Контакт

Култура

„Автори и дела, 6“, нова книга на Васил Дрвошанов

Објавено пред

Книгата „Автори и дела, 6“ во издание на „Бата прес“, 2019, е најновиот труд на лингвистот, критичар и поет Васил Дрвошанов, автор на 30 книги, за кои е добитник на повеќе награди.

Делото содржи прилози од областа на лингвистиката, на книжевноста и на културната историја. Станува збор за анализа на дел од творештвата на Олга Иванова, на Драги Стефанија, на Стојан Ристески и на Милован Стефановски.

Носечки текстови во книгата се студиите за творештавата на Иванова и на Стефанија.

Во студијата за Иванова, за првиот доктор на македонската ономастика, авторот дава пресек на нејзината научна дејност на полето на ономастиката, а во студијата за Стефанија, за универзитетскиот професор по македонистика во Словенија, се анализираат неговите македонистички трудови.

Прилозите за Ристески имаат хетероген карактер, а прилогот за Стефановски се однесува на дел од неговата поезија.

Заеднички признак на сите написи е македонството, под кое авторот ги подразбира позитивните духовни и интелектуални карактеристики на благородниот Македонец. Токму тој признак е предизвикот Дрвошанов да го подложи на критичко набљудување секое од делата со цел да се афирмираат пораките што тие ги носат до сегашните и до идните поколенија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

„Моќта на Заратустра“ ја отвора новата сезона на Филхармонија

Објавено пред

Новата концертна сезона на Филхармонија насловена „Моја бесмртна љубов“ се отвора во четврток во 20 часот со концерт на кој ќе биде изведена музичката поема „Така зборуваше Заратустра“, антологиско дело на Рихард Штраус. На концертот насловен „Моќта на Заратустра“ ќе биде изведен и Концертот за пијано и оркестар број 1 од Л.В. Бетовен.

„Сезоната ја отвораме со исклучителен солист, диригент и избор на дела кои претставуваат важен сегмент од историјата на музика. Очекуваме фантастичен концерт кој ќе биде одлично интро во новата сезона во која не очекуваат возбудливи концерти на кои ќе настапат врвни солисти и диригенти“, вели Виктор Илиески, директор на Филхармонија.

Како солист ќе настапи врвниот руски пијанист Александар Мелников, чија изведба како што оценуваат критичарите речиси секогаш е проткаена со акутен, предизвикувачки и речиси саркастичен хумор. Мелников настапува како солист со врвни светски оркестри и диригенти како Михаил Плетнев, Паво Јарви, Валери Гергиев.

Пред македонската публика Мелников ќе се претстави со изведба на Бетовениот Концерт за пијано и оркестар број 1, едно од раните дела на композиторот во кое може да се почувствуваат никулци на музичката револуција која ќе ја иницираат неговите подоцнежни дела. Со оркестарот ќе диригира Антони Вит, еден од највлијателните полски диригенти, добитник на наградата „Херберт вон Карајан“ во 1971 година. Вит му бил и асистент на Карајан на Велигденскиот фестивал во Салцбург, а неговата богата интернационална кариера вклучува настапи со најзначајните оркестри во Европа, Америка и далечниот Исток. Добитник е и на францускиот орден „Легија на честа“ во 2015 година.

Симфониската поема „Така зборуваше Заратустра“ од Рихард Штраус е инспирирана од истоименото филозофско дело на Фридрих Ниче е напишана во 1896 година. Како и сите големи музички дела и ова било изложено на остра критика – „Ова не е музика, туку одбивно чудовиште кое не заслужува да биде наречено музика“. Само воведот во делото бил оценет како „ветувачки“… Во 1968 година, токму тој вовед целосно се интегрира во колективната меморија, стана препознатлива референца во поп-културата благодарение на генијалниот Стенли Кјубрик и неговиот антологиски филм „Одисеја 2001“.

Саундракот од филмот на Кјубрик, снимен со Берлинската филхармонија во 1969 година, 36 недели беше на прво место на класичните топ –листи. Од тогаш до денес „Така зборуваше Заратустра“ од Штраус речиси секогаш се врзува со Кјубрик, со неговиот филм преку кој оваа симфониска поема доби пошироко културолошко значење, стана поп-феномен.

Во партитурата рачно испишана од Штраус стои и цитат од книгата на Ниче – „Музиката сонуваше предолго, време е да се разбуди. Бевме сонувачи, сега сакаме да се разбудиме и будно да сонуваме“. Ова го кажува Заратустра, главниот протагонист и наратор во книгата на Ниче… Токму такво е и музичкото дело на Штраус, не само воведот, препознатливите три тона со кои почнува и филмското ремек –дело на Кјубрик, туку интегрално, како целина која звучно реферира конзистентност и врвно авторско мајсторство.

Прикажи повеќе...

Култура

Македонскиот победник на Прашкото квадренале „Оваа зграда зборува (на)вистина“ на 53. БИТЕФ

Објавено пред

Во сосема неочекуван уметнички контекст и со видно заинтересирана белградска и новосадска публика, вчера за првпат се претстави македонскиот победник на Прашкото квадренале за перформанс дизајн и простор „Оваа зграда зборува (на)вистина“ во рамки на придружната програма на најпрестижниот театарски фестивал во регионот и пошироко, 53. БИТЕФ.

Перформансот – инсталација „Оваа зграда зборува (на)вистина“ на авторот Филип Јовановски, куриран од Ивана Васева и во изведба на актерката Кристина Леловац, имаше две изведби во холот на Главната железничка станица во Нови Сад, а на барање на организаторите следуваат уште шест изведби во наредните два дена.

За изведбата во Нови Сад, БИТЕФ имаше организирано специјален превоз, а публиката имаше можност да ги чуе и авторите на проектот во краток разговор со неа и да добие публикација која е дел од самата инсталација.

Ова гостување исто така е овозможно во соработка со „Нови Сад 2021 – Европски град на културата“ и се одржува во рамки на нивната програма „Калеидоскоп на културата“.

„Оваа зграда зборува (на)вистина“ доаѓа на БИТЕФ по успешното претставување на 44. издание на МОТ Интернационалниот театарски фестивал во Скопје, а во иднина се планирани и уште неколку претставувања надвор од земјата.

„Оваа зграда зборува (на)вистина“ е составен од три дела: инсталација со перформативен дел во соработка со актерката Кристина Леловац; кратко видео насловено „Кино култура“ и двојазична публикација.

Прикажи повеќе...

Култура

Почнува манифестацијата Европски денови на културното наследство

Објавено пред

Во Музејот на Република Северна Македонија денеска ќе биде одбележан почетокот на манифестацијата Европски денови на културното наследство во нашата земја. Во таа пригода ќе биде отворена изложбата „На маргините на Скопскиот Регион – сакрални објекти и рурална архитектура“, којашто се реализира во соработка со Центарот за културно и духовно наследство „Каламус“.

Автор на концепцијата за изложбата е м-р Дарко Николовски, советник-конзерватор во Националниот конзерваторски центар. На отворањето на манифестацијата на присутните ќе им се обрати заменик-министерот за култура на Република Северна Македонија, Владимир Лазовски, во присуство на директорот Гордан Николов. Темата на годинешното издание на Европските денови на културното наследство во нашата земја, како и во повеќето европски држави, е „Уметност и забава“.

Предвидено е активностите во рамките на манифестацијата да се реализираат во периодот од 23 до 29 септември 2019 година.

Во координација на Музејот на Република Северна Македонија, низ целата земја ќе бидат организирани отворања на изложби, предавања, едукативни активности, проекции на филмови, промоции на книги и други активности поврзани со заштитата на културното наследство, со основна цел промоција на нашето културно богатство и доближување до пошироката јавност.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија26 минути

Дуковски: Здравјето на Јовановски е влошено, неговата состојба е животно загрозувачкa

Адвокатот Сашо Дуковски вели дека Бојан Јовановски, познат како Боки 13, не дал исказ, а од среда обвинителката Русковска ќе...

Македонија46 минути

Бојан Јовановски не дава исказ во Обвинителството без да ги види доказите

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, одбил да даде исказ пред обвинителката Вилма Русковска бидејќи не му биле презентирани доказите...

Економија1 час

Поскапуваат горивата

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за 1,5, 2 и 2,5 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика....

Македонија2 часа

Адвокатот на Мијалков побара специјален обвинител на предметот за масовното прислушување

Адвоктот на поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков, Љупчо Шврговски, пред почетокот на денешното судско рочиште за предметот за масовното...

Македонија3 часа

Осум вонпарламентарни партии со шест барања за Изборниот законик

Осум вонпарламентарни партии – Глас за Македонија, Единствена Македонија, Левица, МААК, Подем, Работничка земјоделска партија, ТМРО и ФРОДЕМ изнесуваат шест...

Македонија4 часа

(Видео) Заев на средба со Могерини: Северна Македонија во октомври очекува позитивна одлука

Премиерот Зоран Заев во Њујорк присуствуваше на вечерата што за шефовите на држави и влади на земјите од Западен Балкан...

Регион4 часа

Над 340 земјотреси почувствувани во Албанија

Лажната најава за нов силен земјотрес предизвика паника на улиците на главниот град на Албанија, Тирана, и на Драч. Веста...

Македонија5 часа

Заев на Генералното собрание на ОН, планирана е и средба со Мицотакис

Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев од денеска до сабота ќе престојува во Њујорк каде што ќе учествува на...

Македонија5 часа

Боки 13 на распит за „Рекет“

Во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција на распит денеска треба да биде спроведен првоосомничениот за случајот „Рекет“, Бојан...

Свет5 часа

Јужна Кореја: 26 лица лица повредени во тајфун, над 27 илјади домаќинства останаа без струја

Најмалку 26 лица се повредени во тајфун што ги погоди јужните делови на Јужна Кореја, соопштија официјални лиц. Над 27...

Свет5 часа

Уапсени 53 мигранти на границата меѓу Мексико и САД кои се криеле во приколка

Во Тексас се откриени 53 мигранти кои нелегално ја преминале границата со Мексико криејќи се во приколка. Според американската гранична...

Свет16 часа

Арапските партии го поддржаа Бени Ганц за премиер

Aрапскиот блок во израелскиот Парламент за првпат по 25 години поддржа кандидат за израелски премиер, во овој случај лидерот на...

Спорт19 часа

Вардар со фуриозно второ полувреме преку Порто до првото место

Европскиот шампион Вардар ги надмина проблемите од првото полувреме, во кое неочекувано Порто имаше водство од два гола, за да...

Регион22 часа

По земјотресите во Албанија, многумина сѐ уште стравуваат да се вратат во своите домови

Голем број жители на Тирана и Драч сѐ уште не се враќаат во своите домови по земјотресот со јачина од...

Македонија1 ден

Утре нова средба на работните групи за законот за јавното обвинителство

Работните групи на власта и опозицијата утре ќе одржат нова средба за законот за јавното обвинителство. Средбата што ќе се...

Регион1 ден

Могерини на работна вечера со лидерите од Западен Балкан во Њујорк

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини денеска ќе се состане во Њујорк со лидерите од...

Топ1 ден

Возач почина за време на пробна автомобилска трка, му се слошило и излетал од патеката

Педесет и осумгодишен скопјанец почина за време на одржување на пробни автомобилски трки на патеката на поранешен воен полигон до...

Европа1 ден

Полска ќе евакуира 42.000 граѓани поради бомба тешка 5,5 тони

Властите во северозападниот дел на Полска планираат евакуација на околу 42.000 луѓе откако е пронајдена огромна сеизмичка британска бомба од...

Култура2 дена

Доделени наградите на завршната вечер на фестивалот „Браќа Манаки“

Осум дена, пет локации, 128 филмски наслови создавани низ целата планета од филмски уметници од над 50 земји во светот,...

Македонија2 дена

Јовановски и Јанева повикани на распит во Обвинителството

Осомничените во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски и Катица Јанева се повикани на распит во Обвинителството. Првоосомничениот Бојан Јовановски е повикан...

Досие