Контакт

Актуелно

(Видео) Адеми: „Ругање со Христос“ е навредлив за Албанците, ќе се истражуваат мотивите за снимање

Објавено пред

Филмот „Ругање со Христос“ содржи сцени кои ги навредуваат чувствата на граѓаните и е еден од оние проекти финансирани од поранешната власт кои ѝ штетат на македонската кинемтографија, реагираше Министерството за култура на денешната прес конференција. Од таму најостро ги осудуваат решенијата на претходните гарнитури кои финансирале проекти без никаква уметничка вредност и кои подгреваат меѓуетничка омраза.

„Министерството и Агенцијата за филм потенцираат дека ова е последен пат со парите на граѓаните се снимаат филмови кои ги навредуваат истите тие граѓани. Такви тенденциозни играња со историја, настани кои наштетуваат на соживотот и животот на граѓаните, финансиери на истите дела, веќе нема да најдат поддршка. Ние сме должни да истражиме каков бил мотивот и како воопшто овој филм бил снимен. Ги прегледавме и рецензиите што се правени за овој филм и сомнително е дека и спротивно на нивното мислење филмот бил одобрен од тогаш раководните лица во Агенцијата за филм – Дарко Башевски и Мими Ѓорѓоска-Илиевска.“, дециден е министерот за култура Асаф Адеми.

Агенцијата за филм исто така се согласува дека овој филм што е поддржан во 2015 година е еден од оние што за жал еден во низата филмови за кои не се водело сметка за уметничкиот потенцијал, содржината и воопшто не ги задоволува вредносните критериуми што се воспоставени и пропишани во законската регулатива на институцијата што дава поддршка на  нашата кинематографија.

„За овие состојби Агенцијата за филм неколкупати се произнесе и потенцираше дека новата стратегија ќе оди во насока на тоа да се расчисти со штетни проекти кои нам не ни донесоа никаков успех и не го афирмираа македонскиот филм. Спротивно од тоа, со трендот што го следеле раководните лица на оваа институција во минатото, заглавивме во кинемтографија која била партиски детерминирана и во случаи како овој дури и содржи навредливи компоненти. Како силен визуелен медиум филмот мора пред гледачот јасно да ја манифестира идејата колку и таа да е контрадикторна или пак табуизирана. Во случајот со овој филм освен општата конфузност што се провлекува низ приказната нејасно е дали елементите каде што се вмешува етничкиот контекст и се потенцира конфликтот што се случи во 2001-та е во функција на филмот или пак виси како нејасна порака која заддира во некои и фрагилни теми од нашата блиска историја. И овој филм е дел од скапо платената лекција на производство од 307 филмови а од кои е мал е бројот на тие што доживеаа проекции на големото платно и уште помалку надвор од границите“, смета директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија.

Според Тозија авторската слобода и кретивноста и натаму останува приоритети и ќе бидат негувани во стратегијата на Агенцијата за филм.

„Се надевам дека ова ќе биде уште една лекција за да разбереме дека нашата кинематографија треба да биде градена врз свеж и модерен израз со автентичен сензибилитет на авторите и дека партиските, идеолошките и какви било други вонестетски и вон уметнички влијанија се минато за македонскиот филм. Во ниту еден момент не е спорно тоа дали филмските автори треба да имаат заддршка кога станува збор за нивната креција, но мора да се води сметка за етичкиот аспект на пораката и да се биде во чекор со времето. Можам со задоволство да кажам дека во изминатава година поддршка добија проекти на автори кои не се обременети со исторсико-локални теми и дека фаворизираат универзални фабули што се препознатливи во светски рамки. Нашата најважна заложба останува да создадеме кинематографија која ќе биде препознатлива и допадлива пред очите на публиката и ќе доживува проекции на големото платно на реномирани филмски фестивали“, смета тој.

Реакциите се случија откако режисерот на „Ругање со Христос“, Јани Бојаџи пред неколку дена го лансираше трејлерот за филмот. Според оние кои реагираат филмот има конфузна приказна која тенденциозно провлекува сцени што се повикуваат на етничкиот конфликт во 2001-та година.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Актуелно

Во Скопје отворена изложба на свечена црногорска облека од 19 и 20 век

Објавено пред

Во присуство на многубројни гости, меѓу кои и претседателот на Собранието, Талат Џафери, и премиерот Заев, министерот за култура, Асаф Адеми, и неговиот црногорски колега Александар Богдановиќ, вчера во Музејот на македонската борба свечено беше отворена изложбата „Европската мода на црногорскиот двор – рефлексии“.

Како што информираат од надлежното министерство, на оваа ексклузивна изложба е изложена свечена облека од колекцијата на Народниот музеј на Црна Гора, карактеристична за црногорскиот двор во 19 и во 20 век, а поставката се реализира со поддршка од Министерствата за култура на двете земји, како и со поддршка од црногорската амбасада во Скопје.

Министерот Адеми во своето обраќање истакна дека изложбата е убав пример за успешна културна соработка меѓу две пријателски земји, која на непосреден начин ги унапредува и ги збогатува културните врски во областа на уметноста, историјата и музеологијата.

„Верувам дека оваа изложба ќе биде и голема провокација за научната и за стручната јавност кај нас, кои преку студиозниот пристап на изложените експонати ќе имаат можност да дадат ново толкување на веќе познати историски настани и ликови од минатото, со што ќе предизвикаат голем интерес кај музејските посетители во земјава“, кажа Адеми.

Министерот за култура на Црна Гора, Александар Богдановиќ, пред присутните посочи дека изложбата ќе овозможи увид во еден помалку познат сегмент од црногорската традиција и култура.

„Сигурен сум дека оваа изложба претставува чекор напред во културното поврзување на нашите две држави, од чие потврдено пријателство произлегоа многубројни примери на партнерство и соработка. Од таа причина, мило ми е што во Скопје претставуваме поставка која по многу нешта е единствена, чиј концепт е фокусиран на оние содржини од нашето минато на кои е посветувано помало внимание во историографските и уметничките осврти на црногорското наследство“, истакна црногорскиот министер за култура.

За изложбата зборуваше и Анастазија Мирановиќ, директорка на Народниот музеј на Црна Гора, која се осврна на конкретните аспекти од конципирањето на оваа изложба, како и за можностите за нови проекти и соработка меѓу музеите во двете земји.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Арета Френклин постхумно наградена со Пулицерова награда

Објавено пред

Пулицеровите награди за најголем придонес во новинарството и уметноста вчера беа доделени на Универзитетот Колумбија во Њујорк, а меѓу лауреатите се новинските агенции „Асоишиејтед прес“ и „Ројтерс“, како и новинари од весниците „Њујорк тајмс“ и „Лос Анџелес тајмс“. Неодамна починатата соул-легенда Арета Френклин постхумно доби специјална награда за неизбришлив петдецениски придонес во американската музика и култура.

„Вашингтон пост“ е награден за истражувачките текстови за поранешниот адвокат на американскиот претседател Доналд Трамп, Мајкл Коен, кој наводно подмитувал, односно им давал пари за да замолчат на жените кои тврдеа дека имале афера со Трамп пред да биде избран за претседател.

South Florida Sun Sentinel (Фото: ЕПА)

„Њујорк тајмс“ освои награда за текстовите за семејното богатство на Трамп и аферата со обидите да го заобиколат законот за наследство со цел да избегнат даноци.

Три Пулицерови награди беа доделени за известување за проблемите со контролата за користење оружје, вклучувајќи ја и наградата за „Саут Флорида Сан Сентинел“ за известувањето за пукањето во средното училиште во Паркланд што се случи лани во февруари, а во кое беа убиени 17 студенти и вработени.

Пулицерова награда добија и тројца репортери од „Лос Анџелес тајмс“ за истражувачките текстови за Џорџ Тиндал, гинеколог кој беше обвинет за сексуална злоупотреба на стотици студенти на Универзитетот во Јужна Калифорнија.

Сите наградени добија по 15.000 долари.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Динамичната драма „Ноќ на боговите“ на сцената во МНТ

Објавено пред

„Ноќ на боговите“ е динамична драма по текст на Миро Гавран, која се однесува на љубовта, пријателството и владеењето, полна е со неочекувани пресврти, кои на театарската публика ѝ го задржуваат здивот, информираат од МНТ.

Во изминатите 25 години таа имала дури 19 театарски премиери во светот, од Сараево, Марибор, Подгорица и Мостар, до Вашингтон, Мелбурн, Софија, Прага.

Претставата е во режија на Марко Манојловиќ, а на големата сцена во МНТ ќе биде одиграна на 10 мај со почеток во 20 часот. Во оваа трагикомедија со елементи на фарса или како што обично велат актерите – животна претстава, играат: Војин Ќетковиќ во улогата на Луј XIV, Дејан Луткиќ во улогата на дворскиот шут и Небојша Илиќ во улогата на познатиот драмски писател Молиер.

Германската издавачка куќа Anton Hiersemann Struttgard во последните педесет години секоја трета година објавува избор на најдобри светски драматичари, а во 2007 година на листата се и трите драмски текста од авторот Миро Гавран – „Креонтовата Антигона“, „Љубовите на Џорџ Вашингтон“ и „Ноќ на боговите“.

Миро Гавран за оваа претстава вели: „Во оваа необична фарса полна со неочекувани фабулативни пресврти се дава изобилство на материјал за изградување уверливи улоги. Кога пишувам нов драмски текст, секогаш имам желба и актерите и публиката да уживаат кога претставата ќе заврши. Се надевам дека тоа ќе се случи и со оваа изведба“.

„Ноќ на боговите“ гостува во Скопје благодарение на желбата на Ќетковиќ, Луткиќ и Илиќ да ги оживеат „карактерите што се архетипски, но и денес ги пронаоѓаме во секојдневниот живот“.

Луткиќ за претставата вели: „Таа нè спои. Сите тројца почувствувавме возбуда, прво како читатели на драмата, а подоцна се јави и потреба да се обидеме како уметници да ја пренесеме таа возбуда до публиката. Поделбата произлезе од желба да играме ликови какви што не сме играле досега. Да излеземе од нашата удобна зона и да ѝ се претставиме на публиката во ново светло“.

Билетите се пуштени во продажба онлајн преку веб-страницата на МНТ и на билетарницата во МНТ, a oнлајн-билетите може да се купат исклучиво во партер по цена од 600 ден.

(ПР-текст)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија41 минута

ИВЗ: Судот не одлучува кој ќе биде реис, ако е така нека кажат и кој да биде поглавар на МПЦ

Судот не е тој што одлучува кој ќе биде реис, ако е така нека кажат и кој да биде поглавар...

Свет3 часа

В четврток прва средба меѓу Путин и Ким на рускиот Далечен Исток

Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, в четврток ќе се состане со рускиот претседател, Владимир Путин, на рускиот Далечен Исток, објави советникот...

Свет6 часа

(Видео) Камерите снимија терорист кој влегува во црквата непосредно пред масакрот

Медиумите на Шри Ланка објавија снимка од надзорните камери снимена непосредно пред еден од нападите. Како што известува „Гардијан“, се...

Македонија7 часа

Северна Македонија или Македонија? Караџовски и Адеми расправаa како да ја пишува државата на извештајот

Членовите на Судскиот совет го изгласаа годишниот извештај за работата за 2018 година, но претходно претседателот Зоран Караџовски и членот...

Топ8 часа

Мицкоски: Не е до чистката, туку проблемот е до тој што треба да исчисти

По најавите на премиерот Зоран Заев дека власта ја примила пораката од граѓаните и дека ќе следуваат кадровски промени, лидерот...

Топ8 часа

Поднесено обвинение против родителите чии деца загинаа во пожар во Велес

Против мајката и таткото, чии деца во јуни минатата година загинаа во пожар во куќа во Велес, е поднесено обвинение...

Македонија9 часа

(Видео) Таткото на Саздовски: Родителите да кажат каде е третиот осомничен, кој е во бегство

Ни една мајка не треба да го закопа својот син, казната е толкава колку што е предвидено во законот. Не...

Македонија10 часа

(Видео) По 19 години затвор за убијците на Никола Саздовски

Кривичниот суд во Скопје им одреди по 19 години затвор на Бесим Беља и Скендер Демири, кои на 29 јуни...

Свет10 часа

Евакуирана Сиднејската опера поради истекување гас

Стотици луѓе се евакуирани денес од Сиднејската опера и околината поради истекување гас, а раководството на куќата објави дека настапите...

Регион11 час

Убиецот на бугарската телевизиска новинарка осуден на 30 години затвор

Бугарскиот суд го осуди Северин Красимиров на 30 години затвор за силување и убиство на телевизиската новинарка Викторија Маринова. Телото...

Свет11 час

(Видео) Базен на врвот на висококатница се излеа за време на земјотресот во Манила

Филипините вчера ги погоди силен земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтер поради што се тресеа многу згради, а...

Свет11 час

Најмалку 11 жртви и 24 исчезнати во земјотресот во Филипини

Најмалку 11 лица загинаа, 24 исчезнати, а повеќе од 80 се повредени во земјотрес со јачина од 6,1 степен, кој...

Топ22 часа

(Видео) Дац му подари метла на Заев, премиерот возврати – чистка ќе има

Актерот Драган Спасов Дац на вечерашната трибина на СДСМ во Карпош му подари метла на премиерот Зоран Заев, порачувајќи му...

Европа1 ден

Курц ја осуди песната во која мигранти се споредуваат со стаорци

Aвстрискиот канцелар, Себастијан Курц, побара од помалиот партнер во владејачката коалиција, десничарската Партија на слободата на Австрија, да се дистанцира...

Избори 20191 ден

(Видео) Поништено гласањето на избирачко место во Ѓорче Петров, имало вишок гласачки ливчиња во кутијата

Три гласачки ливчиња повеќе во кутијата од бројот на гласачи нотира Државната изборна комисија во едно избирачко место во општина...

Свет1 ден

Кои се жртвите во Шри Ланка: Деца, познати готвачи, келнери, политичари…

Во терористичките напади во Шри Ланка загинаа најмалку 290 луѓе, а повеќе од 500 се повредени. Меѓу нив, повеќето луѓе...

Избори 20191 ден

ОБСЕ: Изборите беа добро спроведени, но потребна е реформа на изборното законодавство

Во првиот круг на претседателските избори гласачите беа во можност да се информираат пред да го направат својот избор помеѓу...

Македонија1 ден

(Видео) Николоски го наклеветил Вице Заев, но нема да му плати 30 илјади денари отштета

Судијката од Основниот суд Скопје 2, Кети Германова, заедно со двајца судии поротници, донесе пресуда со која утврди дека потпретседателот...

Избори 20191 ден

(Видео) Јанушев: Со постигнатите резултати ВМРО-ДПМНЕ би освоила 53 пратенички мандати, а СДСМ – 41

Вчера се потврди дека кај граѓаните има апатија поради криминалот, корупцијата и сиромаштијата, порача генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев,...

Избори 20191 ден

(Видео) Пендаровски: Не сум изненаден од резултатот, ја разбрав пораката на граѓаните

Претседтелскиот кандидат Стево Пендаровски вели дека не е изненаден од резултатите од гласањето и дека ја разбрал пораката на граѓаните....

Досие