Контакт

Култура

Александар ќе го нема ни на филм

Објавено пред

И последната алка во обидот да се воскресне митот за Александар Велики, филмот што требаше да ја визуализира приказната за големит воин, со наслов „Александар“, е скината со раскинување на договорот од страна на Управниот одбор во Агенцијата за филм, дознава „Макфакс“.

Снимањето на филмот што државата требаше да ја чини 50.000.000 денари е стопирано поради неисполнети обврски од договорот со  продуцентот „СД продукција“ ДООЕЛ Скопје, односно Слободан Деспотовски, кој е воедно потписник и на режијата и на сценариото на овој проект, кој би требало да врати 2.500.000 денари. Овие средства се 5 отсто од вкупно одобрените пари, кои му се дадени со потпишување на преддоговорот.

Според информациите на „Макфакс“, продуцентот, иако според договорот бил должен да обезбеди средства од друг извори и да склучи дополнителни копродукциски договори, тој ваква документација не приложил. Со оглед на тоа што крајниот рок во кој продуцентот требало да ги исполни условите од договорот истекол на крајот од минатиот месец, Управниот одбор донел одлука овој преддоговор да биде раскинат.

Овој филмски проект е дел од неколку слични проекти што се подготвуваа во Агенцијата за филм како тренд со кој требаше да се визуализираат некои епохи од македонската историја. Според извори на „Макфакс“, и во овој случај, како и во случајот со серијата „Македонија“, не се оспорува неговата содржина, туку неисполнување на обврските и неиздржаноста на проектите.

Според добро упатени кругови на филмските проефесионалци, филмовите како овој или, пак, оној за цар Самуил, се амбициозни филмски проекти чиј успех или гледаност вообичаено е загарантиран кога излегува од холивудската кујна. Овие локални обиди, според многумина, личат само на брзоплети дилетанстки одлуки по секоја цена во нашата кинематографија да се впишат наслови во прилог на политиките на претходната власт.

Новото раководство во Агенцијата за филм во изминатиот период се соочи со многу неправилности и наследени долгови и се обидува да го расчисти ова многугодишно влијание врз филмот. Судејќи според низа смели одлуки на Агенцијата за филм, македонската кинематографија треба да биде ослободена од слични притисоци и да се врати во правец на модерниот европски филм.

Инаку, раскинувањето на договорот коинцидира со симнувањето на споменикот на Александар и тргнување на буквите од името на аеродромот.

Ревизијата на работната група за проектот „Скопје 2014“ исто така во низата елаборати подготвува еден и за споменикот на „Воинот на коњ“ на плоштадот за кој, ако се утврдат нерегуларности, тој ќе биде тргнат.

Ана Василевска



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Бруклинскиот амбиент поп колектив Cigarettes after sex на „Здраво млади“

Објавено пред

Од

Младинскиот културен центар најави тројца нови изведувачи кои ќе ја дополнат сцената на осмото издание на фестивалот за нова музика „Здраво млади“ што ќе се одржи на 1 септември годинава.

„Во МКЦ, ќе настапат добропознатите соседи Repetitor, кои во моментов се на турнеја со легендарните Канаѓани Arcade Fire, експерименталниот музичар Eric Copeland и еден од најсвежите бендови на светската музичка сцена во моментов – бруклинскиот амбиент поп колектив Cigarettes after sex“, се наведува во соопштението.

Во својата биографија глобалниот феномен Cigarettes after sex ги има забележано Primavera Sound, In Bloom, Pitchfork, Melt!, Positivus, Rock en Seine и многу други светски фестивали од А класа.

Repetitor од Белград се возбудлив бенд, а тоа се докажува и со фактот дека добиваат покани за настап на реномирани светски фестивали, турени низ Кина, Русија и други егзотични делови од светот.

Copeland е експериментален музичар од Бруклин и постојан член на Black Dice. Тој е дел и од дуто Terrestrial Tones, заедно со Avey Tare од Animal Collective. Copeland како музичар го следи неговиот пат на деконструкција создавајќи траки од исфрлени семплови, уништени loop-ови и контролиран хаос.

Во најавата на фестивалот за нова музика „Здраво млади“, организаторот МКЦ потсетува дека паралелно со порастот на квантитетот и квалитетот на програмата, ќе расте и цената на картите. Така, од денеска билетите за „Здраво Млади“ чинат 600 денари.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Меѓународен симпозиум „Српската драма и театар во Република Македонија“

Објавено пред

Од

Во рамките на истражувачкиот мега-проект „Европската драма и театар во Македонија“ на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска Филмска, Театарсака и Танцова Академија – Скопје – Париз – Есен – Ротердам, на 25 и 26 месецов, со почеток во 12 часот во Големата аула, ќе се одржи симпозиум на тема: „Српската драма и театар во Република Македонија од 1945 до денес“.

На симпозиумот ќе земат учество триесеттина универзитетски професори, научни работници, театролози и театарски критичари од земјата и странство, кои ќе го сублимираат седумдецениското присуство на српскта драма и театар на професионалните театарски сцени и фестивали.

Досега се одржани два симпозиуми посветени на германската и бугарската драма и театар и објавени зборници од поднесените реферати во издание на Институтот за сценски уметности. Наесен, проектот продолжува со симпозиумот посветен на италијанската драма и театар, во соработка со Фондацијата „Чини“ од Венеција.

Прикажи повеќе...

Книги

Промоција на книгата „Водич за долговечност“

Објавено пред

Од

Книгата „Водич за долговечност“ на д-р Александар Митов ќе биде промовирана денеска во Битола, во 19 часот, во хотелот „Епинал“.

Митов во „Водич за долговечност“ пишува за важноста на здравствената едукација како дел од општата култура на живеење. Книгата содржи научни сознанија за животниот стил и болестите и е во издание на издавачкиот центар „Три“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет27 минути

Се уништуваат четири локации за нуклеарни тестирања во Северна Кореја

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е започнато уништувањето на четири големи локации за вршење нуклеарни тестирања во Северна Кореја....

Свет31 минута

Се подготвува терен за средбата Путин – Трамп

Во тек се подготовките за самитот меѓу претседателот на САД Доналд Трамп и рускиот колега Владимир Путин. За таа цел...

Македонија16 часа

(Видео) „Импичмент“ на Иванов за спас на договорот

Ќе помине ли Договорот со Грција без потпис од претседателот Иванов? Слично како и со законот за употреба на јазиците,...

Македонија18 часа

Меј: Договорот за името ќе донесе енормни придобивки за двете земји

Премиерката на Велика Британија, Тереза Меј, денеска му испрати писмена честитка на премиерот Зоран Заев за постигнатиот договор со Грција...

Македонија19 часа

Ексградоначалници направиле милионски сметки за ручеци и забави во ресторани

Двајца поранешни градоначалници на Старо Нагоричане ја задолжиле Општината со милионска сума за ручеци и забави во неколку угостителски објекти....

Македонија21 час

Отворено писмо до пратениците: Мораториум за градбите, итно да запре деструкцијата на Охридскиот Регион

По повод Денот на Охридското Езеро еколошкото здружение на граѓани „Фронт 21/42“ испрати отворено писмо до пратениците во кое се...

Македонија22 часа

Истрагата за пожарот во Велес во кој загинаа три деца сè уште трае

Сè уште не се познати причините како настанал пожарот во куќата во Велес во кој загинаа три девојчиња на возраст...

Вести23 часа

Трамп го потпиша указот со кој се забранува раздвојување на мигрантските семејства

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа го потпиша указот со кој се става крај на раздвојувањето на семејствата мигранти што незаконски...

Свет23 часа

Премиерката на Нов Зеланд стана прва светска лидерка што роди дете додека е на власт

Се породи премиерката на Нов Зеланд, Јацинда Ардерн, со што стана прв светски лидер во изминатите 30 години што имал...

Европа24 часа

Во ЕУ лани имало 50 отсто повеќе терористички напади во споредба со 2016 година

Во земјите членки на Европската Унија минатата година имало 50 отсто повеќе терористички напади и обиди за напади поврзани со...

Македонија1 ден

Додека го менува името, Заев ја задолжи државата со нови 7,1 милиони евра, обвинува опозицијата

Зоран Заев и криминалниот картел што го води ја задолжија државата со нови 7,1 милиони евра. Додека го продава името,...

Топ2 дена

Три деца изгореа во пожар во Велес

Три деца во возраст од една, две и пет години изгореа во пожар во нивниот дом во Велес. Куќата се...

Македонија2 дена

„Страшно е да се менува името“, велат демонстрантите пред Собранието

Со патриотски песни, знамиња и пораки против промената на името започна протестот пред македонското Собрание. Демонстрантите порачуваат дека е страшно...

Економија2 дена

(Видео) СИЕР: Срамно и недозреано е барањето на градоначалникот на Кавадарци за „Фени“

По три часа расправа во судот во Велес одложено е гласањето за планот за реорганизација на „Фени“ предложен од швајцарски...

Македонија2 дена

(Видео) Пратениците го ратификуваа договорот со Грција

Со 69 гласа „за“, без против и воздржани, пратениците во македонското Собрание го ратификуваа договорот за името со Грција. На...

Македонија2 дена

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ ќе бара мислење од Венециската комисија за договорот со Грција

Венециската комисија ќе треба да се изјасни за договорот со Грција по барање на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, најави пратеникот Драган Данев....

Економија2 дена

(Видео) Протест пред судот во Велес за поддршка на планот за „Фени“

Шеесетина вработени од „Фени“ претпладнево дојдоа пред судот во Велес за да му дадат поддршка на планот за реорганизација на...

Македонија2 дена

(Видео) Груби: Денес се раѓа ново сонце на слободата

Денес се раѓа ново сонце на слободата и исполнување на сонот на Македонија за Европската Унија, рече пратеникот од ДУИ,...

Македонија2 дена

(Видео) Заев: Граѓаните ќе ја донесат конечната одлука за името

Граѓаните ќе ја донесат конечната одлука за името, рече премиерот Зоран Заев во своето обраќање на седницата на која пратениците...

Македонија2 дена

Иванов до Заев: Поведи постапка за импичмент, мојот став за договорот со Грција е конечен

Претседателот Ѓорге Иванов го повика премиерот Зоран Заев да поведе постапка за импичмент. Во соопштението испратено од кабинетот на претседателот,...

Досие