Контакт

Актуелно

Адеми: Мултикултурното наследство ја прави Македонија атрактивна локација за странските туристи

Објавено пред

Mинистерот за култура, Асаф Адеми, денеска, имаше официјално обраќање во рамките на третата светска конференција за туризам и култура „За доброто на сите“, која се одржува од 3 до 5 декември во Истанбул.

Како што информираат од ресорното Министерство, во своето обраќање пред присутните високи претставници на повеќе земји во светот Адеми се осврнал на повеќе аспекти во насока на зацврстување на соработката меѓу факторите во туризмот и културата.

„Сакам во оваа пригода да истакнам дека Република Македонија е мултикултурна и мултиетничка држава со импресивно културно наследство, недвижни добра од профана и сакрална архитектура, археолошки локалитети и споменични целини од разни временски епохи. Овие знаменитости се основен атрибут за развој на културниот туризам и токму затоа континуирано настојуваме тие да бидат презентирани во разни форми на светските саеми и берзи на туризмот“, нагласи министерот за култура.

Тој информира дека во изминатите години биле поддржани повеќе изложби на непроценливото културно богатство на релевантни локации во големите културни метрополи, кои силно влијаеле на интересот за нашата држава и на зголемувањето на бројот на туристите.

Министерот ги спомна и заложбите за промоција на Република Македонија во меѓународен контекст преку впишувањето културни добра на репрезентативната листа на светското нематеријално културно наследство на УНЕСКО.

Во текот на утрешниот ден Адеми ќе оствари и билатерална средба со министерот за култура и туризам на Република Турција, Мехмет Нури Ерсој, како и со колегите од земјите учеснички на овој значаен собир.

 

Актуелно

Проекција на филмовите на Киро Урдин во рамки на изложбата „Духовите на Африка“

Објавено пред

Проекција на филмовите „Догона“ и „Оган и вода“ на Киро Урдин, во рамки на изложбата „Духовите на Африка“, ќе се одржи во кино-салата на Музеј на Македонија утре, 12 декември, во 20 часот. Филмовите на Киро Урдин се директно поврзани со Африка, каде што престојуваше додека ги снимаше, особено меѓу народот Догон во Мали.

На проекцијата ќе присуствува целата екипа што ги изработи филмовите, режисерот Киро Урдин, снимателот Владимир Петровски-Картер, композиторите Венко и Васко Серафимови, а модератор на настанот ќе биде Влатко Галевски, филмски критичар. По проекцијата ќе се одржи едно од последните групни водења низ изложбата „Духовите на Африка“.

 

Прикажи повеќе...

Актуелно

Во Музејот на Македонија изложба за наследството на малцинските етнички заедници

Објавено пред

Министерот за култура, Асаф Адеми, министерот за дијаспора, Едмонд Адеми, и амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар, на 11 декември со почеток во 19 часот, во Музејот на Македонија ќе ја отворат изложбата „Етнолошкото наследство на малцинските етнички заедници“.

Како што информираат од Музејот на Македонија, станува збор за првата изложба во овој музеј што го претставува интегрално културното наследство на етничките заедници на Албанците, Турците, Ромите и Власите.

Оттаму додаваат дека музејот располага со богати музејски збирки поврзани со овие заедници, кои биле од витално значење за истражувањето на нивниот фолклор и традиција.

На изложбата ќе бидат прикажани предмети кои се дел од народни носии и накит, како и предмети за домаќинство направени од дрво, текстил, метал и грнчарија. Секој од презентираните експонати, кои датираат од 19 до средина на 20 век, во себе ја носи колективната историска и емоционална меморија на овие заедници.

„Овие етнички заедници со векови живеат на исто тло и потребата и нужноста за нивна непосредна секојдневна комуникација е сосема природна. Како резултат на тоа, материјално и духовно културно наследство на овие енички заедници било во постојан допир и меѓусебно влијание, но, сепак, тие успеале да создадат автохтони културни вредности, зачувувајќи ја на тој начин својата посебност и индивидуалност, односно својот идентитет“, велат од Музејот на Македонија во најавата за изложбата.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Почина режисерот Љубиша Георгиевски

Објавено пред

Утринава, на 81-годишна возраст, почина режисерот и драмски писател Љубиша Гоергиевски, објави на „Фејсбук“ поранешниот директор на Драмски театар, Роберт Вељановски.

„Утринава Македонија се збогува со еден од најголемите нејзини синови! На 81 годишна возраст, почина најголемиот македонски театарски режисер, еден од најголемите умови што се родиле под македонското сонце, професорот Љубиша Георгиевски!!! Утринава почина мојот театарски татко!!! Бог да те прости професоре и да ти подари царство небесно!!!“, напиша тој на „Фејсбук“.

Љубиша Георгиевски беше роден во Битола. Тој беше театарски и филмски режисер, драмски писател и есеист, теоретичар на театарот и професор по театарска режија и актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Како политичар, беше претседателски кандидат во 1994, амбасадор во Бугарија (2000-2004) и претседател на Собранието на Република Македонија (2006-2008).

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Сведоштво од несреќата кај Лесковац: Кога се разбудив слушнав вриштење, околу мене имаше луѓе со крвави глави

,,Кога се разбудив слушнав вриштење. Видов луѓе со крвави глави и раце и слушнав некој кажа дека има и загинати”,...

Македонија3 часа

ЗНМ на тест, изборот на Чадиковски под прашалник

По којзнае кој пат новинарската фела е исправена пред нови поделби. Вчерашниот избор на Младен Чадиковски за претседател на Здружението...

Македонија4 часа

Идентификувани двајца од трите жртви во превртениот автобус – маж од Крушево и жена од Кочани

Шеесет и осумгодишен маж од крушевското село Бучин со иницијали В.Ш. и 68-годишна жена од Кочани со иницијали К.К. се...

Македонија5 часа

МНР потврди за тројца загинати кај Лесковац, во животна опасност се четворица патници од автобусот

Маж на возраст од 68 години е првата идентификувана жртва од превртениот македонски автобус кај Лескoвац, информираат од Министерството за...

Топ9 часа

Во една вечер тројца пешаци тешко повредени во сообраќајки во Скопје, Охрид и Битола

Тројца пешаци се тешко повредени откако биле удрени од автомобили во три одделни сообраќани несреќи во Скопје, Охрид и Битола,...

Регион23 часа

Јеремиќ: Вучиќ и Тачи го имаат договорено формирањето на косовската војска

Претседателот на српската Народна партија, Вук Јеремиќ, за српските медиуми изјави дека формирањето на војската на Косово е скандалозно и...

Македонија1 ден

(Видео) Спасовски на Пониква ги посети кандидатите за полициски специјалци

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и дел од раководството на МВР денеска го посетија зимскиот рекреативен центар „Пониква“ во Кочани,...

Топ1 ден

Злетовец голтнал прашок за да го скрие од полицијата по што починал

На Граничниот премин Делчево за влез во државава, во вечерните часови на 14. декември се пријавил 32-годишен злетовец. Тој управувал...

Македонија1 ден

За палење петарди и ракети казни од 200 до 500 евра

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека неовластената употреба на пиротехнички средства е казнива согласно Законот за прекршоци против...

Македонија1 ден

Георгиев: Се согласивме со Бугарите дека имаат поеднакво право на Прличев како нас

Се согласивме дека и Бугарите имаат поеднакво право на делото на Глигор Прличев,тој е дел од заедничката историја и не...

Афера „Банки“1 ден

(Видео) Банки свртеле 1 милион евра во еден ден преку сметката на бизнисменот Исиров

Бизнисменот и сопственик на фирмата за трговија „Еуротрејд“, Ефтим Исиров, на лист хартија се потпиша за да докаже дека со...

Регион1 ден

Мицотакис: Никогаш нема да го ратификуваме Договорот од Преспа

Повторувам од овде, од нашиот 12-ти Конгрес дека Нова демократија нема да го ратификува Договорот од Преспа. Ниту сега, ниту...

Македонија1 ден

Почина градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски

На 48-годишна возраст утринава почина градоначалникот на општина Охрид, Јован Стојаноски. Неофицијално причината за смртта е инфаркт. Стојаноски починал додека...

Македонија1 ден

Операцијата во Германија успешно заврши, Сара Настеска се чувствува добро

Успешно заврши трансплантацијата на коскена срцевина на 15-годишната охриѓанка  Сара Настеска во Германија. ,,Добри вести стигнуваат од Германија. Успешно е...

Топ1 ден

Автоматско оружје, пригушувач и куршуми пронајдени кај двајца велешани

Автоматско оружје, пригушувач и куршуми се пронајдени при извршен претрес кај двајца велешани. Полицијата информира дека вчера во периодот од...

Македонија1 ден

Мицкоски: Заев како опозиционер се перчеше, а сега не сака да излезе на дебата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, вчера вечер оствари средба со голем број на членови и симпатизери на Општинскиот комитет на...

Македонија1 ден

Намалена видливост поради магла на Ѓавато, Буково и Плетвар

Сообраќајот на автопатот Гевгелија-Скопје, после наплатната рампа Градско, е целосно нормализиран , информираат од АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се...

Македонија1 ден

ЗНМ бира претседател – во трка Чадиковски и Наумов

ЗНМ денеска бира нов претседател. Изборното собрание на ЗНМ ќе се одржи во со почеток во 10 часот во спортската...

Европа2 дена

(Видео) Макрон им оддаде почит на жртвите од нападот во Стразбур

Францускиот претседател, Емануел Макрон, вечерва, за време на посетата на Стразбур, изјави дека властите работат на разјаснување како напаѓачот од Стразбур,...

Македонија2 дена

Обвинение за скопјанец што му нанел телесни повреди на својот татко

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство достави обвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело телесна повреда од...

Досие