Контакт

Култура

Балетската претстава „Либертанго“ вечерва премиерно во МОБ

Објавено пред

Денеска со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет, премиерно ќе биде изведена балетската претстава „Либертанго“ од Астор Пјацола.

„Либертанго“ е најновата продукција на МОБ и последна премиера за оваа сезона.

Претставата ќе трае 60 минути, без пауза, а нејзината реприза е закажана за два дена, на 16 јуни, со почеток во 20 часот.

Култура

Седумдесет филма на 9. издание на „Македокс“

Објавено пред

Од

Македокс, фестивал

Деветтото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“ ќе се одржи 16 до 23 август во Куршумли ан, на платото пред Музејот на Македонија и во Музејот на современата уметност во Скопје. Како и претходните години, „Македокс“ ќе донесе пресек на најновото и најкреативното во документарната кинематографија сместено во повеќе програмски сегменти, како Главна програма, Нови автори, Кратки документарци, Студентска програма и две програми за деца и млади.

На „Македокс 9“ ќе бидат прикажани 70-ина филма, ќе бидат присутни исто толку гости, а филмовите ќе се натпреваруваат за наградите „Кромид“ за најдобар филм во главната програма, „Млад кромид“ за најдобар филм на нов автор, „Кокарче“ за најдобар студентски филм, „Сечкан кромид“ за најдобар краток филм, а сите влегуваат во конкуренција за наградата за филм со најдобри етички идеи.

„Со големо задоволство можам да истакнам дека годинава ќе имаме филмови од многу земји и што ќе ни дојдат гости од Индија до Исланд. Додадовме еден ден плус и фестивалот ќе се одвива во осум дена“, рече Петра Селишкар, селекторка на главната програма на „Македокс“, која потенцира дека годинава многу силна ќе биде селекцијата во Нови автори.

На отворањето на фестивалот, на 16 август во Куршумли ан, ќе бидат прикажани краткиот филм „Вај-фај Плаза Куба“ на Андријан Келтерборн и долгометражниот документарец за мачките во Истанбул со наслов „Кеди“ на Цејда Корун. По филмската програма на отворањето, ќе следува концерт на „Џими Барка експириенс“.

Мото на деветтото издание на фестивалот е „Реалноста режира, ние правиме филмови“, со што тематскиот фокус на фестивалот е ставен на режијата во документарниот филм. Во тој правец на „Македокс 9“ ќе бидат одржани две филмски работилници, а и двете ќе се случуваат во Музејот на современата уметност во Скопје.

Прикажи повеќе...

Култура

Заврши снимањето на краткометражниот нем филм „Љубовникот“

Објавено пред

Од

Краткометражниот филм „Љубовникот“, снимен во манирот на старите неми филмови по сценарио и во режија на Игор Иванов – Изи, а во продукција на „Скопје филм студио“, е во завршна фаза на постпродукција. Филмот пред неполни два месеца беше снимен на локација во Скопје во населбата Карпош 2, каде што со креативна сценографија, костимографија и приод на камерата беше создаден автентичен амбиент за работа на нем филм од 30-тите години на минатиот век.

Речиси како низ машина за времеплов е постигнат ефектот на незвучен филм, а актерската игра со препознатливата нагласена гестикулакција својствена за немите филмови шармантно ни пренесува приказна за еден љубовен триаголник.

Оваа нетипична филмска авантура за актуелното време има амбиција да потсети на филмската естетика од минатото, на големината на подвижните слики независно од тонот и гледано од денешен аспект гледачот да ја види таа сензација и натаму како свежа филмска форма.

За оваа намена филмот е снимен со 18 квадрати во секунда. Улогите ги толкуваат Игор Ангелов, Наталија Теодосиева и Сашо Петровски. Кинематографери на филмот се: доајенот на македонскиот филм Драган Салковски, Дејан Димески и Томи Салковски, костимограф е Емилија Атанасовска, монтажата е на Владимир Павловски, а продуцент е Томи Салковски.
Филмот е во продукција на „Скопје филм студио“, а е поддржан од Агенцијата за филм.

Во историјата на немите филмови фактографски се појаснува дека нем филм претставува филмска снимка што не содржи звучен запис. Јавното изведување на овие филмови е речиси секогаш проследено со музика. Немиот филм е настанат кон крајот на XIX век во Западна Европа и САД. Технологијата на снимање и репродукција на звукот настанала пред настанокот на првиот нем филм, но сè до 1920 година не постоеле погодни методи на синхронизација на визуелните и аудитивните записи на филмската лента. Затоа, заедно со некои експериментални исклучоци, сите дотогаш снимени филмови биле неми. Овој период е познат како ера на немиот филм, која завршува во 1927 година кога е направен и прикажан првиот комерцијално дистрибуиран звучен филм, „Џез-пејачот“.

Повеќето од долгометражните неми филмови снимени во САД исчезнале во изминатите сто години поради негрижа, па оваа оригинална уметничка творба на XX век е пред изумирање.

Филмовите во кои играле раните ѕвезди – Бастер Китон, Чарли Чаплин и Мери Пикфорд – и понатаму постојат. Музејот на модерната уметност во Њујорк, Конгресната библиотека и другите архиви со децении ги чуваат раните филмови, но студијата предупредуваат дека на секој еден класик што е сочуван исчезнуваат шест.

Од големите филмски студија, МГМ работи на зачувување на немите филмови и инвестира во филмската библиотека зачувувајќи 113 неми филмови продуцирани или дистрибуирани од МГМ.

Прикажи повеќе...

Култура

Претставата „Скендербег“ дел од Битолското културно лето

Објавено пред

Од

Како дел од програмата на Битолското културно лето „Бит-фест“, во малата сала на Центарот за култура во Битола се одигра театарската претстава „Ѓерѓ Кастриот -Скендербег“. Организатор на активностите за реализација на претставата е здружението „22 нентори“ од Битола.

Театарскиот проект „Ѓерѓ Кастриот – Скендербег“, напишан и изведен од Џеват Лимани, третира психолошки аспект на ораторски пристап на националните херои спроти стратегија за борба против инвазијата на Отоманската Империја. Драмските структури ги осквернуваат протагонистите и антагонистите, хероите и предавниците, платениците и патриотите. Авторот со еден хронолошки фрагментаритет претставува настани од клучно значење за животот и работата на херој на XV век, кој се борел за создавање на државата Арберит.

Драмата на Ѓерѓ Кастриот – Скендербег ја одигра албанско-американскиот актер Џеват Лимани, Доника ја толкуваше сопранот Ера Хоџа, а други ликови се појавуваа преку филмски секвенции и гласови. Музиката беше составена од г. Александар Пеци. Костимографија е на Енкел Дика, сценарист е Кристак Капедани. Режија: Џеват Лимани и Мајкл Тило, актер и режисер во Холивуд.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија34 минути

Зошто редовно се калкулира и навреме не се објавува тендер за набавка на инсулин?

Министерот за здравство, Венко Филипче, сè уште не најде долготрајно решение за проблемот со недостиг на инсулин за дијабетичарите. По...

Македонија42 минути

УЈП ќе има неограничен пристап до сметките на граѓаните, но тој треба да биде контролиран

Увидот на Упрвата за јавни приходи во личните податоци мора да се ограничи, а евентуалната размена на податоците со банките...

Македонија1 час

(Видео) Министрите сè уште немаат материјали за разрешување на Лазе Велковски

Владата сè уште не го разгледала предлогот за разрешување на директорот на Биро за јавна безбедност, Лазе Велковски. Министерот Љупчо...

Џенова, несреќа, Италија Џенова, несреќа, Италија
Европа2 часа

(Видео) Најмалку 10 луѓе загинаа во несреќата на мостот во Џенова

Најмалку 10 луѓе загинаа во несреќата што се случи на автопат кај Џенова, Италија, кога се урна мост. Министерот за...

Економија2 часа

Четири компании со иновации изјавиле дека се поврзани со функционери

Четири од вкупно 77 компании добитници на грантови за иновации изјавиле дека во сопственичката структура имаат лице носител на јавна...

Економија4 часа

Ердоган најави бојкот на електронските уреди од САД

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека ќе следува бојкот на електронските уреди од САД  по заострувањето на односите со...

Топ5 часа

Почина шестмесечно бебе во Штип

Шестмесечно бебе без знаци на живот вчера било донесено во штипската болница. На неговото тело немало траги на насилство, а...

Свет6 часа

Трамп го потпиша законот за одбранбена политика вреден 716 милијарди долари

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го потпиша законот за годишната одбранбена политика, вреден 716 милијарди долари, што предвидува модернизација и...

Економија7 часа

Светски познатиот американски бренд за брза храна КФЦ доаѓа во Македонија

Премиерот Зоран Заев синоќа оствари средба со Фатмир Зимбери, сопственик на лиценцата за отворање ресторани за брза храна на американскиот бренд...

Топ7 часа

Пожар во „Неуромедика“, штетата сѐ уште не е утврдена

Пожар избувнал ноќеска во болницата „Неуромедика“ во центарот на Скопје. Како што информираат од Противпожарната бигада на град Скопје, пожарот...

Македонија7 часа

Владата на седница ќе го разгледа предлогот за разрешување на директорот на БЈБ

Владата денeска на седница ќе го разгледа предлогот за разрешување на директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазе Велковски, кој...

Македонија22 часа

По објавата на ,,Макфакс”, Министерството за здравство уште утре ќе распише тендер за набавка на инсулин

По објавата на ,,Макфакс” за недостиг на инсулин во државата, Министерството за здравство одлучи уште утре да распише тендер за...

Економија1 ден

(Видео) Заев: УЈП ќе ги гледа сметките оти најмала наплата на даноците има кај оние со најголеми приходи

Увидот на Управата за јавни приходи (УЈП) во банкарските сметки на граѓаните ќе служи само за државата да си ги...

renata-jakimovic renata-jakimovic
Македонија1 ден

Дијабетичарите принудени меѓу себе да си позајмуваат инсулин бидејќи го нема во аптеките

На повидок е нова инсулинска криза во Република Македонија, дијабетичарите со месеци мака мачат да дојдат до лекот од кој...

Македонија1 ден

(Видео) Лазе Велковски останува во МВР и по евентуалното разрешување

Лазе Велковски, директор на Бирото за јавна безбедност, ќе остане во МВР, дури и ако Владата на утрешната седница го...

Регион1 ден

Ставен под контрола пожарот на грчкиот остров Евија

Ставен е под контрола шумскиот пожар што избувна вчера на грчкиот остров Евија. Поради пожарот, на островот претходно денеска беше...

Македонија1 ден

За четири дена 528 пријави од дијаспората за претстојниот референдум

На повикот на Државната изборна комисија преку интеренет-апликација, со која гласачите од дијаспората може електронски на страницата да поднесат барање...

Македонија1 ден

Претседателот на Бугарија бара анекс-договор со Македонија

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, смета дека македонскиот премиер, Зоран Заев, не ѝ се извинил на соседната земја по изјавата...

Македонија1 ден

Чавков и пратениците следната недела на суд за крвавиот четврток

Следната недела, на 22 август, обвинетите за настаните во Собранието на крвавиот четврток повторно седнуваат на обвинителна клупа. Меѓу нив...

Македонија1 ден

Обвинетите во предметите на СЈО, се враќаат во обвинителни клупи

Во четврток, по еден месец пауза, продолжува рочиштето за случајот „Титаник“, а на обвинителна клупа се враќаат ексфункционерите Никола Груевски,...

Досие