Контакт

Книги

Босанската писателка Лејла Каламујиќ на првата фестивалска вечер на „Про-за Балкан“

Објавено пред

Босанската писателка Лејла Каламујиќ, која во мај е на резиденцијален престој во Скопје во рамки на проектот „Читајќи го Балканот“, ќе настапи на шестото издание на фестивалот „Про-за Балкан“.

Каламујиќ ќе настапи на првата фестивалска вечер на која ќе бидат претставени и другите учесници на фестивалот, Роберт Перишиќ, Фросина Пармаковска, Ајфер Тунч и Јуриј Худолин.

На тркалезната маса „Балканските класици во европската литература: (не)визибилност во XXI век“, а ќе чита извадоци од своето дело на затворањето на фестивалот.

Таа е наградувана авторка од Босна и Херцеговина. Родена е во Сараево во 1980 година. Завршила филозофија и социологија на Филозофскиот факултет во Сараево. Пишува проза, есеи и критики. Централни теми во нејзиното творештво се сексуалноста, лудилото и смртта.

Проектот „Читајќи го Балканот“ се реализира со поддршка на програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија и на европската мрежа за превод и книги „Традуки“.

Книги

Финскиот писател Рику Корхонен на промоција на својот „Медицински роман“ во Скопје

Објавено пред

Издавачката куќа „Готен“ ве поканува на разговор со авторот и промоција на книгата „Медицински роман“ од финскиот писател Рику Корхонен. Разговорот и промоцијата ќе се одржат во рамки на фестивалот „Букстар“, на 20 ноември, со почеток во 20:30 часот, во галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје.

Рику Корхонен (1972) дебитираше на литературната сцена во 2003 година и брзо стана еден од главните современи фински писатели. Пред целосно да се посвети на литературата, работел како наставник во средно училиште и како предавач по креативно пишување на Универзитетот во Турку.

„Медицински роман“ е прекрасен роман за љубовта, смртта и политиката. Ја раскажува приказната за четири преплетени животни судбини… Крајот на летото во 2003 година е жешко и интензивно на многу начини. Во Ирак западните сили ветуваат дека во земјата ќе ги донесат демократијата и капитализмот. Далеку од овие битки, во еден приморски град во северна Европа младиот Никлас многу време поминува во пиење и во грижа за својата девојка Ина, чиј татко умира од рак. Една ноќ Никлас доживува визија што го променува. Верува дека нашол лек за причините за грижите на својата девојка.

Во овој прекрасно напишан роман, Корхонен создава знаменита приказна за преплетените судбини, возбудлива анализа на медиумската војна и духовита имитација на љубовен роман.
За „Медицински роман“, Корхонен во 2010 ја добива Наградата на Европската Унија за литература.

Преводот на книгата од бугарски на македонски јазик е на Борче Георгиев.
Преводот и промоцијата на книгата се поддржани од програмата Креативна Европа на Европската Унија.

Прикажи повеќе...

Книги

Почина писателката Вера Чејковска

Објавено пред

Денеска, по тешко боледување, на 64-годишна возраст почина македонската поетеса, раскажувач и есеист Вера Чејковска. Беше член на Друштвото на писатели на Македонија од 1987 година.

Зад себе ги остави збирките поезија: Човек и врата (1975), Множење на словото (1986), Опит (1992), Отсуството на Благиот (1993), Leximi i dritës (2000), Рабови (2007), Отсуството на Благиот II (2008), The Аbsence of the Mild One (2011), Моите веди (2013), My Vedas (2015), збирката раскази Чејка и чајка (2015), како и низа научни монографии и студии од областа на сеизмологијата.

Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата на гробиштата Бутел од 12 часот и 30 минути, а погребот ќе се изврши во 13 часот и 30 минути.

Прикажи повеќе...

Книги

Промоција на книгата „Новогодишни детски песни“ 

Објавено пред

На 24 ноември, сабота, во ОНБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш, ќе се одржи промоција на книгата „Новогодишни детски песни“ од Марина Мијаковска, а промотор на книгата е д-р Христо Петрески.

„’Новогодишни детски песни’ е прватa книга на Мијаковска наменета за најмладата популација. Во неа има четириесет песни за деца од разни возрасти кои ги воспеваат: новогодишниот амбиент во Македонија; празнувањата и обичаите за Нова година; Дедо Мраз; Снешко; новогодишната елка, снежниот зимски амбиент. Книгата е повеќенаменска, интерактивна и ја развива креативноста кај децата“, се наведува во соопштението на организаторите.

Мијаковска, додаваат оттаму, им нуди можност на децата да ги читаат песните, да ги обојат новогодишните илустрации и низ игра самите да напишат песна од најголемите новогодишни желби. Христо Петрески за „Новогодишни детски песни“ заклучува: „Книгата е едукативно-дидактичка (поучна и практична) и претставува еден мал водич, прирачник, поетска боенка, забавник“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Адвокатот на Мијалков: Недозволиво е што тој не беше известен за притворот

Недозволиво е судија на претходна постапка или кривичен совет да не ја извести странката, во случајов Сашо Мијалков, дека за...

Македонија5 часа

(Видео) Мијалков спроведен во затворот во Шуто Оризари

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, вечерва е спроведен во истражниот затвор во Шуто Оризари поради опасност од бегство, велат...

Македонија6 часа

Владата го одби предлог-законот за амнестија предложен од ВМРО-ДПМНЕ

Владата на денешната владина седница донесе негативно мислење за предлог-законот за амнестија за настаните од 27 април. „Владата донесе негативно...

Uncategorized8 часа

Амнестија во текот на судскиот процес, прекин на постапката за тие што не тепале на 27 април?

Кој ќе се спаси од кривична одговорност за инцидентите од 27 април, најверојатно ќе се утврдува според обвинителниот акт, односно...

Македонија8 часа

Влада: Очекуваме Будимпешта да го предаде Груевски во Македонија

Владата соопшти дека официјално покрај протестната нота доставена вчера за улогата на амбасадите на Унгарија во бегството на Груевски од земјата,...

Бегството на Груевски9 часа

Груевски: Добив азил во Унгарија, продолжувам да ја барам правдата

Поранешниот премиер Никола Груевски, на неговиот „Фејсбук“ профил, ги потврди информациите дека добил политички азил во Унгарија. Тој себе си...

Македонија10 часа

Кривична за директор на јавно претпријатие кој незаконски си зел аванси од над 2 милиона денари

Гевгелиската полиција поднесе кривична пријава против 29-годишен директор од Дојран поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Како...

Бегството на Груевски10 часа

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски до Министерството за правда на Република Унгарија. „Барањето за...

Македонија13 часа

Сведокот ги препозна двајцата напаѓачи што го претепаа Никола Саздовски

На денешното рочиште за убиството на 20-годишниот навивач на групата „Комити“ повеќе од два часа сведочи сведокот Миле Алексовски, кој...

Свет13 часа

(Видео) Девојка со српско потекло меѓу убиените во Чикаго

Една од трите жртви на пукањето во болницата „Мерси“ во Чикаго е 25-годишна девојка со српско потекло, пишуваат српските медиуми....

Македонија13 часа

При апсењето на Бошкоски пронајдени се пиштол и хрватски пасош

Денешното рочиште за случајот „Тортура“, кој се однесува на апсењето на претседателот на партијата ОМ, Љубе Бошкоски, продолжи со репродуцирање...

Афера „Банки“14 часа

(Видео) Афера „Банки“ – како банката му ја одзеде болницата на доктор Адил Мустафа!?

Приватната болница „Шендети“ во Мала Речица, Тетово, неколку години по отфрлената кривична пријава од Обвинителството, остана со катанец на вратата....

Бегството на Груевски14 часа

(Видео) Дескоска: Ќе бараме екстрадиција на Груевски и да му е доделен азил

Македонија, денеска, или најдоцна утре ќе го достави барањето за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски. Министерката за правда, Рената...

Бегството на Груевски15 часа

Груевски добил азил во Унгарија?

Канцеларијата за имиграција и азил во Унгарија донела одлука за барањето на бегалецот Никола Груевски, но оттаму, нема детали дали...

Европа15 часа

(Видео) Избоден полицаец во напад во Брисел, напаѓачот повреден

Во историскиот центар во Брисел утрово непознат напаѓач со нож нападна еден полицаец кој се збоди со повреди. По нападот...

Македонија16 часа

Дисциплинска за полицаец кој употребил сила врз актерката Ирена Ристиќ

Одделот за внатрешна контрола при МВР поведе постапка за дисциплинска одговорност на полицаец од полициската станица Центар, кој пред два...

Македонија16 часа

Вучиќ: Груевски во Србија влезе со важечки документи, прашање е како ја напуштил Македoнија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави синоќа дека поранешниот премиер Никола Груевски со регуларни документи влегол во Србија, дека во...

Македонија1 ден

ДЗС: Спасени четири лица завеани на Пелистер

Подрачното одделение Битола при Дирекцијата за заштита и спасување од СВР Битола доцна синоќа, во 00:30 часот, добило известување дека...

Свет1 ден

Путин: Повлекувањето на САД од договорот не може да остане без наш одговор

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека Кремељ ќе има одговор доколку САД се повлечат од договорот за нуклеарните сили со...

Македонија1 ден

„Груевски е ВИП-мигрант на Орбан“ – унгарската опозиција постави транспарент на зградата на парламентот

Унгарската опозиција ги критикуваше потезите на владата на премиерот Виктор Орбан во врска со барањето  азил на поранешниот македонски премиер...

Досие