Пендаровски денеска во 17 часот, е првата средба во овој формат од...

Македонија2 часа

Пановски: „Ла Верита“ пишува глупости, Заев не барал одмрзнување на 750.000 евра

Обвинителот во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал, Наум Пановски ги демантира пишувањата на италијанскиот весник „Ла Верита“ за инволвираност...

Свет3 часа

(Видео) Тестиран првиот лет во историјата од Њујорк до Сиднеј без прекин

Авион на австралискиот авиопревозник по 19 часа и 16 минути лет, утрово успешно слета во Сиднеј. Тоа беше прв нон-стоп...

Свет4 часа

Трамп ја повлече одлуката самитот на Г7 да се одржи во неговиот хотел на Флорида

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повлече одлуката следниот амит на Г7 да се одржи во неговиот хотел „Дорал“ во близина...

Свет4 часа

Турција планира да врати два милиони бегалци во Сирија

Портпаролот на турскиот претседател, Ибрахим Калин, изјави дека Турција сака силите на сириската Влада да се повлечат од пограничното подрачје,...

Македонија4 часа

Лидерите на средба кај Пендаровски за предвремени парламентарни избори

Лидерите на најголемите политички партии денеска попладне во вила Водно ќе имаат лидерска средба, на која повика претседателот Стево Пендаровски...

Свет4 часа

Туск доби писмо од Џонсон за одлагање на брегзит

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск потврди дека синоќа добил писмо од британскиот премиер Борис Џонсон во кое се бара...

Свет5 часа

Во Барселона повторно судири меѓу полицијата и демонстрантите

Во Барселона синоќа продолжија судирите помеѓу полицијата и демонстрантите, откако Мадрид го одби барањето на каталонскиот лидер, Квим Тора, кој...

Свет18 часа

Турција ги предупреди САД: Исполнете ги своите обврски или ја обновуваме операцијата во Сирија

Турскиот министер за одбрана, Хилуси Акар изјави дека турската војска е подготвена да ја обнови операцијата „Извор на мир“ во...

Свет21 час

Џонсон: Предлог законот за брегзит ќе го испратам во парламентот идната недела

Британскиот премиер Бори Џонсон им порача на пратениците дека од Брисел нема да бара ново одлагање. Тој треба да побара...

Свет21 час

Одложено конечното решавање на брегзит

Британските пратеници усвоиjа амандман со кој се бара одложување на гласањето за договорот за брегзит. За одлуката за пролонгирање на...

Топ22 часа

Во стан во Карпош пронајден мртов маж

Во стан на ул.„Вич“ во скопската населба Карпош, вчера утрото бил пронајден починат 54-годишнен маж, М.Ш., соопшти МВР. По наредба...

Македонија23 часа

(Видео) Мицкоски: Очекувам да се договориме за избори, ако Заев не се премисли

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека очекува утре на лидерската средба да биде постигнат договор за предвремени парламентарни избори,...

Македонија1 ден

(Видео) Заев предлага предвремени избори што е можно побрзо

Премиерот Зоран Заев предлага одржување на предвремени парламентарни избори што е можно побрзо. Во своето прво обраќање откако Европската Унија...

Вести1 ден

(Видео) Вонредна состојба во Чиле по насилните протести поради поскапувањето на јавниот превоз

Чилеанскиот претседател, Себастијан Пинера, прогласи вонредна состојба во Сантијаго откако во градот со шест милиони луѓе синоќа избувнаа немири во...

Македонија1 ден

Инспекциски надзор во училиштето во Гостивар каде учениците ја поздравија воената операција во Сирија

Во основното училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ во Гостивар, каде што учениците со војнички поздрав ја поздравија турската офанзива во Сирија,...

Македонија1 ден

Измама во ФК Куманово 1903, претседателот затаил данок од речиси милион денари

Полицијата поднесе кривична пријава против претседателот на правното лице „Фудбалски клуб Куманово 1903“, против сметководителка и против правното лице Здружение...

Свет1 ден

Почна најдолгиот лет во светот, научници го следат однесувањето на патниците

Авиокомпанијата „Квантас“ вчера вечер го почна најдолгиот комерцијален лет во светот што ќе ги поврзе Њујорк и Сиднеј и ќе...

Економија1 ден

Светска банка ќе даде поддршка од 120 милиони долари за финансирање на пет проекти

Светска банка ќе даде поддршка од околу 120 милиони долари за финансирање на пет проекти со кои ќе се подобри...

Европа1 ден

(Видео) Полицијата ја презеде контролата над улиците во Барселона, уапсени 27 лица

Каталонската и шпанската полиција ја презедоа контролата над улиците во Барселона и другите каталонски градови по синоќешните насилни протести. Полицијата...

Досие