Контакт

Култура

„Ана Каренина“ следната недела на сцената на МОБ

Објавено пред

Балетската претстава во два чина „Ана Каренина“, со одбрана музика од рускиот великан Петар Илич Чајковски, повторно ќе биде изведена на сцената на МОБ на 19 март, со почеток во 20 чaсот.

Во повеќе од два часа балетските уметници на МОБ, на чело со впечатливиот, емотивниот до исцрпување танц и инспиративните движења на Мими Поп Алексова-Атанасовска како Ана Каренина, Бобан Ковачевски како Вронски, Васил Чичијашвили од Грузија како гроф Каренин, ќе ги пренесат сите емоции што го означуваат ова дело: љубов, страст, омраза, лутина, гнев, љубомора, тага, мајчинска болка.

Модерната адаптација на познатата приказна за љубовта, страста, болката и жртвувањето, со современи и ефектни кореографски и режисерски решенија и со одбрана музика од Чајковски, ја направи хрватскиот кореограф Лео Мујиќ. Тој пред осум години ја поставил „Каренина“ во Хрватско народно казалиште во Загреб, каде што е прогласена за хит-претстава.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

„Чувар на тајни“- нова книга од Јован Стрезовски

Објавено пред

Во едицијата „Современа македонска проза“ на книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје излезе од печат книгата со раскази „Чувар на тајни“ од Јован Стрезовски. Во своето најново дело познатиот автор застапува кратки раскази, во кои ја отсликува реалноста на нашето секојдневие.

Јован Стрезовски (Подгорци, 1931) спаѓа во редот на најпознатите македонски писатели. Автор е на богат поетски и прозен опус. Според сценарио на неговиот култен роман „Води“ снимен е антологискиот игран филм на Бранко Гапо, под наслов „Време, води“.

За своето творештво Стрезовски е добитник на национални и меѓународни признанија, меѓу кои и на наградите „11 Октомври“, „Стале Попов“ и „Ацо Шопов“.

Прикажи повеќе...

Култура

„МКЦ за Скопје“ за првпат во паркот на МКЦ

Објавено пред

Мултимедијалниот културен настан „МКЦ за Скопје“, кој традиционално се одржува на 26 јули, со цел да нè потсети на солидарноста и хуманоста на скопјани, оваа година ќе се одржи во паркот на МКЦ.

Настанот е бесплатен, програмата ќе почне во 18:30 часот со детските работилници на уметникот Доротеј Нешовски и писателката Билјана Црвенковска. Потоа следуваат промоции на LP-компилациите „Колку гласно морам да викнам за да ме чујат?“ и „Има ли забава – Macedonian new wave 1981-1985“ од Тошо Филиповски, како и промоција на неговата нова книга „Македонска дискографија – ВИНИЛИ (1958-2019), Прв том“ која ќе може да се купи по промотивна цена. По промоциите ќе започне музичката програма која ќе ја исполнат „Светлост“, „Јордан Костов трио“ и „Роботек“.

Настанот ќе заврши со кино на трева: „Ослободување на Скопје“ во режија на Раде и Данило Шербеџија.

Прикажи повеќе...

Изложби

Самостојна изложба „Магијата на цветовите“ на Tасим Кадрија во Софија

Објавено пред

Денеска со почеток од 18:30 часот во галеријата на КИЦ на РСМ во Софија ќе биде отворена самостојната изложба „Магијата на цветовите“ на Tасим Кадрија.

Изложбата е составена од над триесет ликовни дела од областа на сликарството со кои авторот, со внесување на повеќе колорит, се обидува да изгради позитивен поглед кон светот и животот. Посетителите на КИЦ во Софија, на ул. „Обориште“ 7, ќе имаат можност да ја видат оваа изложба до 10 септември 2019 година.

Tасим Кадрија е роден на 1 август 1961 во Слупчане, Северна Македонија. Основното училиште го завршил во ОУ „Јета е ре“, во село Слупчане. Средното образование го завршил 1981 година во Куманово, во гимназијата „Гоце Делчев“.

Во 1982 година се запишал на Факултетот за ликовна уметност. Завршил „Ликовна педагогија“ во 1984 година на Факултетот за ликовна уметност при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во класата на проф. Ристо Калчевски. Во 2006 година се запишал повторно на Факултетот за ликовна уметност и во 2008 година завршил „Сликарство“ на Факултетот за ликовна уметност при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во класата на проф. Рубенс Корубин.
Од 1984 година е вработен како наставник по ликовно образование во ОУ „Фаик Коница“ во село Слупчане до ден денес.
Свои три самостојни изложби во 2017 година поставил во бугарските градови Варна и Карлово.

Има учества во групни изложби низ градовите на Северна Македонија: Скопје, Куманово, Кавадарци, Гостивар, како и во с. Слупчане. Исто така, има учества во изложби низ градовите на Бугарија: Софија, Велико Трново, Смолјан, Јамбол, Севлиево и град Елена.

Изложбата е дел од Годишната програма на Културно-информативниот центар на РСМ во Софија и е потпомогната од Министерството за култура на Северна Македонија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија41 минута

(Видео) Јанева: Најодговорно тврдам дека не сум вмешана во случајот „Рекет“

Во врска со мојата наводна вмешаност во случајот „Рекет“ најодговорно тврдам дека ниту свесно, ниту несвесно, ниту со сторување или...

Македонија3 часа

Заев: Борисов не ме повика за Камчев

„Бугарскиот премиер Бојко Борисов во никој случај не ме повика за македонскиот бизнисмен Орце Камчев“, изјави премиерот, Зоран Заев во интервју...

Топ4 часа

Обвинение за сопругата која со секира го уби мажот во Студеничани

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против 50-годишна жена од Скопје за убиство на нејзиниот сопруг во Студеничани. „Обвинетата на...

Македонија4 часа

Пронајден вториот мобилен телефон на Катица Јанева за кој велеше дека ѝ е изгубен

Обвинителството вчера го пронајде вториот мобилен телефон на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, за кој таа велеше дека ѝ е...

Македонија5 часа

Новиот закон за Јавното обвинителство влегува во собраниска процедура

Предлог-закон за Јавно обвинителство денеска влегува во собраниска процедура, при што пратениците ќе ги изнесат своите ставови, а ако имаат...

Македонија5 часа

Села бара јавен обвинител од странство

Зијадин Села од Алијансата за Албанците објави неколку забелешки за владиниот предлог закон за Јавното обвинителство. Тој истакна дека ќе...

Македонија6 часа

Заев: Не присвојуваа Македонците туѓа историја, туку Груевски и неговата политичка елита

„Не присвојуваа Македонците туѓа историја, туку Груевски и неговата политичка елита и нивните послушници квазиексперти кои тргнаа во медиумска офанзива...

Регион6 часа

Грчкиот парламент изгласа доверба на новата Влада

Со 158 гласа „за“ и 142 „против“ Владата на Кирјакос Мицотакис доби доверба од грчкиот парламент. Расправата траеше три денa,...

Македонија20 часа

Инспекторот Илиевски поднесе прекршочна пријава за ректорот и за тетовскиот универзитет

Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски поднесе прекршочна пријава во тетовскиот Основен суд за Државниот универзитет во Тетово и за ректорот Вулнет...

Македонија21 час

Жбогар е уверен дека законот за Обвинителството ќе биде донесен со консензус

Eвроамбасадорот Самуел Жбогар при денешната посета на Општина Новаци изрази надеж дека парламентот ќе го донесе законот за Обвинителството со...

Македонија21 час

Обвинителството го доби извештајот од телефонот на Јанева

Обвинителството за организиран криминал и корупција го доби извештајот од вештачењето на мобилниот телефон на обвинителката Катица Јанева, но во интерес...

Македонија23 часа

Заев на одмор во Охрид и Грција, Шекеринска во Скандинавија, Царовска во Турција

Премиерот Зоран Заев со семејството ќе замине на одмор по празникот 2 Август, Илинден, во Охрид и во Грција, министерката...

Македонија1 ден

Хелсиншки комитет: Рекорден број дела од омраза во 2018 година, негативниот тренд продолжува и годинава

Во периодот од 2013 до крајот на 2018 година Хелсиншкиот комитет евидентирал 508 инциденти сторени поради омраза, беше соопштено на денешната прес-конференција по повод Европскиот...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија1 ден

Кривичниот суд вторпат го одби барањето на Кочан за одложување на казната

Кривичниот суд по вторпат го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан, осуден во предметот „Труст“ на специјалното јавно обвинителство, да...

Свет1 ден

Итна седница на британската Влада, се бара безбедна пловидба во Заливот

Британската Влада свика итна седница на која ќе се расправа за одговорот што треба да се испрати на Иран, по...

Свет1 ден

Иран уапси 17 шпиони на ЦИА, некои се осудени на смрт

Иран уапси 17 шпиони кои работеле за Централната разузнавачка служба на САД (ЦИА), а некои од нив се осудени на...

Свет1 ден

(Видео) Масакр во луксузно одморалиште, убиени 5 лица, а 6 се повредени

Вооружен напаѓач уби петмина мажи и рани уште шест лица во популарен бар во мексиканскиот град Акапулко, што е уште...

Свет1 ден

Иран ѝ се закани на Велика Британија со ескалација на тензиите во Заливот

Со оглед дека британските официјални претставници одбиваат да ја исклучат можноста за воведување санкции кон Техеран, иранскиот амбасадор во Велика...

Свет1 ден

Израел почна да урива палестински згради

Израелските работни тимови почнаа да уриваат десетина илегално изградени палестински згради во источниот дел на Ерусалим. Денешното уривање ја прекинува...

Свет1 ден

Зеленски ѝ понуди сојуз на рок-ѕвезда

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, чија партија убедливо води на предвремените парламентарни избори со 43,9 отсто од гласовите, според излезните анкети,...

Досие