Контакт

Актуелно

Американски уметник и поборник против хомофобијата ќе одржи презентација во Музејот на современата уметност

Објавено пред

В недела со почеток во 19 часот во киното на Музејот на современата уметност (МСУ) ќе се одржи презентација и дискусија со Стив Ламберт, уметник и активист од САД.

Уметничкиот активизам вклучува разни форми на дејствување за зголемување на јавната свест за постојните општествени промени и за иницирање промени, појаснуваат од МСУ.

Оттаму додаваат дека ваквите практики ги надминуваат границите на воспоставените општествени и политички норми преку форма на отпор, протест и креативност, визуализирани во јавни простори.

„Стив Ламберт подготви специјална презентација за својата работа за Неделата на гордоста во Скопје. Ламберт ќе зборува за својата работа во однос на неговата јавна конфронтација со семејството Де Вос. Ова семјество го стекна своето богатство преку „Амвеј“, компанија за маркетинг на повеќе нивоа (еуфемизам за пирамидална шема). Тие го користат своето богатство за поддршка на хомофобично законодавство и приватизација на училишта во Соединетите Американски Држави“, се наведува во соопштенито на МСУ, од каде што додаваат дека семејството Де Вос поддржува и уметности и токму тука нивната приказна се судира со онаа на Ламберт.

 

Актуелно

Скопска промоција на поетската книга на Бранислав Николов од групата „Фолтин“

Објавено пред

Од

Во кафулето „Цреша“ денеска (21 септември) ќе се случи скопската промоција на книгата поезија „Креветизам и хоризонтала“ од Пијан Славеј, што е уметничко име на Бранислав Николов, фронтменот на групата „Фолтин“.

На промоцијата закажана со почеток од 19 часот настап ќе има и „Фолтин“, а примероците од збирката ќе бидат достапни по промотивна цена.

Настанот е поддржан од Министерството за култура во рамките на „Нов културен бран“, а книгата „Креветизам и хоризонтала“ е финансиски поддржана од Драги Филевски, Де Ниро.

Дизајнот на корицата е дело на Мирослав Масин.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Претставата „Против демократијата“ на Големата сцена на велешкиот театар

Објавено пред

Од

На Големата сцена на велешкиот театар „Јордан Х.К-Џинот“, во вторник, на 25 септември, со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Против демократијата“ од Естев Солер, во режија на Дејана Николовска, а во продукција на Здружението на уметници „К.Ц. Медиа артес“.

Гостувањето на претставата е финансирано од Министерството за култура во рамките на културната манифестација „Нов културен бран“ 2018.

„Против демократијата“ е дел од трилогијата „против“ (прогрес, љубов и демократија) на современиот шпански писател од каталонско потекло Естев Солер и зборува за демократијата и демократските вредности во кои нашето западно општество денес се колне.

Преку седум смешни и истовремено застрашувачки сцени авторот се обидува да ја посочи воочливата разлика помеѓу „човечкиот напредок“ и „финансискиот напредок“ во рамките на демократското општество. Екстремната театарска форма, комбинација од комедија и хорор е избрана со цел да се разбудат сетилата на луѓето од непосредноста и рутината на секојдневието.

Во претставата настапуваат актерите Игор Ангелов, Јасмина Билаловиќ и Дениз Абдула. Автор на сценографијата и костимографијата е Милена Пантелеева, композитор на музиката е Гаро Ашикјан, тон-мајстор е Дарко Дарковски, а светло-мајстор е Борис Велјановски.

Билетите за претставата се веќе пуштени во продажба на билетарницата на театарот.

 

Прикажи повеќе...

Актуелно

Феми Кути и македонската филхармонија приредија музичка експлозија во Белград

Објавено пред

Од

Повеќе од 20 илјади белграѓани беа сведоци на фантастичниот концерт на Македонската филхармонија, која под диригентство на Џијан Емин синоќа настапи со африканскиот маг на афробитот Феми Кути и неговиот бенд „Позитив форс“.

„Под отворено небо, на прекрасната тврдина Калемегдан, се случи неповторлив музички настан, а тоа го потврдија и коментарите на публиката и нејзините френетични аплаузи“, се наведува во соопштението од Македонската филхармонија.

Оттаму додаваат дека сите музичари на сцената биле поврзани со силна позитивна енергија.

„Позитивната енергија, моќната изведба на Кути и на сите оние кои се најдоа на сцената, атрактивните танчарки, врвната продукција и извонредниот влог на маестро Џијан Емин да се претставиме во одлично светло и надвор од Македонија, силно се рефлектираше и од другата страна на сцената. Овој концерт беше помогнат од градот Белград кој се покажа како одличен домаќин, а организаторите ветија повторна соработка во скора иднина“, стои во соопштението.

Од Македонската филхармонија наведуваат дека соло-настапите на дел од музичарите од оркестарот заедно со Кути предизвикувале постојани овации кај публиката.

Концертот завршил со бис и огномет, а од нашата филхармонија се надеваат дека ова нивно гостување во Белград долго ќе се памети.

Прикажи повеќе...

Најново

Култура11 час

(Галерија) Почна ,,Браќа Манаки” – Клаудија Кардинале продефилира на црвениот тепих

Со перформанс во режија на Срѓан Јаниќијевиќ беше отворен 39 интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. На...

Европа15 часа

Почна Октоберфест во Минхен, се очекуваат шест милиони посетители

Градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтен го отвори 185. фестивал на пивото – Октоберфест, еден од најпознатите и најголемите фестивали во...

Македонија17 часа

(Видео) Шилегов: Од Лисиче до Центар со воз се стигнува за 4 минути, од таму продолжете со велосипед

Европската недела на мобилност 2018 во Скопје заврши со комбинирање на железнички и превоз со велосипед. Активисти од здружението „Прв...

Свет19 часа

(Видео) Над 20 мртви при вооружен напад за време на воена парада во Иран

Дваесет и четири лица се убиени, а 53 повредени во утринскиот напад на вооружени луѓе за време на воена парада...

Македонија20 часа

(Видео) Платите на хирурзите покачени за 5.300 денари, повисоки плати и во школите и во градинките

На вработените во градинките, училиштата и болниците септемвриската плата ќе им биде зголемена за пет отсто. Зголемената плата ќе им...

Македонија21 час

Следува период на пост-демократија во која главниот збор не е на избирачите, рече Иванов на предавање во САД

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на почетокот на работната посета на САД, одржа предавање на Државниот универзитет Вејн во...

Топ22 часа

Холанѓанец пронајден мртов во вила во Трпејца

Во вила во охридското село Трпејца, во текот на вчерашниот ден починат бил пронајден 79-годишен Холанѓанец. Како што информираат од...

Македонија22 часа

(Видео) Макрон со обраќање до македонските граѓани: Ниеден договор не е совршен, но се работи за иднината на земјата

Францускиот претседател, Емануел Макрон, во пресрет на референдумот закажан за 30. септември преку видео-обраќање упати порака до македонсите граѓани, при...

Крвав четврток1 ден

Го извадив пиштолот и кажав стој полиција, сведочеше телохранителот на Оливер Спасовски за 27 април

Сашо Тасевски, директорот на БЈБ, телохранител на тогашниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, доцна вечерва сведочеше во кривичниот суд...

Крвав четврток1 ден

Ги видов пратениците Мукоски и Василевски како ги вадат гредите од вратите на Собранието, сведочеше собраниски обебзбедувач

На продолжението од судењето за настаните од 27 април сведочеше собранискиот обезбедувач Владимир Стојков. Тој потврди дека кога чул врева,...

Македонија2 дена

Претепаниот скопјанец: Ме намести пријател, тие ме чекаа во заседа

Брутално претепаниот скопјанец за „Макфакс“ вели дека бил нападнат од познат лихвар во Скопје бидејќи зел на заем 200 евра,...

Топ2 дена

(Видео) Кавадарчанец прободел жена со нож во стомакот кога му рекла дека е бремена

Полицијата вчера уапси кавадарчанец во Струмица под сомнение за обид за убиство како и за повеќе кражби во станови во...

Македонија2 дена

Обвинителството ќе проверува дали е запоставувано детето во станот со пелени во „Скопјанка“

Основното јавно обвинителство Скопје ќе утврдува дали родителите го запоставиле детето коешто живее со бабата во станот во „Скопјанка“, којшто...

Македонија2 дена

Мухиќ: Владата не им објасни на граѓаните кои уставни промени ќе се случат по референдумот

Независниот пратеник Ферид Мухиќ не сакаше за ,,Макфакс” да каже дали ќе излезе на претстојниот референдум за промена на името,...

Македонија2 дена

Фрчат казни за адвокати во кривичниот суд, тројца казнети со 1000 евра

Поради неприсуство на тројца адвокати, Судот го одложи денешното рочиште за предметот на специјалното јавно обвинителство со кодно име „Топлик“....

Македонија2 дена

Се разболе обвинетиот Митко Пецов – Фатиме побара да биде приведен

Одложено е рочиштето за предметот ,,Насилство”. Обвинетиот Митко Пецов се разболел и не присуствуваше на седницата, обвинителката на СЈО Фатиме...

Македонија2 дена

Претепаното момче во Аеродром има потрес на мозокот и скршеници

Лицето кое вчера беше брутално претепано во Аеродром добило скршеници во пределот на носот и вилицата, имало исеченици по глава...

Македонија2 дена

Јавното обвинителство формираше комисија за следење на противправности во врска со референдумот

Јавниот обвинител на Република Македонија формираше комисија за следење на евентуални противправности при организирањето и спроведувањето на референдумот на 30...

Свет2 дена

Повторно пукање во САД, петмина повредени, меѓу кои и дете

Пет лица се повредени, меѓу кои и осум годишно девојче во пукотници во Сиракуза, во државата Њујорк, соопшти полицијата. Инцидентот...

Македонија2 дена

1000 евра казна за вештак кој не дошол на судење за предмет на СЈО

1000 евра треба да плати вештакот Павлина Стојанова, а 2000 евра Друштвото за вештачење „Форензик експертс ДОО“ оти не се појавиле...

Досие