Контакт

Книги

Алек Попов добитник на наградата „Прозарт“ на фестивалот „Про-за Балкан“

Објавено пред

Бугарскиот писател Алек Попов е годинашен добитник на наградата за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот – „Прозарт“. Авторот на хит-романите „Мисија Лондон“, „Црната кутија“, „Сестри Палавееви“ ќе биде гостин на 7. издание на интернационалниот литературен фестивал „Про-за Балкан“, кој ќе се одржи од 19 до 22 мај. Признанието ќе му биде врачено на 21 мај во Даут-пашиниот амам во Скопје.

„Веќе неколку години фестивалот ‘Про-за Балкан“ на едно место собира одбрано друштво на писатели. Задоволството да сретнете талентирани колеги по перо од разни краеви на Балканот е големо. Со некои од нив се знаете, други првпат ги откривате. Секој е во нешто уникатен, но секој носи и честичка од карневалскиот балкански дух, кој ни помага да ги разбереме нештата што другите потешко ги разбираат, а некои дури и не се обидуваат да ги разберат. Способноста да се смееш на своја сметка и да работиш со материјата на апсурдот, која провејува низ целото наше суштествување, вклучително и во историјата, е во сржта на елементите на тој дух. Исклучително сум среќен што постои таков форум, каде што Балканот не е само егзотичен гостин и каде што големиот разговор за уметноста поминува низ оригиналниот, жив и разнообразен свет на балканската проза. Знам дека тука ќе бидам разбран и ќе се чувствувам како да сум дома“, изјавува Попов за македонската јавност.

Чест ни е што наградата „Прозарт“ годинава му ја доделуваме на еден од најисклучителните раскажувачи во современата литература на Балканот, се вели во одлуката на одборот со кој претседава писателот Ермис Лафазановски.

„Неговото изразено чувство за хумор, иронијата во која се преплетуваат префинетиот и народен дух и извонредниот осет за фабула, најприродно се надоврзуваат на еден претходен голем автор во бугарската литература, Алеко Константинов, творецот на „Бај Гањо“. Таа сплотеност на хуморот и интелектот во Алек Попов има најубедлив претставник во современата бугарска книжевност“, се вели во образложението.

Алек Попов (роден во Софија, 1966 год.) е и одличен автор на куси раскажувачки форми, неговите раскази од збирките „Мрсни сништа“ и „Ниво за напреднати“ се влезени во многу национални и меѓународни антологии на раскази. Попов е и драматург и есеист.
На нашата публика ѝ е познат и како косценарист на популарната ТВ-серија „Преспав“. Неговиот прв роман, кој доживеа огромен успех, комичната сатира „Мисија Лондон“, се базира на неговото искуство како аташе за култура на Бугарија во Лондон и е преведен на 16 јазици. Романот на македонски го издаде редакцијата „Детска радост“ во превод на Александар Прокопиев. Според книгата бугарскиот режисер Димитар Митовски сними филм во 2010 година, кој стана најпопуларниот бугарски филм во поновата кинематографија за кој „Вараети“ напиша дека е феномен. Во 2011 година филмот во кој нашиот Огнен Антов беше копродуцент ја доби наградата Unbribable Award на програмата на „Транспаренси интернешнл“ на Филмскиот фестивал во Мотовун, Хрватска.
Вториот роман на Попов, „Црната кутија“, исто така е добитник на награди. Во 2007 година ја доби наградата „Елијас Канети“. Досега е објавуван на шест јазици, вклучително и на англиски. Изданието на германски јазик е бестселер, исто како и оригиналот на бугарски. Третиот роман е „Сестрите Палавееви: во бурата на историјата“. Во 2013 година ја доби наградата „Хеликон“ за најдобра прозна книга, а е преведен на германски и на српски јазик. Вториот дел од овој роман е објавен во 2017 година. „Сестрите Палавееви“ набргу ќе излезе од печат во издание на „Прозарт медија“.
Попов е добитник на многу литературни награди, меѓу кои: наградата „Хеликон“ за најдобра прозна книга на годината во 2002 и 2013 година, Чудмировата награда за сатирична фантастика, наградата The Reading Man Prize, националната награда „Иван Радоев“ за драма, награда за современ бугарски роман на Фондацијата „Елизабета Костова“ и „Питер Овен паблишерс“.
Во 2012 година Алек Попов е избран за дописен член на Бугарската академија на науките во областа на уметноста.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

„Лебедовата песна на Заробеничката на ветрот” објавена на српски јазик

Објавено пред

Деновиве од печат излезе српското издание на книгата на новинарите на Македонското радио – Радио Скопје и познати македонски публицисти Искра Чоловиќ и Свето Стаменов „Лебедовата песна на Заробеничката на ветрот”, („Лабудова песма Заробљенице ветра“), посветена на првата македонска поетеса и основоположничка на т.н. женско писмо во современата македонска поезија и литература воопшто Даница Ручигај, која загина во скопскиот катастрофален земјотрес во 1963 година.

Книгата, чие македонско издание се појави во 2016 година, на српски јазик ја преведе и ја приреди познатата српска поетеса, преведувачка и литературна критичарка од Нови Сад Снежана Алексиќ-Станојловиќ.

Оваа книга, всушност, произлезе од радиоелегијата што по ист наслов беше емитувана на програмата на Македонското радио – Радио Скопје и е дел од мега аудиокнижевниот проект „Ако влегуваш во овој храм во кој љубовта е вера, помоли се!” и како таква е есенција за најважното, најскапоценото, но и најсетното од животописот, но и поетопис за најпоетесата меѓу македонските поетеси, раскошната и незаборавна Даница Ручигај, која остави длабоки и неизбршливи траги не само во современата македонска поезија, туку и во македонската култура воопшто.

Прикажи повеќе...

Книги

Заврши 31. издание на Поетската ноќ во Велестово

Објавено пред

Со претставувањето на романот „Некој беше тука“ од Николина Андова-Шопова, синоќа, во Охрид, заврши 31. издание на интернационалната манифестација Поетска ноќ во Велестово.

Во трите фестивалски вечери пред многубројна публика се претставија десетина уметници (поети, музичари, сликари, актери, како и теоретичари) од три земји: Македонија, Ирска и Бугарија.

Првата вечер се одржа во селото Велестово, а беше отворена со спектакуларен настап на Зарина Првасевда и Александар Петров на тапан. Понатаму, програмата продолжи со поезијата на Иван Џепароски во интерпретација на актерот Владимир Јачев и беседата на проф. д-р Наташа Аврамовска. Вечерта заврши со отворањето на изложбата на академскиот сликар Воскресија Андреевска.

Следниот ден, во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид се одржа настанот „Поезија напладне“ со Поли Муканова, под модераторство на охридскиот поет Зоран Јакимоски, а имавме можност да чуеме стихови и од поетот Владимир Левчев од Бугарија.

Истата вечер во Кафе и бар „Шила“ во Охрид се одржа промоција на стихозбирката „Жалба до музата“ од ирскиот поет Џери Марфи, избор и препев на Јулијана Величковска. Стихови читаше актерот Јован Цветкоски, а книгата ја претстави проф. д-р Димитар Пандев.

Во рамките на манифестацијата излезе и 19. број на интернационалната ревија Поетска ноќ во Велестово.

Прикажи повеќе...

Книги

Романот „Нишан“ на Блаже Миневски објавен на кинески јазик во Шангај

Објавено пред

Издавачката куќа во Кина Shanghai Literature & Art Publishing House го објави романот „Нишан“ на Блаже Миневски на кинески јазик во превод на Ванг Личун.

Во најавата на романот, објавена во шангајските медиуми, меѓудругото се вели дека „Нишан“ е „фасцинантен роман создаден на еден мал јазик“ во кој на маестрален начин е раскажана „голема, возбудлива приказна за животот и смртта, за смислата и бесмислата на војувањето, за љубовта и омразата, за победата како пораз и за поразот како победа“.

Приказната е раскажана „сигурно и убедливо, со разоткривање на бројните противречности, предрасуди и страдања пред кои е исправено човештвото“, а истовремено „спонтано и вешто се наметнуваат и прашањата за односот меѓу реалното и иреалното, за природната и креираната ствраност, за големата лага на фикцијата, но и за фиктивноста на глобалната вистина“. Во секундата додека куршумите во ист миг летаат кон едниот и кон другиот брег, всушност над реката што го дели просторот на двете спротивставени религии на двата главни лика, се создава еден „сложен мозаик од измислени и реални истории, херои и настани фрлени во виорот на бесмислени конфликти и опасни страсти“.

Освен на кинески јазик, романот „Нишан“, добитник на наградите „Роман на годината“, „Стале Попов“ и „13 Ноември“, досега е објавен и на англиски, италијански, полски, српски, ерменски, бугарски, словенечки и арапски јазик, а наскоро ќе се појави и на унгарски, шпански и романски јазик.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија43 минути

(Видео) Туск: Северна Македонија направи сè што се очекуваше за влез во ЕУ

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, по денешната средба со премиерот, Зоран Заев, изјави дека Северна Македонија направила сè што...

Македонија1 час

(Видео) Заев: „Рекет“ е силен тест за судството

„Рекет“ е силен тест за судството и успехот во правосудните реформи. Со решавање на овој случај и законот за Јавното...

Македонија3 часа

„02 Иницијативата“: Ништо не е реализирано од програмата за намалување на загадувањето за 2019 година

Од програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 со два милиона евра нема ништо реализирано, а објавена e само една...

Свет4 часа

Путин, Ердоган и Рохани: Да се формира одбор за изработка на нов Устав во Сирија

Лидерите на Турција, Русија и на Иран, Реџеп Таип Ердоган, Владимир Путин и Хасан Рохани, се согласија на состанокот во...

Свет5 часа

Трамп: Иран стои зад нападот на Саудиска Арабија, но ќе почекаме да се докаже

Треба да се почека додека со сигурност не се дознае извршителот на нападот на Саудиска Арабија, изјави американскиот претседател Доналд...

Свет5 часа

Хамнеи: Никогаш нема да преговараме со САД

Иран никогаш нема да преговара со САД, политиката на Вашингтон заснована на максимален притисок ќе пропадне, изјави врховниот ирански верски...

Македонија5 часа

Пратеници формираа иницијатива за една изборна единица

Во Собранието на Северна Македонија се формира иницијатива за една изборна единица, во која се вклучија 12 пратеници од 10...

Македонија6 часа

Почнува внатрешното уредување на собите во студентскиот дом „Гоце Делчев“

Државниот студентски центар преку Министерството за образование и наука почнува со внатрешното  уредување на собите во В и Г-блоковите во...

Свет17 часа

Путин ѝ понуди оружје на Саудиска Арабија

Рускиот претседател Владимир Путин во Анкара ѝ понуди на Саудиска Арабија да ѝ продаде свое оружје, по нападите на нафтените...

Свет18 часа

(Видео) Еруптира најактивниот вулкан во Јапонија, исфрли пепел до 4.000 метри висина

Еруптира еден од најактивните вулкани во Јапонија, Сакуријам, и над кратерот исфрла облак од пепел на најмалку 1.000 метри висина,...

Македонија19 часа

(Видео) Активисти за заштита на животните упаднаа на собир на Шилегов и Марин

Активисти за заштита на животните упаднаа на собир во скопската населба Аеродром каде што средба со граѓаните имаа градоначалниците на...

Македонија1 ден

Укинат притворот на Стевчо Јакимовски

Судот му го укина куќниот притвор на поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, и му определи мерки на претпазливот....

Македонија1 ден

(Видео) Фатиме Фетаи се враќа во скопското Обвинителство, Лиле Стефанова во Радовиш

Советот на јавните обвинители на денешната седница им го прекина мандатот во СЈО на десетте помошници на поранешната специјална обвинителка,...

Македонија1 ден

Колевски: Јанева повеќе не е ниту гевгелиски обвинител

Поранешната шефица на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, повеќе не е ниту гевгелиски обвинител. Советот на јавните обвинители го стави...

Свет1 ден

Две семејства настрадаа во пожар во зграда во Сибир

Осум лица, меѓу кои и четири деца, загинаа во пожар во станбена зграда во сибирскиот град Краснојарск, соопшти руското Министерство...

Македонија1 ден

Одложено судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци

Денешното судење за автобуската несреќа кај Ласкарци, која се случи во февруари и во која загинаа 16 лица, беше одложено...

Економија1 ден

Во Холандија бројот на слободни работни места еднаков на бројот на невработени

Бројот на слободни работни места во Холандија на крајот на јуни бил еднаков на бројот на невработени. Стапката на невработеност...

Регион1 ден

Пожарот на Закинтос сè уште активен, во гаснењето се вклучија и авионите

Големиот шумски пожар во близина на селата Кери и Агалас на грчкиот остров Закинтос сè уште е надвор од контрола,...

Топ1 ден

Поднесено обвинение за ќерката што ја задави мајка си во Карпош

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение за кривично дело убиство против скопјанката што ја задави мајка си во Карпош. Според...

Свет1 ден

ЕУ загрижена за регионалната безбедност по нападот со дронови во Саудиска Арабија

Европската Унија смета дека нападот со дронови на нафтените постројки на државната нафтена компанија „Арамко“ во Саудиска Арабија претставуваат вистинска...

Досие