Актуелно
„Андерфест“: Револтирани сме од одлуката на Министерството за култура да не ни додели средства, не добивме ни образложение

Организаторите на фестивалот „Андерфест“, кој оваа година треба да се одржи првпат, велат дека се револтирани од одлуката на Министерството за култура да не им додели средства. Од таму велат дека од Министерството не добиле никакво образложение зошто се одбиени и поради тоа, велат организаторите, крајно криминално фестивалот останал без најнеопходната поддршка.
Во продолжение интегрално ја пренесуваме реакцијата од претседателот на Здружението на граѓани за организирање на културно уметнички активности „Андерфест“ – Скопје, Бојан Трпевски:
Со сета почит кон сите други фестивали, артисти и културно уметнички работници, како организатори на фестивалот „Андерфест“ кој за прв пат треба да се одржи оваа година, чуствувавме потреба да го дадеме нашето видување на неодамнешните настани поврзани со селективното доделување на финансии од страна на Министерството за култура.
Фестивалот „Андерфест“ е планирано да се одржи од 5-7 Април 2019 година. Фестивалот е прв и единствен тридневен фестивал на кој ќе настапат исклучиво изведувачи од Македонија. Имено, веќе една година наназад напорно работиме на организација на фестивалот и со гордост можеме да се пофалиме дека на него веќе се потврдени да настапат преку 40 изведувачи кои несебично и без двоумење прифатија да бидат дел од фестивалот што само докажува колку овие изведувачи се желни за настап и промоција. Исто така извршивме и извршуваме низа дејства со цел што подобро да го промовираме настанот, како гостувања на телевизии, радија, веб медиуми и сл и сметаме дека настанот ќе го разбуди интересот на публиката и очекуваме голема посетеност а имајќи го во предвид фатот дека влезот за сите настани е бесплатен можеме слободно да кажеме дека сме сигурни дека настанот ќе биде посетен.
Здружението „Андерфест“ е формирано од ентузијасти, вљубеници и почитувачи на македонската алтернативна сцена кои несебично ги вложуваат својот труд и време за организирање на овој настан а се со цел збогатување на културната програма во градот и државата и промоција на овие млади и надежни артисти се со цел истите да се мотивираат да продолжат со својата работа.
Најголемиот удар за нас дојде од Министерството за култура. Како организатори на фестивалот крајно сме изненадени и револтирани од одлуката на Комисијата при Министерството за Култура со која не е доделен ниту еден денар за овој фестивал.
Имено најуредно аплициравме на годишниот конкурс за финансирање на проекти во делот музичка и музичко сценска дејност и сметаме дека ги исполнуваме сите услови кои беа предвидени во Конкурсот. Не ни беа доделени никакви средства без никакво образложение и крајно криминално фестивалот остана без најнеопходната поддршка.
На кому воопшто може да му пречи организирање на тридневен фестивал посветен исклучиво на македонски артисти, не сакам да нагласам, но морам да кажам дека на Андерфест ќе настапат изведувачи од сите националности што е ирелевантно кога станува збор за музика и култура но гледаме дека се фаворизираат одредени националности па затоа и го напомеуваме истото.
Како Министерството за култура ќе ги стимулира сите оние кои како „Андерфест“ сакаат да започнат нешто ново нешто прогресивно, нешто што е од општ интерес? Наместо да се поттикне вакво нешто макар со минимален износ (кој нам би ни значел премногу) вакви манифестации сакаат да се сотрат уште во самиот зародиш. Во културата не смее да има место за политика, национализам и партиски наредби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Актуелно
Азири за буџетот за култура: Разочарува тоа што македонските уметници ги стигматизираат проектите на албанските колеги

Денеска, кога емоциите се смирени, кога хистеричниот бран на неоправдени и злонамерни реакции престана, би било добро да направиме анализа зошто буџетите од последните две години во Министерството за култура предизвикуваа толку големо внимание во јавноста и што донесе распроделбата на овој буџет, пишува во обраќање до јавноста државниот секретар во Министерството, Валмир Азири.
Тој вели дека годишниот буџет е донесен врз основа на закон и деловник, на транспарентен начин каков што бил случајот и со донесувањето на минатогодишната програма. Понатаму, Азири додава дека комисиите ја имаат главната одговорност и тежина за процена на програмата.
„Да бидеме искрени до крај, да, министерот за култура е тој што ја носи програмата за култура, но никогаш и во никој случај никој од министрите за култура не ги надмина комисиите за време на подготовката на програмата. Дури и оваа година, во програмата на Министерството за култура поддршка добија разни проекти од областа на културата“, се појаснува во писменото обраќање на државниот секретар во Министерството за култура.
Притоа тој констатира дека жално е што во земја која се стреми да стане дел од една заедница каде што главен збор е културната разновидност, уметниците сè уште зборуваат едни за други, а не едни со други.
„Разочарувачки е фактот што уметниците, нашите македонски колеги од незнаење за нивните етнички албански колеги, праваат предрасуди и споредби, како што се: ‘Зошто за нив, а не за нас’, или: ‘Зошто на наш грб се поддржани нивните проекти’. Ова претставува најниска точка која може да ја постигнат луѓето кои создале стереотипи за една заедница која соработува, коегзистира и придонесува еднакво во оваа земја“, вели Азири.
Тој во обраќањето се осврнува и на реакциите по однос на прераспределбата извршена минатата година.
„И во 2018 година со донесувањето на програмата на Министерството за култура, сите наши македонски колеги, поддржани од некои т.н. космополити, стигматизираа, ширеа предрасуди и зборуваа со презир кон албанските проекти. Дури и минатата година, Џез-фестивалот, Тетовскиот филмски фестивал, Ансамблот, разни концерти, уметнички колонии, разни претстави и други проекти беа посочени како несериозни проекти. Типичен пример е случајот со здружението ‘Алегрето’, здружение кое веќе неколку години успешно организира еден од најважните настани на сериозната албанска музичка сцена. Сите фрлаа камења и дрва кон ова здружение, додека времето покажа дека имавме право за поддршката што ја дадовме за ова здружение“, истакнува Азири.
Државниот секретар во Министерството смета дека тоа се случува и годинава.
„Се зборуваше и тогаш, а се зборува и сега за фантомски здруженија. Не, тие не се фантомски здруженија туку се здруженија на албански уметници кои во текот на годините беа дискриминирани од ова министерство, тие се здруженија кои се создадени од невозможноста институционално да добијат дел од буџетот од Министерството за култура бидејќи основањето институции во Западна Македонија во времето беше табу-тема. Овие асоцијации, овие културни активисти, овие уметници се бореа со срце и душа и со самопожртвувана работа за да се посветат на уметноста и да станат дел од културната сцена во Република Македонија. Во 2017 година беа направени првите чекори во креирање проекти и политики кои би претставувале позитивна дискриминација врз албанските уметници бидејќи штетата предизвикана во културата, а особено на албанската култура, предвидуваше еден таков чекор“, појаснува тој.
За програмата за 2019 вели дека е само чекор кон искачувањето, односно зголемувањето на институционалната поддршка што ќе биде направена за културата воопшто.
„Така што, пред да се судиме меѓусебно како уметници, подобро е да седнеме и да разговараме едни со други, да ги посетиме изложбите едни на други, да ги следиме концертите едни на други, да се запознаваме подобро едни со други. Само на овој начин ќе можеме да критикуваме каде што треба и да се поддржуваме во иднина“, пишува Азири и додава дека од хистерични и неисцрпни реакции, им се оневозможува институционалната грижа на оние на кои, во некоја форма, им е одземено правото за поквалитетна поддршка.
„Оние што мислат дека се над законот – грешат, оние што мислат дека треба да бидат заштитени и недопрени – повторно грешат, оваа програма никогаш не фаворизирала и не нанесувала штета на никого. Транспарентност и еднакви можности им се обезбедуваат на сите“, додава тој истакнувајќи дека во тесна соработка со уметниците од сите области, Министерството ќе создаде развојни и поддржувачки политики за културата воопшто.
Актуелно
МАИ: Програмата на Министерството за култура придонесува за влошување на состојбите во издаваштвото

Македонската асоцијација на издавачите (МАИ) реагира на годинешната распределба на проекти и средства преку Програмата за издавачка дејност и смета дека оваа одлука, исто како и минатата година, придонесува за влошување на состојбите во издаваштвото и обезвреднувањето на работата на издавачите, авторите, преведувачите и другите професионалци во областа.
„Годишната програма ја оспоруваме од повеќе причини, и тоа: внесување нов систем на бодирање, кој е паушално применуван, без унифицираност и вистинска основаност, намалување на буџетите за реализација во голем број случаи во однос на минати години, како и постоење двојни стандарди за одредување на износот со кој проектот е поддржан, што особено ќе се одрази во делот за авторски хонорар, потоа отсуство на почит кон етаблираните издавачки куќи, нивното портфолио, досегашно искуство, број на ангажирани лица, сите аспекти што гарантираат квалитетна реализација и пласман на поддржаните книги – преку нивно изедначување со новоформирани фирми“, велат од МАИ.
Од таму велат дека се поддржани проекти што воопшто не може да бидат сметани за литературни, а не, пак, за литература со високи вредности, што е еден од главните критериуми. Од МАИ сметаат и дека се урива дигнитетот на авторот преку доделување рекордно ниски средства за реализација. Наместо да расте од година на година, особено во делот за оригинални книжевни дела, велат од МАИ, се деградира и се распределува без постоење какви било параметри.
„Како издавачи, бараме Министерството за култура, покрај најавеното ревидирање на отфрлените проекти, да го ревидира и списокот на прифатени проекти и одново на транспарентен начин да направи нова распределба. Притоа бараме Министерството да ја има во прв план целта да ги унапреди издавачката дејност и книжевната продукција во Македонија преку поддршка на проекти што навистина ќе придонесат за тоа, а особено да го почитува дигнитетот на авторите и нивните дела, без разлика на кој јазик творат“, велат од Македонската асоцијација на издавачите.
Актуелно
Стручни комисии денеска ќе ги разгледуваат одбиените апликации од Министерството за култура

Стручните комисии од денеска ќе ги разгледуваат сите апликации што беа одбиени на годишните конкурси на Министерството за култура за 2019 година.
„Со почеток во 10 часот во просториите на Министерството за култура ќе почнат со работа сите стручни комисии по одделни дејности, кои ќе имаат задача повторно да ги разгледаат сите апликации што беа одбиени на годишните конкурси на Министерството за култура за 2019 година“, соопштија од Министерството.
Од таму појаснија дека одлуките за сите одбиени апликации ќе бидат поништени и по нивното повторно разгледување, доколку се утврдат недоследности, листата на поддржани проекти од национален интерес ќе биде дополнета.
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал
- Македонија2 месеци
(Видео) Кога општеството потфрла, кучето Бен му помага на момчето со церебрална парализа