Контакт

Избори 2019

ДИК: Одѕивот до 13 часот е 20,73 отсто

Објавено пред

Одѕивот до 13 часот на гласањето во вториот круг од претседателските избори изнесува 20,73 отсто од обработени 95,34 отсто од избирачките места, соопшти Државната изборна комисија. Гласале 359.024 избирачи. Треба да се обработат уште помалку од 5 отсто од избирачките места за да се утврди точниот одѕив.

„Очекуваме со обработката на овие помалку од 5 отсто избирачки места бројката на избирачи што излегле да гласаат до 13 часот да биде околу 370 илјади гласачи“, рече портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска.

Гласањето се одвива веќе 6 и пол часа мирно, непрекинато и без неправилности. До 13 часот имало еден приговор од граѓанин за заштита на лично избирачко право, кој не бил запишан во Избирачкиот список. Од ДИК велат дека во моментот се обработува неговиот приговор и за резултатот дополнително ќе известат.

Највисок одѕив има во Крива Паланка – 39,69, Крушево – 34,33, Прилеп – 33,84, Кратово – 33,82 отсто, Гевгелија – 33,07 и во Берово – 31,53 процент. Најнизок одѕив има во Желино – 4,22, Врапчиште – 6,12 и во Боговиње – 6,21 проценти.

На изборите за градоначалник обработени се 99,08 отсто од податоците од избирачките места. Во Ново Село гласале 2.743 гласачи или 24,14 проценти од запишаните, а во Охрид 11.450 избирачи или 21,91 процент.

Потсетување дека е отворена бесплатната телефонска линија 0800 555 444 за прашања и коментари до ДИК, а за лицата со оштетен слух и говор линијата 076 488 360 за видеоповик, на чии прашања ќе добијат одговор со знаковен јазик.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Избори 2019

(Видео) Заев со честитки до Пендаровски: Драг Стево, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев испрати честитка по повод инаугурацијата на претседателот на државата Стево Пендаровски. Честитката ви ја презентираме во целост:

„Почитувани граѓани, денес нашата земја добива претседател – тоа е нашиот Стево Пендаровски, лидер кој ни се приклучува во водството напред, во нашата заедничка иницијатива со која ја правиме Северна Македонија убаво место за живеење. Денес Пендаровски ја презема должноста да биде претседател на сите граѓани, натпартиски, да се бори за правда и правичност и да ја претставува земјата достоинствено насекаде низ светот.

,,Драг Стево, Нека е честито, успеавме, граѓаните потврдија дека мораме да продолжиме напред, преку заедништво. Ти посакувам успех и верувам во конструктивна соработка во интерес на развојот. Сега одговорноста е голема. Те поддржувам за да им служиш посветено и праведно на сите граѓани и на нашата држава.Честитки, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе и на првиот работен состанок. Нѐ чека многу заедничка работа, за нашиот народ”, се вели во честитката на Заев.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Напладне инаугурација на Пендаровски во Собрание, ќе присуствуваат повеќе државници од регионот

Објавено пред

Новоизбраниот претседател Стево Пендаровски денеска ќе ја преземе функцијата, по свечената инаугурацијата во Собранието, по што официјално ќе започне неговиот петгодишен мандат.

На давањето заклетва на петтиот по ред претседател на земјава во 12 часот во Собранието, ќе присуствува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и претседателите на Албанија, Бугарија и на Косово.

Во Кабинетот на претседателот „Вила Водно”, според најавата, во 13.45 часот ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата претседател со највисоки воени и државни почести.

По свечената церемонија, предвидено е претседателот Ѓорге Иванов и претседателот Стево Пендаровски да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува и заедничка средба на двајцата претседатели со вработените во кабинетот на претседателот.

Пендаровски ќе оствари билатерални средби со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, со претседателот на Република Албанија, Илир Мета, со претседателот на Република Косово, Хашим Тачи.

Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари билатерални средби и со Срѓан Дармановиќ, министер за надворешни работи и европски интеграции на Црна Гора, со Фарук Кајмакчи, заменик МНР на Република Турција и со Пјотр Вавжик, државен потсекретар во МНР на Република Полска.

Пендаровски вчера во Државната изборна комисија (ДИК) го доби уверението за избран претседател, пред неговата утрешна инаугурација во Собранието.

„По првпат, ако не се лажам, а памтам долго бидејќи имам доволен број години, од деведесетите па наваму, сите учесници во изборниот процес го признаа изборниот резултат и тоа е исклучително добра препорака за земјава. За тоа се заслужни не само моите двајца противкандидати на кои им благодарам за однесувањето во целата кампања туку и сите државни институции надлежни за организацијата, од Државната изборна комисија па сè до последниот гласачки одбор. Државата се однесуваше европски во целиот изборен процес“, рече Пендаровски.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Управниот суд пресече – нема прегласување во Ново Село

Објавено пред

Управниот суд ја одби како неоснована тужбата поднесена од ВМРО – ДПМНЕ за изборите за градоначалник на Ново Село. Тие на својата веб-страница соопштија дека го потврдуваат решението што претходно го донесе Државната изборна комисија.

ВМРО-ДПМНЕ бараше да се поништи гласањето на Избирачкото место број 1789 во постапката за избор на градоначалник на Општина Ново Село и гласањето да се повтори. Тоа го бараа оти констатирале дека во Избирачкиот список за тоа изборно место се потпишале вкупно 411 избирачи, додека во гласачката кутија биле пронајдени 412 ливчиња.

Државната изборна комисија на 11 мај го отфрли приговорот на ВМРО – ДПМНЕ за гласањето на ова избирачко место.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Бројот на загинати во земјотресот во Измир се искачи на 24

Бројот на загинати во силниот земјотрес што го погоди егејскиот брег на Турција и источниот грчки остров Самос се искачи...

Македонија15 часа

934 нови случаи на Ковид- 19, починаa пет лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.748 тестирања, а регистрирани се 934 нови случаи на...

Свет15 часа

Сведоштва: Луѓето трчаа во паника, улиците се преплавени со мртви риби

Луѓето панично трчаа во турскиот град Измир, изјавија очевидци, откако земјотресот со јачина од седум степени според Рихтеровата скала започна...

Македонија15 часа

Ексминистерот Наќе Чулев заразен со Ковид-19

Поранешниот министер за внатрешни работни Наќе Чулев, кој беше претставник на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада на Оливер Спасовски, е позитивен...

Свет15 часа

(Видео) Бројот на жртви во земјотресот во Турција се искачи на 14, над 400 лица се повредени

Бројот на жртви во денешниот земјотрес кој се случи во Турција и Грција, се искачи на 14. Епицентарот на земјотресот...

Свет17 часа

Меркел е против затворање на границите на ЕУ поради Ковид-19

Германската канцеларка Ангела Меркел предупреди дека е против затворање на границите во рамките на земјите-членки на Европската Унија во услови...

Македонија17 часа

Вучиќ, Рама и Заев разговараа за обновување на иницијативата за регионална соработка

Лидерите на Србија, Албанија и Северна Македонија – претседателот Александар Вучиќ, премиерите Еди Рама и Зоран Заев денеска одржаа состанок...

Регион17 часа

Вучиќ: Од 10 ноември без ПЦР-тест меѓу Србија, Албанија и Македонија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека биле донесени неколку важни одлуки на видеосостанокот на тема „Мал шенген“, чија имплементација...

Македонија20 часа

Обвинителството отвори истрага за Лидија Димова за злоупотреба на европските фондови

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага за директорката на Националната агенција за европски образовни програми...

Македонија20 часа

Бојан Јовановски оди во домашен притвор

Апелациониот суд Скопје ја уважи жалбата на обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 за предметот „Рекет“, со што ја укина...

Македонија21 час

Царовска: Нема ширење на Ковид-19 во училиштата

Немаме ширење на Ковид-19 во училиштата, додека не се создадат услови за затворање, остануваме на овој модел, изјави министерката за...

Македонија22 часа

СОНК бара да се преиспита наставата со физичко присуство

СОНК бара Министерството за образование и наука да ја преиспита одлуката за настава со физичко присуство, односно да им овозможи...

Македонија23 часа

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Скандал е што наместо оставка, Шилегов го награди Караџовски

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на град Скопје реагира за доделената награда „13 Ноември“ на епидемиологот Жарко Караџовски. Тие велат дека...

Регион1 ден

Во Хрватска 2.772 новозаразени од коронавирус, 20 починати

Во Хрватска се евидентирани 2.772 нови случаја на зараза од коронавирус, така што бројот на активни случаи во Хрватска е...

Македонија1 ден

Мицкоски предлага здравствените работници еднаш месечно бесплатно да се тестираат

Во време на ковид-пандемија, во насока да ги заштитиме тие што се грижат за нашето здравје и спасуваат животи, предлагам...

Актуелно1 ден

Почина актерот Данчо Чевревски

На 69 години синоќа во Скопје почина Данчо Чевревски, македонски театарски и филмски актер и продуцент. Чевревски е роден на...

Европа1 ден

Дарманин: Франција е во војна против исламистите

Францускиот министер за внатрешни работи, Жерар Дарманин, вели дека е можно повеќе напади да се случат на територијата на Франција...

Европа1 ден

ЕУ обезбеди 220 милиони евра за прекуграничен превоз на заболени од корона

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, во четвртокот објави 220 милиони евра помош за прекуграничен транспорт на луѓе...

Европа1 ден

(Видео) Огромен метеж во Париз, луѓето повторно празнеа полици пред новото затворање

Десетици илјади парижани синоќа предизвикаа масовен сообраќаен метеж во обид да ја напуштат француската престолнина пред почетокот на новото затворање...

Свет2 дена

Автомобил удри во група луѓе во Германија – загина дете, а има и тешко повредени

Дванаесетгодишно момче загина, а тројца се тешко повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи доцна попладнево во Германија, пренесуваат...

Досие