Контакт

концерти

Бенсман саксофон квартет, вистинско освежување за публиката на „Охридско лето“

Објавено пред

Концерт што долго ќе се памети приреди Бенсман саксофон квартетот, кој синоќа настапи на „Охридско лето“ со маестрално музицирање и со внимателно одбран репертоар.

Вечерта на саксофони во црквата „Света Софија“, која и покрај исклучително топлото време беше исполнета до последно место, почна со „Уметност на фугата“ од Јохан Себастијан Бах, а продолжи со дело од Рејмонд Мулер, Детлеф Бенсман и Николас Шаубле. На програмата беа и македонските композитори Вања Николовски -Ѓумар и Панде Шахов, но како што велат светски познатите саксофонисти, македонските композиции не се специјално застапени само на нивниот концерт во Охрид, туку ги има на редовниот репертоар на квартетот.

Публиката по завршувањето на концертната програма со бурни овации ги врати уметниците повторно на подиумот, по што тие го отсвирија Хорхе Лопез Марин со композицијата „Ел медико де пијанос“, милозвучни ноти, напишани токму за саксофон квартет.

Основачот на овој музички состав кој беше вистинско летно освежување на фестивалот „Охридско лето“ е Детлеф Бенсман докажан педагог чии ученици биле членовите на квартетот.

„Публиката уживаше и беше мошне сконцентрирана на нашата изведба и токму затоа се чувствував прекрасно. И публиката, и црквата, и акустиката внатре беа волшебни. Уметниците со кои настапив беа мои ученици, а сега ми  се колеги. Работиме заедно и се чувствуваме многу блиски преку музиката“, рече маестро Бенсман по завршувањето на концертот.

Познатиот македонски саскофонист Нинослав Димов, кој е дел од овој квартет, досега има настапено неколкупати на фестивалот „Охридско лето“, како солист и во камерни состави, но првпат заедно со Бенсман саксофон квартетот. Тој и неговиот професор се основачи на овој ансамбл.

„Предизвикувачки е да се музицира заедно со професорот од кого сте учеле. Сепак, задоволството е големо бидејќи крајниот продукт е она што стремиме да биде совршено. Самото тоа што тој ме одбрал мене да бидам дел од екипата е доволен показател дека мојата работа оди во правилна насока“, вели младиот саксофонист со богата музичка кариера Нинослав Димов.

Бенсман саксофон квартетот е формиран во 2007 година и оттогаш до денес има остварено низа успешни концерти и настапи на врвни музички фестивали во Европа, а во биографијата на ансамблот се вбројуваат и големи концертни турнеи во Соединетите Американски Држави и во Кина.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

концерти

(Видео) „Europe Shine a Light” наместо откажаното финале на Евросонг

Објавено пред

Вечерва наместо финале на „Песна на Евровизија“, првпат од Ротердама оди директно специјално музичко издание во кое учествуваат овогодишните кандидати и победници на претходните изданија на Евросонг.

Нема да се избира победник, натпреварувачите нема да ја почувствуваат евровизиската атмосфера, но сепак ќе имаа контакт со публиката.

Овогодишнио слоган “Europe Shine a Light” е насловот на песната која ќе се чуе од секоја земја.

Веќе селектираните песни емитуваат фрагменти од 30 секунди, учесниците се претставуваат низ кратки видео разгледници, а ги слушаме и нивните пораки упатени до милионскиот аудиториум ширум Европа и светот.

Македонија ја претставува Васил Гарванлиев со песната „You“.

Прикажи повеќе...

концерти

Со концерт на „Суперхикс“ вечерва завршува проектот „Култура во време на корона“

Објавено пред

По 50 маалски концерти, вечерва запира „Култура во време на корона“.

На денешната прес-конференција преставниците на градските културни институции информираа за резултатите од проектот. На досегашните 50+ настани, настапиле повеќе од 200 изведувачи, со повеќе од 500.000 гледачи на социјалните мрежи и илјадници балкони во осум различни општини во Скопје.

Проектот запира со вечерниот настап на познатите „Суперхикс“, а градските културни институции наскоро ќе излезат со адаптирани програми усогласени со идните препораки на Владата. Музичарите од „Суперхикс“ ќе настапат во 20.00 часот на плочникот кај зградите до Педагошкиот факултет во Карпош.

„Она што е важно за овој проект е дека сите изведувачи беа еднакво платени со минимален износ од 14.500 денари, вклучувајќи ги големите имиња и младите таленти, со цел да се овозможи што поголем број на учесници и што поголем дофат на социјалните ефекти од мерката. Ниту еден поголем град во соседството не изготви сличен одговор на кризата од корона вирусот во доменот на културата, но се надеваме дека ќе земат позитивен пример од нас и ќе им помогнат на културните работници во своите градови. За жал, мора да напоменам дека овогодинешниот европски главен град на културата – Риека ги запре сите активности до крајот на годината оставајќи стотици локални уметници и културни работници без реализирани проекти од неколкугодишната своја работа“, кажа Никола Наумоски од Град Скопје.

Русе Арсов од МКЦ говореше за специфичноста на сцената со која што работи оваа институција и дека солидарноста како принцип била одлично прифатена меѓу членовите на разните бендови и колективи.

„Имаше музичари што настапија по неколку пати, а беа платени само еднаш, само за солидарно да им овозможат на своите колеги да го заработат својот хонорар.“ потенцираше Арсов.

Сермине Пурини од КИЦ додаде дека стигнати се голем број на апликации и дека не можеле сите да се реализираат, иако многу од нив биле квалитетни, па затоа институциите ќе ги имаат предвид за реализација на овие проекти за престојниот период.

Филип Аврамчев од Универзална Сала информираше за финансиските аспекти на кампањата – потрошени се 2.7 милиони денари од градскиот буџет, за хонорари на 168 уметници, културни работници и технички лица, покрај ангажираните вработени од МКЦ, КИЦ и Универзална.

Маалските концерти и онлајн изведбите кои ги реализираше Град Скопје дојдоа како дел од пакетот кризни мерки во однос на културата, а кои беа одговор на барањата на иницијативата „Културата е насловна страна на секое општество“, ЈАДРО – асоцијација на независната културна сцена, како и Синдикатот на Културата (СКРМ). Нивниот претставник Филип Јовановски го поздрави брзиот одговор на градот за нивните барања и повика министерството и Владата да го следат истиот пат.

 

Прикажи повеќе...

концерти

В недела музички хепенинг на покривот на Џевахир скај сити

Објавено пред

Жителите на Аеродром и станарите на комплексот „Џевахир скај сити“ овој празничен викенд ќе можат од своите домови да уживаат во музичкиот настап во живо на Наде Талевска и Горан Наумовски, Trinity Strings и DJ Todoroff.

Музичкиот хепенинг ќе се одржи в недела, 3 мај, со почеток во 18.45 часот на покривот на една од кулите од комплексот Џевахир.

Но истовремено, во овој настан, кој е во организација на Општина Аеродром и Џевахир скај сити, ќе можат да уживаат и сите жители на Скопје, кои ќе имаат можност да го следат видеопреносот преку ФБ-страницата на Општина Аеродром.

Организаторите ги повикуваат сите жители на Аеродром од своите балкони или следејќи го лајв стримот преносот во својот дом, да се приклучат кон хепенингот и на овој начин, иако одвоени, а сепак заедно, да поминат убава вечер во дружба.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Два смртни случаи и 125 нови случаи на Ковид-19 во Македонија

Во последните 24 часа се потврдени два смртни случаи и 125 новозаболени од коронавирус во Македонија, соопшти Министерството за здравство. Направени...

Македонија2 часа

Филипче: Медиумите да престанат да изнесуваат непроверени информации за бројот на заболени од Ковид-19

Министерот за здравство, Венко Филипче, упати молба до медиумите да престанат да изнесуваат шпекулативни и непроверени информации околу бројот на заболени...

Македонија4 часа

НАкС: Со одлуката на Владата повеќе нема правна дилема за спроведување на изборите на УКИМ

Со одлуката на Владата  да се стават во мирување сите активности за избор на органи на управување повеќе нема правна...

Регион5 часа

Вучиќ: Нема среќно решение за Косово

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави денеска дека кога станува збор за Косово, нема среќно решение за Србија и дека, какво...

Свет5 часа

Минеаполис им забрани на полицајците да применуваат сила со задушување при апсење

Градското собрание на Минеаполис донесе одлука за забрана за задушување на лице за време на полициско апсење. Одлуката доаѓа по...

Свет7 часа

(Видео) Џастин Трудо клекна на колена во знак на поддршка на демонстрантите

Премиерот на Канада, Џастин Трудо, клекна на колена во знак на солидарност со демонстрантите на вчерашниот протест против расизмот што...

Свет7 часа

(Видео) Трамп: Ова е прекрасен ден за Флојд

Претседателот на САД, Доналд Трамп, за време на конференцијата за економското закрепнување на Америка, зборуваше и за протестите по убиството...

Спорт8 часа

Брендот Џордан ќе донира 100 милиони долари за борбата против расизмот

Брендот „Џордан“ во наредните 10 години, поради убиството на Џорџ Флојд и новонастанатата ситуација во САД, ќе донира 100.000.000 долари,...

Македонија18 часа

Влада: 30 милиони денари за здруженија и фондации за справување со корона кризата

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за мерки...

Свет22 часа

СЗО: Секој треба да носи маска на јавен простор

Светската здравствена организација ги ажурираше своите насоки во борбата против Ковид-19 и сега препорачува дека секој треба да носи маска...

Македонија23 часа

Не се планираат рестрикции од понеделник и покрај бројките на новозаболени

Не се планираат никакви рестриктивни мерки од понеделник и покрај големите бројки на новозаболени од коронавирус. Министерот за здравство Венко...

Македонија1 ден

Заболени 11 здравствени работници од ГОБ „8 Септември“

Единаесет здравствени работници од ГОБ „8 Септември“ се заболени од коронавирусот. Дополнително, новозаболени има и од Гинеколошко-акушерската клиника, соопшти министерот...

Македонија1 ден

Филипче: 90 отсто од новозаболените се асимптоматски, кластерите се под контрола

Ситуацијата е под контрола, убедува министерот за здравство Венко Филипче откако денеска земјава го достигна пикот според новозаразени. Тој не...

Македонија1 ден

Регистрирани 180 случаи на коронавирус, 109 се од Скопје

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1272 тестирања, а регистрирани се 180 нови случаи на...

Македонија1 ден

Петровска: Пронајдени се снимките од кафеаната каде што беше Мицкоски

Одземен е уредот за снимање од кафеаната каде што седел лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кога инспектори беа спречени да...

Македонија1 ден

Заев до Ахмети: Ако ДУИ условува со позицијата премиер, нема да биде дел од идната Влада

Доколку ДУИ има услов за коалиција за Влада, тогаш ДУИ нема да биде дел од идната Влада, порача на „Фејсбук“...

Македонија1 ден

Коронавирусот се врати во Дебар, заразена e жена која била во контакт и со медицински персонал

Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, вели дека во градот се појавил еден нов случај на жител заразен со коорнавирус. Тој...

Свет1 ден

Босанец осомничен за напад на полицајци при немирите во Њујорк, се поврзува со тероризам

Џенан Камовиќ, Босанец кој живее во Америка, е осомничен дека повредил тројца полицајци во Њујорк. ФБИ сега истражува дали станува...

Топ1 ден

Паркиран камион се придвижил и удрил во две лица во Виница, жена почина на самото место

Во попладневните часови на 4 јуни кај стариот градски „Зелен пазар“ во Виница, претходно паркирано товарно возило „застава“ без регистарски...

Европа1 ден

Регионална шпанска влада осудена за негрижа кон здравствените работници

Судот во провинцијата Арагон, на истокот на Шпанија, ја осуди регионалната власт затоа што не им обезбеди на лекарите заштитен...

Досие