Контакт

Избори 2019

Пендаровски од Липково: Да не дозволиме нов Иванов, на 5 мај да ставиме крај на груевизмот и да одиме напред

Објавено пред

Стево Пендаровски, кандидатот за претседател поддржан од граѓаните и од 31 политичка партија, на средба со жителите на Липково порача дека на 5 мај Албанците ќе потврдат дека само заедништвото може да ѝ донесе прогрес на нашата заедничка држава.

„Важно е да не се гласа за Силјановска бидејќи таа сака да го уништи сè она што е направено во интерес на граѓаните. Во 2001 јас велев ‘да’ за Рамковниот договор, таа беше против, јас бев за Законот за јазиците, таа беше против. В недела сите што ќе гласаат за неа, гласаат за нов Иванов. Знаете дека тој 10 години сè што правеше, правеше во интерес на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. Сега, Силјановска сака да продолжи како него, сака да го врати назад Никола Груевски, кој избега во Будимпешта.

Убеден сум дека ние, вие, тоа нема да им го дозволиме, туку дека на 5 мај ќе потврдиме дека, конечно, ставивме крај на груевизмот и дека продолжуваме напред како стабилна, безбедна држава – земја пријател на демократскиот свет, порача Пендаровски.

Македонија, рече Пендаровски, е мултиетничка држава, во неа сите сме исти и имаме исти права, ние, од една страна, сакаме напред во НАТО и ЕУ, тие, Силјановска и Мицкоски, сакаат назад во изолација и не ѝ мислат добро на државата.
Затоа, на 5 мај и овде во Липково и секаде во државата сите заедно да му дадеме поддршка на бројот три, да гласаме за соживотот, да гласаме за ЕУ и НАТО, за подобар стандард и нови вработувања.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Избори 2019

(Видео) Заев со честитки до Пендаровски: Драг Стево, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев испрати честитка по повод инаугурацијата на претседателот на државата Стево Пендаровски. Честитката ви ја презентираме во целост:

„Почитувани граѓани, денес нашата земја добива претседател – тоа е нашиот Стево Пендаровски, лидер кој ни се приклучува во водството напред, во нашата заедничка иницијатива со која ја правиме Северна Македонија убаво место за живеење. Денес Пендаровски ја презема должноста да биде претседател на сите граѓани, натпартиски, да се бори за правда и правичност и да ја претставува земјата достоинствено насекаде низ светот.

,,Драг Стево, Нека е честито, успеавме, граѓаните потврдија дека мораме да продолжиме напред, преку заедништво. Ти посакувам успех и верувам во конструктивна соработка во интерес на развојот. Сега одговорноста е голема. Те поддржувам за да им служиш посветено и праведно на сите граѓани и на нашата држава.Честитки, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе и на првиот работен состанок. Нѐ чека многу заедничка работа, за нашиот народ”, се вели во честитката на Заев.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Напладне инаугурација на Пендаровски во Собрание, ќе присуствуваат повеќе државници од регионот

Објавено пред

Новоизбраниот претседател Стево Пендаровски денеска ќе ја преземе функцијата, по свечената инаугурацијата во Собранието, по што официјално ќе започне неговиот петгодишен мандат.

На давањето заклетва на петтиот по ред претседател на земјава во 12 часот во Собранието, ќе присуствува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и претседателите на Албанија, Бугарија и на Косово.

Во Кабинетот на претседателот „Вила Водно”, според најавата, во 13.45 часот ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата претседател со највисоки воени и државни почести.

По свечената церемонија, предвидено е претседателот Ѓорге Иванов и претседателот Стево Пендаровски да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува и заедничка средба на двајцата претседатели со вработените во кабинетот на претседателот.

Пендаровски ќе оствари билатерални средби со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, со претседателот на Република Албанија, Илир Мета, со претседателот на Република Косово, Хашим Тачи.

Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари билатерални средби и со Срѓан Дармановиќ, министер за надворешни работи и европски интеграции на Црна Гора, со Фарук Кајмакчи, заменик МНР на Република Турција и со Пјотр Вавжик, државен потсекретар во МНР на Република Полска.

Пендаровски вчера во Државната изборна комисија (ДИК) го доби уверението за избран претседател, пред неговата утрешна инаугурација во Собранието.

„По првпат, ако не се лажам, а памтам долго бидејќи имам доволен број години, од деведесетите па наваму, сите учесници во изборниот процес го признаа изборниот резултат и тоа е исклучително добра препорака за земјава. За тоа се заслужни не само моите двајца противкандидати на кои им благодарам за однесувањето во целата кампања туку и сите државни институции надлежни за организацијата, од Државната изборна комисија па сè до последниот гласачки одбор. Државата се однесуваше европски во целиот изборен процес“, рече Пендаровски.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Управниот суд пресече – нема прегласување во Ново Село

Објавено пред

Управниот суд ја одби како неоснована тужбата поднесена од ВМРО – ДПМНЕ за изборите за градоначалник на Ново Село. Тие на својата веб-страница соопштија дека го потврдуваат решението што претходно го донесе Државната изборна комисија.

ВМРО-ДПМНЕ бараше да се поништи гласањето на Избирачкото место број 1789 во постапката за избор на градоначалник на Општина Ново Село и гласањето да се повтори. Тоа го бараа оти констатирале дека во Избирачкиот список за тоа изборно место се потпишале вкупно 411 избирачи, додека во гласачката кутија биле пронајдени 412 ливчиња.

Државната изборна комисија на 11 мај го отфрли приговорот на ВМРО – ДПМНЕ за гласањето на ова избирачко место.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

Казнети рекордни 557 возачи за еден ден во Скопје

Полицијата вчера казнила рекордни 557 возачи во Скопје, од кои 93 за пречекорена брзина. Министерството за внатрешни работи во текот...

Свет10 минути

(Видео) Последна дебата пред изборите: Трамп вети вакцина до крајот на годинава, Бајден апелира да се носат маски

Доналд Трамп и Џо Бајден разменија сериозни обвинувања на последната дебата пред претседателските изборите во САД што се одржа во...

Македонија29 минути

Владата именува нови директори на јавни претпријатија и државни агенции

Владата на седница донесе одлука за именување директори, в.д. директори и членови на Управни одбори на повеќе јавни претпријатија и...

Македонија49 минути

23 Oктомври – Ден на македонската револуционерна борба

Во Македонија денеска се одбележува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, државен празник и неработен ден за сите...

Спорт12 часа

Во последната секунда Вардар пропушти победа над Порто и фантастичниот Митревски

Вардар во уште еден драматичен финиш, не успеа да ја забележи втората победа едноподруго во ЕХФ Лигата на шампионите, откако...

Македонија12 часа

Дурловски се повлекува од пратеничката функција

Пратеникот Игор Дурловски од ВМРО-ДПМНЕ го напушта Собранието. Тој на социјалните мрежи напиша дека негови приоритети се националните интереси по...

Македонија13 часа

Георгиевски во Софија на средба со Захариева

Лидерот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски, денеска имаше средба со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева. Информацијата...

Регион14 часа

Дачиќ е избран за претседател на српското собрание

Лидерот на Социјалистичката партија на Србија (СПС) и досегашен министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, е избран за претседател на...

Македонија16 часа

Нови 640 заболени и 12 починати од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.634 тестирања, а регистрирани се 640 нови случаи на...

Свет16 часа

Шведска ги повика повозрасните граѓани да излезат од изолација

На повозрасните Швеѓани, на возраст над 70 години, и на другите ризични групи сега им се препорачува да ги следат...

Свет17 часа

(Видео) Жена се заканувала дека ќе се разнесе на железничка станица во Лион

Желелезничката станица „Пар-Диу“ во Лион е евакуирана поради пријава за бомба, а во тек е полициска акција, соопшти полицијата додавајќи...

Македонија18 часа

Македонскиот државен врв на разговор со претседателот на Европскиот парламент: Подготвени сме за успешна приказна

Премиерот Зоран Заев, заедно со вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска остварија...

Македонија20 часа

Обвинение за поранешниот градоначалник​ на општина Чашка

Основното јавно обвинителство Велес поднесе обвинение против поранешниот градоначалник на општина Чашка за злоупотреба на службената положба и овластување. Тој...

Европа20 часа

И покрај дневниот рекорд од над 11.000 заразени, Германците уверени дека вирусот може да се спречи

Централниот германски епидемиолошки институт „Роберт Кох“ денеска ја оцени актуелната епидемиолошка состојба и рекордниот број на новозаразени во земјата од...

Македонија23 часа

Првата меѓувладина конференција ќе биде позитивен сигнал и до регионот, порача Заев на онлајн средба со Борел

Претседателот на Владата, Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, и министерот за надворешни...

Регион23 часа

Во Хрватска повеќе од 1.500 новозаболени, десетмина починати во Загреб

Хрватскиот кризен штаб објави нови податоци според кои има повеќе од 1.500 новозаболени од коронавирус, а во Загреб има десетмина...

Свет24 часа

99-годишна жена од Шпанија го победи коронавирусот

Кога 99-годишната Флорентина Мартин се заразила со коронавирус во септември, нејзината внука стравувала дека ќе заврши сама на одделот за...

Македонија1 ден

Стевановиќ: Заразените со лесни симптоми да се лекуваат дома

Сите оние кои имаат лесни симптоми да бидат дома, изолирани со симптоматска и витаминска терапија. Да им помогнеме на оние...

Свет1 ден

ФБИ: Иран и Русија се мешаат во претседателските избори

Иран и Русија собраа податоци од американски гласачи за да влијаат на претстојните претседателски избори, соопшти денеска ФБИ, додавајќи дека...

Македонија1 ден

Активни над 6.000 случаи со коронавирус, болниците се полнат

Во моментот како активни се водат 6.069 случаи на коронавирус на целата територија, од кои 2.983 се од Скопје. Само...

Досие