Контакт

Дијаспора

Партиите не кажуваат колку ќе потрошат за митинзи, пенкалца, запалки и флаери

Објавено пред

Партиите не кажуваат бројка, колку пари ќе одвојат  за пенкала, запалки, тефтери, флаери со предизборно мото на кандидатите, како и превоз на партиски членови за митинзи, сендвичи и сокови. Овие трошоци паѓаат на грбот на партиите и според законот се финансираат од посебна сметка, која се користи само за изборни активности.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека партијата засега има само рамковни договори со паушални суми, а конкретно колку пари ќе потрошат ќе се знае на 11 април, кога согласно законот треба да се изготви финансискиот извештај за потрошени пари во првите десет дена од кампањата.

„Финасирањето на претседателскиот кандидат Гордана Силјановска-Давкова ќе се одвива согласно законите. Средствата за кампањата кои ќе се трошат се прибираат од членарина, донации, кредити и позајмици. Конкретни бројки ќе имаме по истекот на 10 дена од кампањата, кога ќе направиме извештај за потрошените пари“, информираат од ВМРО-ДПМНЕ која ја води кампањата на Силјановска.

Ниту СДСМ не откриваат суми колку ќе чини промовирањето на консензуалниот кандидат Стево Пендаровски. Од таму кратко информираа дека СДСМ за Пендаровски планира да потроши помалку од предвидениот лимит од 110 денари по запишан гласач, колку што е предвидено со Изборниот законик. Ако се земе предвид фактот дека во избирачкиот список има 1,8 милиони гласачи, максимумот што може да го потроши учесникот во кампањата е 196 милиони денари или приближно 3 милиони и 220 илјади евра.

Од изборниот штаб, пак, на кандидатот Блерим Река, зад кој застанаа Алијанса за Албанците и Беса на Биљал Касами, информираат дека партиите нема да ја покриваат неговата кампања. Велат дека кандидатот ќе има скромна финансиска кампања која ќе се покрива од донации од бизнис-заедница, роднини на кадидатот и граѓани.

„Имаме луѓе кои ќе донираат и така ќе ги покриеме активностите на терен. Не планираме да трошиме огромни суми затоа што акцентот ќе биде ставен на средби со жители на отворен простор при што кандидатот Река непосредно ќе се обраќа до гласачите и ќе ја претстави програмата по англиски модел насловен како ‘Река зборува’“, информираат од неговиот изборен штаб.

На новинарско прашање на „Макфакс“ на денешната прес-конференција ниту ДУИ не сакаа да кажат со колку пари ќе ги убедуваат гласачите да го подрржат консензуланиот кандидат Пендаровски. Од ДУИ велат дека ќе биле транспарентни и ќе информираат колку пари ќе трошат.

Со измените на изборниот законик, медиумското покривање на тројцата кандидати ќе биде покриено од државниот буџет.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Дијаспора

Адеми во Париз на средба со дијаспората

Објавено пред

Министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, оствари срдба со македонската дијаспора во Франција. Средбата се реализирала во просторите на Амбасадата на Република Северна Македонија во Париз, во организација на амбасадорката, г-ѓа Јадранка Чаушевска-Димов. На средбата присуствувал и државниот секретар на МНР, Виктор Димовски, и директорот на Агенцијата за иселеништво, Никола Шалваринов.

Министерот Адеми во своето излагање првично се заблагодарил за присуството на дијаспората и изразил посебно задоволство од фактот дека таа е одлично интегрирана во Франција.

„Министерот Едмонд Адеми ја истакна важноста на нашата дијаспората и во таа насока информира за веќе усвоената национална стратегија за соработка со дијаспората, документ што ќе претставува основа за институционално поврзување на државата и дијаспората. Министерот на крајот дополни дека како и сега така и во наредниот период Владата на Република Северна Македонија и тој како министер задолжен за дијаспора остануваат отворени за соработка во рамките на заедничкиот интерес и заемниот  бенефит. Државниот секретар на МНР, Димовски, информира за актуелната политичка состојба во Република Северна Македонија, при што посебно го истакна потпишувањето на пристапниот протокол за нашето членство во НАТО и за идните предизвици и активности на нашата Влада, која останува максимално посветена на исполнување на сите реформи потребни за евро-атлантските интеграции на земјата“, се вели во соопштението испратено од кабинетот на Адеми.

 

 

Прикажи повеќе...

Дијаспора

Едмонд Адеми: Прогресивна и интегрирана Европа е заедничка цел

Објавено пред

Министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, денеска оствари работна средба со претседателот на Групата за македонско-француско пријателство во Националното собрание на Франција, Бертран Сор, и пратеничката Лилиан Танги, која е и член на Комисијата за надворешни работи при Националното собрание. На средбата присуствуваше и амбасадорката на Република Северна Македонија во Франција, г-ѓа Јадранка Чаушевска, и директорот на агенцијата за иселеништво, Никола Шалваринов.

Во фокусот на разговорите беа можностите за унапредувањето на положбата на нашата дијаспора и нивна инклузивност во економскиот, политичкиот, социјалниот и културниот живот во Франција, како и за актуелните политички цели на Владата на Северна Македонија и Франција. Посебен акцент беше ставен на ЕУ и НАТО-интеграција на нашата држава и важноста на поддршката на Франција во овој процес.

Во тој контекст, министерот ги запозна соговорниците со последните постигнувања на Владата во насока на изградба на праведно и инклузивно општество, засновано врз владеењето на правото и демократските вредности. Посебно се осврна на надворешнополитичките приоритети, споделувајќи ја нашата посветеност и решителност за постигнување решавачки исчекор во процесот на НАТО и ЕУ-интеграција, преку финализирање и затворање на процесот за спроведување на конечната спогодба со Грција.

Министерот Адеми притоа ги потврди добрите билатерални односи со Франација ѝ упати благодарност за досегашната поддршка и изрази очекување дека истата ќе продолжи во насока на донесување одлука во јуни за отпочнување на пристапните преговори со ЕУ. Воедно министерот посебно се заблагодари за досегашните заложби на пратениците од Групата за македонско-француско пријателство во Националното собрание на Франција за нивната континуирана и активна поддршка во насока на унапредување на меѓусебните билатерални односи и европската интеграција на земјата.

Од страна на соговорниците беше реафирмирана нивната подготвеност да ги афирмираат активностите во насока на збогатување на добрите односи помеѓу двете држави и воедно беше поздравен досегашниот напредок на РСМ. Во насока на европските интеграции, ја истакнаа поддршката на француската влада и изразија уверување дека ќе продолжи позитивниот реформски тренд и имплементацијата на донесените реформи.

Прикажи повеќе...

Дијаспора

Заедницата на Македонците од Канада бара да се спречи промената на името

Објавено пред

„Владеење на правото, демократските принципи, човековите права и почитување на волјата на народот“, се вредностите според кои западните земји, наводно, се водат, но сепак тие брутално ги кршат овие вредности со процесот што ѝ го наметнаа на Република Македонија со цел да ги сменат името, идентитетот и историјата на Македонија и на сите Македонци во светот. Ова се однесува и на деловите на Македонија распарчени во 1913 година и поделени меѓу Србија/Југославија (сега независната Република Македонија), Бугарија, Грција и подоцна Албанија.
Македонците нема да го толерираат бришењето на една цела етничка група со цел да се реализираат желбите на нашите угнетувачи и да се задоволат целите на западниот империјализам. Ниту една личност, која тврди дека ги почитува човековите права, не би смеела да го толерира ова, се вели во соопштението на Заедницата на Македонците од Канада.

Тие ги осудуваат секоја употреба на илегалното и наметна име Северна Македонија и расистичкиот израз северни Македонци кога тие се употребуваат место Република Македонија и Македонците.

„Ја осудуваме употребата на осумкракото сонце на знамето, кое беше создадено за да се задоволи нашиот најголем угнетувач – Грција. Ова знаме ќе биде отстрането од сите македонски цркви, објекти и од сите македонски настани во Канада, ги осудуваме сите обиди да се смени името на Македонската православна црква, вклучително и актуелниот обид да се избрише зборот „македонска“ и да се замени со „охридска архиепископија“, ги прогласуваме сите претставници на илегалниот заевистички режим за непожелни пред заедницата на Македонците во Канада, бараме итна одбрана на името на Република Македонија и на македонскиот идентитет од страна на меѓународната заедница, бараме сите македонски политичари веднаш да престанат со своите отстапки пред нашите угнетувачи и бараме македонските политичари да го спречат менувањето на македонското име.
Нема да прифатиме ништо друго, освен почит за нашето вековно македонско име, идентитет, етничка припадност и историја и нема да толерираме никаков обид за нивно поткопување. Нашето име е Македонија“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Трамп ја одобри продажбата на оружје на Саудиска Арабија

Американскиот претседател Доналд Трамп ја одобри продажбата на, осум милијарди долари вредното, оружје на Саудиска Арабија, наведувајќи ги иранските закани...

Свет5 часа

Меѓународниот суд ѝ нареди на Русија да ги ослободи украинските морнари

Меѓународниот трибунал ѝ нареди на Русија веднаш да ги ослободи 24-те украински морнари и трите бородови, кои ги заплени на...

Македонија6 часа

Момчето кое се повреди од струен удар ќе се лекува во Софија

Министерството за здравство информира дека момчето кое вчера се здоби со изгореници од струен удар е испратено на лекување во...

Македонија9 часа

(Видео) Протест на жители на Гази Баба: Градоначалникот да даде оставка, а не да ни носи центар за зависници

Имаме кучкарник, канта пазар, кванташки пазар, сточен пазар, депонија, уште центар за зависници треба да ни донесат да бидеме комплетни....

Македонија11 час

Владата: Управниот суд пресуди дека раскинувањето на договорот за „Казандол“ е законито

Владата информира дека Управниот суд донел пресуда дека едностраното раскинување на договорот за изградба на рудникот „Казандол“ од страната на...

Вести12 часа

Судот ја блокира изградбата на ѕидот на Трамп

Федералниот суд во Калифорнија ѝ нареди на администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, да престане да ги користи средствата од...

Европа12 часа

ОН изгласа: Велика Британија да го врати островот од кој го протера населението

Генералното собрание на Обединетите нации побара од Велика Британија во рок од шест месеци на Маурициус да му го врати...

Спорт12 часа

„Златната копачка“ по шести пат за Лионел Меси

Лионел Меси е првиот фудбалер кој ја освоил „златната копачка“ во Европа три години во низа, откако Килијан Мбапе, неговиот...

Македонија12 часа

Земјотрес во Пехчево и Берово

Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала вчеравечер бил почувствуван во Пехчево, Берово и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија...

Европа1 ден

(Видео) Експлодираше бомба во Лион, најмалку осум лица се повредени

Најмалку осум лица се повредени при бомбашки напад во централен Лион, соопштија француски официјални лица. Explosion in pedestrian street in...

Свет1 ден

(Вознемирувачко видео) Дваесет ученици загинаа скокајќи од запалена зграда во Индија

Најмалку дваесет ученици загинаа, а дваесетина  се повредени скокајќи од запалена зграда во Индија, каде што посетувале настава. Massive tragedy...

Свет1 ден

Штрахе тужи три лица за скандалот поради кој падна австриската влада

Лидерот на десничарската партија и досегашен вицеканцелар, Хајнц Кристијан Штрахе поднел тужба против три лица, откако падна во замка со...

Македонија1 ден

(Видео) Македонска делегација на молебен и на аудиенција кај папата во Рим

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, заедно со сопругата, е дел од официјалната државна делегација,...

Топ1 ден

Го погодило струја при обид за кражба на железничката станица во Трубарево

Момче на возраст од 20 до 25 години се здобило со висок степен на изгореници по телото при обид за...

Свет1 ден

Харви Вајнштајн постигна вонсудска спогодба со жртвите од 44 милиони долари

Холивудскиот продуцент Харви Вајнштајн, кој повеќе жени го обвинија за сексуално злоставување, постигна привремена спогодба вредна 44 милиони долари со...

Европа1 ден

(Видео) Британската премиерка Тереза Меј даде оставка

Британската премиерка Тереза Меј денеска објави дека на 7 јуни ќе ја напушти функцијата. За оставката ја информирала и британската...

Македонија1 ден

(Видео) Изгаснат пожарот во Карпош 4, едно лице пренесено во болница

Пожарот кој избувна пред околу еден час во една од кулите во скопската населба Карпош 4 е изгаснат. Во пожарот...

Спорт1 ден

Лоциран домот на Роналдо, ќе добие судски повик за „случајот Мајорга“

Звучи бизарно дека потргата по Кристијано Роналдо, една од најголемите спортски ѕвезди, може да трае цели шест месеци. Толку време...

Економија1 ден

Трамп: Случајот со „Хуавеј“ би можел да биде дел од трговските преговори со Кина

Претседателот на САД, Доналд Трамп, првпат навести дека случајот со кинескиот телекомуникациски гигант „Хуавеј“ би можел да биде вклучен во...

Свет2 дена

Украинскиот претседател предлага анкета за тоа како да се преговара со Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски сака да ја праша јавноста како неговата земја би требала да преговара со Русија за војната...

Досие