Контакт

Култура

„Анимакс Скопје фест“ го отвори повикот за анимирани филмови

Објавено пред

Меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје фест“ објавува отворен повик за аплицирање за годинешното осмо издание на фестивалот, кое ќе се одржи во ноември 2018 во Скопје. Право да се пријават имаат сите филмови изработени во која било техника на анимирање, завршени по 1 јануари 2017 година, кои претходно не биле пријавени на „Анимакс Скопје фест“. За да бидат разгледувани, филмовите треба да бидат пријавени во една од следните категории: кратки анимирани филмови, долгометражни анимирани филмови (над 45 минути) и анимирани филмови за деца.

Краен рок за праќање на пријавите и видеоматеријалите е 20 септември 2018 година. Тимот на „Анимакс“ најавува и активности во текот на август, проекции на отворено и работилници за деца посветени на анимацијата.

„Анимакс Скопје фест“ е во организација на продуцентската куќа „Аурипигмент„2, во соработка со филмското училиште „Тинтири-минтири“ од Скопје, со финансиска поддршка од Агенцијата за филм на Република Македонија и Градот Скопје, а во соработка со Кинотека на Македонија. Наградите кои ги доделува меѓународната жири-комисија на овој фестивал се Златна, Сребрена и Бронзена тула во секоја натпреварувачка категорија.

На минатото седмо издание на „Анимакс“ се пријавија 3.156 анимации од 88 земји во светот, меѓу кои најголем број од САД, Англија и Франција, но и од Германија, Индија, Иран, Шпанија, Русија, Бразил и други.
Повеќе информации за пријавувањето се објавени на веб-страницата http://www.animaxskopjefest.mk/, како и на ФБ-профилот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

„Оревокршачка“ со две изведби во МОБ

Објавено пред

Македонска опера и балет најави две изведби на балетската претстава „Оревокршачка“ во среда, 30 јануари, и во сабота, 2 февруари, со почеток во 20 часот.

Се работи за детска бајка чиј автор,Т.А.Хофман, дејствието го поврзал со празнувањето на големите празници. Врз основа на бајката, Мариус Петипа го пишува либретото, а музиката ја компонирала Петар Илич Чајковски.

„Ова е едно од најпопуларните и најизведувани дела на сите светски сцени. Се надеваме на радост на нашата најмлада публика, иако претставата е приемчива и за останатите возрасти. Овој балет е ултимативна новогодишно-божиќна бајка – мириса на снег, карамела и на цимет. Обоен е со црвено, златно и со бело. Веројатно затоа на публиката никогаш не ѝ е доста од ‘Оревокршачка’ пред и по Нова година, секоја година“, велат од МОБ.

Во улогата на Клара настапуваат: Марија Кичевска Шокаровска (30.1) и Мими Поп Алексова-Атанасовска (02.2), Принц е Бобан Ковачевски, Мала Клара е Бојана Арсовска, истакнати солисти, солисти, целиот балетски ансамбл и ученици од ДМБУЦ – балетски оддел, придружени од оркестарот на Македонска опера и балет.

Диригент  е Бисера Чадловска.

Прикажи повеќе...

Култура

Светската премиера на „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ закажана за 10 февруари во Берлин

Објавено пред

Најновиот филм на Теона Стругар-Митевска, „Господ постои, името ѝ е Петрунија”, кој е во главната конкуренција на престижниот Берлински филмски фестивал, својата премиера пред интернационалната публика ќе ја има на 10 февруари, а ќе биде прикажан 8 пати во текот на фестивалските денови.

Премиерата ќе биде во главната сала на Берлинскиот филмски фестивал Berlinale Palast, чиј капацитет е 1.800 гледачи. Истовремено, во последните две недели беше потврдена и продажбата и дистрибуцијата на филмот во Франција, која е закажана за 26 април од страна са агентот за продажба „Пирамид“. Всушност, ова е само трет македонски филм кој добива целосна кино дистибуција во Франција.

 

Инаку, „Господ постои, името ѝ е Петрунија” е прв македонски филм кој е избран во главна конкуренција на Берлинале, а, пак, прв пат по 25 години, односно по „Пред дождот“ во Венеција 1994 година, воопшто да биде во главна селекција на филмски фестивал од А категорија.

„Навистина сме возбудени пред големата премиера во Берлин, дотолку повеќе што целата комисија на фестивалот беше видно импресионирана од нашето дело. Верувам дека и на публиката еднакво ќе ѝ се допадне приказната на Петрунија, особено што преку неа допираме до многу позначајна тема, а тоа е улогата на жената во општество полно со стереотипи, нејзиното место во религијата, но и тоа каков свет ќе ѝ оставиме на жената во иднина“, вели Теона Стругар-Митевска.

Филмот инаку е инспириран од вистински настани кои се одиграа во Македонија кога жена за првпат го фати крстот за Водици. Приказната во „Господ постои, името ѝ е Петрунија” се одвива во Штип, во текот на 24 часа по Водици, кога токму Петрунија успева да го фати крстот, но нејзиниот успех е дочекан со револт од страна на локалното население и впрочем целото општество, црквата, системот.

Преку оваа приказна, како што вели Митевска, допираме до многу посуштински проблем со кој се соочува една жена во претежно „машки“ систем, а проблемот е кренат дотаму што дури се истакнува идејата за полот на Бога и важноста на факторот на полот како еден од главните чинители во нашето општество.

„Ликот којшто го играм е навидум обична жена, донекаде и типична за нашето секојдневие, меѓутоа нејзиниот лик се коси токму со ‘типичното’ однесување. Впрочем, таа одбива да ја прифати традиционалната улога што ѝ ја наметнува општеството, а ниту јас лично не би се согласила со тие стереотипни општествени норми. Оттука, веројатно и не беше тешко да се идентификувам со главниот лик, меѓутоа сепак се работи за комплексна улога која носи многу повеќе на својот грб, па верувам дека успеав да ја доловам нејзината природа и на големото платно“, изјави Зорица Нушева, актерката во улога на Петрунија.

Филмот е на „Сестри и брат Митевски продукција“ и истиот е комплексна копродукција помеѓу Македонија, Франција, Белгија, Словенија и Хрватска, а поддржан е и од Агенцијата за филм на Република Македонија, како и од престижниот Ероимаж фонд, и Медиа фондот за развој на проекти.

По неговата голема премиера во рамките на Берлинале, кој инаку се одржува од 7 до 17 февруари, пред македонската публика за прв пат ќе биде прикажан во текот на месец март.

Прикажи повеќе...

концерти

Концертен спектакл на виолинистот Стефан Миленковиќ во Скопје

Објавено пред

На 23 март во Македонска филхармонија, светски познатиот виолинист Стефан Миленковиќ, заедно со оркестарот на Македонската филхармонија ќе приредат концертна ноќ за паметење.
Стефан Миленковиќ неколкупати досега имаше можност да ѝ се претстави на македонската публика, која не остана рамнодушна на ниеден негов настап. Овој мајстор на виолина ја надгради исклучителната концертна кариера настапувајќи со најреномираните светски оркестри и музички уметници. Има издадено голем број носачи на звук, а значајна е и неговата хуманитарна работа.

Неговата кариера почнува многу рано, на 5-годишна возраст, па така го добива епитетот ,,чудо од дете”. Вниманието на пошироката јавност го привлекува на 10 години, кога по покана од Белата куќа, Миленковиќ настапува на т.н. Божиќно шоу, пред тогашниот претседател на Соединетите Американски Држави – Роналд Реган. Веднаш потоа, започнува неговото интернационално претставување. Во текот на својата кариера Стефан Миленковиќ настапувал со некои од најпознатите оркестри во светот, како Берлинскиот симфониски оркестар, Хелсиншката филхармонија, Оркестарот на „Бољшои“, Државниот оркестар на Мексико и со диригенти како Лорин Мазел, Даниел Орен, Владимир Федосејев, Ен Шао и многу други. Добитник е на повеќе награди и признанија, како за изведувачката, така и за хуманитарната дејност.

Билетите ќе бидат пуштени во продажба денес (23.01.2019) и истите може да се набават преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com, ,,Пола Југотон” и ,,Цвеќарница Розе” – Веро 2.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 часа

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не сакаат да се договорат за една изборна единица

Многуте повици од помалите партии за измени на Изборниот законик, со кои ќе се воведе една изборна единица и отворени...

Анализи12 часа

Политиката го подели СЈО на табори

„Чарлиевите ангели“ ги нема. Катица Јанева, Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи речиси една година не се појавуваат на заеднички прес-конференции....

Македонија13 часа

Ѓорчев: Не се грижам кој ќе биде противкандидат од СДСМ, тие го излажаа народот

Без да одговара на новинарски прашања, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев ја објави кандидатурата за претседател на државата. Тој повеќе...

Истражувања15 часа

(Видео) „Лимак“ и Градот ги изиграа скопјани, се гради хотел место прво да се изгради подземната сообраќајница

Место прво да ја изгради подземната сообраќајница па потоа да ги гради содржините над земја, турската компанија „Лимак“ кај Стара...

Македонија16 часа

Врховните судии ќе расправаат дали СЈО може да отвора истраги и да презема предмети

Адвокати на обвинети во предметите на специјалното јавно обвинителство, преку неколку иницијативи, бараат од Врховен начелно правно мислење за постапките...

Македонија16 часа

Нимиц: Длабоки и опасни последици ако не успее преспанскиот договор

Специјалниот пратеник на Обединетите нации, Метју Нимиц, предупредува дека пропаѓањето на преспанскиот договор би имало опасни последици за двете страни,...

Свет16 часа

Шпанските спасувачи во трка со времето – ќе успеат ли да го извлечат двегодишното дете од бунарот

Шпанските спасувачи се во трка со времето и неизвесно е дали ќе успеат да го извлечат двегодишното дете кое пред...

Македонија17 часа

Протестот за воздухот в сабота за едни политички за други неопходен

Нова најава за протест против загадувањето на воздухот од синоќа ги подели скопјани на верници и луѓе кои повеќе не...

Македонија17 часа

Зоран Заев: Мијалков ги охрабрувал пратениците да гласаат за промена на името

Претседателот на Владата, Зоран Заев, во интервју за „Алсат“ призна дека ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалоков, лично разговарал со 8-те...

Регион17 часа

Во Грција почна расправата за ратификација на преспанскиот договор

Грчкиот парламент ја почна расправата за ратификувањето на преспанскиот одговор, а гласањето сепак ќе се случува в петок, пишува грчката...

Свет18 часа

(Видео) Петгодишни девојчиња на минус 45 степени избегале од градинка во Сибир

Две девојчиња на возраст од пет години избегале од градинка во рускиот град Јакутск во Сибир, при што се здобиле...

bugarija-eu bugarija-eu
Регион19 часа

Бугарија става крај на продажбата на државјанства

Бугарија планира да стави крај на програмата за продажбата на државјанства на богати поединци, соопшти Министерството за правда во Бугарија,...

Вести19 часа

(Видео) Москва: Патникот кој се обиде да киднапира руски авион бил под дејство на алкохол

Рускиот истражен комитет објави дека патникот осомничен за киднапирање на патничкиот авион на „Аерофлота”, немал никаков вид експлозив или оружје...

Свет19 часа

Конгресот му забрани на Трамп да излезе од НАТО

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес усвои закон за поддршка на НАТО, со кој му се забранува на американскиот претседател, Доналд...

Регион20 часа

Косовскиот суд осуди повеќе лица за тероризам во Сирија

Судот во Приштина осуди едно лице на пет години затвор поради учество во терористички групи во Сирија. Од судот соопштија...

Свет20 часа

Американските сенатори Меконел и Шумер ќе гласаат за граничниот ѕид

Лидерот на мнозинството во Сенатот, Мич Меконел, закажа гласање во четврток за целосно финансирање на пограничниот ѕид што го бара...

Свет21 час

Мадуро: Венецуела ќе ги преиспита односите со САД и ќе преземе политички мерки

Каракас ќе ја преиспита својата врска со САД откако американскиот потпретседател, Мајк Пенс, изрази поддршка за идејата на опозицискиот водач...

Свет22 часа

Еврејска група тужи бразилски карикатурист поради карикатура на Нетанјаху и Болсонаро

Еврејската заедница во Бразил го тужи славниот политички карикатурист Ароира за антисемитизам поради карикатура што ги прикажува бразилскиот претседател, Јаир...

Македонија1 ден

Собранието објави оглас за aнтикорупциската комисија, Тасева обвинува дека добрите антикорупционери не се пожелни

Собранието го објави огласот за избор на новиот состав на Комисијата за спречување на корупцијата. Огласот ќе трае 7 дена...

Свет1 ден

Вес Мичел поднесе оставка, идниот месец заминува од Стејт департментот

Вес Мичел, помошник-државен секретар на САД, наредниот месец заминува од функцијата во Стејт департмент поради лични и професионални причини. „Две...

Досие