Контакт

Изборен законик

Партиите се договорија за парите – за една изборна единица и отворени листи не им се брза

Објавено пред

Прашањата за една изборна единица и отворени листи на преговарачката маса меѓу партиите ќе се најдат наесен, по референдумот, брифираат за „Макфакс“ од работните групи. За можните измени на изборниот модел, партиите сè уште не дискутирале бидејќи приоритет биле барањата на ВМРО-ДПМНЕ за техничка Влада и  финансирањето на партиите, но и изборот на ДИК.

dobivaj vesti na viber

Од СДСМ велат дека тие  нема да отстапат од предлогот за менување на изборниот систем во една изборна единица, како и воведување модел на отворени листи на гласање, како подемократски принцип од актуелниот, но велат дека е потребна согласност и од другите партии. Од ДУИ не ја поддржуваат идејата за една изборна единица, но се за преференцијално гласање. Од ВМРО-ДПМНЕ кусо одговорија дека согласно со динамиката на преговорите меѓу работните групи, за овие теми ќе разговараат од септември.

Партиите веќе се договорија и во Собранието едногласно изгласаа да се зголеми финансирањето на партиите од буџетот, од 1.8 милиони евра на 4,5 милиони евра на годишно ниво. Со законските измени се намалува сумата која може да ја прибираат од донации од компании и физички лица.Триесет отсто од парите се наменети за малите партиите, а останатите 70 отсто за големите партии. Партиите ќе може да се финансираат и од кредити, а и да поседуваат земјиште, што не беше пракса до сега. Измени во Изборниот законик има и во делот на кампањата, со што сега рекламирањето ќе се плаќа од буџетот наместо од партиските сметки, а се наметнува и обврска ДИК да ги мониторира и интернет-порталите.

Избран е и новиот состав на ДИК, кој ќе треба да го спроведе референдумот, но бидејќи е преодно решение, има мандат од шест месеци.

 

 

 

Изборен законик

(Видео) Сиљановска за гафовите: Подобро е да се збуните за име на град, отколку за тезата зад која стоите

Објавено пред

За професорката Гордана Сиљановска-Давкова пострашно е да се погреши за ставовите и тезите зад кои стои одреден политичар, отколку да се збуни за името на град. Ова го изјави при денешната посетата на Домот на занаетчиите, на прашањето како ги прифаќа коментарите на социјалните мрежи за нејзините неколку гафови во изборната кампања.

dobivaj vesti na viber

„Не си ставам при срце, направив ненамерна грешка, се извинив. Знаете, ние во кампањата сме преоптоварени, одиме на различни места и може да се случат вакви несакани грешки. Ова покажува дека политичарите се само луѓе, дека не се совршени и дека и тие можат да погрешат. Според мене, пострашно е да ја промашите тезата зад која стоите, отколку да се збуните за име на град“, рече Сиљановска-Давкова.

Коментарите на социјалните мрежи следуваа отакако на вториот ден од кампањата Сиљановска на граѓаните на Неготино им се обрати со кавадарчани.

Одговарајќи на новинарско прашање, таа рече дека е задоволна од првото соочување со своите противкандидати. Дебатата според неа била  жива, аргументирана и додаде дека  се обидела да настапи во стилот на женскиот говор и женското писмо.

 

Прикажи повеќе...

Изборен законик

(Видео) Поголема демократија – Македонија една изборна единица

Објавено пред

Македонија една изборна единица наместо сегашните шест. Воведувањето на овој изборен систем се очекува да стави крај на досегашната пракса кога и со 30 000 гласа помалите партии не можеа да добијат ниту еден пратеник.

dobivaj vesti na viber

Иако јавно се декларираат за промена на изборниот модел, на големите партии кои наизменично се менуваат на власт не им одговара ваква промена. Слевањето на гласовите во една изборна единица во пракса би значело дека ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе изгубат по два-три, па и повеќе пратеници, кои со постојниот изборен систем ги прибираат на свое конто. Дополнително, со една изборна единица, големите партии ќе треба да прават поголеми отстапки за постизборни коалиции.

„Макфакс“ истражуваше колку гласови пропаѓаат на парламентарните избори и како би изгледал пратеничкиот состав во македонското собрание ако гласањето се спроведува во една изборна единица?
На последните парламентарни избори, во 2016, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ наместо 51, ќе имаше 48 пратеници, додека коалицијата на СДСМ ќе освоеше 47 наместо сегашните 49 пратенички места. ДУИ наместо 10 ќе имаше 9 пратеници. На сметка на големите партии, Левицата, Коалицијата за правда и промени и коалицијата „ВМРО за Македонија“, ќе имаа свои пратеници во собранието. Беса ќе имаше шест пратеници.

Слична е ситуацијата и со предвремените избори во 2011 година кога партиите на Љубе Бошкоски и на Имер Селмани ќе освоеле по еден пратеник, а на Љубчо Георгиевски три пратеници. Но, ВМРО ДПМНЕ наместо 56 ќе имаше 50 пратеници, а СДСМ наместо 42 ќе имаше 41 пратеник. ДУИ со една изборна единица ќе освоеше 13 наместо 15 пратеници.

Оттука станува појасна сликата зошто големите партии не сакаат да го менуваат изборниот модел. Со губењето на пратеничките мандати се намалува и моќта на партиите, кои сега приграбуваат повеќе пратенички места. Тоа, од друга страна, ја зајакнува позицијата на помалите партии, што поттикнува плурализам и води кон поголема демократија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Меџити побара од хирурзите да оперираат за викендите без надомест за да се намали листата на чекање

Министерот за здравство Фатми Меџити ги повика хирурзите од сите специјалности доброволно да оперираат за викендите за да ги намалат...

Македонија5 часа

(Видео) Ковачевски: На Македонија ѝ е потребна интеграција во ЕУ, а не изолација

На Северна Македонија и е потребна интеграција во Европската Унија, а не изолација, jас сум рационален оптимист, верувам во целта...

Европа6 часа

„Ја обединивме Европа за да го вратиме мирот“ порача претседателката на Молдавија на крајот од самитот

Претседателката на Молдавија, Маја Санду изјави дека на самитот на европската политичка заедница во таа земја се покажале „сила и...

Свет7 часа

Богатите земји наместо за борба против климатските промени, парите ги потрошиле за чоколади, хотел и филм

Некои земји користеле пари наменети за борба против климатските промени, за цели кои немаат многу врска со еколошките цели, покажува...

Регион7 часа

Вучиќ за „Ла Стампа“: „Курти нека ги повлече војниците и ќе има мир“

Српскиот претседател Александар Вучиќ му порача на косовскиот премиер да ги повлече војниците од северот на Косово и тогш ќе...

Регион8 часа

Немало врсничко насилство врз малолетникот кој го изврши масакрот во „Рибникар“, потврди српската Влада

По вонредниот увид во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, потврдени се наодите на Центарот за социјална работа, Министерството за образование...

Македонија11 часа

Нема да паднат на Уставен измените за „Бехтел и Енка“, не ја содржат спорната бројка од 60 работни часа, тврди Груби

Ниту евентуално оспорување на Уставен суд на изгласаните во Собрание законски измени и потпишани од претседателот на државата, Стево Пендаровски,...

Македонија11 часа

Два дена притвор за скопјанецот за убиството во Чаршијата

Судот му определи мерка краткотраен притвор во траење од 48 часа на скопјанецот што беше уапсен за двојното убиство во скопската...

Македонија13 часа

Шукова: Не се гради пристаниште на Охридското Езеро од албанска страна, се расчистува теренот

Бетонирањето на Охридското Езеро од албанска страна за министерката за животна средина, Каја Шукова, не е поради изградба на пристаниште,...

Македонија13 часа

Струјата, најверојатно, нема да поскапи 13 отсто, претпоставува Бектеши и остави Регулаторната да одлучи

Цената на струјата, најверојатно, нема да се покачи 13 отсто како што бараат некои од компаниите. Ова го посочува министерот...

Македонија13 часа

Одмрзнати цените, нема гаранција дека производите нема да поскапат

Одмрзнати се цените на зеленчукот и овошјето, а министерот за економија, Крешник Бектеши, нема гаранција дека тие нема да поскапат....

Регион14 часа

Бугарското Обвинителство побара одземање на имунитетот на Борисов

Софиското Градско обвинителство побара одземање на имунитетот на лидерот на партијата ГЕРБ и поранешен премиер, Бојко Борисов, за да биде...

Свет15 часа

Зеленски му постави ултиматум на НАТО

Украинскиот претседател Володимир Зеленски нема да се појави на самитот на НАТО во Литванија во јули, освен ако алијансата не...

Македонија15 часа

(Видео) Со полиција се затрупува градилиштето зад Универзалната сала, кое проголта дел од улицата 9 Мај

Со полициска асистенција градоначалникот Горан Герасимовски и службите на Општина Центар отидоа да интервенираат на градилиштето зад Универзалната сала, кое...

Македонија16 часа

Стапуваат во сила три договори од берлинскиот процес

Во Македонија, Албанија и во Косово стапуваат во сила трите договори потпишани на 3 ноември 2022 година во рамките на...

Македонија16 часа

Родителите од градинката „Детска радост“: Директорката трошела државни пари за луксузен мебел, најавуваме отпор

Родителите на децата во градинката „Детска радост“ најавуваат отпор против директорката Анета Петровска која беше разрешена од градоначаникот на Гази Баба,...

Вести17 часа

Бодликава жица, зовриена атмосфера, блокирани општини – Србите четврти ден протестираат на северот од Косово

Четврти ден КФОР ги контролира зградите на четири општини на северот од Косово. Вработените во локалните самоуправи не може да...

Вести17 часа

Серија експлозии во Киев, две деца загинаа: Путин го нападна главниот град на Украина четирипати оваа недела, но никогаш толку брутално како ноќеска

Во воздушен напад врз главниот град на Украина рано наутро загинаа три лица, меѓу кои две деца, објавија градоначалникот Виталиј...

Топ1 ден

(Видео) Пет лица повредени, двајца потешко – епилог од несреќата на автопатот Тетово-Скопје

Пет лица се повредени во несреќата кај тетовски Групчин, велат од МВР за „Макфакс“. Според информациите од терен, две лица...

Топ1 ден

(Видео) Еден загинат, повеќе повредени во тешката сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево

Еден загинат и повеќе повредени лица е билансот од тешката сообраќајна несреќа што се случи кај Ботун, на патот Охрид-Кичево....