Контакт

Култура

Алаѓозовски: Подготвен е нацрт на колективниот договор за вработените во културата

Објавено пред

СДСМ подготви нацрт на колективниот договор за вработените во културата, изјави попладнево претседателот на Комисијата за култура на СДСМ, Роберт Алаѓозовски, на прес-конференција, по најавите за организирање протестен марш поради отсуството на општ колективен договор.

Од владејачката партија велат дека ги исправаат децениските неправди што биле нанесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ.  Колективен договор за култура, како што посочи Алаѓозовски, последен пат бил потпишан во 2005 година помеѓу СОНК – Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на РСМ и Министерството за култура. Во овој период, нагласи Алаѓозовски, многу често биле доделувани бруто-коефициенти за пресметка на плата на нововработени што не биле во согласност со колективниот договор, туку коефициентите биле носени субјективно, а така се постапувало и кај новоформираните институции од областа на културата за нововработените лица.

„СДСМ подготви нацрт на колективниот договор за вработените во културата кога во претходниот период се одржаа повеќе средби и консултации со претставниците на синдикатите и на установите во културата за решавање на најургентните потреби и проблеми што произлегуваат од работниот однос на уметниците и другите вработени во културата. По повеќегодишен застој, се унапредуваат правата на вработените во културата. Владата предводена од СДСМ останува посветена секојдневно да работи исклучливо во интерес на државата и граѓаните“, нагласи Алаѓозовски.

Тој истакна дека владејачката партија извршила нивелација по работни места по дејности во институциите од областа на културата, со што 2.899 лица ќе добијат повисоки плати.

„Со ребалансот на буџетот за 2019 година се зголемија средствата наменети за исплата на платите на вработените во установите од областа на културата за 146.321.000 денари заради спроведување на процесот на нивелација на платите во установите од областа на културата или за 13,79 отсто во однос на одобрените средства за плати со буџетот за 2019 година. При изработката на пресметката се утврди дека вкупниот број лица кај кои би се јавило зголемување на платите изнесува 2.899 лица“, рече Алаѓозовски.

Додаде дека Министерството за култура веќе извршило подобрување на состојбата со платите во установите од областа на библиотечната, заштитата, музезејската и аудиовизуелната дејност по основ на законски стекнатите стручни звања и распореденост на соодветни работни места.

 

Изложби

Во Музејот на современа уметност „Главните пунктови на македонската ликовна уметност во 70-тите и 80-тите години“

Објавено пред

Од утре, во Музејот на современата уметност во Скопје ќе биде отворена за посетители, изложбата со наслов „Главните пунктови на македонската ликовна уметност во 70-тите и 80-тите години“ поместена во горниот простор од музејот.

Кураторка на изложбата е Марика Бочварова Плавевска, а кустос соработник е Благоја Варошанец.

„Идејата на ова проектно размислување како дел од серијата проблемски изложби е да ги открие и зближи преодните предизвикувачки преобразби, делумно започнати во 60-тите години, акцентирани преку 70-тите години и на некој начин вклопени во 80-тите години. Продолжетокот на ваквите размислувања е битен и за 90-тите години, бидејќи самата промоција на промените ја актуализираше возбудливата и транспарентна ликовна сцена кај нас“, вели Бочварова.

Проектот е насочен кон барање на релациите меѓу двете децении, со паралели што ја допираат анахроноста на уметничките движења, посебно на првата. Дали се работи за можен континуитет? Како своевиден сегмент е всушност потсетник за јавноста врзани за преобразбите што се подготвени да ги почувствуваат и доживеат случувањата во овие две декади. Блискоста на преобразбите е потврдена со самата презентација во која се вклучени 52 автори, преку 80 дела.

Дел од изложените дела се во сопственост на МСУ, и еден дел се позајмени од Националната галерија Македонија, од Музејот на град Скопје и дел од приватни колекции.

Се работи за мултимедијален проект, во кој се застапени сите ликовни медиуми и во поставката изложени се дела од: Родољуб Анастасов, Тодорче Атанасов, Томе Аџиевски, Виолета Блажеска, Богдан Грабулоски, Владимир Бороевиќ, Жанета Вангели, Васил Василев, Иво Велјанов, Кирил Гегоски, Јордан Грабул, Мирослав Грчев, Божидар Дамјановски, Евгенија Демниевска, Марин Димески, Александар Ивановски Карадаре, Ристо Калчевски, Милош Коџоман, Драгољуб Бежан, Марина Лешкова, Танас Луловски, Петар Мазев, Димитар Манев, Димитар Малиданов, Благоја Маневски, Дарко Марковиќ, Стефан Маневски, Петре Николоски, Станко Павлески, Боро Пејчинов, Душан Перчинков, Драган Петковиќ, Владо Плавевски, Лазо Плавевски, Ана Темкова, Анета Светиева, Глигор Стефанов, Веле Ташовски, Билјана Унковска, Слободан Филовски, Глигор Чемерски, Нове Франговски, Симон Узуновски, Петар Хаџи Бошков, Симон Шемов, Томо Шијак, Јован Шумковски.

Поставката ќе биде отворена до септември годинава.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Министерство за култура: Со наменските сметки се добива попрецизно следење на трансакциите

Објавено пред

Министерството за култура, за корисниците кои ги склучуваат договорите за поддржаните проекти на Годишните конкурси за 2021 година, појаснува дека во договорите за учество на Министерството за култура во финансирањето на проекти од национален интерес во културата е содржана нова обврска – корисниците да отворат посебна наменска сметка преку која ќе се реализираат сите трансакции поврзани со поддржаниот проект.

Од Министерството наведуваат дека наменската сметка овозможува прецизно и законито следење на користењето на буџетските средства и е во насока на отчетно работење на корисниците при реализација на проектите.

Отворањето на наменската смека е задолжитено само за правните лица, а не и за физичките лица, кои се корисници на буџетските средства.

„Министерството за култура е должно континуирано да ја следи финансиската реализација на секој проект поддржан на Годишните конкурси и да врши контрола над законитото, наменското и економичното користење на средствата Министерството за култура изразува уверување дека дефинирањето на попрецизни обврски во делот на следењето на финансиските трансакации во голем дел ќе придонесе за поефикасна реализација на проектите поддржани во Годишната програма“, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Изложби

Групна изложба на млади графичари во МКЦ

Објавено пред

Група млади македонски графичари – Ана Трајковска, Ивана Секулоска, Јован Јосифовски и Душан Стефановски, ќе ги презентираат своите дела, кои отстапуваат од канонизираното класично поимање на графичката уметност. Преку разни аспекти, преку манипулирањето со техничките, медиумските и стилските концепти ќе претендираат да ги прошират границите на нејзиното поле.

Преку индивидуалните експериментирања со графичкиот печат и неговото втиснување во и врз разните материјали (епоксидна смола, линолеумски отпад, гипс, желатинска фолија, лесонит, тул, хартија итн.) авторите помалку или повеќе ќе успеат да ги допрат граничните подрачја и ќе ги прелеат и слеат во други ликовни медиуми во кои непосредно може да се препознаат карактеристиките на проширеното поле на графичката уметност.

Дел од петтемина автори, користејќи ги традиционалните методи на техничката изведба (но, и своевидното рециклирање на графичкиот отпад), со нивниот индивидуален пристап, всушност ќе ја манифестираат флуидноста на графичкиот медиум и прелевањето во интермедијалноста, која морфолошки ќе се артикулира во скулптурата, модниот дизајн, висечката инсталација, колажите и графитите. Иако концепциски и стилски меѓусебно се сосема диференцирани, сепак дифузната графичка линија на целата изложба го претставува оној заеднички именител што го означува примарниот интерактивен елемент, со кој авторите ќе го воспостават внатрешното дијалогизирање помеѓу делата, кои поединечно ги артикулираат разните поетички наративи: еколошките, социополитичките, феминистичките и културолошките.

Тие ќе бидат артикулирани преку презентирањето на двострано испечатениот, т.е. транспарентноста на античкиот скулпторски портрет на Ана Трајковска, како и транспарентноста на модниот дизајн на Ивана Секулоска; фрагментирањето и спојувањето на деловите во целоста на исклучителните критички колажи на Јован Јосифовски и трансферирањето на уличната уметност во галериски простор на Душан Стефановски, така што во сите дела на авторите може да се забележат автентичните индивидуални дискурси. Иако нецелосната виртуелна рецепција на делата од потписникот на овој текст се чини сомнителна, сепак се надеваме дека нема да биде големо промашувањето од менталното проектирање до реалното презентирање на делата. Исто така, се надеваме дека оваа изложба нема да биде единствена од ваков вид и дека во иднина на авторите ќе имаат уште поголем предизвик за натамошно истражување и исчекорување од класичната графичка уметност.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Стигнаа 10.530 дози од „Фајзер“, од среда ќе бидат распределени на пунктовите за вакцинација

Попладнево стигна првата пратка од вакцините на „Фајзер“, која властите ја обезбедиjа cо директни преговори со овој производител, информираат од...

Европа5 часа

Шведски доктор: Секој ден фрламе стотици дози „астра зенека“

Стотици дози од вакцината на „Астра зенека“ против Ковид-19 се фрлаат секој ден во Стокхолм затоа што жителите одбиваат да...

Македонија6 часа

Груевски: Тие си знаат чиј имот замрзнале, но мој сигурно не е

Денес дознав дека деновиве ОЈО објавило дека замрзнале наводен мој имот, односно земјиште и два помали стана што ги бев...

Европа8 часа

Политичките лидери за Суперлигата: Богатите не може да ја присвојат убавината на фудбалот

Дванаесет големи европски фудбалски клубови синоќа објавија дека ќе стартуваат нова Суперлига, затворено натпреварување, во кое ќе играат само најсилните...

Македонија9 часа

35 починати и 135 нови случаи на Ковид-19

Oд Министерството за здравство информираат дека во последните 24 часа се направени 841 тестирањe, а регистрирани се 135 нови случаи...

Македонија9 часа

Рестриктивните мерки продолжуваат и во наредните седум дена, препорача Комисијата за заразни болести

Главниот кризен координативен штаб на денешната седница ги разгледуваше предлозите пристигнати од Комисијата за заразни болести и врз основа на...

Македонија10 часа

Џафери тврди дека ги консултирал институциите – заразените пратеници гласале според дополнителен протокол

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на денешната прес-конференција рече дека бил приморан да се потпре на дополнетиот протокол со кој...

Економија13 часа

Угостителите утре излегуваат на протест, бараат спас за секторот

Туристичко-угостителскиот сектор се наоѓа во исклучително тешка положба, а за негов спас е потребна сериозна и континуирана финансиска помош каква...

Македонија13 часа

Филипче: Состојбата со новозаразени е стабилна, бројот на пациенти намален

Министерот за здравство, Венко Филипче, информираше дека имал состанок со директорите на клиниките и на ковид-центрите на кој била направена...

Македонија15 часа

Границата со Грција останува затворена за македонските граѓани, Србите можат да патуваат преку Бугарија

Грчките граници остануваат затворени за влез на државјани на трети земји, меѓу кои и Северна Македонија. За нив, владата во...

Регион16 часа

Словенија ги ублажува мерките, до 100 луѓе ќе можат да се соберат на едно место

Словенија полека ги олеснува мерките, па од денес е во сила одлуката на владата дека можат да се соберат до...

Македонија16 часа

Денеска во Македонија пристигнуваат 10.000 вакцини на „Фајзер“

Попладнево се очекува да стигнат 10.000 вакцини на „Фајзер“, а според најавите, уште толку ќе пристигнат и следната недела. Вакцините...

Европа16 часа

Макрон: Санкциите не се доволни за Русите, треба остро да се разговара со нив

Тензиите на руско-украинската граница се неприфатливи, смета францускиот претседател Емануел Макрон, тврдејќи дека санкциите против Русија не се доволни. „Денешната...

Свет1 ден

Убиецот кој застрела осум луѓе во „Федекс“ го купил оружјето легално

Момчето кое уби осум лица со огнено оружје во објект на „Федекс“ во Индијанаполис, САД, а потоа изврши самоубиство, купил...

Свет1 ден

Келин: Руските власти нема да дозволат Навални да умре во затвор

Рускиот амбасадор во Велика Британија, Андреј Келин, изјави денеска во интервју за Би-Би-Си дека власта нема да дозволи Алексеј Навални...

Македонија1 ден

Заев: Со згрозување ја примив информацијата дека за Мицкоски гласањето во Собрание било тероризам

Со згрозување ја примив информацијата дека за Христијан Мицкоски овој чин бил тероризам. Мицкоски се дрзна гласањето помош за граѓаните...

Македонија1 ден

Мицкоски за болните пратеници во Собранието: Ова е тероризам, а не 27 април

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го коментира доаѓањето на пратениците болни од коронавирус во Собранието. „Ова во Собрание е тероризам,...

Македонија1 ден

Во Македонија 364 нови случаи на коронавирус, починаа 24 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 364 нови случаи на коронавирус, 24 лица починаа, а оздравеа 689 заболени,...

Македонија1 ден

Изгласан петтиот пакет мерки, гласаа и двајца пратеници позитивни на Ковид-19

Собранието го изгласа петтиот пакет економски мерки за помош на стопанствениците и економијата погодени од пандемијата. Изгласани се Законот за...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Заев го загрозува јавното здравје и тера пратеници болни од ковид да одат во Собрание

Зоран Заев го загрозува јавното здравје и тера пратеници болни од КОВИД во изолација, во скафандери да одат во Собрание,...

Досие