Контакт

Книги

Бесплатно електронско издание на книгата „Коронавирус“

Објавено пред

Издавачката куќа „Феникс“ од Скопје го објави бесплатното електронско издание на детската едукативна и илустрирана книга „Коронавирус“. Изданието е проект на британскиот издавач Nosy Crow, од авторите Елизабет Џенер, Кејт Вилсон и Ниа Робертс, со илустрации на Аксел Шефлер, во соработка со професорот Грејам Медли.

Идејата за објавување на македонското издание, како и преводот, е на Наталија Ѓерѓева.

Книгата е практичен и информативен прирачник со едноставни објаснувања за коронавирусот и неговите последици од здравствена перспектива, но и неговото влијание на секојдневниот живот на семејството.

Изданието е популарно и илустрирано, односно е наменето за деца, но и за возрасни, со многу полезни и практични совети за справување со коронавирусот. Книгата содржи и многубројни совети од наставници и детски психолози, кои помагаат да се објаснат промените со кои во моментот сите сме соочени.

Книгата може бесплатно да се преземе од веб-страницата на „Феникс“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

И монографијата „Манаки“ на Игор Старделов достапна онлајн

Објавено пред

Кинотеката на својата веб-страница продолжи да додава дел од своите изданија, со што тие се достапни за пошироката јавност, кинотечната публика и сите оние што сакаат да дознаат нешто повеќе за домашната и странската кинематографија. По сите досегашни броеви на „Кинопис“, списанието за теорија и историја на филм, од денес достапна за читателите е и монографијата „Манаки“ од авторот Игор Старделов, издание на Кинотеката од 2003 година. Тука можете да ја преземете монографијата.

Монографијата е еден заокружен научен труд за дејноста, значењето и активноста на првите сниматели на Балканот – браќата Јанаки (1878-1954) и Милтон (1880-1964) Манаки – и донесува нови сознанија за нивната фотографска, филмска и киноприкажувачка дејност. Низ шест поглавја авторот ги разгледува не само биографските моменти и творечкиот опус на браќата Манаки туку и критички демистифицира одредени историски факти и тврдења за нивниот живот и дело, ги анализира содржината и структурата на нивните филмови и изразните елементи, како монтажа, структура и хронотопичност на кадар, семиотика на филмска слика, кинестетски карактеристики на масовните сцени итн. На крајот, со посебен прилог Старделов се осврнува кон предизвиците на реставраторските и конзерваторски хемиски процеси со кои се заштитени филмските ленти на Манакиевци.

Во 2014 година монографијата „Манаки“ беше преведена и на турски јазик за заедничкото издание на Кинотеката и ESR Film Yapim од Истанбул.

Игор Старделов (1963) е раководител на Одделението на заштита на филмови и филмски материјали (Филмскиот архив) на Кинотеката. Објавил повеќе научни трудови од областа на историјата и теоријата на филмот во домашни и странски списанија, а меѓу другото, раководел и со проектите за заштитна реставрација на филмските ленти и дигитализација на филмовите на браќата Манки, финансирани од Министерсвото за култура.

Кинотеката филмовите на браќата Манаки, реставрирани и дигитализирани, ги издаде на ДВД во 2014 година.

Прикажи повеќе...

Книги

Објавени две ремек-дела за млади на познатиот кинески писател Шен Шиси

Објавено пред

Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје деновиве објави две книги за деца и млади од Шен Шиси, еден од најпознатите современи писатели за деца во Кина: „Мајката чакал Скарфејс“ (роман) и „Лисицата трговец“ (раскази).

Неколку дела на Шен Шиси се сметаат за ремек-дела во современата кинеска литература за деца и млади, меѓу кои и овие две. Романот „Мајката чакал Скарфејс“ од англиски јазик го преведе Славчо Пеев, а збирката раскази „Лисицата трговец“ – Влатко Стојковски, исто така од англиски јазик.

Шен Шиси (1952) во кинеската литература е познат како кралот на приказните за животни и е најпродаваниот автор за деца во Кина. Пишува за хуманите односи меѓу животните и луѓето и за хармоничната врска меѓу човекот и природата. Тој е повеќекратен добитник на највисоките награди за литература за деца во Кина. За романот „Мајката чакал Скарфејс“ ја доби тринаесетта по ред награда „Кинеска книга“. Негови дела се преведени на повеќе јазици. Живее во Шангај, Кина.

„Мајката чакал Скарфејс“ е роман за суштинската поврзаност меѓу најнеoчекуваните сојузници – чакалите и луѓето, како и за врските што се преплетуваaт меѓу нив. Скарфејс и нејзината глутница златогрби чакали живеат тежок живот. Омразени и несфатени, постојано се прикриени, подалеку од очите на луѓето. Чампа, селскиот ловец, ги грабнува младенчињата на чакалите поради одмазда, со намера да ги искористи за да ја намами и да ја сотре целата глутница. И покрај користа што ја имаат од Скарфејс и од нејзината глутница, селаните сакаат чакалите да си заминат засекогаш. Но, набргу по заминувањето на глутницата, селаните ќе сфатат дека животот без чакалите не е рајот што некогаш си го замислувале. Зошто?

Збирката „Лисицата трговец“ е составена од седум раскази во кои се прикажани диви, но и домашни животни. Самиот наратив е напишан во лесно читлива форма и содржи многу информации за однесувањето на животните и нивната емоционална интелигенција; во него се прави паралела меѓу однесувањето на луѓето и животните и се отвораат морални и еколошки прашања, прашања за потребната одговорност и меѓусебното помагање. Во книгата се прикажани разни карактери на разни животни. Тие имаат и разни чувства; и чувства за љубов и чувства за грижа и одговорност. Нивните карактери и меѓусебни односи се одраз на човековите карактери и односи. Во ова книга има сурови, но и топли и трогателни приказни.

Во предговорот на кинескиот издавач на изданието на кинески јазик за книгата е напишано: „Животните што се прикажани во оваа емотивна збирка имаат длабоки емоции. Не само што ја разбираат љубовта туку имаат и необјасниво чувство за одговорност и се способни таа одговорност да ја понесат на своите раменици. Како и во животот, застапени се и оние што поседуваат многу полоши карактеристики. Тука се и оние што се користољубиви, измамници, арогантни и злобни, дури и во царството на животните. Без разлика за кои видови станува збор, овие животни и нивните приказни нè потсетуваат на човештвото како целина и ни овозможуваат да се преиспитаме за тоа какви се нашите ставови и нашето однесување кон животните и природата“.

Овие две книги се први дела на Шен Шиси преведени на македонски јазик. Инаку, во текот на оваа година од истиот автор „Македоника литера“ ќе објави уште пет тома избрани раскази со тема животни.

Прикажи повеќе...

Книги

Стефан Марковски застапен во поетска антологија „Хибискус“ во Индија

Објавено пред

Стихови од македонскиот книжевник Стефан Марковски беа застапени во меѓународната поетска антологија Hibiscus: Poems that Heal and Empower, објавена во Колката, Индија.

Стиховите со наслов „Вселените што дишат радост“ (анг. The Joy-Breathing Universes), дел од стихозбирката „Сиво сјаат вселените“, се вклучени во антологијата по покана на познатиот индиски поет Кирити Сенгупта, главен и одговорен уредник. Препевот на англиски јазик е дело на авторот.

Темата на антологијата е втемелена на одговорот на прашањето – дали и до која мера може да се определи исцелителната моќ на поетската реч во услови на глобална здравствена и духовна криза? Во антологијата се вклучени песни од 103 поети од целиот свет, а покрај Сенгупта, во нејзиното уредување учествуваа уредници од САД и Индија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Хрватските граници нема да бидат отворени за туристи од Македонија

Хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ, најави денеска отворање на границите за туристи од 10 земји, меѓу кои не е Македонија. „Успеавме...

Македонија2 часа

При влез во ресторан ќе се покажува лична карта, а следните 10 дена се период за едукација на угостителите

Инспекторатите нема да ги казнуваат гостите во угостителските објекти, туку фирмите доколку не се почитуваат протоколите за работа, најави директорот...

Македонија2 часа

Потврдени 38 нови случаи на Ковид-19, од кои над 20 се од Скопје, починаа уште 3 лица

Денеска, потврдени се 38 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани е 2.077 лица, oздравени се 16...

Македонија3 часа

Чулев: На литијата во Струга имаше затајување на функцијата на полицијата, истрагата е во тек

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, вели дека ѝ натаму се работи на идентификација на лицата што учествувале на...

Македонија3 часа

Регистриран првиот случај на починат здравствен работник од Ковид-19

Во земјата е регистрирана првата смрт на здравстветен работник како последица од коронавирусот. Станува забор за дипломираниот фармацевт Петар Мојсоски,...

Македонија4 часа

Игротеките бараат финансиска поддршка и датум за почеток со работа

Групацијата на забавни и рекреативни дејности во рамките на Услужната комора при Сојузот на стопанските комори на Македонија достави четири...

Македонија5 часа

Независниот синдикат на полицијата: Наградата за полицајците да се исплати во платата во јуни

Независниот синдикат на полицијата побара техничкиот премиер и министерот за внатрешни работи итно да се договорат за наградата за полицајците...

Македонија6 часа

Кафулињата и рестораните почнуваат со работа, сѐ уште е забрането организирање свадби и родендени

Со одлука на Владата, од денеска почнуваат со работа кафетериите и угостителските објекти со посетители во отворените делови на овие...

Македонија6 часа

Филипче: Само заеднички може да ја надминеме оваа состојба од која ќе излеземе посилни и помудри

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека почнува да се враќа животот во нормала и почнуваат да се отвораат бизнисите,...

Економија6 часа

Парична помош за оние што останале без работа во периодот од 11 март до 30 април

Работниците што поради корона-кризата останале без работа, независно од времето поминато во работен однос, ќе може бргу да дојдат до...

Регион7 часа

Кипар ќе им ги плати трошоците за одмор на сите туристи што ќе заболат од Ковид-19

Кипарските власти порачаа дека ќе ги покријат трошоците за одмор во земјата за секој што ќе биде позитивен на коронавирусот...

Македонија21 час

Продолжува да важи платеното породилно отсуство до завршувањето на времените мерки

Владата донесе Уредба за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба, во која е предвидено отсуството...

Европа22 часа

Меркел: Уште сме на почетокот со пандемијата

Германската канцеларка Ангела Меркел ги оцени како позитивни досегашните постигнувања во борбата против коронавирусот, но како што рече, општеството е сè...

Европа1 ден

Европската комисија предлага 1.850 милијарди евра за заздравување на економиите

Европската комисија предложи инструмент за заздравување на економиите од корона-кризата, вреден 750 милијарди евра, и повеќегодишна финансиска рамка (ВФО) од...

Регион1 ден

Во Хрватска трет ден нема нови случаи, се укинува забраната за свадби

Трет ден по ред во Хрватска не е потврден ниту еден нов случај на коронавирус. Со ова вкупниот број на...

Македонија1 ден

Разрешен поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи

Ријасетот на Исламската верска заедница на денешната седница донел одлука да се разреши Сулејман ефенди Реџепи од позицијата реис-ул-улема, претседател...

Македонија1 ден

Тројца починати и 25 новозаболени од коронавирус

Тројца починати и 25 новозаболени се регистрирани денеска во државата. Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје...

Македонија1 ден

Бектеши: Угостителите ќе работат до 20 часот, на една маса само по четири лица

На една маса во угостителски објект може да седат до четири лица, а угостителите ќе работат до 20 часот, соопшти...

Македонија1 ден

Чулев: Владата да ја усвои уредбата со која е предвидена награда за полицајците

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, ја повика Владата да ја усвои уредбата со која е предвидена награда за полицајците....

Македонија1 ден

Чулев: Пријавите за семејно насилство за април-мај зголемени 44,6 отсто за разлика од лани

Министерството за внатрешни работи регистрира зголемен број поплаки од граѓани за извршено семејно насилство. Техничкиот министер, Наќе Чулев, рече дека...

Досие