Контакт

Актуелно

Адеми потпиша одлука со оперска претстава да се одбележи 550-годишнината од смртта на Скендербег

Објавено пред

Oд Министерството за култура информираат дека во пресрет на 550-годишнината од смртта на националниот херој, Ѓорѓија Кастриот Скендербег, министерот Асаф Адеми потпишал одлука на 28 ноември годинава во големата сала на Македонската опера и балет да биде претставена премиерата на операта „Скендербег“.

Годинава славниот ноември ќе се одбележи на достоинствен начин и со институционална поддршка на албанските уметнички и културни вредности, се вели во соопштението.

Актуелно

Северна Македонија и Албанија ќе формираат комисија за заедничко управување со природното и културното наследство во Охридскиот Регион

Објавено пред

Mинистерот Едмонд Адеми, вчера, во својство на претседател на Националната комисија за УНЕСКО, се сретна со министерката за култура, Елва Маргарити, и министерот за животна средина, Бленди Клоси, во Тирана, Република Албанија. На состаноците беше договорено формирање меѓудржавно тело за заедничко управување со природното и културното наследство во Охридскиот Регион.

Министрите ја реафирмираа одлучноста на двете пријателски, соседни земји да ги исполнат препораките на УНЕСКО со цел долгорочно зачувување на нашето светско наследство. Министерот Адеми се сретна со претставници на Министерството за надворешни работи. На средбата беше заклучено дека следува формалното конситуирање на заедничката комисија.

Во тој контекст Северна Македонија и Албанија ја интензивираат соработката на политичко и експертско ниво и заеднички ќе носат одлуки за зачувување на исклучителните универзални вредности на природното и културното наследство во Охридскиот Регион.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Се финализира проектот за конзервација на црквата во Курбиново

Објавено пред

Министерот за култура, Хусни Исмаили, во Битола оствари работна посета на институциите од областа на културата во овој град.

На неговата агенда беа Универзитетската библиотека „Свети Климент Охридски“, Народниот театар, Центарот за култура, Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Битола и НУ Музеј на албанската азбука, при што минисерот се запозна со реализираните активности, но и со проектите што се реализираат.

Како што информираат од ресорното министерство, на средбата со директорите во овие институции, Исмаили истакнал дека во рамки на годишните конкурси континуирано се дава поддршка за реализација на повеќе проекти од сите дејности од областа на културата – драмската, музичката, ликовната, фолклорната, музејската и заштитата на културното наследство.

Во рамките на министерската посета на Битола една од темите била и проектот за конзервација на црквата Свети Ѓорѓи во селото Курбиново. Меѓу фреските во оваа црква е и Ангелот на благовештанието Гаврил, кој е пресликан на банкнотите од 50 денари.

Од министерството информираат дека во однос на оваа црква, надлежната установа Завод и Музеј Битола работи на финалниот извештај од сите предвидени и преземени истражувања и финално конципирање на предлог-проектната програма и финализирање на Проектот за конзервација.

Министерот за култура го посетил и Сарајот во Ресен, кој претставува еден од најрепрезентативните примери на објекти градени во неокласичен стил во нашата земја.

Денес зградата на Сарајот е Дом на културата „Драги Тозија“ и во него се сместени постојаната поставка на дела на македонската сликарка Кераца Висулчева и галеријата на дела од Ресенската керамичка колонија.

Прикажи повеќе...

Актуелно

„Рено“ – официјален партнер на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“

Објавено пред

Францускиот производител „Рено“ е светски партнер на кинематографијата повеќе од 120 години, а со огромно задоволство компанијата Аутомотив Груп како генерален импортер на брендот во земјава ја продолжува традицијата поддржувајќи го јубилејното 40. издание на Браќа Манаки.

Најновите модели од гамата на брендот со својот моќен дизајн, луксузен ентериер и модерни технологии ќе го овозможат пристигнувањето на шпанскиот кинематографер Хозе Луис Алкаине, познатиот режисер Фатих Акин, светски познатиот Џим Шеридан и останатите специјални гости на црвениот тепих.

„Како компанија која е препознатлива по почитта кон филмската уметност и културата, заедничката успешна приказна со Интернационалниот фестивал ‘Браќа Манаки’ и Аутомотив Груп трае со години.

За време на гламурозното отворање на фестивалот, автомобилска ѕвезда ќе биде моделот ‘рено клио’ и тоа од најновата петта генерација кој ексклузивно ќе биде претставен пред својата премиера во Македонија која е закажана за месец октомври годинавa“, изјави Симона Николовска, лице за односи со јавност на Аутомотив Груп.

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Најново

Свет46 минути

Би-би-си: Зошто Саудиска Арабија и Иран се лути ривали?

Саудиска Арабија и Иран се два силни соседа и повеќегодишни ривали во борбата за регионална доминација, а неодамнешните напади врз...

Македонија50 минути

Ново рочиште за „Монструм“, ќе бидат пуштени бомби за случајот

Обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски влегоа на судењето за предметот „Монструм”. Фетаи не одговори на новинарските прашања, само прокоментира...

Македонија2 часа

Протест на лекарите поради насилството врз нив

Лекарите и здравствените работнициденеска ќе протестираат, по неколкуте напади врз доктори и медицински сестри што се случија неодамна. Протестот е...

Свет2 часа

Макрон испраќа експерти во Саудиска Арабија да испитаат кој го извршил нападот

Франција ќе испрати експерт во Саудиска Арабија, кој ќе помогне во истрагата за нападот на нафтеното постројување во Саудиска Арабија,...

Свет2 часа

САД бараат конфискација на приходите од продажбата на книгата на Сноуден

Министерството за правда на САД соопшти дека поднеле тужба против Едвард Сноуден и бараат конфискација на сите приходи од продажбата...

Свет14 часа

Поради лекарски грешки годишно умираат 2,6 милиони луѓе

Околу 2,6 милиони луѓе годишно умираат од ненамерни грешки во амбулантите и болниците низ светот, се вели во анализата на...

Спорт15 часа

Драма во Љубљана! Македонија ја „собори“ и Словенија, остана во игра за осминафинале!

Откако вчера македонските одбојкари ја забележија историската прва победа на едно Европско првенство, денеска повторно на „крилата“ на Никола Ѓорѓиев,...

Регион16 часа

Кучиња намирисаа 11 килограми хероин во возило кај Драч

Албанец од Косово, Агим Сиљејмани (50), кој веќе неколку години живеел во Швајцарија, е уапсен во албанскиот пристаништен град Драч...

Македонија17 часа

Нов пожар во околината на Прилеп, гори шумата над манастирот во село Селце

Нов голем пожар денеска се појави кај село Селце, во непосредна близина на манастирот „Св.Димитрија“. Со пожарот е зафатена густа...

Македонија19 часа

Иванов: Антикорупциска манипулира, закупот е 1.950, а не 4.500 евра

Експретседателот Ѓорге Иванов реагира откако антикорупциската комисија даде препорака до Владата да се раскине договорот за закуп на неговите деловни...

Македонија20 часа

ВМРО-ДПМНЕ предлага анкетна комисија за работењето на СЈО

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска до Собранието поднесе предлог-одлука за основање анкетна комисија за утврдување на евентуалното нестручно, несовесно и...

Македонија20 часа

Апелациониот суд ги потврди доживотните затворски казни за „Диво Насеље“

Апелациониот суд Скопје ги одби жалбите на обвинетите во предметот „Диво Насеље“ и во целост ја потврди првостепената пресуда за...

Македонија20 часа

Антикорупциската комисија ќе побара Иванов да ја пресели канцеларијата од „Џеваир“

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе побара од Службата за општи и заеднички работи при Владата (СОЗР) да...

Македонија21 час

(Видео) Туск: Северна Македонија направи сè што се очекуваше за влез во ЕУ

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, по денешната средба со премиерот, Зоран Заев, изјави дека Северна Македонија направила сè што...

Македонија22 часа

(Видео) Заев: „Рекет“ е силен тест за судството

„Рекет“ е силен тест за судството и успехот во правосудните реформи. Со решавање на овој случај и законот за Јавното...

Македонија24 часа

„02 Иницијативата“: Ништо не е реализирано од програмата за намалување на загадувањето за 2019 година

Од програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 со два милиона евра нема ништо реализирано, а објавена e само една...

Свет1 ден

Путин, Ердоган и Рохани: Да се формира одбор за изработка на нов Устав во Сирија

Лидерите на Турција, Русија и на Иран, Реџеп Таип Ердоган, Владимир Путин и Хасан Рохани, се согласија на состанокот во...

Свет1 ден

Трамп: Иран стои зад нападот на Саудиска Арабија, но ќе почекаме да се докаже

Треба да се почека додека со сигурност не се дознае извршителот на нападот на Саудиска Арабија, изјави американскиот претседател Доналд...

Свет1 ден

Хамнеи: Никогаш нема да преговараме со САД

Иран никогаш нема да преговара со САД, политиката на Вашингтон заснована на максимален притисок ќе пропадне, изјави врховниот ирански верски...

Македонија1 ден

Пратеници формираа иницијатива за една изборна единица

Во Собранието на Северна Македонија се формира иницијатива за една изборна единица, во која се вклучија 12 пратеници од 10...

Досие