Контакт

концерти

„Бит-фест“: Спектакл на Хераклеја со Исмаил Лумановски

Објавено пред

Кога кларинетот и канонот се носечки инструменти во група составена од врвни музичари, на чиј репертоар се композиции со етнопоп-џез стил, тогаш задоволството за публиката е гарантирано.
Така беше и синоќа во античкиот локалитет Хераклеја, каде што концерт одржа виртуозот на кларинет, светски познатиот и признат Исмаил Лумановски, заедно со членовите на неговата група „Њујорк џипси ол старс“.

На концертот беа изведени композиции од двата албума на групата, како и нови преработки со мотиви од балканскиот традиционален мелос, а Лумановски ја покажа својата виртуозност во секоја музичка област. Членовите на групата, исто така врвни изведувачи, со целата енергија го дадоа најдоброто од себе и приредија вистинско музичко задоволство.

Многубројната битолска публика во локалитетот Хераклеја со аплауз и бис-изведби го награди Лумановски, кој заблагодарувајќи ѝ се на публиката, уште еднаш истакна дека му се исполнил животниот сон да музицира во објект полн со историја и енергија. Концертот на Исмаил Лумановски се одржа во рамките на Битолското културно лето, со финансиска поддршка на Општина Битола.

Вечерва, во 19 часот, ќе се одржи промоција на книгата „Вермахтот и Македонија“ во НУ ЗМГ, мала сала, а настанот „Слики, графики и скулптури ‘Мал формат’“ е одложен за 24 август.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

концерти

Трип-хоп легендите Hооverphonic со концерт во Македонската филхармонија

Објавено пред

Светски етаблираниот трип-хоп бенд Hооverphonic ќе одржи концерт во Скопје на 29 март во салата на Македонската филхармонија во рамките на својата балканска турнеја и ќе имаат настапи и во Загреб, Белград и во Софија.

Од организаторот „Авалон продукција“ велат дека салата на Македонската филхармонија во Скопје е најадекватен објект за музиката на овој бенд.

Hооverphonic e белгиски бенд основан во 1995 година, кој зад себе има осум студиски албуми, како и неколку компилациски изданија.

Кон средината на ноември минатата година бендот го објави албумот Looking for stars, што содржи единаесет композиции на кои бендот експериментира со повеќе музички жанрови, но сепак останува верен на трип-хопот, чија основа преовладува на целиот носач на звук, а исто така наиде и на одлични критики кај музичките рецензенти.

Публиката во Скопје ќе има ексклузивна можност првпат во живо да ги чуе некои од најголемите хитови што ја одбележаа кариерата на еден од најпознатите трип-хоп бендови на сите времиња, како што се легендарната Mad about you, 2 Wicky, Eden, Winegar and salt и уште многу други.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од среда (16 јануари), а информации за цените на билетите ќе бидат дополнително објавени.

Прикажи повеќе...

концерти

Поповиќ: Покојниот градоначалник несебично го помагаше „Охридско лето“

Објавено пред

Во чест на покојниот градоначалник на Охрид, Јован Стојаноски, вчера српските солисти, мецосопранот Александра Петровиќ и тенорот Стеван Каранац, заедно со Српскиот камерен оркестар одржаа класичен концерт во рамките на фестивалот „Охридско лето“.

Публика уживаше во внимателно одбраниот репертоар со дела од Росини, Шопен, Сичински, Крајслер, Елгар, Лехар, Чајковски, Маскањи, Дебиси, Штраус и Калман.

Како што истакна директорката на Националната установа „Охридско лето“, Наташа Поповиќ, овој настан со исклучително талентирани уметници е посветен на Стојаноски кој несебично го помагал фестивалот.

„За жал, не успеавме до крај да ги реализираме нашите заеднички визии за напредокот на оваа национална установа и останавме без нашиот искрен пријател и поддржувач. Не постојат зборови со кои можеме да ја утешиме болката за загубата на семејството, ниту зборови со кои ќе ја искажеме благодарноста за неговиот придонес во градењето на успешната приказна наречена „Охридско лето“. Во овој момент ја нема насмевката на нашите лица, но покрај тагата, чувствуваме гордост и чест што бевме пријатели со човекот што го красеше добрината, искреноста и човечноста“, рече Поповиќ.

Младата уметница Александра Петровиќ првпат настапува на фестивалот „Охридско лето“, но како што нагласи, е воодушевена од организацијата на концертот и гостопримливоста на домаќините.

„На фестивалот „Охридско лето“ настапувале мои колешки и пријателки, но јас ја немав таа можност се’ досега. Навистина огромна е честа зашто знам дека на овој фестивал што постои долго, настапувале многу еминентни уметници“, рече мецосопранот Петровиќ.

И според тенорот Стеван Каранац, концертот на „Охридско лето“ бил воодушевувачки, не само за публиката, туку и за самите уметници.

„Исто како и публиката, и ние уживавме на сцената. Со мојата колешка Александра завршивме оперски студии во Народниот театар така што имаме прилика да соработуваме со големи стручњаци како што е маестро Ѓорѓе Павловиќ со кого го изведовме овој концерт, но и со нашите помлади колеги од оркестарот“, додаде Каранац.

Уметничкиот директор и диригент на Српскот камерен оркестар, Ѓорѓе Павловиќ, рече дека воодушевувачка е идејата, фестивалот „Охридско лето“ да ја прошири културната понуда и надвор стандардниот термин во лето.

По завршувањето на 58-то издание, „Охридско лето“ организира два концерти надвор од востановениот фестивалски термин. На 18 декември минатата година настапи еден од најоригиналните изведувачи на денешната класична музичка сцена, италијанскиот пијанист Емануеле Арчиули, а еден месец претходно, во фестивалската историја се впишаа и имињата на пијанистот Александар Синчук и флејтистот Артем Науменко од Русија.

Прикажи повеќе...

концерти

Променета локацијата за концертот организиран во спомен на охридскиот градоначалник

Објавено пред

Концертот на српските солисти Александра Петровиќ и Стеван Каранац, кои на 12 јануари ќе настапат во рамките на фестивалот „Охридско лето“ заедно со Српскиот камерен оркестар, поради ниските зимски температури, наместо во црквата „Света Софија“ ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид со почеток во 19 часот, информираат од фестивалската дирекција.

На репертоарот се дела од композиторите Џоакино Росини, Фредерик Шопен, Рудолф Сичински, Фриц Крајслер, Едвард Елгар, Франц Лехар, Петар Илич Чајковски, Пјетро Маскањи, Клод Дебиси, Јохан Штраус и Емерих Калман.

Овој настан во областа на класичната музика, националната установа „Охридско лето“ го посветува на прерано починатиот градоначалник на општина Охрид, Јован Стојаноски.

Младата уметница Александра Петровиќ основното и средното музичко образование ги завршила во Ниш, во класата на професорот Гордана Милошевиќ, на катедрата соло пеење. Настапувала во Ниш, на НИМУС, на концертите на Виенските валцери и оперски арии со Видинската филхармонија, со младинската филхармонија „Наисус“, како и со дувачкиот квинтет „Нишки солисти“. Во моментов е на специјалестички студии на Факултетот за музички уметности во Белград, во класата на професорот Никола Мијаиловиќ. Од 2018 година, Петровиќ е хоноререн соработник на Операта и Народниот театар во Белград.

Тенорот Стеван Каранац музичкото образование го започнува во 2009 године во музичкото училиште „д-р Милоје Милојевиќ“ во Крагуевац. Стилот и техниката на пеење и глума ги усовршува на многу работилници и мајсторски курсеви со плејада успешни пејачи, режисери и актери. Го завршил и курсот за оперски студии „Борислав Поповиќ“ во Народниот театар во Белград. Како активен учесник на интернационални натпревари во Србија, регионот и странство, добитник е на бројни награди, меѓу кои и наградата „Лауреат“. Од 2013 година одржува бројни концерти во Србија и надвор од земјата.

Српскиот камерен оркестар е основан во 1994 година од страна на уметничкиот директор и диригент Ѓорѓе Павловиќ. Оркестарот работи во неколку постави: како гудачки, камерен во мешан состав, мал симфониски, помали камерни состави како дуа, триа, квартети и слично. Специјализиран е за изведување дела од современи српски композитори со традиционални елементи. Освен тоа, на репертоарот на оркестарот се застапени дела од светски композитори од сите епохи, од барокот до денес. Овој состав е добитник на високи оцени од страна на стручната критика, а Култната просветна заедница од Белград му доделила награда за траен придонес во културата за 1995 година.Како потврда за квалитетот за досегашната работа се големиот број трајни снимки за Радио-телевизија Србија, изведби што покажуваат голема техничка подготвеност на ансамблот и високо ниво на музицирање кои се неопходни за да се изведе една ваква сложена работа како што се снимањето концерти во живо. Членовите во оркестарот се успешни уметници кои често настапуваат како солисти.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Истражувања7 часа

(Видео) Турците ем градат кај Стара железничка ем плаќаат казна од 2 милиона денари месечно

Турската компанија „Лимак“, која го гради комплексот со дваесеткатници кај Старата железничка станица, месечно уплаќа по  2 милиони денари во...

Македонија8 часа

(Видео) Димовски: Следува комплициран избор на антикорупциска комисија

Конкурсот за избор на членови на антикорупциската комисија објавен во октомври денеска беше поништен за да може да се објави...

Македонија9 часа

(Видео) Наумовски си ја зголеми платата, а Ѓорче Петров нема пари за ветените базен и градинка

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски, годинава ќе зема повисока плата, а планирани се и нови вработувања во Општината во...

Топ10 часа

Каракамишева повикана во полициска станица поради говор на омраза

Професорката Тања Каракамишева била на информативен разговор во полициска станица бидејќи била пријавена за ширење говор на омраза. Таа на...

Македонија11 час

(Видео) Ако не се освести Заев, одиме со Мицкоски, порачаа пазарџиите

„Ако не се сврти кон народот, како што вети Заев, ние ќе се приклучивме кон другите, ќе одиме со Мицкоски“,...

Македонија12 часа

(Видео) Кекеновски со иницијатива до Уставниот суд: Се противам на каубојското носење на Законот за јазиците

Професорот Јове Кекеновски поднесе иницијатива за оценка на уставноста на Законот за употреба на јазиците. Според него, власта каубојски и...

Македонија12 часа

Камчев со Јанакиески: „Шефе, со дупоиве што ги обори Центар, шо стана“?

Во кривичниот суд во Скопје се одржа рочиштето за предметот на СЈО ,,Насилство во Општина Центар“. На денешното судење беа...

Македонија14 часа

„Јадеше гулаш во Унгарија, а?” – Јанакиески се пошегува со посетителот на Груевски

Пред почетокот на денешното рочиште на судењето за насилството пред Општина Центар, ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, го...

Македонија14 часа

Владата: Законот за јазиците не воведува целосна двојазичност

Законот за јазиците ги унапредува правата на сите немнозински заедници и не предвидува нови вработувања. Македонскиот јазик со кирилското писмо...

Свет14 часа

В недела целосно затемнување на Месечината, ќе трае еден час

Месечината, Земјата и Сонцето за време на викендов ќе бидат во иста линија кога се очекува целосно затемнување на Месечината,...

Свет17 часа

Трамп ја откажа делегацијата на Светскиот економски форум во Давос

Претставниците на администрацијата на Трамп нема да отпатуваат на Светскиот економски форум во Давос овој месец, во контекст на делумната...

Свет17 часа

Најмалку еден убиен и еден повреден во пукање во Хјустон

Една жена била застрелана на паркингот на една црква во Хјустон, Тексас во четвртокот, а уште едно лице било рането,...

Македонија1 ден

Оливер Андонов учествуваше во сообраќајка, има повредени

Ексминистерот за внатрешни работи и поранешен директор на ЈП „Јасен”, Оливер Андонов, учествувал во сообраќајна несреќа што се случила попладнево...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски и коалициските партнери бараат предвремени избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по состанокот со лидерите на политичките партии коишто се дел од коалицијата „За подобра Македонија“, ја...

Македонија1 ден

По скратена постапка донесен Законот за спречување на корупцијата

Со 81 глас „за“, попладнево во Собранието по скратена постапка беше донесен Законот за спречување на корупцијата и судир на...

Регион1 ден

Путин: Последните потези на Приштина предизвикуваат загриженост

Рускиот претседател, Владимир Путин, за време на престојот во Белград изјави дека рускиот став по прашањето за Косово е познат....

Регион1 ден

Грчката влада печати копии од преспанскиот договор за граѓаните

Грчката влада ќе достави до граѓаните десетина илјади копии од преспанскиот договор со цел тие да се информираат во пресрет...

Македонија1 ден

Алатката за потрошените пари на министрите работеше само три месеци

Ја промовираа во март 2018 година, а работеше до мај 2018 година. Алатката за отчетност на трошоците на министрите и...

Македонија1 ден

(Видео) ДУИ очекува СДСМ да си стои на договорот за заеднички кандидат за претседател

Коалциониот партнер на СДСМ, ДУИ, очекува СДСМ да си стои на договреното и на претседателските избори да излезат со консензуален...

Uncategorized1 ден

(Видео) Османи: Двоглавиот орел значи јас сум Албанец, а не порака за голема Албанија

Вицепремиерот Бујар Османи вели дека веќе е почната примената на Законот за употреба на јазиците и дека тој лично денеска...

Досие