Контакт

Култура

„Боеми“ на Џакомо Пучини на 22 мај во Националната опера и балет

Објавено пред

Величественото дело „Боеми“ на Џакомо Пучини ќе биде изведено на 22 мај, со почеток во 20 часот, под диригентската палка на Оливер Балабурски, во режија на Дејан Прошев.

Во улогата на Родолфо ќе настапи добро познатиот тенор Иван Момиров од Бугарија. Цветелина Василева од Бугарија со својот уникатен лирско-драмски сопран ќе ја изведе улогата на Мими. Таа има богата музичка кариера настапувајќи низ најпрестижните оперски куќи како што се Метрополитен во Њујорк, Кралската опера „Ковент Гарден“, Државната опера на Берлин и многу други низ целиот свет.

Валдис Јансонс од Латвија ќе настапи како Марчело, Андреа Ѕаупа од Италија во улогата на Шонар, додека заводливата Мизета ќе ја толкува Катерина Стојановска, а Владимир Саздовски во улогата на Колин.

концерти

Уникатната Зи Зи на роденденскиот концерт на Филхармонија

Објавено пред

Имагинативна и возбудлива, кинеската пијанистка Зи Зи, една од најуникатните појави меѓу новата генерација пијанисти ќе настапи во четврток (21 ноември) во Филхармонија. На роденденскиот концерт на Филхармонија таа ќе го изведе Концертот за пијано и оркестар од Јоханес Брамс.

Критичарите ја опишуваат оваа пијанистка како „полна со ентузијазам, гламур, младешка енергија“, а за нејзините изведувачки капацитети велат дека „може да ги пренесе слушателите во друга реалност“. Критичарите не ги штедат зборовите и за нејзината креативна зрелост, пишуваат дека таа во своите изведби е „моќна, страстна, полна со чист артизам“.

Концертот симболично насловен „Среќен роденден“ со кој Филхармонија одбележува 75 години од основањето ќе го води маестро Борјан Цанев, а на програмата се и „Фантазија корале“ од Томислав Зографски и варијациите „Среќен роденден“ од Филип Иванов.

Билетите се веќе достапни и можат да се набават на билетара на Филхармонијата, да се резервираат на тел: 02 / 3238 182, да се купат онлајн на нашата веб-страна www. filharmonija.mk

Прикажи повеќе...

Култура

„Зад хоризонтот“ ќе го затвори „Синедејс“

Објавено пред

Со доделување на наградите и проекција на филмот „Зад хоризонтот“ вечерва ќе биде затворeно oсумнаесеттото издание на Меѓународниот фестивал на европски филм „Синедејс“.

Филмот „Зад хоризонтот“ ќе бида прикажан во кино Милениум со почеток во 20 часот.

Претходно, во кино Фросина во детската програма со почеток во 11 часот ќе биде прикажан „Господин Мол и фабриката за чоколадо“, а во 13 часот „Кариран нинџа“. Влезот е слободен.

Во рамки на придружната програма во 23 часот на „Синемјузик“ во МКЦ диџеј сет ќе има Филип Пајдаков и Џано Куч – FilDzan, а влезот е слободен.

Прикажи повеќе...

Култура

Дорфулија од „Медена земја“ меѓу десетте најатрактивни европски локации за филм

Објавено пред

Дорфулија од „Медена земја“ се најде меѓу десетте најатрактивни европски локации за филм. Изборот за најдобра локација сè уште трае и може да се гласа до 30 декември на овој линк https://cineuropa.org/en/felaprofile/380513/#cm.

По трет пат Европската мрежа на комисии за филмови (EUFCN), во соработка со филмскиот портал Cineuropa , го организира изборот за најдобра европска локација за филм во филмската и ТВ-индустријата. Во првата фаза од натпреварот, секоја членка на EUFCN номинираше една локација од нивниот регион, односно земјата што е претставена во филмот, ТВ-сериите или документарниот филм објавен помеѓу јануари 2018 и јули 2019 година.

Десетте локации во конкуренција за награда, од кои сите ја истакнуваат убавината и разновидноста на Европа, се:

Хрватска: Завршје -Piemonte d’Istria / Istria Film Commission, Robin Hood – Otto Bathurst

Грција, Атина: Hellenic Film Commission, The Little Drummer Girl – Chan-wook Park

Литванија, Вилнус: Vilnius Film Office, Chernobyl – Craig Mazin

Германија, Delphi Theatre : Berlin Brandenburg Film Commission, Babylon Berlin – Henk Handloegten, Tom Tykwer, Achim von Borries

Северна Македонија, Дорфулија: North Macedonia Film Agency, (Медена земја) Honeyland – Tamara Kotevska, Ljubomir Stefanov

Шпанија, El Hierro : Canary Islands Film, Hierro- Jorge Coira

Ирска, Luggala : Screen Ireland, Vikings – Мichael Hirst

Украина, Lviv : Lviv Film Commission, Eva.Stories – Mati Kochavi, Maya Kochavi

Италија, Rocca Guidonesca di Rocchettine / Roma Lazio Film Commission, Il Nome della Rosa – Giacomo Battiato

Белгија, Royal Brussels: Screen.Brussels, Les Miserables – Tom Shankland.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 минути

Полската полиција евакуираше училиште и зграда откако пронајде експлозиви во стан

Според полското радио „РМФ ФМ“, една 11-катна зграда и блиското училиште во полскиот град Плок биле евакуирани откако полицајците откриле...

Македонија33 минути

(Видео) Одложено првото рочиште за убиството на Пино, обвинетата се појави во судница

Во кривичниот суд утрово беше одложено судењето за убиениот Пино Секондо, поради тоа што адвокатот на обвинетата Ангела Ѓорѓиевска побара време...

Свет52 минути

Австралиска авиокомпанија постави нов рекорд за најдолг комерцијален лет

Австралиската компанија „Кантас“ го урна светскиот рекорд за најдолг непрекинат комерцијален лет во историјата. Растојанието од Лондон до Сиднеј (17.800...

Регион1 час

Поради говор на омраза исклучени осум членови на ХДЗ во Хрватска

Судот на честа за Градскиот комитет на Загреб ХДЗ синоќа донесе одлука да исклучи од партијата осум членови поради говор...

Свет2 часа

Иранскиот врховен водач помилува 3.500 затвореници

Иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, помилува илјадници затвореници вклучувајќи 32 активисти и други обвинети за загрозување на безбедноста. Веб-страницата...

Свет3 часа

(Видео) Крвав напад во САД: Убиени двајца ученици, 16-годишниот напаѓач си пукал во главата

Двајца ученици загинаа во нападот што се случи вчера во средното училиште „Саугус“ во калифорнискиот град Санта Кларита.Напаѓачот е 16-годишен...

Македонија15 часа

Заев: Мицотакис ќе се бори да добиеме датум за преговори

Премиерот Зоран Заев во рамките на Самитот во Солун попладнево се сретна со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. По средбата, Заев...

Македонија16 часа

(Видео) Мицкоски до наставниците: Заев не ви додава, туку ви одзема од платите кои чесно ги заработувате

„Почитувани наставници и професори, драги колеги и пријатели, вие сте луѓето коишто ја образуваат нашата нација и од мене ја...

Култура17 часа

Дорфулија од „Медена земја“ меѓу десетте најатрактивни европски локации за филм

Дорфулија од „Медена земја“ се најде меѓу десетте најатрактивни европски локации за филм. Изборот за најдобра локација сè уште трае...

Економија17 часа

Собранието изгласа минималната плата да биде 14.500 денари

Со 59 гласови ЗА, пратениците попладнево ги изгласаа измените во Законот за минимална плата, со што дадоа зелено светло таа...

Регион18 часа

Хан: Вучиќ ми кажа дека е демотивиран по блокадата на преговорите со Северна Македонија и Албанија

Европскиот комесар за проширување во заминување, Јоханес Хан, вели дека српскиот претседател Александар Вучиќ му кажал дека по блокирањето на...

Македонија21 час

Обвинителството: Случајот со катната гаража на „Никофон“ е во предистражна постапка

Случајот за кривичната пријава во врска со катната гаража, што „Никофон“ треба да ја гради кај „Аутомакедонија“, сè уште е...

Свет22 часа

Од Лондон до Сиднеј за 19 часа: се реализира најдолгиот лет во историјата

Водечката австралиска авиокомпанија „Кантас“ по еден месец од рекордно долгиот лет меѓу Њујорк и Сиднеј, планира пробен 19-часовен непрекинат лет...

Македонија24 часа

Нападнати двајца новинари во близина на угостителски објект во Скопје

Двајца новинари синоќа биле физички нападнати од страна на неколку 20-годишни лица. Од МВР информираа дека нападот се случил на...

Македонија1 ден

Сведочење на полицаец: Проверив 78 луѓе од Избирачкиот список, ниту еден не беше на пријавената адреса

Полицаецот Агрон Кранлиевски од Ресен во предметот „Титаник“ на СЈО сведочеше дека во 2012 година правел проверки на живеалишта на...

Македонија1 ден

Контрола на автобуси и комбиња во Тетово – 14 возеле патници со неисправни сопирачки, 8 без технички преглед

Вчера, во Тетово, била спроведена акциска контрола за техничка исправност на возилата што вршат јавен превоз на патници, најмногу автобуси...

Македонија1 ден

Заев заедно со Мицотакис и Борисов учествува на самит во Солун

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска учествува на годинашниот самит во Солун, кој е под покровителство на претседателот на Република...

Свет1 ден

Насилството во Хонгконг ескалира: демонстрантите со стрели ги гаѓаат полицајците

Полицијата во Хонгконг соопшти денеска дека демонстрантите со стрели ги гаѓале полицајците што патролирале во близина на Политехничкиот универзитет, а...

Европа1 ден

(Видео) Вонредна состојба во Венеција

Италијанската влада денеска ќе прогласи вонредна состојба поради поплавата во Венеција со цел што побргу да се мобилизираат средства за...

Македонија1 ден

Едно од девет возрасни лица во Северна Македонија има дијабетес

Во Северна Македонија едно од девет возрасни лица има дијабетес или околу 175 илјади луѓе, објави Асоцијацијата за детски дијабетес на...

Досие