Археологија
Египетските археолози ископале 20 насликани саркофази

Египетските археолози откриле повеќе од 20 дрвени саркофаги во близина на градот Луксор, на кои сè уште се видливи декорации во силни бои.
Саркофазите биле откриени во некрополата Асасиф, лоцирана на западниот брег на реката Нил. Тие биле распоредени во два реда, еден над друг, јави Би-би-си.
Египетското Министерство за антиквитети откритието го нарече едно од најголемите и најважни во последните години.
Повеќето гробници во некрополата Асасиф датираат од доцниот период (664 – 332 година пр. н.е.) од антички Египет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Археологија
Виртуелна посета на археолошкиот локалитет Тумба Маџари

Археолошкиот музеј овозможи виртуелна тура во „Неолитското село” – музеј под отворено во археолошкиот локалитет Тумба Маџари во Скопје, кој сè уште е затворен за посетители поради коронавирусот.
„Тумба Маџари од 2008 година е актуелен со анимирање на јавноста преку научни, едукативни и туристички активности за сите возрасти. Во музејот под отворено „Неолитско село“ се изградени неколку куќи во духот на неолитската архитектура. Во нивната внатрешност преку копии на разновиден движен и недвижен покуќнински инвентар, како и сцени од секојдневниот живот, е направен обид за реконструкција на дел од животот на неолитскиот човек кој живеел на територијата од Македонија и пошироко пред 8.000 години“, соопштија од Археолошкиот музеј.
Локалитетот се наоѓа во сегашната населба Ченто и е најзначајната неолитска населба во Скопската котлина.
Откриена е во 1961/2 година во текот на археолошки рекогносцирања за изградбата на автопатот. Денес тешко се забележува бидејќи 2/3 од површината се окупирани со куќи подигнати во доцните шеестти и седумдесеттите години на 20. век.
Тумба Маџари бил економски и пред сè културен центар на неолитскиот човек од овој регион.
Археологија
Во урнатините на замок од 14 век пронајден ковчег со богатство

Во урнатините на замок од 14 век во Полска е пронајден ковчег со сребро.
Се верува дека вредните предмети им припаѓале на Евреите убиени во Втората светска војна, пренесува „Сан“.
Кралскиот замок Nowy Sącz денес е руинирана средновековна зграда стара над 600 години. Се верува дека нацистите криеле украдени предмети таму кога ја окупирале Полска.
Историско-истражувачкото здружение преку „Фејсбук“ информираше за богатството, кое се состоело од најразлични предмети од сребро за домаќинството, вклучувајќи чаши и прибор за јадење.
Dzisiaj 14.06.2020r. Wzgórze Zamkowe w Nowym Sączu oddało nam sporo srebra z epoki. Pozdrowienia dla wszystkich poszukiwaczy i życzymy podobnych sukcesów.
Posted by Stowarzyszenie Historyczno Eksploracyjne Sądecczyzny on Недела, 14 јуни 2020
Во ‘рѓосаниот ковчег биле закопани 103 сребрени предмети. Секој од нив, наводно, е направен во Австрија или Полска.
Локалниот археолог Бартломеј Урбаски за „The First News“ изјави дека предметите од почетокот на 19 и 20 век биле поврзани со еврејски обред и веројатно биле закопани за време на Втората светска војна.
Полскиот замок, во близина на кој е откриено среброто, бил претворен во касарна од нацистите во 1941 година, а исто така бил користен и како складиште за муниција. Во 1942 година, целото еврејско население од тоа подрачје било однесено во логор.
Полските војници ја разнеле нацистичката касарна во 1945 година и речиси целосно го уништиле замокот.
Другите откритија во замокот вклучуваат збирка монети од 15 век.
Замокот Nowy Sącz се истражува, бидејќи има планови да се изгради повторно.
Сребреното богатство ќе биде предадено на археолозите кои ќе направат попис сите артикли, а потоа ќе ги изложат во локален музеј.
Археологија
Археолозите го откопаа „Црвениот лав“, најстариот театар во Лондон

Археолозите го открија најстариот театар во Лондон на градилиштето во Whitechapel.
Театарот „Црвен лав“ (Red Lion) се смета за прв наменски изграден театар во елизабетанскиот период, но досега неговата точна локација беше спорна, пишува Би-би-си.
The remains of what is thought to be the earliest purpose-built playhouse of Shakespeare's era has been discovered by archaeologists from @ArchSouthEast @UCLarchaeology. The Red Lion in Whitechapel is thought to have been built around 1567 @HistoricEnglandhttps://t.co/4u1Ebg3DZh
— UCL News (@uclnews) June 10, 2020
За време на минатогодишните ископувања во Степни Веј, источен Лондон, експертите пронајдоа дрвени градби и разни артефакти. Археологот Стивен Вајт го опиша локалитетот како извонредно откритие.
Историчарите веруваат дека „Црвениот лав“ е изграден од Џон Брејн околу 1567 година, малку пред да го изгради Театарот „Шордич“ со Џејмс Барбиџ во 1576 година.
За појавата на овој театар се знае многу малку. Сите наоди се засноваат на две тужби од 1567 и 1569 година, во кои се споменува црвен лав и куќа што имала отворена сцена и седишта, пишува Би-би-си.
Во јануари 2019 година археолозите почнаа да откривааат правоаголна дрвена структура составена од 144 зачувани трупци, кои можеби сочинувале скеле или галерии за седење.
After nearly 500 years, the remains of the Red Lion playhouse, which marked the dawn of Elizabethan theatre, may have finally been foundhttps://t.co/7XJJA9ropy
— Evening Standard Arts (@thestandardarts) June 10, 2020
Самото наоѓалиште е со големина 12,3 x 9,3 м, што се совпаѓа со димензиите споменати во тужбите, велат експертите.
Ископувањето го изврши Одделот за археологија при Универзитетскиот колеџ во Лондон.
„По речиси 500 години, можеби, конечно, пронајдовме остатоци од ‘Црвениот лав’, што ја одбележа зората на елизабетанскиот театар. Археолошките остатоци од зградите и нивната локација се совпаѓаат со карактеристиките на театарот забележани во раните документи“, рече Вајт, водител на истражувањето.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион6 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?