Контакт

Избори 2019

Силјановска во Кисела Вода: Оваа власт немаше легитимитет да го смени името

Објавено пред

Кандидатот за претседател на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова вечерва се обрати пред граѓаните во Општина Кисела Вода. Таа порача дека денеска целиот свет се наоѓа во тешка криза.

dobivaj vesti na viber

„Прво вo криза е претставничката демократија уште од 2008 година. Зошто? Зошто тогаш излезе на виделина дека претставниците не секогаш ги претставуваат граѓаните туку си се претставуваат себе. Ние критичарите велиме дека е тоа олигархиски концепт, дека е тоа тиранија на мнозинството парламентарно и дека мора да се работи на негово менување. Што е лекот? Лекот е нови форми на партиципативна демократија, нови форми на кои луѓето ќе можат да бидат вклучени во процесот на одлучување на сите нивоа на локално, на регионално, на национално. Јас овој величествен собир овде го сметам за таква форма на директна демократија, ние сме овде да ве чуеме вас, ви сте овде да ги чуете нашите ветувања, ние сме овде да ве увериме дека се што ќе чуете ќе го запаметиме и ќе го спроведеме, за разлика од оние другите кои се што кажуваат веднаш забораваат, а потоа не се сеќаваат па дури и го негираат“, истакна Силјановска Давкова.

Таа објасни дека ги учи студентите дека изборите се начин на кој што се решава прашањето на легитимитетот или делигитиминирање. Тие се одамна веќе делигитимирани оти кршењето на Уставот и законите значи делигитимирање. Како за пример ги образложи референдумот, промена на кривичен законик, одлуката за референдумот, законот за амнестијата кои се акти на кршење на Уставот и на законите.

„Она што оваа власт стори, а немаше легитимитет за тоа е промената на името. Единствената промена што ја направија директно не засега сите нас. Тоа е болно, страшно бидејќи се што сме правеле во животот, се што сме читале, се што сме пишувале, се што сме сонувале било врзано за Република Македонија. Значи никој нема право, односно нема мандат, ако на изборите во изборната програма не го нотирал тоа дека ќе го прави потем да го спроведува. Тоа е она што ние го велиме теорија на мандатот, тие се водат на начелото „Фати го моментот. Земи се што ќе можеш. Вработи ги своите. Узурпирај ја економијата. Стави го Уставот в џеб. Биди покорен кон оние за кои што мислиш дека се посилни.“, појасни Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова додаде дека има и криза на уставна демократија, бидејќи уставните промени може и треба да произлегуваат само од народот, од суверенот, не однадвор. Бидејќи оние кои нудат или оние кои сугерираат, или оние кои наредуваат уставни промени однадвор немаат демократски легитимитет за тоа. Така се вели во науката за уставното право, така се вели кога се повикува на владеење на правото.

Однадвор велат дека економијата македонска лази по земја, дека е неспособна, дека е импотентна, дека не е либерална, ја оценуваат со нула, нагласи Силјановска Давкова.

Истакна дека секој ден македонскиот народ слуша како власта се фали дека е успешна на секое поле, за што ќе добиеле дури и Нобелова награда за мир. Се фалеле со зголемена вработеност, но никој не знае која е бројката на вработените.

„Никој не знае дали бројката со која власта се фали се однесува на државната и јавна администрација или навистина се однесува на директен ангажман во производниот процес. Но за второто сигурно не е, бидејќи никој нема слушнато за капитални инвестиции во Македонија од којзнае кога. Вработувањата се врз основа на непотизам, врз основа на фамилијарност, а ни малку не врз основа на стручност и компетентност. Од таквите вработени никој нема полза, освен власта бидејќи може да ги користат како гласачка машина. Тоа е армија на луѓе што троши наши пари. Армија на луѓе што не знае како скицира пат кон ЕУ.

За корупцијата и криминалот веќе човек не знае што да каже. Станаа секојдневие. Станаа нешто нормално, а сосема ненормално се. Секој ден се случуваат во неограничени размери. Од друга страна сите укажуваат дека земја со корупција и криминал е земја со загрозен суверенитет. Земја со корупција и криминал е земја со загрозена безбедност. Земја со корупција и криминал може лесно да биде мета на терористички закани, ама тие живеат во нивниот свет, во нивниот богат мирен свет, далеку од вашиот и нашиот. Тој свет набрзо ние ќе го предизвикаме, тој свет ние набрзо ќе го срушиме, истакна Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова вети дека ќе почнеме да градиме нов свет, свет на право, правда и правичност.
Доаѓаат изборите, а на изборите првиот и последен глас, конечниот глас го имате вие. Граѓаните на Република Македонија, без оглед на етничка, расна, верска и било која друга припадност. Ако нашите цели се неразделни од правото, правдата, етиката тогаш сме ние извонредно добро друштво. И одиме во вистински правец, тој правец е европскиот. Зошто модерна Европа е Европа на владеење на правото, посочи Силјановска Давкова.

Таа повика да се санкционира криминалот и корупцијата, да се санкционира неправдата, и да се докаже на власта дека се изборно делитимирани, а тоа значи заминување. А, заминувањето значи отворање на нова страница наречена предвремени парламентарни избори. А, со тоа ќе завладее правото и правдата во Република Македонија, нова ера во македонската историја.

Избори 2019

(Видео) Заев со честитки до Пендаровски: Драг Стево, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев испрати честитка по повод инаугурацијата на претседателот на државата Стево Пендаровски. Честитката ви ја презентираме во целост:

dobivaj vesti na viber

„Почитувани граѓани, денес нашата земја добива претседател – тоа е нашиот Стево Пендаровски, лидер кој ни се приклучува во водството напред, во нашата заедничка иницијатива со која ја правиме Северна Македонија убаво место за живеење. Денес Пендаровски ја презема должноста да биде претседател на сите граѓани, натпартиски, да се бори за правда и правичност и да ја претставува земјата достоинствено насекаде низ светот.

,,Драг Стево, Нека е честито, успеавме, граѓаните потврдија дека мораме да продолжиме напред, преку заедништво. Ти посакувам успех и верувам во конструктивна соработка во интерес на развојот. Сега одговорноста е голема. Те поддржувам за да им служиш посветено и праведно на сите граѓани и на нашата држава.Честитки, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе и на првиот работен состанок. Нѐ чека многу заедничка работа, за нашиот народ”, се вели во честитката на Заев.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Напладне инаугурација на Пендаровски во Собрание, ќе присуствуваат повеќе државници од регионот

Објавено пред

Новоизбраниот претседател Стево Пендаровски денеска ќе ја преземе функцијата, по свечената инаугурацијата во Собранието, по што официјално ќе започне неговиот петгодишен мандат.

dobivaj vesti na viber

На давањето заклетва на петтиот по ред претседател на земјава во 12 часот во Собранието, ќе присуствува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и претседателите на Албанија, Бугарија и на Косово.

Во Кабинетот на претседателот „Вила Водно”, според најавата, во 13.45 часот ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата претседател со највисоки воени и државни почести.

По свечената церемонија, предвидено е претседателот Ѓорге Иванов и претседателот Стево Пендаровски да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува и заедничка средба на двајцата претседатели со вработените во кабинетот на претседателот.

Пендаровски ќе оствари билатерални средби со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, со претседателот на Република Албанија, Илир Мета, со претседателот на Република Косово, Хашим Тачи.

Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари билатерални средби и со Срѓан Дармановиќ, министер за надворешни работи и европски интеграции на Црна Гора, со Фарук Кајмакчи, заменик МНР на Република Турција и со Пјотр Вавжик, државен потсекретар во МНР на Република Полска.

Пендаровски вчера во Државната изборна комисија (ДИК) го доби уверението за избран претседател, пред неговата утрешна инаугурација во Собранието.

„По првпат, ако не се лажам, а памтам долго бидејќи имам доволен број години, од деведесетите па наваму, сите учесници во изборниот процес го признаа изборниот резултат и тоа е исклучително добра препорака за земјава. За тоа се заслужни не само моите двајца противкандидати на кои им благодарам за однесувањето во целата кампања туку и сите државни институции надлежни за организацијата, од Државната изборна комисија па сè до последниот гласачки одбор. Државата се однесуваше европски во целиот изборен процес“, рече Пендаровски.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Управниот суд пресече – нема прегласување во Ново Село

Објавено пред

Управниот суд ја одби како неоснована тужбата поднесена од ВМРО – ДПМНЕ за изборите за градоначалник на Ново Село. Тие на својата веб-страница соопштија дека го потврдуваат решението што претходно го донесе Државната изборна комисија.

dobivaj vesti na viber

ВМРО-ДПМНЕ бараше да се поништи гласањето на Избирачкото место број 1789 во постапката за избор на градоначалник на Општина Ново Село и гласањето да се повтори. Тоа го бараа оти констатирале дека во Избирачкиот список за тоа изборно место се потпишале вкупно 411 избирачи, додека во гласачката кутија биле пронајдени 412 ливчиња.

Државната изборна комисија на 11 мај го отфрли приговорот на ВМРО – ДПМНЕ за гласањето на ова избирачко место.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Пред утрешното гласање на првиот круг од претседателските избори, Државната изборна комисија (ДИК) на својата официјална веб-страница објави повеќејазично упатство...

Македонија3 часа

Беќаровски навести дека си оди од Токсикологија: Дон Кихот конечно го напушта оклопот

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија. Во статус на социјалните мрежи, Беќаровски порача дека...

Свет3 часа

Русија со предупредување до Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Сојузникот на претседателот Владимир Путин во вторникот ја предупреди Европа дека Русија веќе го напишала законот за да се одмазди...

Македонија3 часа

Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори

Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на Претседателските избори на 24 април. Како што е...

Свет3 часа

Иранскиот министер за надворешни работи: Санкциите на ЕУ против Иран се за жалење

Санкциите на Европската унија, за кои минатата недела беше постигнат начелен договор што треба да му бидат наметнати на Техеран...

Македонија4 часа

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласа дијаспората, болните и затворениците

Започна предизборниот молк пред утрешните претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот, кога се затвораат избирачките места....

Свет4 часа

Украинските власти: Седум лица повредени во напад со руски дрон во Одеса

Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти....

Македонија17 часа

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: „ Над 70 отсто од студентите по медицина активно учат германски“

Со куфери приватните специјализанти протестираа и денес пред Министерството за здравство. Претседателката на Здружението на лекари специјализанти, доктор Александра Георгиева,...

Македонија18 часа

Лекарите од токсикологија: Стигнавме до 8 админитративци и 3 секретари, а не сакаат да вработат биолози и болничар

Нико Беќаровски заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија јавно ја прозваа економската директорка на...

Македонија19 часа

Демири нема забелешки за работата на директорката на Токсикологија, Иљази, ќе го разреши медицинскиот директор Петровски

Министерот за здравство Илир Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, но не и за економската директорка....

Македонија21 час

Лични документи може да се подигнат и в среда

Во пресрет на претстојните претседателски избори, што ќе се одржат в среда на 24 април 2024 година, Министерството за внатрешни...

Македонија22 часа

Шаќири подготвен да го повлече дописот за одработување на деновите за изборите во училиштата ако се најде друго решение

Министерот за образование, Јетон Шаќири, е подготвен да го повлече дописот што минатата недела го испрати до основните училишта за...

Економија23 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија23 часа

Вечерва ќе сопрат кампањите за избор на претседател, молкот почнува на полноќ

Со денешниот ден завршува изборната кампања за првиот круг од претседателските избори 2024 година, односно од полноќ почнува изборниот молк...

Македонија1 ден

„Ахмети, кревај рачна кочница на време, Мицкоски не е сам“, му порача Ангелов на лидерот на ДУИ

Директорот на Центарот за управување со кризи, лидер на Достоинство и дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанче Ангелов денеска преку...

Македонија1 ден

Европскиот фронт: Мицкоски на тешкo дереџе, спасот го бара кај Левицата

„Мицкоски и ВМРО никако да да ја сокријат нервозата и паниката од ДУИ и од Европскиот фронт. На кое дереџе...

Македонија1 ден

Мицкоски му врати на Ахмети: Многу бргу од денес и кексито и млекото ќе ти преседнат

„Вчера во Аеродром и Гази Баба ја повикав албанската опозиција на обединување против оваа власт и изразив јавна намера дека...

Македонија1 ден

„Кафеански озборувач, политичката култура на Александар Николоски падна на најниско ниво“, Филипче најави тужба за клевета

„Политичката култура на Александар Николоски падна на најниско ниво, но не сум изненаден од речникот. Сепак, морам да признаам дека...

Европа1 ден

(Видео) Драма во Русија: три лица загинаа во пожар во фабрика во Воронеж

Руското Министерство за вонредни ситуации денеска соопшти дека три лица загинале во пожар во индустриска зграда во Воронеж, на југозападот...

Европа1 ден

Орбан предупредува: Во Европа владее воено расположение, Брисел си игра со оган

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Европа е расположена за војна, дека се подготвува за војна и дека во...