Контакт

Култура

„Ага“ на Милко Лазаров и свечено затворање на „Киненова“ со прогласување на наградите

Објавено пред

Вечерва, во 20 часот, во киното „Фросина“, во Младинскиот културен центар, свечено ќе биде затворено третото издание на меѓународниот фестивал на дебитантски филм „Киненова.

Меѓународното жири ќе ги соопшти наградите, а ќе биде прикажан филмот „Ага“ на режисерот Милко Лазаров.

Во снежната дивина на северот Нанук и Седна живеат традиционално и изгледаат како да се последните луѓе на Земјата. Тие сонуваат за повторно обединување со својата ќерка Ага, која ги напуштила многу одамна по една тривијална семејна расправија. И додека пејзажот околу нив драстично се менува од година на година со раното топење на мразот, по боледувањето на Седна, Нанук решава да тргне на пат и да ѝ ја исполни нејзината последна желба. Многумина велат дека по антологискиот „Наку од север“, никој подобро не го насликал животот во екстремни услови од бугарскиот автор Милко Лазаров. Актуелниот добитник на „Срцето на Сараево“ ќе ве убеди дека наједноставните приказни најмногу погодуваат директно во срцето, особено ако претставуваат визуелен спектакл кој се доживува единствено на сребрениот екран.

Милко Лазаров (1967) дипломирал на Националната академија за театар и филм во Софија, во класата на професорот Владислав Икономов. Неговиот дебитантски филм „Отуѓување“ (Otchuzhdenie, 2013) ја имаше својата премиера на 70. Венециска мостра во селекцијата Venice days. „Ага“ е негов втор филм.

Изложби

Прва изложба на студентите на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер

Објавено пред

Во понеделник (27 Мај), во просториите на Музејот на град Скопје, ќе биде отворена првата изложба на студентите од Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер.

Поставките на изложбата се изработени како студентски проекти и макети по предметите: Стилови и декорација, Ликовно изразување со пластично обликување, Перспектива, Композиција, осветлување и бои, Проектирање-основи и реализација, Индустриски дизајн- современи движења и Резбарство.

Оваа изложба, единствена по својот концепт и дизајн, претставува одлична можност, младите студенти-идни дизајнери на мебел и ентериер, да ѝ се претстават на јавноста и да ги презентираат цртежите и макетите, кои ги изработиле во текот на студирањето.

На изложбата ќе бидат претставени повеќе од 200 цртежи и макети. Свеченото отворање на изложбата ќе биде на 28 Мај со почеток во 19 часот. На отворањето, на гостите ќе им се обратат Деканот на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер, Проф. Д-р Зоран Трпоски и Градоначалникот на Општина Гази Баба Борис Георгиевски. Изложбата ќе трае до 2 јуни.

Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер е основан во 2010 година како следбеник на четиридецениската традиција на студиите од областа на дрвната индустрија, механичката технологија на дрвото и проектирање на мебел и ентериер, што до учебната 2009/10 година се организираа во рамките на студиските програми на Шумарскиот факултет во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Факултетот за дизајн и технологија на мебел и ентериер претставува единствена високообразовна и научно–истражувачка установа од областа на технологијата на дрво и дизајн на мебел и ентериер.

Прикажи повеќе...

Култура

Изведба на „Травијата“ на Мајските оперски вечери

Објавено пред

Моќна, динамична, привлечна, исполнета со емоции и страст, се само дел од епитетите за „Травијата“ на Џузепе Верди, која ќе биде изведена на 28 мај со почеток во 20 часот како дел од 47. Мајски оперски вечери.

Ремек-дело чие либрето е напишано според романот „Дамата со камелии“ на Александар Дима. Со оркестарот ќе диригира Филип Павишиќ од Хрватска, а режијата е на Верена Штојбер од Германија.

Главната улога на Виолета Валери ќе ја толкува Сања Керкез, оперската дива од Белград, Србија. Благој Нацоски ќе ја толкува улогата на Алфред Жермон, а во улогата на Жорж Жермон ќе настапи Отар Накашидзе од Грузија.

Прикажи повеќе...

концерти

Пијано-виртуозот Борис Березовски со два концерта во Скопје

Објавено пред

Рускиот виртуоз на пијано, еден од најбараните солисти на денешницата, Борис Березовски, во Скопје настапува со два концерта.

Првиот, кој ќе се одржи на 29 мај во Камерната сала на Филхармонијата во 20 часот, е негов рецитал кога ќе настапи со изведба на дела од Шуман, Балакирјев и Григ. На рециталот, заедно со Березовски, ќе настапат и македонските музички уметници: Анна Кондратенко – виолина, Владимир Костов – виолина, Бојан Талески – виола и Александар Котевски – виолончело.

Наредниот ден, 30 мај, со почеток во 20 часот, Березовски ќе настапи како солист со Филхармонијата на симфонискиот концерт со наслов „Кодот на Березовски“. Рускиот волшебник на пијано ќе изведе два концерта за пијано и оркестар едноподруго кога ќе биде и сам диригент – Концерт за пијано и оркестар бр. 1 од Сергеј Прокофјев и Концерт за пијано и оркестар бр. 2 од Дмитриј Шостакович.

Оваа вечер ќе биде изведена и Симфонија бр. во 2 од Александар Бородин под диригентство на младиот Виктор Митревски, кој во текот на годините кариерата ја гради на европските музички подиуми.

Борис Березовски (1969) ужива голема репутација во Европа и светот. Музичката критика едногласна во мислењето дека Березовски во моментот е еден од најмоќните пијанисти кој поседува уникатна техника и сензитивност, кој има специфичен пристап кон пијаното и, воопшто, кон музиката што ја изведува.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет8 часа

Јункер: Глупавите националисти ги сакаат само своите земји

Претседателот на Европската комисија, Жан клод Јункер изјави дека е свесен за заканата, која ја претставуваат националистичките политичари за европската...

Топ12 часа

(Видео) Груби ја поздрави одлуката за оставка на Богоевски

Пратеникот од ДУИ, Артан Груби, ја поздрави одлуката за оставката на пратеникот Павле Богоевски и изрази жалење за состојбата во...

Бегството на Груевски13 часа

Јовески: Не постојат пречки за Интерпол да објави потерница по Груевски

Јавниот обвинител Љубомир Јовески рече дека верува оти не постојат законски или какви било пречки за да биде објавена потерницата за...

Македонија15 часа

(Видео) Павле Богоевски најави оставка

Пратеникот Павле Богоевски најави дека ќе поднесе оставка по скандалот со аудиоснимката објавена на руската мрежа „Вконтакте“, а на која...

Регион17 часа

Дачиќ бил во Сомалија за време на нападот: „Се слушна силна експлозија“

Во моментот кога се случи терористичкиот напад во престолнината на Сомалија, српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ се наоѓал...

Свет18 часа

Франција бара истрага дали Сирија употребува хемиско оружје

Француското Министерство за надворешни работи соопшти дека мора да се разгледаат последните тврдења дека сириската влада употребува хемиско оружје. Министерството...

Спорт18 часа

Марадона приведен на аеродромот во Буенос Аирес

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Диего Армандо Марадона, бил уапсен на аеродромот во Буенос Аирес. Медиумите објавија дека...

Европа19 часа

Над 400 милиони луѓе ќе гласаат за новиот состав на Европскиот парламент

Повеќе од 400 милиони луѓе со право на глас од денеска до недела ќе избираат нов состав на Европскиот парламент....

Забава1 ден

Тамара прва од гласовите на жирито, а седма во финалето, гласовите коригирани

Македонската претставничка на Евровизија, Тамара Тодевска, сепак, заврши на седмото место на евровизиското финале и на првата позиција според гласовите...

Македонија1 ден

(Видео) Заев за изјавата на Груби: Рашомонијадата од изјави на крајот ќе биде поткрепена, ќе видиме која е вистината

Премиерот Зоран Заев и натаму не открива колку лица ќе бидат сменети од функциите, ниту, пак, нивните имиња. Тој вели...

Македонија1 ден

Кривични за експретседателот на Регулаторна и тројца членови, со парното ги оштетиле скопјани за 6,6 милиони евра

Одделот за сузбивање  организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против лицата Д.П. (51), вработен како претседател и член на ...

Македонија2 дена

Анкета на „Макфакс“: Павле Богоевски треба да поднесе оставка

Во онлајн-анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“ на прашањето каков епилог треба да има аферата за пратеникот Павле...

Македонија2 дена

Антикорупциската бара кривично да се гони Владимир Панчевски

Антикорупциската комисија ќе поднесе иницијатива за кривично гонење одговорни и службени лица во Основниот суд Скопје 1, меѓу кои и...

Македонија2 дена

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ повторно бара надзорна расправа за адвокатските услуги на власта

ВМРО-ДПМНЕ повторно побара надзорна расправа за да се расветли скандалот со милионските суми за адвокати ангажирани од јавните претпријатија и...

Македонија2 дена

Оливера Трајковска, Орце Камчев и Иво Котески ќе сведочат за апсењето на Бошкоски

Новинарката Оливера Трајковска, бизнисменот кој важеше близок до поранешната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Камчев, и поранешниот портпарол на МВР,...

Македонија2 дена

Вработени во МВР што работеле на случајот на Бошкоски не знаат кој ја дал наредбата за негово апсење

Судењето за случајот „Тортура“, кој се однесува на апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, продолжи со испрашување...

Македонија2 дена

Прекршочна пријава за директорката на Хематологија – не поднела анкетен лист за имотната состојба

Антикорупциската комисија поднесе прекршочна пријава против директорката на Клиниката за хематологија, Ирина Пановска-Ставридис, за неподнесување анкетен лист за имотната состојба....

Свет2 дена

(Видео) Торнадa беснеат во Америка, куќите останаа без покрив

Невреме и торнадо го погодија северниот дел на САД, а во близина на аеродромот во Тулса, Оклахома, најмалку едно лице...

Европа2 дена

Пресметка со шверцери на дрога во Европа, уапсени 22 лица

Во координирана операција против шверц со дрога во Европа, 22 лица беа уапсени, соопшти Европол. Осомничениот водач на синџирот шверцери,...

Свет2 дена

САД ѝ дадоа рок на Турција да се откаже од купувањето руски противракетен систем

САД ѝ дадоа рок на Турција од две недели да се откаже од купувањето руски противракетен систем „С-400“ во корист...

Досие