Контакт

Археологија

Археолозите во потрага по гробницата на шкотскиот крал Џејмс

Објавено пред

Гробницата на средновековниот крал Џејмс Први, чиешто убиство го променило текот на шкотската историја, во епизода којашто наликува од серијата „Игри на престолите“, би можела да биде пронајдена благодарејќи на новиот проект со примена на високата технологија започнат во саботата.

 

Археолозите и експертите за виртуелна реалност од Уметничката школа во Глазгов сакаат дигитално да го оживеат дворецот на шкотскиот крал Џејмс Први во Перт, сместен шеесетина километри северно од Единбург, и да се обидат да ја пронајдат гробницата на кралот погребан под современиот град.

Се бараат и останките на неговата сопруга кралицата Џоан Бофорт, а се надеваат дека ќе ги пронајдат и посмртните останки на кралицата Мергарет Тјудор, сестрата на англискиот крал Хенри Осми и сопруга на шкотскиот крал Џејмс Четврти, исто така, погребани во градот стотина година подоцна.

Истражувачкиот тим е мотивиран од сличното откритие на скелетот на англискиот крал Ричард Трети од пред неколку години под денешното паркиралиште во Лечестер.

Џејмс Први бил убиен на 21-ви февруари 1437 година од приврзаниците на претендентот за престолот, чин кој ја запрел неговата амбиција Перт да го направи шкотска престолнина, според историчарите.

„Тој ден ја изменил Шкотска засекогаш“, смета Пол Вилсон, одговорен за проектот на дигитална визуелизација при Уметничката школа во Глазгов.

Според историјата, Џејмс Први бил убиен во манастирот Блекфрерс во Перт, каде што имало кралски одаи. Тој бил погребан во основите на картазијански манастир, римокатолички црковен монашки ред, кој бил уништен по реформацијата во 599 годна.

Тимот планира археолошките ископувања да ги врши во текот на следните две години, за да се утврди локацијата и границите на средновековниот дворец и капелата во којашто наводно се погребувани членовите на кралското семејство. Експертите се надеваат дека ќе пронајдат и бројни артефакти од тој период./крај/мф/сн

Археологија

Виртуелна посета на археолошкиот локалитет Тумба Маџари

Објавено пред

Археолошкиот музеј овозможи виртуелна тура во „Неолитското село” – музеј под отворено во археолошкиот локалитет Тумба Маџари во Скопје, кој сè уште е затворен за посетители поради коронавирусот.

„Тумба Маџари од 2008 година е актуелен со анимирање на јавноста преку научни, едукативни и туристички активности за сите возрасти. Во музејот под отворено „Неолитско село“ се изградени неколку куќи во духот на неолитската архитектура. Во нивната внатрешност преку копии на разновиден движен и недвижен покуќнински инвентар, како и сцени од секојдневниот живот, е направен обид за реконструкција на дел од животот на неолитскиот човек кој живеел на територијата од Македонија и пошироко пред 8.000 години“, соопштија од Археолошкиот музеј.

Локалитетот се наоѓа во сегашната населба Ченто и е најзначајната неолитска населба во Скопската котлина.

Откриена е во 1961/2 година во текот на археолошки рекогносцирања за изградбата на автопатот. Денес тешко се забележува бидејќи 2/3 од површината се окупирани со куќи подигнати во доцните шеестти и седумдесеттите години на 20. век.

Тумба Маџари бил економски и пред сè културен центар на неолитскиот човек од овој регион.

Прикажи повеќе...

Археологија

Во урнатините на замок од 14 век пронајден ковчег со богатство

Објавено пред

Во урнатините на замок од 14 век во Полска е пронајден ковчег со сребро.

Се верува дека вредните предмети им припаѓале на Евреите убиени во Втората светска војна, пренесува „Сан“.

Кралскиот замок Nowy Sącz денес е руинирана средновековна зграда стара над 600 години. Се верува дека нацистите криеле украдени предмети таму кога ја окупирале Полска.

Историско-истражувачкото здружение преку „Фејсбук“ информираше за богатството, кое се состоело од најразлични предмети од сребро за домаќинството, вклучувајќи чаши и прибор за јадење.

Dzisiaj 14.06.2020r. Wzgórze Zamkowe w Nowym Sączu oddało nam sporo srebra z epoki. Pozdrowienia dla wszystkich poszukiwaczy i życzymy podobnych sukcesów.

Posted by Stowarzyszenie Historyczno Eksploracyjne Sądecczyzny on Недела, 14 јуни 2020

Во ‘рѓосаниот ковчег биле закопани 103 сребрени предмети. Секој од нив, наводно, е направен во Австрија или Полска.

Локалниот археолог Бартломеј Урбаски за „The First News“ изјави дека предметите од почетокот на 19 и 20 век биле поврзани со еврејски обред и веројатно биле закопани за време на Втората светска војна.

Полскиот замок, во близина на кој е откриено среброто, бил претворен во касарна од нацистите во 1941 година, а исто така бил користен и како складиште за муниција. Во 1942 година, целото еврејско население од тоа подрачје било однесено во логор.

Полските војници ја разнеле нацистичката касарна во 1945 година и речиси целосно го уништиле замокот.

Другите откритија во замокот вклучуваат збирка монети од 15 век.

Замокот Nowy Sącz се истражува, бидејќи има планови да се изгради повторно.

Сребреното богатство ќе биде предадено на археолозите кои ќе направат попис сите артикли, а потоа ќе ги изложат во локален музеј.

Прикажи повеќе...

Археологија

Археолозите го откопаа „Црвениот лав“, најстариот театар во Лондон

Објавено пред

Археолозите го открија најстариот театар во Лондон на градилиштето во Whitechapel.

Театарот „Црвен лав“ (Red Lion) се смета за прв наменски изграден театар во елизабетанскиот период, но досега неговата точна локација беше спорна, пишува Би-би-си.

За време на минатогодишните ископувања во Степни Веј, источен Лондон, експертите пронајдоа дрвени градби и разни артефакти. Археологот Стивен Вајт го опиша локалитетот како извонредно откритие.

Историчарите веруваат дека „Црвениот лав“ е изграден од Џон Брејн околу 1567 година, малку пред да го изгради Театарот „Шордич“ со Џејмс Барбиџ во 1576 година.

За појавата на овој театар се знае многу малку. Сите наоди се засноваат на две тужби од 1567 и 1569 година, во кои се споменува црвен лав и куќа што имала отворена сцена и седишта, пишува Би-би-си.

Во јануари 2019 година археолозите почнаа да откривааат правоаголна дрвена структура составена од 144 зачувани трупци, кои можеби сочинувале скеле или галерии за седење.

Самото наоѓалиште е со големина 12,3 x 9,3 м, што се совпаѓа со димензиите споменати во тужбите, велат експертите.

Ископувањето го изврши Одделот за археологија при Универзитетскиот колеџ во Лондон.

„По речиси 500 години, можеби, конечно, пронајдовме остатоци од ‘Црвениот лав’, што ја одбележа зората на елизабетанскиот театар. Археолошките остатоци од зградите и нивната локација се совпаѓаат со карактеристиките на театарот забележани во раните документи“, рече Вајт, водител на истражувањето.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет22 минути

(Видео) Предградие во Чикаго погодено од торнадо

Торнадо погоди густо предградие на Чикаго, оштетувајќи повеќе од 100 куќи. Невремето собори десетици дрвја, а на некои места електричната...

Македонија1 час

Палмер: Важно е да се забрза пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ

Важно е да се забрза пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија, изјави заменик помошникот државен секретар за европски и...

Свет2 часа

СЗО: Половина од сиромашните земји немаат доволно вакцини

Повеќе од половина од посиромашните земји во светот кои примаат вакцини против коронавирус преку програмата за размена „Ковакс“ немаат доволно...

Спорт13 часа

Пандев: Не може ништо да се спореди со овој свет дрес

Горан Пандев заминува од македонската репрезентација, како рекордер со 122 настапи и 38 гола, со остварено ветување за пласман на...

Спорт14 часа

ЕУРО 2020 заврши за Македонија, Холандија и Австрија во осминафиналето

Македонија со 0:3 пораз од Холандија го заврши историскиот настап на ЕУРО 2020, во меч кој носеше големи емоции за...

Спорт14 часа

Моменти за солзи – цела Амстердам арена со поздрав за Пандев

Горан Пандев имаше емотивно збогување со националниот дрес, откако селекторот Игор Ангеловски реши да го повлече од игра во 68....

Македонија21 час

Нема најава за нови рестрикции по вториот случај на индиски вид во Македонија

Во текот на вчерашниот ден во Македонија беше детектиран и вториот случај на индискиот вид на коронавирусот, но засега нема...

Економија21 час

Се зголемуваат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Европа22 часа

Рекорден дневен број на заразени со Ковид-19 во Москва

Бројот на новоинфицирани oд коронавирус во руската престолнина Москва и нејзината област во изминатите 24 часа достигнал 1.800, што е...

Македонија22 часа

Сојузот на средношколци: Да се објават извештаите за училиштата кои наплаќаа свидетелства

Сојузот на средношколци бара од државниот просветен инспекторат јавно да ги објави извештаите за спроведените инспекции во четирите средни училишта...

Топ23 часа

МВР со детали за сообраќајната несреќа во која загинаа две лица

Две лица загинаа вчера во сообраќајната несреќа што се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на населбата „Три чешми“. Според...

Македонија24 часа

По отповикувањето, Азески на Црна Гора ѝ посака брз развој и просперитет

Бранко Азески се огласи со коментар по одлуката на Владата во Црна Гора, да го отповика како почесен конзул на...

Свет1 ден

(Видео) Американската морнарица во океан детонираше бомба, предизвикан земјотрес

Експлозија изведена од американската морнарица, предизвика земјотрес. Бомбата тешка 18.143 килограми била активирана крај брегот на Флорида. Експлозијата била извршена...

Македонија1 ден

Владата во Црна Гора го отповика почесниот конзул во Македонија, Бранко Азески

Владата во Црна Гора ваквиот потег го објасни со изјава дека отповиканиот амбасадор се обидел да ги омаловажи и да...

Свет1 ден

САД со ултиматум до Кина, или нова истрага за Ковид-19, или изолација

Џејк Саливан, советник за безбедност на американскиот претседател Џозеф Бајден, рече дека Кина има уште еден избор или да дозволи...

Спорт1 ден

Пандев последен пат ќе ја предводи Македонија

Фудбалската репрезентација на Македонија, вечерва, ќе го одигра последниот натпревар на Европското првенство. Натпреварот против Холандија, на стадионот што го...

Европа1 ден

ЕУ: Црна кутија, задолжителна во автомобилите од следната година

Од следната година, задолжително во сите нови автомобили во ЕУ ќе биде поседувањето т.н Црна Кутија, а од 2024 година,...

Македонија2 дена

За шест часа, казнети 66 возачи за брзо возење на автопатот Скопје-Велес и скопската обиколница

Полицијата за шест часа казни 66 возачи за брзо возење на автопатот Скопје-Велес и скопската обиколница, соопшти Министерството за внатрешни...

Спорт2 дена

„Гранде“ Пандев потврди дека утре го игра последниот меч за Македонија!

Легендарниот македонски капитен Горан Пандев, потврди дека утре против Холандија ќе го одигра својот последен меч за македонската репрезентација, заминувајќи...

Регион2 дена

Џамбаски: Македонија е бугарска, од двете страни на границата Деве Баир живее една нација

Една нација живее на двете страни од границата Деве Баир, а тоа е бугарската, ова го напиша бугарскиот европратеник, Ангел...

Досие