Контакт

Актуелно

Актерката Магдалена Ризова ќе го прослави 25-годишниот јубилеј во кариерата

Објавено пред

Магдалена Ризова во својот уметнички ансамбл ќе го прослави нејзиниот 25-годишен јубилеј како професионален актер. По тој повод, на малата сцена во „Театар комедија“ утревечер, 14 април, ќе се одигра романтичната комедија „Дони Дарк“, во режија на Роберт Ристов, претстава со која Магдалена Ризова ја започна соработката со „Театар комедија“ во септември 2017 година, кога се роди и идејата за нејзин постојан ангажман во овој театар.

Од богатиот 25-годишен опус на актерката Магдалена Ризова ќе издвоиме неколку позначајни улоги што ги има одиграно на сцената на МНТ: Коробочка во „Мртви души“ (Гогољ), Аце, бабата и Евдокија во „Буре барут“ (Дејан Дуковски), насловната улога во „Мурлин Мурло“ (Николај Кољада), Мими во „Грев или шприцер“ (Сашко Насев), Јохана во „Баал“ (Брехт), Даница во „Народен пратеник“ (Б. Нушиќ), Оливер во „Глембаеви“ (М. Крлежа), Госпоѓата во „Слугинки“ (Жан Жене), Андромаха во „Големиот смок“ (Митко Маџунков), Ангелина во „Лепа Ангелина“ (Блаже Ристески), Бопчински во „Ревизор“ (Гогољ), Евгенија во „Болва во уво“ (Ж. Фејдо), Шарлота (1997) и Варија (2013) во „Вишновата градина“  (Чехов), Љупка во „Оркестар Титаник“ (Христо Бојчев), Хорацио во „Аферата Елсинор“…

Како и наградите: Награда за најдобра епизодна улога на филмскиот фестивал во Лугано – Швајцарија (1991) за улогата „Марија“ во филмот „Вистина“; Награда за најдобар млад актер на театарските игри „Војдан Чернодрински“ (1993) за улогата „Мими“ во „Грев или шприцер“; Награда за најдобра женска улога на фестивалот во Ливерпул – Англија (1994) за улогата „Јохана“ во претставата „Баал“; Награда за најдобра женска улога на театарските игри „Војдан Чернодрински“ (1995) за улогата „Коробочка“ во претставата „Мртви души“; Награда за најдобра претстава и најдобра женска главна улога на Балканот на Балканскиот фестивал во Софија, Бугарија (1998) за улогата Мурлин Мурло во истоимената претстава.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Актуелно

Проекција на филмот „Прашина“ во чест на Салаетин Билал во Кинотеката на Македонија

Објавено пред

Од

На 11 јуни, понеделник, во 20 часот, во Кинотека на Македонија ќе има проекција на филмот „Прашина“ во режија на Милчо Манчевски, а во чест на доајенот на театарското и филмското глумиште Салаетин Билал.

Салаетин Билал беше театарски, филмски и телевизиски актер кој студирал на Театарскиот конзерваториум во Истанбул, Турција. Во 1964 година станал член на ансамблот на Турската драма при Театарот на народностите во Скопје, а како актер гостува и во проекти изведувани на сцените на Македонскиот народен театар, Драмскиот театар, како и на матичната сцена со ансамблот на Албанската драма. За своето актерско умеење бил награден како најдобар артист на театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп во 1976 и 1990 година, а на театарските игри во 1992 година ја добил награда за најдобра споредна улога. Двапати бил добитник на наградата што ја доделува ревијата „Екран“ – „Актер на годината“ – во 1976 и 1977 година. Добитник е и на општествените признанија „13 Ноември“ – награда на Град Скопје за 1977 г., а во 1984 г. го доби највисокото републичко признание, наградата „11 Октомври“.

Во филмографијата на Салаетин Билал се вбројуваат и филмските остварувања: Најдолгиот пат (1976), Време води (1980), Полноќно сонце (1982), Македонска сага (1993), Ангели на отпад (1995), Џипски меџик (1997), Прашина (2001), Чекор пред времето (2003), Илузија и Андер (2004), Стапица (2006), Сенки (2007), Мајки (2010), Трето полувреме (2012), Балканот не е мртов (2013), Херој (2013) и До балчак (2014).

Покрај филмските остварувања, запаметени ќе останат и неговите телевизиски остварувања: Волшебното самарче (1975), Итар Пејо (1977), Илинден (1982), Белото циганче (1984), Солунски патрдии (1986), Тврдокорни (1988-1992), Македонски народни приказни (1994) и уште многу други.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Американски уметник и поборник против хомофобијата ќе одржи презентација во Музејот на современата уметност

Објавено пред

Од

В недела со почеток во 19 часот во киното на Музејот на современата уметност (МСУ) ќе се одржи презентација и дискусија со Стив Ламберт, уметник и активист од САД.

Уметничкиот активизам вклучува разни форми на дејствување за зголемување на јавната свест за постојните општествени промени и за иницирање промени, појаснуваат од МСУ.

Оттаму додаваат дека ваквите практики ги надминуваат границите на воспоставените општествени и политички норми преку форма на отпор, протест и креативност, визуализирани во јавни простори.

„Стив Ламберт подготви специјална презентација за својата работа за Неделата на гордоста во Скопје. Ламберт ќе зборува за својата работа во однос на неговата јавна конфронтација со семејството Де Вос. Ова семјество го стекна своето богатство преку „Амвеј“, компанија за маркетинг на повеќе нивоа (еуфемизам за пирамидална шема). Тие го користат своето богатство за поддршка на хомофобично законодавство и приватизација на училишта во Соединетите Американски Држави“, се наведува во соопштенито на МСУ, од каде што додаваат дека семејството Де Вос поддржува и уметности и токму тука нивната приказна се судира со онаа на Ламберт.

 

Прикажи повеќе...

Актуелно

Концерт на африканскиот уметник Феми Курти и филмот „Исцелител“ под отворено небо во Градскиот парк

Објавено пред

Од

Македонската филхармонија, киното „Милениум“ и Град Скопје организираат два атрактивни настана што ќе се случат под отворено небо во Градскиот парк во Скопје, од кои едниот е утре во 21 часот, 7 јуни, а станува збор за концертот на Феми Кути, а вечерва во 22 часот ќе се одржи настанот „Кино на отворено“, на кој ќе биде прикажан повеќенаградуваниот македонски филм на Ѓорче Ставрески, „Исцелител“.

„Првпат работам со голем оркестар и ова е мојот најпосакуван сон“, рече големиот африкански музички уметник Феми Кути на денешната прес-конференција, кој заедно со неговиот фантастичен бенд „Позитив форс“ и оркестарот на Македонската филхармонија, ќе одржи концерт под отворено небо.

Директорот на Македонската филхармонија, Виктор Илиески, рече дека по големата европска турнеја, Феми Кути со својот бенд доаѓа во Скопје и првпат неговата музика ќе звучи со симфониски оркестар. „Ќе реализираме и втор настан кон крајот на јуни, исто така на отворено, за кој дополнително ќе известиме. А овој пат публиката ќе има можност да слуша музика во која се соединуваат афроритмите со џезот и класичната музика“, рече Илиески.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

(Видео) Демонстрантите повикаа на протест утре во 11 часот

Насобраните граѓани пред Собранието повикаа утре во 11 часот на протест поради промената на името и Уставот, кога започнува седницата...

Македонија9 часа

(Видео) Солза Грчева: Народот е доведен до ѕид од една предавничка тајфа

Нашиот глас ќе стигне до секој. Синоќа се случи нешто што неверував дека во мојата земја ќе биде.30 шок бомби...

Македонија9 часа

(Видео) Демонстрантите со порака до Владата да се откаже од договорот со Грција

На протестите пред Собранието на Република Македонија, кои продолжуваат веќе петти ден, демонстрантите порачаа дека македонскиот народ не го заслужил...

Македонија11 час

Протест пред Собранието на Република Македонија

Петти ден по ред, пред Собранието на Република Македонија толпа граѓани протестираат поради договорот со Грција за промена на името...

Македонија14 часа

(Видео) Бачев: Спасовски наредил брутално да се нападнат граѓаните пред Собрание

Според наши сознанија министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски ја издал наредбата полицијата брутално да реагира токму во моментот кога...

Македонија15 часа

(Видео) Демонстрантите се жалат на употребата на шок-бомби, МВР вели – полициска процена

Демонстрантите што синоќа протестираа пред Собранието реагираат дека полицијата прекумерно употребила сила врз нив, како и дека без потреба биле...

Македонија17 часа

Обвинителството и МВР ќе истражуваат – кој испраќа заканувачки пораки и слики на „Фејсбук“

Основното јавно обвинителство Скопје информира дека било известено од страна на Министерството за внатрешни работи за заканувачки пораки и слики...

Македонија17 часа

Приведениот новинар одбил да се легитимира, велат од МВР

Во врска со новинарот на порталот „Инфомакс“, ја информираме јавноста дека тој одбивал да се легитимира, а притоа дал активен...

Македонија18 часа

Демонстрантите демолирале кафулиња, палеле автомобили и фрлиле солзавец, велат од МВР

26 демонстранти привела полицијата за време на синоќешниот протест пред Собранието. Повредени биле 10 полицајци, а седуммина побарале лекарска помош....

Македонија19 часа

Левица: МВР употреби прекумерна сила на синоќешните протести

Силите на МВР употребија прекумерна сила, големо количество солзавец и шок-бомби врз мирните невооружени демонстранти, реагираат од Левицата. Оваа акција...

Македонија19 часа

Владата ќе го достави законот за ратификација на договорот до Собранието

Владата ќе го достави до Собранието предлог-законот за ратификација на договорот со Грција, соопшти владината прес-служба по одржувањето на денешната...

Македонија19 часа

Син на екссудијка призна вина за крвавиот четврток – осуден на 1 година затвор

Нови двајца обвинети за настаните од крвавиот четврток минатата недела признаа вина, потврдуваат од кривичниот суд за „Макфакс“. На судското...

Надворешна политика20 часа

Захариева: Наредната недела зелено светло за преговори со Македонија

Вицепремиерката и министер за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, изјави дека по постигнатиот договор за името Северна Македонија, Советот...

Македонија20 часа

СДСМ ги осуди насилството и говорот на омраза пред Собранието 

СДСМ ги осуди вчерашните насилства пред Собранието, нападите од насобраната толпа врз новинарите, снимателите и полицајците кои се обидуваа да спречат...

Македонија20 часа

Запален автомобилот на пратеникот на СДСМ, Хари Локвенец

Запален е автомобилот на пратеникот на СДСМ од Прилеп, Хари Локвенец. Инцидентот се случил по објавувањето на фотографиите од Преспа...

Свет21 час

Mинибус влета во посетителите на концерт во Холандија

Едно лице загина, а три се повредени кога минубус во раните утрински часови удри во посетители на концерт, на фестивалот...

Свет22 часа

(Видео) Тројца загинати и над 200 повредени во силен земјотрес во Јапонија

Најмалку три лица загинаа, а над 200 се повредени во земјотрес со јачина од 6,1 степени по Рихтер кој ја...

Македонија1 ден

МВР: Демонстрантите употребија распрскувачки средства, приведени 25 лица

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вечерашниот јавен протест во Скопје, пред зградата на Собранието, дел од...

Македонија1 ден

Повредени седум полицајци и две жени на протестите пред Собранието

Седум полицајци и две жени завршија со повреди за време на протестите што вечерва се случија пред Собранието. Од Ургентниот...

Македонија1 ден

Полицијата со шок бомби и солзавец ги растера демонстрантите пред Собранието

Единицата за брзо распоредување со шок бомби и солзавец ги растера демонстрантите од протестот против промена на името пред Собранието...

Досие