Контакт

Култура

Актерот Љупчо Тодоровски – Упа вечерва со „Парче душа“ на „Охридско лето“

Објавено пред

Во Предворјето на црквата „Света Софија“, а во рамките на дополнителната програма на фестивалот „Охридско лето“, вечерва од 22 часот ќе се одржи сценски приказ на поезијата на Блаже Конески преку проектот „Парче душа“ на актерот Љупчо Тодоровоски –Упа.

Со години изведуван ширум Македонија проектот стана препознатлив, а Упа, некако природно се врзува, се поистоветува со Блажe Конески.Насекаде наидува на искрена човечка возбуда и благодарност, неретко доведени до по некоја солза.

-„Парче душа“ е метафоричен приказ на еден човечки живот испреплетен со историјата на нашата татковина. Сликослед од крајолици, луѓе и настани од нашиот, македонски живот…Но пред сѐ и над сѐ, најважното, тој е – изблик на чувства! Чувства! И душевни состојби…Тука ќе ги „видите“: епските Марко Крале, Св. Спиридон и Болен Дојчин; Тешкото и Стерната. И нежните Виј, Круша, Пресадување… Ангелот на Св. Софија, Убавите жени, Нежност…па Тетин Ристе, Белата тетка…и ќе ја доживеете својата и душата на својата татковина, вели актерот Љупчо Тодоровски –Упа.

Покрај актерство, Тодоровски –Упа се занимава и со театарска режија, филмска и ТВ продукција и пишување на сценарија… Глумел на 8 јазици во над 30 филмови и ТВ серии, има петнаесетина театарски режии, десетици и десетици улоги во проекти и театарски куќи низ цела бивша Југославија и безброј разни, други сценски настапи.Воден од творечкиот немир на двапати по десетина години работи во Белград и Љубљана. Сѐ до денес успева да опстане како слободен уметник и да го задржи привидот на поголема лична и творечка слобода.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Косаковски дојде на Македокс: „Не правете филмови ако можете да живеете без да правите филмови“

Објавено пред

Големиот руски, и според многумина најзначаен светски документарист, Виктор Косаковски, дојде на „Македокс“. Тој мошне брзо се вклопи во фестивалскиот амбиент во Куршумли-ан и по пристигнувањето присуствуваше на сесијата разговори „Под смоквата“.

Неговото доаѓање во Скопје е поврзано со два значајни пункта во програмата на 10.Македокс. Синоќа во киното „Милениум“ беше прикажан филмот „Акварела“ (Велика Британија, Германија/ 2018/ 89’), епска сага за борбата на човекот со природата. Реализиран со фантастична продукција и најсовремена дигитална резолуција, во филмот се појавуваат повеќе човечки ликови, но главниот протагонист е природата, односно огромното и моќно водно пространство на Гренланд. Тоа е филм кој остава без здив и кај човекот влева стравопочит кон природата.

Веднаш по проекцијата се одржа сесија на прашања и одговори со публиката. На прашање од публиката дали е поедноставно да се работи со човечки ликови или со природата? – Косаковски одговори:

„Мислите ли дека има воопшто уште нешто да се каже за луѓето? Зар не е доволно? Зар не кажавме сѐ што имавме да кажеме за нас? Искористивме сѐ што можевме, земаме сѐ што сакаме од природата и мислиме дека сѐ е наше и можеме да се однесуваме како што сакаме со неа. Треба само да погледнеме околу нас и ќе сфатиме дека има толку многу нешта за коишто може да се зборува, дека не сме важни само ние и нашите приказни. Изминатава година се продуцирани околу 11.000 филмови за човечки приказни. Зошто? Ајде да зборуваме и да твориме за тоа што не го знаеме. Не се врти сѐ околу нас и нашите идеи и емоции. Кога бев да снимам на Гренланд (Акварела) седев на еден ледник за којшто подоцна дознав дека е стар околу 22 илјади години. Мислам дека сите ние ќе исчезнеме. Не сакам тоа да се случи, ама мислам дека нема да го избегнеме тоа поради нашето однесување. Сите овде еден ден ќе се соочиме со крајот, а водата останува бесмртна. И тоа е добрата вест за сите нас“.

Вториот значаен пункт е мастер-класот што на 24 август, со почеток во 14 часот, го одржува во Даут Пашин Амам.

„Не правете филмови ако можете да живеете без да правите филмови“, вели првото од десетте правила за млади документаристи на Косаковски. Како предавач, тој ќе зборува за своите принципи при креацијата на своите синеастички дела и ќе ги претстави своите документарци не само од позиција на режисер, туку и како сценарист, снимател и монтажер. Сепак, потенцира дека не треба да се очекува готов рецепт за успешно правење филмови, бидејќи најмногу ќе зборува за последното од десетте правила: „Не следете ги моите правила. Направете си свои правила“.

 

Прикажи повеќе...

Култура

Дванаесетта година по ред Графичка работилница „Софија“ во Богданци

Објавено пред

Од 24 август до 2 септември, традиционално по дванаесетти пат ќе се одржи меѓународната графичка работилница „Софија“. Организаторите најавуваат дека графичката уметност во наредните десет дена, во Богданци ќе собере дел од најталентираните млади графичари од регионот.

„Навистина сме среќни и горди што она кое започна како скромна иницијатива пред 12 години, денес е еден од најпрепознатливите културни настани во регионот во делот на графичката уметност. Целта е едноставна. Да се популаризира графиката како начин на уметничко изразување и да се разменат искуства меѓу младите графичари од различните графички академии од регионот“, велат од Здружението на граѓани Графичка работилница „Софија“ Богданци, кое е организатор на настанот.

На годинешната главна сесија ќе учествуваат 14 уметници (графичари) од Македонија и од странство, селектирани од државните ликовни академии во Скопје, Белград, Нови Сад, Загреб, Осиек, Сараево и Софија. Ментор на работилницата ќе биде Марио Чаушиќ, вонреден професор на Академијата за уметност и култура во Осиек, Хрватска а улогата на асистенти ќе ја имаат Виктор Семенпеев, Сања Жигиќ и Ана Димчевска Семенпеева.

Завршната изложба на создадените дела ќе се одржи на 2-ри септември во изложбениот простор кој функционира во рамките на графичката работилница. Главен поддржувач на настанот е Печатница „Софија“ Богданци, а одржувањето на работилницата е помогнато и од Министерството за култура и општина Богданци.

Графичката работилница „Софија“ првпат се одржа во 2008 година. До сега низ неа продефилираа речиси 200 млади графичари од целиот регион. Улогата на ментори ја имаа истакнати графичари и универзитетски професори од Македонија, Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

Прикажи повеќе...

Култура

Интернационална стрип-колонија Велес 2019

Објавено пред

Од 21 до 25 август годинава Велес е домаќин на 17. Меѓународен салон на Стрип „Велес 2019” . Колонијата ја организира Стрип-центарот на Македонија со седиште во Велес. Оваа колонија е дел од Годишната програма на Министерството за култура на РС Македонија.

Уметниците имаат можност да ги разменат своите искуства и да творат на слободна тема.

„Оваа стрип-колонија е единствена од ваков тип не само во државата, туку и на просторот на балканските држави. Вто пат ја организираме, а поканетите учесници создаваат стрипови кои ќе бидат преtставени на јавноста преку изложба организирана во Велес. Создадените творби ќе бидат презентерани и популаризирани и во државите од кои доаѓаат учесниците, а ќе бидат објавени и во стрип-ревијата ‘Креатор’“, истакна извршниот директор на Стрип центарот, Ване Трајков.

Покрај домашни, (Стојче и Емилија Тоциновски, Јана Бутеска, Ана Мариа Стефаноска, Ангела Петрушевска, Васил Гаврилов ,Оливер Цветковски, Сибел Исмаилова) на втората стрип-колонија, учествуваат реномирани имиња од пет други европски држави, Кирси Салонен од Финска, Владимир Весовиќ и Ана Циглар од Србија, Марко Ѓешка од Хрватска, Исток Ситар од Словенија и Василис Герку од Грција.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Обвинителството ќе утврдува како документи од „Рекет“ протекле во јавноста

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција најостро го осудува објавувањето на нелегално добиени документи од истрагата...

Македонија3 часа

Германски државјанин што се барал со потерница, живеел со лажен идентитет на Попова Шапка

Педесет и петгодишен Германец кој германската полиција го бара за набавка на 700 килограми кокаин деновиве бил приведен во земјава....

Македонија3 часа

Еден мигрант загина, а 12 се повредени во несреќата кај Демир Капија, возачот побегнал

Едно лице од Бангладеш почина, а 12 други се повредени во сообраќајната несреќа што се случи синоќа на автопатот Демир...

Свет4 часа

Северна Кореја лансираше две ракети

Северна Кореја лансираше денеска две балистички ракети до краток домет во морето на источниот брег, соопшти јужнокорејската војска. „Нашата војска...

Македонија4 часа

Владејачката партија најавува за 5 отсто повисоки плати во образованието од септември

Платите во основното, средното и високото образование, како и кај јавните високообразовани установи растат за 5 отсто, почнувајќи од исплатата...

Македонија6 часа

До вторник во попладневните часови ќе врне дожд

Од денеска до вторник во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Метеоролозите најавуваат услови...

Свет18 часа

Домородец од Амазонија: Ќе ја дадам последната капка крв за да ја спасам шумата

Додека пожарите беснеат во Амазонија, припадниците на бразилското племе Мура ветија дека ќе се борат за својата земја. Најголемата шума...

Македонија22 часа

(Видео) УЈП во затворот го извести Јовановски за финансиската контрола на неговата невладина

Инспектори на УЈП влегоа во затворот во Шуто Оризари за да го известат притворениот Бојан Јовановски, претседател на невладината Меѓународен...

Македонија1 ден

Советот на јавните обвинители го доби извештајот за „Рекет“, се чека седница за Јанева

Обвинителството за организиран криминал до Сoветот на јавните обвинители го достави извештајот за преземени активности и дејства во предистражната и...

Македонија1 ден

(Видео) Стефанова: Немам намера да конкурирам за шеф на СЈО

„Од самиот почеток се оградував од Јанева. Денеска гледаме расчистување со криминалот и треба да се гордееме на тоа. Не...

Македонија1 ден

17 здруженија ѝ порачуваат на Владата итно да се спречи најавениот масакр на животни

„Животните не се предмети за да се уништуваат, туку свесни интелигентни суштества и потребно е само малку разум и совест...

Македонија1 ден

Никој не се појави на судењето за незаконската градба на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Судијката Даниела Алексовска-Стојановска го одложи првото рочиште за предметот на СЈО „Талир 2“ за незаконската градба на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ....

Свет1 ден

Додека Амазонија гори, Болсонаро го нападна светот: „Не мешајте се во внатрешни работи“

Во екот на зголемена меѓународна критика за пожарите што беснеат во Амазонија, бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека е можно...

Македонија1 ден

Заев денеска ќе ги достави до Собранието предлозите за нови министри

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, денеска се очекува да ги достави до Собранието предлозите за испразнетите министерски места...

Регион1 ден

(Видео) Се заглави рингишпил во Биоград, пожарникарите еден и пол час ги спасувале децата

Поради дефект, се заглави рингишпилот „Скај флаер“ во Биоград во Далмација по што пожарникарите еден и пол час ги спасувале...

Свет1 ден

Навални излезе од притвор

Портпаролката на Алексеј Навални, Кира Јармиш, на „Твитер“ соопшти дека рускиот опозициски лидер по 30 дена, излегол од притвор откако...

Свет1 ден

Туристите честа цел на крадците во Барселона, само годинава имало над 5.000 насилни грабежи

Од почетокот на годинава имало 5.331 насилен грабеж во Барселона, што е 30 проценти повеќе во однос на истиот период...

Македонија2 дена

Заев: Ова се мачни и тешки случаи, но секој што се огрешил треба да одговара

Горди сме дека како власт овозможивме услови независниот правосуден систем да работи и да го врати владеењето на правото, изјави...

Македонија2 дена

Жалбата на Јанева одбиена од судот, обвинителката останува во притвор

Кривичен совет од тројца судии ѝ ја одбил жалбата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за определениот 30-дневен притвор, потврдија...

Европа2 дена

Макрон: Нема време за нов договор, Британија ќе стане вазал на САД

Францускиот претседател Емануел Макрон непопустливо му порача на британскиот премиер Борис Џонсон дека нема доволно време да се преговара за...

Досие