Контакт

концерти

Андре Риу и неговиот оркестар „Јохан Штраус“ утре со концерт во Скопје

Објавено пред

„Крал на валцерот“ од Холандија, Андре Риу, утре, 23 ноември, ќе одржи концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Риу во Македонија доаѓа со својот „Јохан Штраус оркестар“, најголемиот приватен оркестар на светот, кој бори 60 члена

Концертот се очекува да понуди совршена забава со светски познатите, романтични и мелодии полни со душа, како и со многубројни изненадувања, хумор и првокласни интернационални солисти.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

концерти

„Есенски музички свечености“: Концерт на флејтиската Марија Јакимовска и пијаниската Петровска во КИЦ

Објавено пред

Вечерва, со почеток во 20 часот, во Културно-информативниот центар, концерт ќе одржат флејтиската Марија Јакимовска и Билјана Петровска – пијано.

dobivaj vesti na viber

Концертот е во рамките на манифестацијата „Есенски музички свечености 2022“.

Јакимовска Марија е родена 1988 година во Скопје, музичкото образование го започнува на во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, во класата на проф. Радмила Попоска.

Своето средно образование го продолжува во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, каде што и стекнува диплома за завршено училиште за средно музичко образование и диплома за покажани исклучителни резултати, проширени и продлабочени знаења од областа на науката, уметноста и другите видови дејности за талентирани ученици во јуни 2007 година.

Од октомври 2007 година се запишува како редовен студент на Факултетот за музичка уметност во Скопје – отсек флејта, во класата на проф. Страшо Темков. Во 2011 година дипломира и стекнува титула дипломиран флејтист. Во јуни 2013 година магистрира на ФМУ – Скопје во истата класа. Има посетувано повеќе стручни семинари и мастер-класи кај еминентни професори, како: проф. Лаура Левај и проф. Моше Арон Епштејн, семинари по камерна музика, под раководство на проф. Страшо Темков и други. Настапувала како солист со камерниот оркестар при ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, настапи со Македонската филхармонија и голем број настапи на културно-уметнички манифестации, хуманитарни концерти и неколку самостојни рецитали. Од 2012 година е член на Скопскиот дувачки квинтет, како и на камерниот оркестар „Скопски солисти“, понатаму на камерниот состав The Quartet, 10-годишен член на квартетот флејти „Аулос“ и симфонискиот оркестар за филмска музика F.A.M.E’.S. . Редовен учесник на едукативни проекти, како еден од позначајните проектот, кој инаку беше дел од паневропската акција Balckboard music project – подржан од ЕУ и Министерството за култура – евроинтеграции и се презентира во две земји (Данска и Белгија) во 2016 година, беше оценет со високи оценки и пријатно изненадувачки прифатен од возрасни групи ( 7-12 гододини) во овие земји.

Добитник е на повеќе лични награди и признанија од државни и интернационални натпревари, семинари. Моментно вработена во оркестарот на Националната опера и Балет.

Билјана Петровска припаѓа на генерацијата македонски музички уметници пијанисти, кои активно творат. Дипломира и магистрира на отсекот интерпретација на пијано. Покрај соло настапите, акцентот на интерпретациското творештво кај неа е ставен на камерното музицирање. Има настапувано со многу македонски уметници, како и со уметници од светот. Досега има многубројни настапи во земјата и надвор од неа и има издадено свој компакт-диск заедно со кларинетистот Петар Колевски, како „Дуо Пан“. Освен со „Дуо Пан“, Билјана е основач и активно настапува и со камерните состави, триото „ВивАрт“, квартетот „Анумус“ и квартетот THE QURTET, со кој исто така активно настапува. За својата дејност како камерен музичар е добитник на награда за исклучителни резултати како камерен музичар на натпреварот за дрвени дувачи инструменти во Пожаревац, Арангеловац, и на меѓународниот фестивал во Перник, Бугарија. Редовно е вработена во ДМБУЦ „Илија Николовски -Луј“ како професор по пијано и пијано-соработник. Како професор по пијано има забележано многу успеси со своите ученици, со освоени награди на државни и меѓународни натпревари. Од 2012 година е хонорарен уметнички соработник на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Прикажи повеќе...

концерти

„Раат“- електроакустична ѓурултија со Џијан Емин

Објавено пред

В четврток, со почеток во 20 часот, ќе се одржи концертот со наслов „Раат“ – авторски проект на композиторот Џијан Емин со оркестарот на Македонската филхармонија.

dobivaj vesti na viber

Концертот е електроакустичен и претставува премиера на новиот музички проект на Џијан Емин, кој воедно ќе застане и зад пултот со оркестарот на филхармоничарите.

„Раат“ е мултимедијална приказна раскажана преку несекојдневен третман на звукот обликуван во препознатливиот авторски стил на композиторот Џијан Емин.

Најубавите работи во животот – љубовта, среќата, мирот, разумот, небото, морето, реките, планините – се бесплатни и не може да се купат. Една од тие убави и важни работи е и раатот што може да го создадеме исклучиво само ние самите. Раатот не можеш да го купиш, ниту да го излажеш или измамиш, не можеш да го предвидиш, можеш да флертуваш со него, но најдобро е да му се препуштиш потполно. Раатот ќе ти даде сила и љубов кога мислиш дека најмалку ја имаш. Ќе ти даде разум кога најмногу ти треба. Ќе ги намести срцето и душата на своите места. Сите си имаме свој раат, на разни места и во разни нешта, но чувството е исто… раат.

Џијан Емин е човек со (без) име и презиме. Токму онака како што своевремено пееше „Архангел“, група во која едно време и самиот беше член. Име и презиме, кое се запаметува на прва, човек за кого и светот слушна. Неговата силна желба сето она што како музички уметник во младоста го стекнал и го практикувал да го преточи еден ден во, велат, најкомплексниот сегмент од најубавата уметност – диригирањето нему му се оствари. Џијан Емин застана зад пултот со Македонска филхармонија во повеќе значајни проекти изминативе неколку години, во некои од нив и како оркестратор привлекувајќи го силно вниманието на јавноста.

На пример, масовните концерти „Скопје за Боуви“ и „Пинк флојд“ во Градскиот парк на манифестацијата „Види музика, слушни слика, добиј книга“, музичко-сценскиот спектакл „Музика универзалис“ во охридскиот Антички театар, со еден од пионерите на детроитската техносцена, Дерик Меј, и повторно Македонската филхармонија, проект со кој го прошета светот (САД, Австралија, Франција), потоа се памети и настапот со Белградскиот симфониски оркестар и американскиот диџеј Јуан Аткинс – уште еден експериментален влог во кој фузијата на електронската и класичната музика се покажа мошне инспиративна, минатогодишниот концерт „Париз, те сакам“ по повод Денот на вљубените, на кој француски познати шансони беа во негови аранжмани, проект со кој исто така излезе надвор од нашите граници (Прага, Будимпешта), мултимедијалниот проект Neuland Sensorium, што се одржа во „Мала станица“, а кој се издвои како еден од иновативните звучни проекти и во авторска, но и во продукциска конотација, како диригент на Симфонискиот концерти за деца, на новиот и мошне активен ансамбл на Здружението на џез-музичарите на Македонија…

„Секој уметник што се стреми да биде голем презема храбри чекори и одговара на предизвиците во уметноста, кои се круцијални за добивање нови форми, нов израз, нови начини, кои носат воспоставување нови медиуми“. Токму тоа Џијан Емин во разни форми и жанрови досега умешно го прави тежнеејќи да претстави една нова музичка перцепција, да наметне нова звучна естетика, која се базира на неговото навистина огромно искуство како мултимедијален музичар – многу години како прв хорнист во Македонска филхармонија, клавијатурист, гитарист, композитор, аранжер, сега и диригент…

Вели дека не може да ги наброи сите свои досегашни проекти и соработки затоа што се многу. Сепак, ќе издвоиме уште неколку од нив: концертите како хорнист со Македонската филхармонија, но и со Белградската, концертите како класичен солист, камерен музичар, активностите во другите жанрови со бендовите, како што се „Проект жлуст“, Д.Н.О., Квартетот на Георги Шаревски, „Скопје конекшн“, многу проекти со „Архангел“, соработките со Бодан Арсовски, Тони Китановски, Кирил Џајковски, „Фолтин“ и Никола Коџабашија, многуте дискографски изданија, ангажманите со оркестарот за снимање филмска музика „Фејмс“, меѓу чии проекти се најде и неговата оркестрација на музиката на Мет Феди, која го одбележа најголемиот новогодишен огномет, кој беше во Дубаи, соработки со Малколм Брн, продуцент што работел и со „У2“, Питер Габриел или Боб Дилан, потоа со Вилијам Паркер, Грег Хопкинс, Питер Херберт, Дамо Сузуки, Џовани Фалцоне, Френк Лондон, Боб Стјуарт, Џанлука Петрела, Лука Аквино, Ернст Рејсегер…

За Џијан Емин, музиката има магична моќ. На разни начини успева да нè води низ времето, ни ги пренесува мудростите на животот, среќата, радоста, тагата…, несвесно влијае на нашиот разум и нè прави подобри луѓе. Тој го следи своето срце, кое, признава, му нанело многу болки, но за возврат денес ја има слободата што носи безмерна среќа, а која сака да ја споделува со луѓето.

Прикажи повеќе...

концерти

Италијанката што ја отпеа „Море сокол пие“ на концерт во Скопје

Објавено пред

На 11 декември е закажана премиерната дружба со македонската публика и концертот на Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO). Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO) е бендот чиј вокал, неверојатната Маргерита Абита од Сицилија, пред светот ја претстави магичната интерпретација на безвременскиот класик „Море сокол пие“.

dobivaj vesti na viber

Концертот на Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO) е закажан во Македонската филхармонија, со почеток во 20 часот, а екипата составена од Италијанката Маргерита Абита (вокал), Иван Ковачевиќ (контрабас, Србија), Стелиос Тогиас (перкусии, Грција), Жулиен Шанал (гитара, Франција), Чави Пендон, (кларинет, Шпанија), Пере Ноласк Туру (виолина, Шпанија) и Фернандо Салинас (хармоника, Шпанија) по 6 издадени албуми, концерти во повеќе од 40 земји, повеќе од 160.000 следбеници и 90 М-прегледи, доаѓа во Скопје во рамките на концертната турнеја по повод јубилејната 10-годишнина од основањето.

Меѓу нивните последни интерпретации на традиционални песни од сите краишта на светот е и, како што велат самите, безвременскиот класик, нашата „Море сокол пие“, а на 11 декември публиката ќе може да ужива уште и во изведбите на „Македонско девојче“ и веселата и ритмичка румба на кралицата на ромската песна Есма Реџепова-Теодосиевска, „Калеја Јаца“.

Билетите се пуштени во продажба преку продажната мрежа на „МКтикетс“, и тоа во три категории и по цена од 1.000 и 1.200 денари, како и 1.500 денари за ВИП-влезниците.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Приватните превозници утре ќе ja блокираат „Илинденска“

Автобусите на приватните превозници од утре ќе се преселат кај бараките на Град Скопје информираат од „Слобода превоз“. Во кординација...

Регион8 часа

Хрватска влезе во Шенген, за Бугарија и Романија потврдено е ветото

Бугарија и Романија остануваат надвор од Шенген зоната, откако не успеаја да добијат едногласна поддршка од Европскиот совет во Брисел,...

Македонија9 часа

Мицкоски: Со мачнина ја гледам пинг понг играта на коалицијата на хаосот – Арсовска и Ковачевски додека граѓаните страдаат

„Со мачнина ја гледам пинг понг играта на новата коалиција на хаосот, Градот Скопје и власта на Ковачевски за проблемите...

Македонија11 часа

(Видео) Ковачевски од лидерскиот самит во Виена: Солидарност и правда се најсоодветни одговори за кризата

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, денеска учествува и има свое обраќање на Самитот на лидери од Западен Балкан во Виена,...

Европа12 часа

Ердоган: Ќе и го скршиме рбетот на инфлацијата

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека турската влада се надева дека ќе и го „скрши рбетот“ на високата инфлација...

Македонија14 часа

Грковска: Популизмот е најштетен за една демократија, треба храброст за да ја одржиш државата на вистинскиот пат

Политиките за добро владеење се основа за стабилноста на секоја држава. Доколку сакаме стабилност мора граѓаните да имаат доверба во...

Свет14 часа

Погубен е демонстрант во Иран

Иран денеска погуби демонстрант осуден за прободување на припадник на безбедносните сили и блокирање улици за време на неодамнешните протести...

Европа14 часа

Десет лица загинаа во гранатирање на истокот на Украина

Најмалку десет лица загинаа во руско гранатирање на истокот на Украина, а многумина се ранети, изјави претседателот Володимир Зеленски. Зеленски...

Европа15 часа

Шолц: Правиме се што можеме за да спречиме директна војна меѓу Русија и НАТО

Бранејќи ја поддршката на Германија за Украина, за која критичарите во Киев и на други места во Европа велат дека...

Свет1 ден

Уапсен претседателот на Перу, обвинет е за бунт и злоупотреба на власта

Перуанската полиција, на позадината на политичката криза во земјата, го приведе претседателот Педро Кастиљо, се вели во пораката на безбедносните...

Македонија1 ден

„Поддршка за членство во ЕУ имаме, наша задача се реформите“

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска заедно со претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, и министерката...

Европа1 ден

Путин: Русија ќе ги брани своите интереси со сите расположливи средства

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Москва ќе се обиде да ги брани своите интереси „со сите расположливи средства“,...

Македонија1 ден

Претседателот Пендаровски на Самит во Брисел: ЕУ е најдобрата алтернатива и патеката од која нема да се откажеме

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Брисел учествуваше на Самитот ЕУ – Западен Балкан во организација на аналитичкиот центар (тинк –...

Македонија1 ден

(Интервју) Наќе Чулев: Немаме гаранција дека не нè прислушкуваат

Состојбата во безбедносниот сектор е крајно хаотична. Македонија стана логистичка база за поддршка во издавање документи, државјанства, банкарски сметки на...

Македонија1 ден

Ленин Јовановски: Се повлекувам од протестот на превозниците, но блокадите остануваат

Директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски се повлекува од протестот на превозниците и од сите процеси кои ќе следат понатаму...

Македонија2 дена

Повторно закани за бомби во скопските училишта

Поради закана за поставена бомба и утрово наставата е прекината во девет скопски средни училишта. Учениците се евакуирани, а на...

Економија2 дена

Потпишани четири договори на компании од Македонија и Бугарија, вредни над три милиони евра

На иницијатива на министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија, Бујар Османи и Николај Милков, денес во Скопје се...

Македонија2 дена

Вооружени лица нападнаа чувар и запалија неколку банкомати во Чаир

Неколку вооружени лица рано утрово го нападнаa чуварот во трговскиот центар „Поинт ретаил парк“ и запалиja неколку банкомати. Утрово полицијата...

Свет2 дена

Лукашенко нареди преместување на воените сили на границата со Украина

Белорусија денеска и утре планира да премести воена опрема и безбедносни сили. Државната новинска агенција Белта објави дека Белорусија преместува...

Свет2 дена

Во Германија уапсени 25 десничари и поранешни војници кои планирале државен удар

Во рации низ Германија уапсени се 25 луѓе осомничени дека се обиделе насилно да ја соборат владата. Германските медиуми наведуваат...