Контакт

Култура

Атиџе ја сними својата песна „Покрај река Брегалница“

Објавено пред

Атиџе Муратова од документарниот филм „Медена земја“ ја сними својата песна „Покрај река Брегалница“.

За ова информира на својот твитер-профил кинематографот Самир Љума, кој сподели фотографија од Муратова во студио.

Муратова, која неодамна првпат влезе во студио, во таа пригода изјави дека бргу се навикнала на снимањето и била многу пријатно возбудена. Најави дека ќе сними неколку песни.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

52 учесници од 16 земји на првата зимска школа за македонски јазик, литература и култура

Објавено пред

Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ), како една од релевантните институции што се дел од националната платформа за одбележување на 100-годишнината од раѓање на Блаже Конески, ја започне новата или Блажевата 2021 со новини токму во чест на тоа одбележување.

Иницијативата за националната платформа е со цел да се усогласат сите проекти и настани предвидени на национално и на меѓународно ниво во чест на великиот Конески и таа доаѓа од двете министерства, Министерството за култура и Министерството за образование и наука. Првата зимска школа на МСМЈЛК, ќе се одвива на далечина преку зум платформата во времетраење од десет работни денови (секој ден по 4 часа), во периодот од 25 јануари до 5 февруари 2021 година (со вкупен фонд од 40 часа) е вистински влог во отпочнувањето на прославата на овој голем јубилеј.

На првата зимска школа ќе учествуваат 52 учесници од 16 земји (Босна и Херцеговина, Велика Британија, Грција, Италија, Канада, Косово, Полска, Руска Федерација, Соединети Американски Држави, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Франција, Хрватска и Чешка). За наставата на оваа Првата зимска школа на МСМЈЛК при УКИМ ангажирани се лектори (предавачи и професори) со долгогодишно искуство. Притоа организирани се лекторски групи за сите нивоа (почетно, средно и напреднато и тоа напреднатото ги има и своите поднивоа, за јазик, литература и преведување). За своето учество посетувачите на зимската школа ќе добијат и уверение со што тие имаат можност да влезат во самата историја како први учесници на една ваква зимска школа на меѓународниот семинар. На отворањето на првата зимска школа пригодни видео-обраќања ќе имаат претседателот Стево Пендаровски и министерката за образование и наука, Мила Царовска. Додека поздравна реч ќе имаат ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски и директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска.

Прикажи повеќе...

Книги

Објавена книгата „За Прличев и неговиот XIX век“ од Вера Стојчевска-Антиќ

Објавено пред

Неодамна, во издание на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид  излезе книгата „Григор Прличев и неговиот ХIХ век“ од Вера Сточевска – Антиќ и приредувачот Милчо Јованоски.
Книгата со својата содржина е посебно актуелна денес. Познато е дека доменот на научни истражувања на авторката, проф. д-р Стојчевска – Антиќ  се движи од IX до XIX век. Колку што биле силни и значајни тие почетоци во IX век, толку на одреден начин останале недоволно идентификувани во XIX век. Таа и во овој труд ги бара постојните преоди на нашиот јазик од времето на старословенскиот литературен јазик, кој во разните словенски средини преминува од XII век во црковнословенски, за да се дојде до XIX век со потреба од изрзување на сопствен литературен јазик, различен од бугарскиот, од српскиот, а разбирливо тоа е евидентно и со грчкиот јазик.

„Григор Прличев е најочевидниот пример на интелектуалец од Охрид кој во својот постепен и длабок развоен  пaт, од детството до знаменит „Втор Хомер“ во Атина, за да дојде до сознание дека еден „општословенски“ јазик е за него добредојден, појасно од употребата на бугарскиот јазик. Во суштина тој одлично го говори својот мајчин охридски дијалект, но ја чувствува потребата за еден општословенски јазик, кој сака да го поврзе со вековното влијание на словенскиот развоен пат на јазикот, поточно поврзан уште со времето на Климента, како еден вид измислен од него „литературен јазик“. Пред него „и денес горат безбројни кандилца во Охрид“. Толку е длабок Климентовиот култ во Охрид и денес. В. Стојчевска – Антиќ  запира и на заедничките мотивации за создавање на слова, посебно влијанијата на Св. Клиемт Охридски врз одредени слова на Григор Прличев, кои се мотивирани од заеднички извори“, вели рецензентот,  проф. д-р Георги Сталев, еден од најдобрите познавачи на животот и делото на Прличев кај нас.

Покрај 12 трудови од д-р Стојчевска – Антиќ книгата содржи и автографски записи, документи, мислења од охридскиот новинар, Милчо Јованоски. Тој изнесува податоци и слики за куќата и гробот на Григор Прличев, за семејното стебло (прв пат во печатена форма) за најастарите македонски изданија на негови значајни дела, филмови за Прличев, Прличевите визити, добитниците на наградата за најдобра поема…

Плановите се книгата „За Прличев и неговиот XIX век“  посветена на патронот на НУ Библиотека во Охрид да биде промоворана на почетокот од февруари во рамките на манифестацијата „Прличеви беседи“. Нејзиното издавање финансиски е помогнато од Министерството за култура и Општина Охрид.

Прикажи повеќе...

Култура

(Видео) Објавен првиот тизер за филмот „Денот на жената“ на Гоце Цветановски

Објавено пред

Објавени се првите снимки од долгометражниот игран филм „Денот на жената“ во режија и сценарио на Гоце Цветановски.

Станува збор за општествено-ангажиран филм кој се снимаше во октомври, минатата година, а фокусот на приказната е на трговијата со луѓе и присилната проституција.

Актерката Слаѓана Вујошевиќ ќе ја видиме во главната женска улога како истражувачка новинарка која се обидува да ја разбие мрежата и да ја разоткрие вистината.

Слаѓана Вујошевиќ во главната женска улога (Фото: Маја Арагикијева)

Главните машки улоги ги толкуваат Муса Исуфи и Исмаил Касуми, актери од Кумановскиот театар . Дел од актерскиот тим се и Катерина Коцевска, Елени Декидис, Егзона Салиху, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Мендим Муртези и Авни Далипи.

Директор на фотографијата е Фејми Даут, кој беше еден од кинематограферите на номинираниот филм за „Оскар“ – „Медена земја“.

„Денот на жената“ е прв долгометражен филм на режисерот Гоце Цветановски. Тој студирал филмско сценарио и режија во Париз, каде живеел од 1998 до 2015 година. Има режирано и продуцирано околу 20 кратки филмови, прикажани на над 100 филмски фестивали во светот, освојувајќи бројни награди.

Режисерот Гоце Цветановски на снимањето на филмот „Денот на жената“ (Фото: Маја Аргакијева)

Филмот е снимен со поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија19 минути

Заев: Од Србија ќе добиеме 8.000 вакцини на „Фајзер“

Србија ќе ни отстапи 8.000 вакцини од „Фајзер“, a потоа можеби и ковид-вакцини од другите производители. Премиерот Зоран Заев соопшти...

Македонија48 минути

Институтот за трансфузиологија апелира: Донирајте крвна плазма, помогнете им на оние коишто се борат со Ковид-19

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека се обезбедени вкупно 802 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени со...

Европа1 час

Во Германија откриена досега непозната мутација на коронавирусот

Според германските медиуми, на клиниката Гармиш-Партенкирхен е пронајден нов, досега непознат вид коронавирус.Во болницата во Гармиш-Партенкирхен, кај 73 пациенти и...

Регион1 час

Земјотрес со јачина од 4,2 степени го погоди Крит

На грчкиот остров Крит се почувствува земјотрес, а епицентарот беше во морето, на 52 километри североисточно од Ситија, објави атинскиот...

Свет2 часа

Захарова им порача на критичарите на апсењето на Навални да се занимаваат со своите проблеми

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, се јави по повод пораките од политичарите за итно ослободување на...

Регион2 часа

Во Хрватска вакцинирани речиси 46.000 лица, кај 80 забележани лесни несакани ефекти

До овој викенд вакцинирани се речиси 46.000 граѓани во Хрватска, а 80 од нив имаат претежно лесни несакани ефекти, изјави...

Свет3 часа

Портпаролката на Навални: Не знаеме што се случува со него и каде го одведоа

Заводот за извршување кривични санкции во Русија објави дека опозиционерот Алексеј Навални, кој беше уапсен синоќа на враќање од Германија...

Свет3 часа

Австралија годинава нема да ги отвори границите, дури и ако мнозинството граѓани се вакцинираат

Австралија можно е да не ги отвори целосно своите меѓународни граници годинава, дури и ако мнозинството од населението е вакцинирано...

Свет3 часа

Уапсен функционер од Ново Мексико за нападот врз Капитол

Министерството за правда на САД објави дека е уапсен функционер од Ново Мексико во врска со нападот на Капитол на...

Свет14 часа

Претседателот на Европскиот совет повика на итно ослободување на Навални

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, повика на итно ослободување на рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални, откако беше приведен по...

Топ14 часа

25-годишен прилепчанец загина за време на лов

Дваесет и петгодишен прилепчанец бил застрелан во атарот на мариовското селото Витолиште, додека со пријателите бил на лов на диви...

Свет15 часа

(Видео) Снег во Сахара

Додека јануари носи снег во многу краеви на светот, во Сахара или на Блискиот исток тоа не е толку вообичаено....

Свет16 часа

(Видео) Навални приведен по слетувањето во Москва

Рускиот опозициски политичар, Алексеј Навални, слета на аеродромот Шереметјево во Москва, по што беше приведен. Неговиот авион беше пренасочен од...

Регион16 часа

Рама не отстапува од она што го кажа за вакцините, и покрај тоа што Франција го нарече анти-ЕУ

Не нападнав пријател, туку говорев за конкретната ситуација со вакцините и не остапувам ниту запирка од она што го кажав....

Македонија20 часа

Нови 190 случаи на коронавирус, оздравени се 2.009 пациенти, а починаа 6 лицa

Во последните 24 часа се направени 1.530 тестирања, а регистрирани се 190 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-71, Куманово-19, Тетово-6,...

Македонија20 часа

Мицкоски со Орбан и Јанша ќе разговара за бугарското вето

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и потпретседателот Александар Николоски, во наредните неколку дена ќе остварат дипломатски посети и средби со...

Македонија23 часа

Полицијата растури две домашни забави во Скопје, приведени се 13 лица

Приведени се 13 лица на две домашни забави во Скопје, бидејќи не ги почитувале мерките за заштита од Ковид-19. Од...

Свет1 ден

Трите одлуки на Бајден по преземањето на власта

Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден планира да преземе чекори за поништување на некои од контроверзните одлуки на администрацијата во...

Спорт1 ден

Тенисерите бесни на Австралија опен, 47 од нив завршија во изолација

Повеќе тенисери и тенисерки се пожалија дека организаторите на Австралија опен ги смениле најавените правила за карантин поради Ковид-19, по...

Регион1 ден

Грција почна со масовна вакцинација на населението, на Крит вакциниран стогодишник

Вакцинацијата на населението во Грција започна вчера,со приоритет во првата фаза за лица постари од 85 години. По вакцинацијата на...

Досие