Контакт

Култура

Агенцијата поднесе пријава до Обвинителството против продукцијата на Манчевски: „Направени се очигледни неправилности“

Објавено пред

Агенцијата за филм тврди дека нема лаги и дезинформации во постапките поведени за продукцијата на режисерот Милчо Манчевски, „Банана филм“.

dobivaj vesti na viber

Од Агенцијата тврдат дека не се точни информациите оти инспекциските служби не пронашле нелогичности во работењето на оваа продукција, како што се тврди во написите испратени до медиумите преку „Банана филм“.

„Како што е јасно наведено во известувањето и записникот на инспекторатот на Министерството за култура, очигледни се нелогичности во работењето на оваа продуцентска куќа за филмот ‘Врба’. При надзорот констатирани се одредени нелогичности во однос на ангажирањето на ‘Милкман продукција’ поради што инспекторот не стекна разумно уверување за потребата од ангажирање на ‘Милкман продукција’ од Њујорк“, стои наведено во записникот од извршениот инспекциски надзор, велат од Агенцијата.

Додаваат дека со оглед на тоа што Министерството за култура не е истражен орган и нема надлежност да постапува, како што се наведува во известувањето, предметот го доставува до Управата за финансиска полиција како надлежна за натамошно постапување.

Агенцијата повторува дека продукцијата не поднела завршен финансиски извештај за средства во висина од 55.000.000 денари за филмот „Мајки“, како и низа други неправилности, и постапила според нивната законска обврска и извршила увид во документацијата по што е констатирано видно нарушување на процедурите: неподнесување завршен извештај и употреба на исправа – изјава со невистинита содржина, што според законите претставува кривично дело.

„Земајќи ги предвид овие констатации, во согласност со своите надлежности, Управниот одбор на Агенцијата за филм имаше обврска да поднесе соодветна пријава до надлежното Обвинителство и да соработува со Управата за финансиска полиција откога до оваа управа инспекторатот при Министерството за култура го доставил записникот од извршениот вонреден инспекциски надзор“, се наведува во соопштението на Агенцијата и се додава дека сето тоа е поткрепено со соодветна писмена документација.

Што се однесува до извештајот на Државниот завод за ревизија, чиј текст беше изнесен во јавноста како тврдење за неправилно работење на Агенцијата за филм, потенцираат дека во него не постои констатација за материјално-финансиски недоследности. Се додава дека извештајот на ДЗРМ е во духот на вообичаената пракса при нивниот увид во државните институции, а сите препораки се однесуваат на подобрување на административниот дел од функционирањето на нашата институција, па како таков раководството и УО на Агенцијата позитивно го прифаќа како патоказ за подобрување и поефикасно постапување на институцијата во рамките на своите законски надлежности.

Култура

„Лена и Владимир“ на Игор Алексов вечерва на свеченото затворање на „Браќа Манаки“

Објавено пред

Дебитанскиот филм на Игор Алексов, приказната за двајцата бегалци Лена и Владимир, раскажана во сценариото на Александар Русјаков, ќе го затвори годинешното издание на ИФФК „Браќа Манаки“.

dobivaj vesti na viber

На денешната прес конференција беше претставена екипата од филмот.

-Снимањето се одвиваше во 2018 година, но се случи една бура и го уништи речиси целиот сет и дел од сретствата што беа планирани за постпродукција се префрлија таму. Потоа проектот застана во постпродукција, имавме една пауза година и половина кога не се правеше ништо, но потоа најдовме копродуцент од Србија и така успеавме да го завршиме филмот како што сакавме, раскажа режисерот Игор Алексов.

Продуцентот Дејан Илиев рече дека да не била екипата која помогнала да се надминат сите тешкотии немало да успеат.
Душан Кардалевски е кинематографер на филмот. Тој проговори за боите во филмот, како течело снимањето… Се потсети дека Алек Русјаков му подарил книга, која откако ја прочитал посакал да сними филм за истата и кога добил покана за навистина да го направи тоа и го добил сценариото за филмот не можел да поверува дека му се остварила желбата.

-Бидејќи ова не е класична приказна, туку повеќе е фантазија, повеќе е бајковита приказна одлучив да снимам со Ари Алекса камера. Сакавме да ги одвоиме двата света на Лена и Владимир. Во светот на Лена користев многу остри објективи без никаква филтрација, сакав тоа да биде што постудено бидејќи нејзиниот живот беше таков. За разлика од неа, во прикажувањето на другиот свет користев потопли тонови. Таму боите се помеки и користев специјална филтрација, објасни Кардалевски.

Александар Русјаков е автор на сценариото за филмот и тој упати честитки за кинематограферот. Раскажа дека „Лена и Владимир“ е одамна напишана приказна и дека не било класично сценарио бидејќи содржело многу книжевни елементи.

-Го напишав пред 25 години, тукушто имав завршено филмска режија и не гледав начин како тој филм може да се изведе. Но, сега во разговор со Игор напишаното се преточи во вистинско сценарио. Тоа е едно поинакво читање на бајката, која воопшто не се држи до приказната затоа што јас сакам да си играм со формите. Овој пат сакав да напишам приказна која е инспирирана од бајка, но нема врска со бајката и се случува денеска. Многу се израдував кога Игор ми рече дека му се допаѓа сценариото и пресреќен сум што на филмот работеше Душан Кардалевски за кого сметам дека е најдобар кинематографер, рече Русјаков.

Монтажерот на филмот подвлече дека монтажата на филмот воопшто не била исцрпувачка како што знае да биде најчесто, бидејќи целата екипа на сетаот одработила одлично така што не морал да влегува при монтажата во т.н. темни лавиринти за да го спасува филмот како што најчесто се случува.

-Иако, јас лично сметам дека добро напишано сценарио и добро режиран филм е база за одличен производ, односно дека добра монтажа не може да спаси филм. Главното изразно сретство кај секој филм, па и кај овој е актерската игра и јас сум благодарен на секој актер затоа што едноставно можев да креирам.

Филмот раскажува за два лика- тој ја изгубил љубовта, осуден на осаменост, таа, како сираче, силувана, малтретирана- двајцата доживуваат пролет во еден студен јануари и се вљубуваат во животот.

Главните улоги ги играат актерите: Тони Наумовски и Сара Климоска, а споредните улоги: Петар Мирчевски, Петар Арсовски, Благоја Чоревски, Кирил Коруновски, Луран Ахмети, Дениз Абдула и други.

-Се е посебно, соработката, сценариото, режијата, анализите, пробите…Ова беше многу посебен процес кој верувам дека секој актер би посакал да има ваков проект во животот. Разликата да се работи на нискобуџетен филм кај нас и во странство е во магијата. Ние сме мајстори исто толку колку што се мајстори и во Америка само цифрата што го одредува буџетот е разликата, но не и магијата. На масава седам со мајстори кои донесуваат магија која прави волшебства во секој проект во кој што работат, рече Тони Наумовски.
За Дениз Абдула особен впечаток оставило темелното работење со режисерот, им дал слобода на сите сектори и можеле слободно да креираат и да го дадет најдоброто од себе.

За улогата на Лена, Сара Климоска во 2021 беше избрана за една од десетте млади и надежни актери во Европа, „European Shooting Stars 2021“, со зборовите: Со очи кои навистина служат како прозорец кон нејзината душа, изведбата на Сара Климоска е истовремено шармантна и разиграна, жестока и разорна. Откровение во вистинска смисла на зборот, со емотивна длабочина што ги демантира нејзините години, таа не привлекува во животот на нејзиниот отпадник со шарм и леснотија што јасно го покажува нејзиниот ѕвезден потенцијал.

-Овој филм можеби доаѓа подоцна во мојата кариера, но беше прекрасно искуство. Актерите како што добиваат повеќе искуства, така почнуваат да рационализираат за тоа како треба да се игра и кој е пристапот. Прекрасна база беше ликот на Лена, Алек е темелен и нуди варијанти за да се одигра. Исто така соработката со Тони Наумовски беше драгоцена и сите останати атери, ми помогнаа и направија да се чувствувам поудобно на снимањето, рече Климоска.

Продукција е на „Минд продукција – Скопје“, продуценти се Дејан Илиев и Илија Циривири, музиката е на Дарко Спасовски, кинематографер Душан Кардалевски, костими- Раде Василев, сценографија Александра Петкова и Влатко Христов, кастинг Катерина Грубач, продукција Влатко Зафирковски.

Прикажи повеќе...

Изложби

Изложба на уметникот Митко Панов во „Мала станица“

Објавено пред

Во „Мала станица“, на 5 октомври, со почеток во 20 часот, ќе се отвори изложбата на Митко Панов, концептуален, мултидисциплинарен уметник. Посетителите ќе имаат можност да присуствуваат на отворањето на проектот со наслов „Наместо вовед“. Изложбата ќе биде поставена до 29 октомври.

dobivaj vesti na viber

Изложбата на Митко Панов е осмислена да прикаже два елемента од неговото творештво – сликарството и филмот. Всушност, концептот е приказ на творештвото, каде што авторот е визуелен раскажувач.

Митко Панов е посветен на своето творештво во истражувањето нови изразни форми, каде што прави синтеза помеѓу класичните сликарски дисциплини, филмот и современите текови на идејата и концепт во уметноста. Експериментирањето со идејно концептуалните премиси овозможува оригинален ликовен продукт со продлабочени естетски резултати. Визуелното восприемање на светот што го опкружува преплетено со неговата имагинација создава ликовен свет во кој се обликуваат визуелните претстави.

Панов ја вткајува реалноста како инспирација во својата специфична творечка експресија. За него, реалноста е простор за преиспитување на емоционалното присуство на човекот и потрагата на лична вистина и суштина на постоењето. Во неговиот ликовен универзум реалноста е пренесена преку сопственото искуство, сфаќање и чувствување за светот, сопственото битисување во него создавајќи личен императив за еден друг реалитет, каде што не ги менува фактите на реалноста, туку го менува начинот на размислување во однос на стварноста. Перцепцијата преку окото на уметникот создава внатрешен свет, кој преку естетизираната визуелност станува слика што го отсликува домот на уметникот, т.е. неговата лична архива и опстојување.

Прикажи повеќе...

Култура

Заврши третиот Скопски поетски фестивал

Објавено пред

Со соло концертот на гитара на Александар Бошков и гостинот Ади Имери синоќа заврши третото издание на Скопскиот поетски фестивал.

dobivaj vesti na viber

Претходно, се одржа и интернационалното поетско читање, на кое настапија поетите Марам ал-Масри (Франција/Сирија), Имануел Мифсуд (Малта), Лана Деркач (Хрватска), Мартин Глаз Серуп (Данска), Драгослав Дедовиќ (Србија), Ален Брлек (Хрватска) и Николина Андова Шопова (Македонија).

Настаните од фестивалот се одвиваа на неколку локации во Скопје, и тоа: во Младинскиот културен центар – Скопје (кино „Фросина“), во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје и во кафе-книжарницата „Буква“, а настапија шест поети од странство и повеќе од 60 домашни поети пред публика од вкупно околу петстотини присутни.

Во програмата на фестивалот се одржаа неколку поетски читања, промоции на книги, изложба на фотографии, беа прикажани неколку поетски филмови, се одржа мастер-клас, односно работилница за креативно пишување поезија, панел-дискусија за зголемување на видливоста на македонската книжевност во странство и јога во природа со поетска медитација.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион14 часа

Милан Радоичиќ призна дека ја организирал групата во Бањска: „Лично ги направив сите подготовки“

Потпретседателот на Српската листа, Милан Радоичиќ, ја презеде целосната одговорност за настаните во селото Бањска на северот од Косово. Неговата...

Македонија16 часа

Млекото со афлатоксин се враќа во Србија, Трипуновски лажно шири паника, велат од АХВ

Неосновано ширење паника и доведување на граѓаните во заблуда е последната објавена вест на Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за...

Македонија16 часа

(Видео) Мицкоски: Згрозен сум од неморалниот чин на Маричиќ

Како човек сум згрозен со гадење од овој сексистички и неморален чин на Маричиќ, човекот се прослави со сè, само...

Македонија17 часа

(Видео) Трипуновски: Во Македонија е увезено канцерогено млеко од Србија и пуштено во промет

На 21 септември оваа година во Македонија е увезено над 20 тони трајно млеко од Република Србија, со рок на...

Македонија18 часа

Зголемениот број мечки проблем во Маврово и Ростуше: жителите бараат кризна состојба

По вонредната седница од страна на Советот на Општина Маврово и Ростуше, Општината до Владата поднела информација со барање за...

Македонија18 часа

Демократскиот сојуз: Ковачевски да го повлече законот за амнестија

Демократскиот сојуз бара од премиерот Димитар Ковачевски да го повлече новиот предлог-закон за амнестија бидејќи овој закон е политички пазар...

Регион19 часа

Снимка од претресот во Косовска Митровица: од зградата во која живеел Радоичиќ запленети два „мерцедеса“ со белградски таблички

Припадници на специјалната единица на косовската полиција извршија претрес во зградата во северниот дел на Косовска Митровица, каде што живееше...

Македонија20 часа

Најчевска до Груби: Зошто би била приоритетна пругата Скопје – Драч, за создавање голема Албанија?

Професорката Мирјана Најчевска со прашање до вицепремиерот Артан Груби на социјалните мрежи по најавите дека еден од приоритетите на Владата...

Македонија20 часа

„Со сите демократски и парламентарни методи ќе го спречиме донесувањето на законот за амнестија“, велат ВМРО-ДПМНЕ

„Оваа власт на Ковачевски е во очај. Затоа во рок од 6 години подготвуваат нова амнестија со која треба на...

Регион20 часа

(Видео) Грција по страшното невреме: активирани свлечишта, уништени патишта, Волос е како „град кој е бомбардиран“

Многу куќи се поплавени, а многу патишта се тешко оштетени од невремето што зафати делови од Грција. Во Волос, поради...

Македонија20 часа

ЦУК: Вчера имаше 26 пожари, утрово активен само еден

Центарот за управување со кризи известува, според податоците од Секторот за операции и координација, дека пожари на отворен простор вчера...

Европа21 час

Русите градат пруга кон окупираните украински градови

Руските сили почнаа да градат нова железница што ќе ги поврзе окупираните Мариупол, Волновака и Донецк со јужна Русија, тврди...

Европа21 час

Шведскиот премиер ја повика војската на помош поради крвавата војна меѓу бандите

Шведскиот премиер, вчера, го повика шефот на вооружените сили да помогне да се спречи порастот на убиствата поврзани со банди...

Македонија1 ден

Лога: Тврдам дека ниту еден функционер нема да биде опфатен со амнестијата , ќе купам и огледало, за секој пратеник да се гледа пред да гласа за овој закон

Законот за амнестија ја доби поддршката во владина постапка и за десет дена истиот закон ќе биде пред пратениците во...

Македонија2 дена

Маричиќ демантира дека испраќал бакнежи кон Стојаноска: Ниту сум имал каква било комуникација, ниту сум ѝ испратил вербална порака

„Најостро ги демантирам недостојните и ниски лаги на пратеничката Дафина Стојаноска“, напиша на фејсбук вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ....

Македонија2 дена

Инспекторатот ќе изврши вонреден надзор во битолската болница по смртта на 24-годишното момче

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, во врска со случајот на починато 24-годишно момче во Клиничката болница Битола, иницира Државниот санитарен...

Македонија2 дена

Лигав еден, бакнежи и намигнувања праќај си дома, му рече пратеничката Дафина Стојанова на Маричиќ во Собранието

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, во Собранието го обвини вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, дека ѝ праќал бакнежи и...

Македонија2 дена

Бебе пред два месеца родено со 900 грама на ГАК сега си заминува дома со два килограма

Бебе родено со 900 грама пред два месеца на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје ја победи битката...

Свет2 дена

Австрија со конкретни предлози за побрза интеграција на Западен Балкан

Министерот за надворешни работи на Австрија, Александар Шаленберг, и министерката за европски прашања, Каролин Едштадлер, сакаат да промовираат побрза интеграција...

Македонија2 дена

Османи: Прилично сум сигурен дека Бугарија постојано ќе формулира нови барања

Mинистерот за надворешни работи, Бујар Османи, во интервју за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЦ) зборуваше за ветото на Бугарија...