Контакт

Книги

„Авијатичарот“ од Евгениј Водолазкин добитник на наградата BookStar 2019

Објавено пред

Организацискиот тим на фестивалот на европската книжевност BookStar со големо задоволство го најавува гостувањето на моментално рускиот писател број 1 на сите светски листи – Евгениј Водолазкин, кому годинава ќе му биде доделена наградата BookStar за најчитана книга помеѓу две изданија на фестивалот.

Вечерва (8 октомври) во киното „Фросина“ при МКЦ ќе биде промовиран неговиот роман „Авијатичарот“, издание на „Антолог“, кој на македонски јазик го приопшти Ѓорѓи Крстевски.

Организаторите на фестивалот посочуваат дека романот е најчитаниот наслов во книжарниците на „Антолог“ годинава, а е објавен со поддршка на Институтот за преводи на Русија.

„Авијатичарот почнува со мистерија. Инокентиј Петрович Платонов се буди во болница во 1999 година, без сеќавање за тоа кој е или како се нашол таму. Иако изгледа како да е триесетгодишен, постепено сфаќаме дека е постар од еден век! Вистински Робинсон Крусо, фрлен на брегот на еден чуден модерен свет што не го разбира и од кој де факто е изолиран.

„Авијатичарот“ е дело на сеќавање и заборавање. За заедничкото плетење и разбирање на еден век во руската историја. Романот прашува која е поврзаноста меѓу индивидуалната и колективната меморија. Што е поважно во нашето разбирање на минатото: големите историски настани или малите детали од секојдневниот живот, како што се звуците и мирисите, се вели во описот за наградената книга.

Покрај овој роман, ќе бидат промовирани уште две претходно објавени книги од овој автор – Лавр и Соловјов и Ларионов, во превод на Павел Попов. Промотор на романите ќе биде книжевникот и универзитетски професор Венко Андоновски, а настанот ќе го модерира Ана Јовковска.

В четврток, пак, 10 октомври, со почеток во 10 часот, во Салата за седници на Филолошкиот факултет во Скопје, Водолазкин ќе одржи почесно универзитетско предавање на тема „Неколку размисли за современиот роман“.

Евгениj Водолазкин е руски писател роден во 1964 година во Киев, Украина. Од 1990 година работи во Одделот за староруска литература, каде што е водечки научен соработник. Автор е на повеќе од сто трудови поврзани со древната и со новата руска литература. Предава на универзитети во Минхен и во Санкт Петербург. Неговиот роман Лавр ги освојува наградите „Големата книга“ и „Јасна Полјана“ во 2013 година. Преведен е на повеќе од 15 јазици.

Фестивалот BookStar 2019 беше отворен вчеравечер со промоциите на книгите „Двојно стакло“ од Халдора Тородсен (Исланд) и „Воспитувањето девојки“ во Чешка од Михал Вивег (Чешка). Покрај Евгениј Водолазкин, вечерва ќе бидат промовирани и книгите „Бележникот на татко ми“ и „Куќата на џамијата“ од Кадер Абдолах (Холандија).

За утревечер (9 октомври) најавена е промоција на книгите „Исцелување на светот„ од Слободан Шнајдер (Хрватска) и „Малтерего“ од Марко Шелиќ Марчело (Србија).

Сите фестивалски настани и активности се достапни во програмата на фестивалот на „Фејсбук“.

Книги

Објавена книгата „Мудроста на Конфуциј. Научете да бидете врвен лидер“ од Каспер Ших

Објавено пред

Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје деновиве ја објави книгата „Мудроста на Конфуциј. Научете да бидете врвен лидер“, во превод од англиски јазик на Анета Пауновска. Станува збор за поучна книга заснована на доблестите на конфуцијанската мудра мисла.

На едноставен јазик книгата ги објаснува длабоките теории за развој и за управување, засновани на вредностите на „Аналектите“ на Конфуциј, поставувајќи го патот до успехот за секој професионален менаџер и лидер.

Д-р Каспер Ших е еден од најуспешните менаџери во светот и стратег на создавањето на еден од „четирите азиски тигри“ во економијата – Тајван. Toj докажува дека „Аналектите“ на Конфуциј (познати и како „Лун Ји“) се бесценет водич за менаџирање со една компанија или за владеење со една земја.

„Гледиштата на Конфуциј за принципите на односот надреден – подреден се исклучително мудри и далековидни. Тие може да му помогнат на еден лидер, како и на една обична личност да води земја, компанија или дури и домаќинство“, пишува д-р Каспер Ших.

„Аналектите не само што обезбедуваат пат за успешен личен напредок и пробивање на себеси во општеството, туку и се уште поскапоцени за управувањето. Тие се од суштинска важност за водење на една земја или на еден бизнис и се основата за модерната теорија на управувањето. Аналектите ги истакнуваат слободата, демократијата, правдата, чесноста, љубовта и човечноста со особен акцент на филозофијата на искреност и грижа… Конфуциј рекол: `Владеј доблесно и ќе бидеш како ѕвездата Северница. Таа останува на своето место додека сите други ѕвезди (луѓе, вработени) кружат околу неа. Ако ги водиш луѓето доблесно и исправно, тие ќе имаат чувство за срам и интегритет (ќе се управуваат себеси без потреба од управители)`. Овие две едноставни реченици поставуваат пример дека еден лидер би требало да ја постигне и да ја разјасни важноста на корпоративната култура – пишува Ших.

Каспер Ших (1937), доктор по техничка наука на универзитетот во Токио, е претседател на Глобалниот кинески фонд за конкурентност. Повеќе од 4.000 средни и мали претпријатија во Тајван постигнаа успешна трансформација под негово водство. Клучните проекти кои беа во негова надлежност се „Планот за автоматизација на производството“, „Подобрување на продуктивноста во севкупно движење“, „Проектот за подобрување на квалитетот на производите“, „Планот за технологија за воведување на средни и мали претпријатија“, итн. една од клучните фигури што го промовираа Тајван во една од четирите азиски тигри. Беше наречен „таткото на автоматизацијата на Тајван“. Имплементацијата на планот за автоматизација и програмата за промоција на квалитетот од Тајван направија лидер меѓу „четирите азиски тигри“ на почетокот од 90-тите години на 20 век.

Прикажи повеќе...

Книги

Објавен романот „Адам и Ева“ од романскиот писател Ливиу Ребреану

Објавено пред

„Македоника литера“ од Скопје, деновиве го објави романот „Адам и Ева“ од романскиот писател Ливиу Ребреану, во превод од романски јазик на Ирина Кроткова.

„Адам и Ева“ е едно од ремек-делата на големиот романски писател на 20 век – Ливиу Ребреану (1885 – 1944). Ова е љубовен роман, но главната тема е верувањето во реинкарнацијата, односно метемпсихозата. Архетипска и андрогена двојка се бара и се надополнува во седум многу различни историски периоди.

Главниот лик на романот, Тома Новак, поминува низ повеќе животи, прво е свештеник во Индија, потоа гувернер во Египет, писар во Вавилон, римски коњаник во Рим во епохата на владеењето на Тибериј, калуѓер во средновековна Германија, лекар во Франција за време на Француската револуција и најпосле универзитетски професор во Букурешт. Тој се вљубува во седум женски личности: Навамалика, Изит, Хамма, Сервила, Марија, Ивона и Илеана.

Ливиу Ребреану изјавил дека „Адам и Ева“ е дело најблиско до неговата душа.

Ливиу Ребреану (1885 – 1944) е романски писател, новинар и академик. Тој е еден од најзначајните романсиери во романската литература на 20 век. Роден е во Трлуша како прво од 13-те деца на Василие и Лудовика Ребреану, кои подоцна стануваат негова инспирација за фамилијата Херделеа, која се појавува во неколку негови романи: „Јон“, „Буна“, „Горила“ и други. Првата негова книга е објавена во 1912 година – изборот новели со наслов „Маки“. За време на Првата светска војна продолжил да објавува новели, а во 1920 го објавил романот „Јон“, кој се смета за прв модерен романски роман. За романот „Јон“ ја добил престижната награда на Романската академија, а во 1939 година и самиот тој станал член на Академијата. Од 1928 до 1930 година раководел со Националниот театар во Букурешт, а од 1940 до 1944 година бил претседател на Сојузот на романските писатели.

Автор е на голем број новели, драми, социјални романи, психолошки романи, кои претставуваат пресврт во романската литература и националната култура во тоа време. Негови најпознати дела се романите „Шумата на обесените“, „Адам и Ева“, „Јон“ и „Чиулеандра“, кои книжевната критика ги има оценето како ремек-дела. „Шумата на обесените“ е објавен и на македонски јазик, во издание на „Македоника литера“ (2018). „Адам и Ева“ е неговото второ дело на македонски јазик.

Прикажи повеќе...

Книги

За наградата „Роман на годината“ конкурираат 38 дела

Објавено пред

Жири-комисијата за годинашната награда „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ во соработка со Град Скопје, а под генерално покровителство на „Комерцијална банка“ АД, во состав Николина Андова Шопова (претседателка), Милован Стефановски (писател), Весна Мојсова Чепишевска (професорка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“), Славе Ѓорѓо Димовски (писател) и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата „Славко Јаневски“) на својот конституитивен состанок констатираше дека годинава се одликува со мошне богата романсиерска продукција што се огледа и во фактот дека на годинашниот конкурс се пријавија дури 38 романи.

Според пропозициите на наградата, жири-комисијата ќе треба да го соопшти името на лауреатот најдоцна до 15 март, додека свеченото врачување на наградата ќе се случи во првата половина од април.

Наградата „Роман на годината“ се доделува 21-ви пат. Неа ја востанови и ја доделуваше „Утрински весник“, сѐ до неговото згаснување во 2017 година, кога наградата ја презеде Фондацијата „Славко Јаневски“. Наградата „Роман на годината“ се состои од оригинална статуетка, плакета и паричен износ од 150 000 денари.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Евакуиран цел „Сити мол“ по дојава за бомба

Поради дојава за бомба, вработените и посетителите во трговскиот центар „Сити мол“ во моментов се евакуирани. Им било соопштено да...

Македонија2 часа

Затворена порнографската група на „Телеграм“, избришани се сите членови

Повеќе не постои порнографската група на „Телеграм“ во која имаше над 7.000 членови, а се постираа фотографии и видеа од...

Македонија2 часа

Обвинение против негувателката која малтретираше дете во игротека во Аеродром

Скопското основното јавно обвинителство поднесе обвинение против негувателката која на 21 ноември минатата година беше забележана како малтеретира двегодишно дете...

Македонија3 часа

(Видео) Лила Филиповска дала 25 илјади евра донација и 8 илјади евра позајмица за 1ТВ

„Не сме скарани, но не сме повеќе пријатели со Боки 13”. Вака го почна сведочењето водителката Лила Филиповска за случајот...

Македонија3 часа

Судијка сведочи во „Рекет“: Боки 13 доаѓа од просечно семејство, но неговата финансиска состојба брзо се подобри

Апелациската судијка Мери Дика-Георгиевска сведочи пред судот за случајот „Рекет“ каде што обвинети се Бојан Јовановски и ексшефицата на СЈО,...

Македонија4 часа

Напладне запираат вонредните мерки за загадувањето, се укинува и бесплатниот јавен превоз

Град Скопје ги известува граѓаните дека денеска од 12 часот се укинуваат вонредните мерки меѓу кои сe и бесплатниот јавен...

Свет4 часа

Австралиски научници на чекор од откривање вакцина против коронавирусот

Научници од Австралија соопштија дека во лабораторија успешно развиле верзија на новиот коронавирус, што би можело да го забрза создавањето...

Регион4 часа

Српски стилист уапсен поради педофилија

Полицијата во Нови Сад го уапсила стилистот и диџеј Срѓан Швељо под сомнение дека сексуално вознемирувал и злоупотребувал малолетни лица,...

Свет5 часа

Турција го отфрли планот на Трамп: Ова е кражба на палестинската земја

Турција го отфрли мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток како обид за анексија на палестинска земја....

Регион6 часа

Сасоли: Регионот и ЕУ имаат заедничка судбина, итно е потребен нов поттик за проширување

Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, по средбата со спикерите на парламентите од западниот Балкан повика на нов поттик за...

Регион6 часа

Србија ќе забрани увоз на автомобили со Евро 3-мотори

Во Србија се подготвува забрана за увоз на стари автомобили со Евро 3-мотори, која може да стапи во сила во...

Економија6 часа

Без работа 3,5 милиони Руси

Во декември во Русија имало речиси 3,5 милиони невработени. Тоа е 4,6 проценти од економски активната популација, покажуваат прелиминарните податоци...

Македонија17 часа

Земјотрес со јачина од 4,5 степени почувствуван во земјата

Земјотрес со јачина од 4,5 степени вечерва беше почувствуван во земјата и регионот. Епицентарот, како што јавуваат медиумите од регионот,...

Македонија19 часа

(Видео) Јовески: Потребно ни е силно, професионално и одговорно обвинителство

Државниот јавниот обвинител, Љубомир Јовески, смета дека треба да има силно, професионално и одговорно обвинителство, да не се задоволуваат дневнополитички...

Македонија19 часа

Владата бара од инспекторите да извршат увид на градбите во Охрид и Струга

Владата на денешната седница го задолжи Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам да изврши надзор над изградбата на градби од...

Македонија20 часа

Жбогар: Да продолжат реформите, законот за Јавното обвинителство да се донесе пред да се распушти Собранието

Евроамбасадорот Самуел Жбогар порача дека земјава треба да продолжи со реформите во клучните области и дека новиот закон за Јавното...

Спорт21 час

За 24 часа милион ипол луѓе се потпишаа Коби да е на новото лого на НБА

Повеќе од 1.5 милиони луѓе за помалку од 24 часа се потпишаа на он-лајн петицијата силуетата на Коби Брајант да...

Македонија21 час

„Анима мунди“: Ужас на скопските улици, се превезува распнат коњ

Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ објави вознемирувачка фотографија на распнат коњ како со камион го превезуваат на скопските...

Македонија22 часа

Откриени креаторите на „Јавна соба“, МВР ќе ги достави доказите до Обвинителството

Министерство за внатрешни работи, сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика, во координација со СВР Скопје изврши идентификација на сопственикот...

Македонија23 часа

Вештак во судењето за Ласкарци: Човечкиот фактор пресуден за несреќата

Првата реакција и обидот за сопирање кај возачот настанала во првата секунда, кога ја кренал ногата за гас и ја...

Досие