Култура
„Бизнисот на задоволството“ во Венецуела
Дебитанскиот филм на Гоце Цветановски ја продолжува успешната фестивалска кариера.
По дваесетина селекции и 5 награди во 2023, политичкиот трилер, кој ја третира темата на трговија со жени, годинава својата прва проекција ќе ја има во Венецуела, на 9. издание на FICMARC – Caribbean Sea International Film Festival, кој ќе се одржи од 19 до 21 јануари.

Ова е третпат филмот да игра во Латинска Америка, каде што лани доби награда за најдобар филм на филмските фестивали во Перу и Панама. Во главните улоги играат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ и Исмаил Касуми, а продуценти се Богдан Јончевски, Дритон Рамадани и Гоце Цветановски.

„Бизнисот на задоволството“ е поддржан од Агенцијата за филм, а македонската публика напролет, конечно, ќе може да го види и во киносалите кај нас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
