Контакт

Избори 2019

ОБСЕ: Изборите беа добро спроведени, но потребна е реформа на изборното законодавство

Објавено пред

Во првиот круг на претседателските избори гласачите беа во можност да се информираат пред да го направат својот избор помеѓу спротивставените политички гледишта, а основните слободи на собирање и изразување беа почитувани во кампањата. И покрај одредени технички предизвици, изборите беа во целина добро спроведени. Регулаторните празнини беа делумно земени предвид преку меѓупартиски политички договори, но останува потребата да се финализира претходно започнатата реформа на изборното законодавство, се вели во прелиминарниот извештај на Мисијата на ОБСЕ, која го набљудуваше првиот круг од претседателските избори во земјава.

Според ОБСЕ, денот на изборите беше мирен, уреден и транспарентен и генерално позитивно оценет од набљудувачите на ММНИ.

„Законската рамка е главно погодна за одржување демократски избори. Меѓутоа, одредени одредби од Изборниот законик не ги отсликуваат специфичните услови на претседателската трка. Регулаторните празнини ја нарушија правната сигурност и создадоа конфузија меѓу засегнатите страни. Во отсуство на експлицитни кампањски правила за претседателските кандидати, некои елементи на кампањата беа спроведени врз основа на меѓупартиски договори кои не обезбедуваа еднакви можности за сите натпреварувачи. Многу претходни препораки на ОДИХР и Советот на Европа во однос на законската рамка не се земени предвид, вклучувајќи ги и препораките што се однесуваат на финансирање на кампањата и изборни приговори и жалби”, се дел од забелешките во извештајот

Според ОБСЕ, изборната администрација ги исполни своите главни должности, работеше непристрасно и ја уживаше довербата на повеќето засегнати страни. Меѓутоа ДИК задоцни со некои подготовки, како што е издавањето упатства, печатење на материјалите за обука и формирањето на комисиите од пониско ниво.

„Транспарентноста и ефикасноста на ДИК беа напати отежнати од технички затајувања на нејзиниот информациски и комуникациски систем, што исто така покрена прашања за ИКТ-безбедноста. ДИК спроведе едукација на гласачи на радиодифузните и социјалните медиуми на повеќе јазици и понекогаш со толкување на знаковен јазик, но оваа кампања беше со ограничена видливост. Регистарот на гласачи се одржува во ДИК и содржи граѓани кои се регистрирани жители и кои поседуваат валидни идентификациски документи. Автоматското исклучување на гласачи поради истечената важност на документите за идентификација претставува неразумна пречка за остварување на правото на глас за околу 11.000 граѓани.

Иако засегнатите страни забележаа подобрувања во точноста на регистарот на гласачи, несовпаѓањата помеѓу разните државни бази на податоци и разните формати на податоците и понатаму претставуваат предизвик и бараат понатамошно внимание. Тројца кандидати се регистрираа да се натпреваруваат во овие избори, една жена и двајца мажи, од кои еден е етнички Албанец. Сите тројца кандидати беа регистрирани од ДИК во инклузивен процес. Иако регистрирани како непартиски, секој од тројцата кандидати беше поддржан од политички партии пред регистрацијата и се служеше со партиските симболи за своја идентификација на гласачкото ливче.

Кампањата се одвиваше во смирена и мирна средина. Основните слободи на собирање и изразување беа почитувани и учесниците во изборите имаа можност слободно да спроведуваат кампањски активности без пречки. Партиските лидери беа видливо истакнувани на кампањските настани и покрај формалната независност на кандидатите од политичките партии. Општо земено, се чинеше дека државните претставници водеа сметка да задржат јасна одвоеност меѓу службените и политичките активности и да избегнуваат користење државни ресурси во кампањата. Забележително во овие избори, владејачката партија и неколку етнички албански партии заедно поддржаа претседателски кандидат. Двајца кандидати често покренуваа прашања поврзани со учеството на жените и родовата еднаквост. Кампањите беа финансирани со донации на физички и правни лица и некои кандидати добија финансиска помош од политички партии. Политичките рекламирања во радиодифузните медиуми ќе бидат надоместени од државни средства. Државниот завод за ревизија е примарното надзорно тело, но надзорот е ограничен на ревизија на информации поднесени од изборните кандидати и нема капацитет да истражува дали податоците се точни или целосни. Немаше воедначено известување за потрошувачката на кандидатите, немаше експлицитна регулација на кампањски активности од трети лица и немаше барање за известување за трошоци настанати од политички партии кои ги поддржуваат кандидатите. Сè на сè, ова ја намали транспарентноста на финансирањето на кампањата и ефективноста на надзорот”, се вели во извештајот.

Мониторингот на медиумите од страна на НМИ на ОДИХР утврди дека јавниот радиодифузер непристрасно известуваше и во целина медиумите презентираа разновидни информации за кандидатите и политичките партии од кои се поддржани, преку разни програми и телевизиски дебати со сите кандидати. Ова на гласачите им даде можност да се информираат пред да го направат изборот.

„Регулаторот на медиумите ги исполни своите законски должности и спроведе мониторинг на покривањето на кампањата од страна на медиумите. Законската рамка не дава целосна и ефективна правна заштита, спротивно на обврските што произлегуваат од членството на ОБСЕ и стандардите на Советот на Европа. Поради ограничувањата на правото да се вложуваат приговори и жалби во изборниот процес, евентуалните нерегуларности остануваат без ефективен правен лек. Одлуките на ДИК за неколкуте приговори поднесени во предизборниот период беа разгледани во рамките на законските рокови, но не беа соодветно образложени. Државната комисија за превенција на корупција доби 13 приговори во кои се наведуваше злоупотреба на државните ресурси во текот на кампањата, од кои повеќето беа непоткрепени. Денот на изборите беше мирен и уреден. Гласањето течеше непречено и постапките генерално се почитуваа. Пребројувањето и сумирањето беа генерално позитивно оценети. ДИК почна да ги публикува прелиминарните резултати на својата веб-страница за помалку од еден час по затворањето на гласачките места, расчленети по општини и по гласачки места, што овозможи транспарентност. Имаше релативно голем број невалидни гласачки ливчиња”, се наведува во прелиминарниот извештај.

Избори 2019

(Видео) Заев со честитки до Пендаровски: Драг Стево, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев испрати честитка по повод инаугурацијата на претседателот на државата Стево Пендаровски. Честитката ви ја презентираме во целост:

„Почитувани граѓани, денес нашата земја добива претседател – тоа е нашиот Стево Пендаровски, лидер кој ни се приклучува во водството напред, во нашата заедничка иницијатива со која ја правиме Северна Македонија убаво место за живеење. Денес Пендаровски ја презема должноста да биде претседател на сите граѓани, натпартиски, да се бори за правда и правичност и да ја претставува земјата достоинствено насекаде низ светот.

,,Драг Стево, Нека е честито, успеавме, граѓаните потврдија дека мораме да продолжиме напред, преку заедништво. Ти посакувам успех и верувам во конструктивна соработка во интерес на развојот. Сега одговорноста е голема. Те поддржувам за да им служиш посветено и праведно на сите граѓани и на нашата држава.Честитки, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе и на првиот работен состанок. Нѐ чека многу заедничка работа, за нашиот народ”, се вели во честитката на Заев.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Напладне инаугурација на Пендаровски во Собрание, ќе присуствуваат повеќе државници од регионот

Објавено пред

Новоизбраниот претседател Стево Пендаровски денеска ќе ја преземе функцијата, по свечената инаугурацијата во Собранието, по што официјално ќе започне неговиот петгодишен мандат.

На давањето заклетва на петтиот по ред претседател на земјава во 12 часот во Собранието, ќе присуствува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и претседателите на Албанија, Бугарија и на Косово.

Во Кабинетот на претседателот „Вила Водно”, според најавата, во 13.45 часот ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата претседател со највисоки воени и државни почести.

По свечената церемонија, предвидено е претседателот Ѓорге Иванов и претседателот Стево Пендаровски да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува и заедничка средба на двајцата претседатели со вработените во кабинетот на претседателот.

Пендаровски ќе оствари билатерални средби со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, со претседателот на Република Албанија, Илир Мета, со претседателот на Република Косово, Хашим Тачи.

Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари билатерални средби и со Срѓан Дармановиќ, министер за надворешни работи и европски интеграции на Црна Гора, со Фарук Кајмакчи, заменик МНР на Република Турција и со Пјотр Вавжик, државен потсекретар во МНР на Република Полска.

Пендаровски вчера во Државната изборна комисија (ДИК) го доби уверението за избран претседател, пред неговата утрешна инаугурација во Собранието.

„По првпат, ако не се лажам, а памтам долго бидејќи имам доволен број години, од деведесетите па наваму, сите учесници во изборниот процес го признаа изборниот резултат и тоа е исклучително добра препорака за земјава. За тоа се заслужни не само моите двајца противкандидати на кои им благодарам за однесувањето во целата кампања туку и сите државни институции надлежни за организацијата, од Државната изборна комисија па сè до последниот гласачки одбор. Државата се однесуваше европски во целиот изборен процес“, рече Пендаровски.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Управниот суд пресече – нема прегласување во Ново Село

Објавено пред

Управниот суд ја одби како неоснована тужбата поднесена од ВМРО – ДПМНЕ за изборите за градоначалник на Ново Село. Тие на својата веб-страница соопштија дека го потврдуваат решението што претходно го донесе Државната изборна комисија.

ВМРО-ДПМНЕ бараше да се поништи гласањето на Избирачкото место број 1789 во постапката за избор на градоначалник на Општина Ново Село и гласањето да се повтори. Тоа го бараа оти констатирале дека во Избирачкиот список за тоа изборно место се потпишале вкупно 411 избирачи, додека во гласачката кутија биле пронајдени 412 ливчиња.

Државната изборна комисија на 11 мај го отфрли приговорот на ВМРО – ДПМНЕ за гласањето на ова избирачко место.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 часа

(Видео) Трамп: Се обидуваат да ме спречат

Ова е најголема измама во историјата на американската историја, порача американскиот претседател Доналд Трамп, во врска со почетокот на јавните...

Македонија4 часа

(Видео) Пендаровски: Реформите се потребни за да ја вратиме довербата на граѓаните

Функционалната правна држава е основен услов за опстанок на поредокот и неговиот одржлив развој. Реформите во сферата на владеењето на...

Регион5 часа

Страшна сообраќајна несреќа во Словачка, најмалку 12 загинати и 20 повредени

Најмалку 12 лица, од кои четири деца, загинаа денеска во судир на автобус и камион во западниот дел на Словачка....

Македонија6 часа

(Видео) Заев-Мас: Да се изнајде начин што побрзо до позитивна одлука за Северна Македонија

Претседателот на Владата, Зоран Заев и министерот за надворешни работи на СР Германија, Хајко Мас изразија жалење за одлуката на...

Македонија9 часа

„Никофон“ платил 1.800 место 5.000 денари за квадрат за гаражата кај „Аутомакедонија“, Центар бара раскинување на договорот

Заедно со граѓаните до крај ќе се бориме кај „Аутомакедонија“ да не се изгради катна гаража, туку парцелата да им...

Македонија11 час

(Видео) Зеќир Рамчиловиќ изгласан за потпретседател на Собранието

Со 62 гласа „за“, 16 „против“ и без воздржани, пратеникот Зеќир Рамчиловиќ е изгласан за потпретседател на Собранието. За оваа...

Македонија13 часа

Во Швајцарија уапсени членови на „Пинк Пантер“, меѓу кои и еден Македонец, ограбиле златарница

Швајцарската полиција уапси двајца црногорски државјани, двајца германски државјани, едно лице од Босна и Херцеговина и едно од Северна Македонија...

Македонија13 часа

Груевски нема да одговара за „Траeкторија“ поради застареност на делото

Експремиерот во бегство, Никола Груевски, нема да одговара за кривичното дело во предметот „Траекторија“, кое се однесува на изградбата на...

Македонија14 часа

Закажано првото рочиште за „Рекет“

Првото рочиште за предметот „Рекет“, во кој се обвинети Бојан Јовановски – Боки 13, поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, и...

Македонија15 часа

Заев: „Југохром“ ќе биде затворен додека не се стават филтрите

„Југохром,“ додека не се стават филтрите, нема да функционира, истакна премиерот Зоран Заев пред вчерашната владина седница во Тетово зборувајќи...

Европа15 часа

(Видео) Венеција под вода, регистриран вториот најголем бран во историјата

Венеција е погодена од вториот најголем бран на плима во историјата, кој ја поплави историската базилика и многу од градските...

Македонија15 часа

Игор Јанушев ќе биде шеф на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната седница едногласно одлучи генералниот секретар Игор Јанушев да биде шеф на Републичкиот изборен штаб...

Македонија15 часа

Заев: Побогатите граѓани да ги сменат системите за греење за да помогнат против загадувањето

Премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите пред почетокот на вчерашната владина седница во Тетово даде одговор на новинарски прашања...

Македонија16 часа

Пендаровски во Париз предаде копија од книгата на Глигоров „Македонија е се што имаме“

Претседателот Стево Пендаровски за време на посетата во Париз, во библиотеката на Парискиот мировен форум дал копија од книгата „Македонија е...

Свет16 часа

Хилари Клинтон : Под голем притисок сум да го предизвикам Трамп на изборите

Поранешниот државен секретар на САД и кандидат на последните претседателски избори во САД, Хилари Клинтон, вели дека е „под голем...

Свет16 часа

Жанин Анес и официјално стана наследник на Моралес во Боливија

Уставниот суд го призна решението опозициската сенаторка Жанин Анес да ја преземе функцијата привремен претседател на Боливија. Таа синоќа во...

Македонија17 часа

Шефот на германската дипломатија Хајко Мас во Скопје

Министерот за надворешни работи на Германија Хајко Мас во текот на денешната работна посета на Северна Македонија е планирано да...

Спорт17 часа

Лука Модириќ е „Golden Foot“

Капитенот на фудбалската репрезентација на Хрвтаска Лука Модриќ во Монте Карло доби уште едно големо признание во кариерата, наградата „Golden...

Македонија1 ден

Заев во Тетово: Владата заседава во 10 региони за одблиску да го слушне гласот на граѓаните

Премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите пред одржувањето на редовната 165. седница на Владата во Тетово, истакна дека организацијата...

Регион1 ден

Рама: Приштина ја загрозува надворешната политика на Албанија

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека политичарите во Приштина, спротивставувајќи се на заедничката иницијатива за создавање на балканскиот мини шенген,...

Досие