Контакт

Култура

Бојаџи: Шефот на Владата ја спречува премиерата на „Ругање со Христос“ во МКЦ

Објавено пред

Режисерот на филмот „Ругање со Христос“, Јани Бојаџи, обвинува дека раководството на МКЦ добило наредба од, како што вели, шефот на Владата да го спречи одржувањето на фестивалот „Киненова“ на кој требаше премиерно да се претстави македонскиот филм. Бојаџи вели „Тие дефинитивно мислат дека се силата, а ние треба да сме уплашените кои треба да се подмочаат пред нив“. Претходно за филмот „Ругање со Христос“ реагираше и Министерството за култура од каде рекоа дека делото на Бојаџи предизвикува контроверзии, а, исто така, тендециозно си игра со историјата и му наштетува на соживотот.

„Откако деновиве им ги осуетивме и откривме сите игри и подли намери, последното што им остана како оружје за постигнување договор со фестивалот е тие да ги продаваат билетите за премиерата на филмот, а на организаторот да му доделат, замислете, 10 покани за премиера на домашен филм. Тоа значи дека јас како автор, сите актери и други творци треба да си купиме билети за да присуствуваме на премиерата на сопствениот филм. Ова е без преседан во историјата на македонската кинематографија. Сето тоа го прават со цел да ги понижат авторите во сопствената земја и пред сопственото творештво. Ваков фашизам од најодвратен вид немало ни во нацистичка Германија. Дури ни Хитлер не ги понижувал неподобните и неприфатливи автори на ‘,илјадагодишниот рајх’ на ваков начин. Ова е ‘,антисемитизам’, со кој на организаторите на фестивалот им се одзема правото на работа, на заработка и на живот. Ова е грабеж по примерот на грабежот вршен врз Евреите од страна на национал-социјалистите во предвоена Германија“, реагира Бојаџи на социјалните мрежи.

Според режисерот, ова е истребување и вели дека веќе нема простор за дијалог. Тој посочи дека оние кои стојат позади спречувањето за одржување на премиерата треба да знаат дека си имаат работа со партизански деца чии предци еднаш ги победиле.

„Можеме, и ќе ве победиме. Фестивалот ќе се одржи и премиера ќе има. Драги гости, ви понудив покани за да бидете заедно со нас. Од мое и од име на организаторите на ‘Киненова’ ве повикувам утре и задутре најдоцна до 18:00 часот да ги подигнеме своите билети со тоа што ќе им ги платиме на билетарницата на кино ‘Милениум’ во ГТЦ“, додаде Бојаџи.

Филмот на Бојаџи беше поддржан од Агенцијата за филм на конкурсот во 2015 со 18.000.000 денари, под работен наслов „Здивот на ангелот“. Бојаџи е продуцент, режисер, сценарист, монтажер и продукциски дизајнер на овој филм. Филмот е македонско-грчко-француска копродукција, а светската премиера беше на 30 август на Филмскиот фестивал во Монтреал.

Култура

(Видео) „Марвел“ најави нови 10 филма до 2021 година

Објавено пред

Филмското студио „Марвел“ најави десет нови филмови на годинешната конвенција „Комик-кон“ што се одржа вчера во Сан Диего. Директорот на компанијата, Кевин Фејџ, ја објави листата со филмови што ќе излезат до 2021 година, а се дел од ерата по „Одмаздниците“.

Едно од најголемите изненадувања е дека оскаровецот Махершал Али ќе го глуми ловецот на вампири Блејд, кој во филмот од 1998 година го глумеше Весли Снајпс.

Натали Портман соопшти дека ќе се врати во 4. продолжение на филмот за Тор – „Thor: Love and Thunder“. Таа повторно ќе ја глуми Џејн Фостер, но овој пат со моќта од чеканот на Тор.

Најавен е и филмот „Eternals“ во кој глумат Анџелина Џоли и Селма Хаек. На публиката ѝ беше откриено дека ќе се снима и првиот филм за азиско-американскиот суперхерој Шанг – Чи. Главната улога му е доделена на канадскиот актер Симу Лиу. Шанг-Чи, кој има татко Кинез и мајка Американка, првпат се појави во стриповите на „Марвел“ пред речиси 50 години.

По повеќемесечните шпекулации, „Марвел“ конечно објави и детали за „Црната вдовица“ со Скарлет Јохасон во главната улога.

Прикажи повеќе...

Култура

Поезија од Марковски објавена во американското списание Harbinger Asylum

Објавено пред

Пет песни од македонскиот поет Стефан Марковски беа објавени во летниот број на списанието Harbinger Asylum, кое излегува четири пати годишно во Хјустон, Тексас, во издание на Transcendent Zero Press.

Прилогот со застапените песни е насловен „По трагата на белиот грифон“ и опфаќа делови од истоимената поетска збирка објавена минатата година во издание на издавачката куќа „Антолог“ и македонско-англискиот избор Ветена земја/Promised Land и се во превод на авторот и Никола Ѓелинчески.

Во актуелниот број, со прозни и поетски прилози на 118 страни присутни се над 40, меѓу кои меѓународно афирмирани автори од сите континенти, што говори за глобалниот предзнак на ова списание.

Уредници на списанието се американските книжевници и книжевни теоретичари: Дастин Пикеринг, З. М. Вајс, Стути Шри и Алекс Маас, додека илустрациите се дело на визуелната уметница Вера Илкон.

Прикажи повеќе...

Култура

Кино на отворено во паркот кај МКЦ

Објавено пред

Во првото издание на Кино на трева од утре, 23 јули, па во наредните четири дена до 27 јули (сабота) ќе бидат прикажани пет филма во паркот на МКЦ.

Настанот е во организација на МКЦ и киното „Милениум“, а во склоп на програмата на „МКЦ за Скопје“.

Ќе биде обезбеден превод на македонски јазик, а на посетителите останува да си обезбедат место за седење со камперски столчиња или некое постаро ќебе за седење на трева. Сите проекции почнуваат во 21 часот, освен проекцијата на 26 јули, која ќе почне по полноќ.

Репертоар:
23  јули (вторник) COLD WAR | режија: Pawel Pawlikowski
24  јули (среда) DOGMAN | режија: Matteo Garrone
25  јули (четврток) LORO | режија: Paolo Sorrentino
26  јули (петок) ОСЛОБОДУВАЊЕ НА СКОПЈЕ | режија: Данило и Раде Шербеџија
27  јули (сабота) BORDER | режија: Ali Abbasi

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Итна седница на британската Влада, се бара безбедна пловидба во Заливот

Британската Влада свика итна седница на која ќе се расправа за одговорот што треба да се испрати на Иран, по...

Свет1 час

Иран уапси 17 шпиони на ЦИА, некои се осудени на смрт

Иран уапси 17 шпиони кои работеле за Централната разузнавачка служба на САД (ЦИА), а некои од нив се осудени на...

Свет2 часа

(Видео) Масакр во луксузно одморалиште, убиени 5 лица, а 6 се повредени

Вооружен напаѓач уби петмина мажи и рани уште шест лица во популарен бар во мексиканскиот град Акапулко, што е уште...

Свет2 часа

Иран ѝ се закани на Велика Британија со ескалација на тензиите во Заливот

Со оглед дека британските официјални претставници одбиваат да ја исклучат можноста за воведување санкции кон Техеран, иранскиот амбасадор во Велика...

Свет3 часа

Израел почна да урива палестински згради

Израелските работни тимови почнаа да уриваат десетина илегално изградени палестински згради во источниот дел на Ерусалим. Денешното уривање ја прекинува...

Свет3 часа

Зеленски ѝ понуди сојуз на рок-ѕвезда

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, чија партија убедливо води на предвремените парламентарни избори со 43,9 отсто од гласовите, според излезните анкети,...

Македонија13 часа

Голем пожар во Едриличарскиот клуб во Струга

Голем пожар избувна попладнево во бараките на Едриличарскиот клуб во Струга што се наоѓа кај „Машката плажа“ во градот. За...

Македонија15 часа

Спасовски: МВР без налог од судот не може да знае каде е Јанева

МВР без налог од судот или обвинителството не може да знае каде е Катица Јанева. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски,...

Регион17 часа

Мицотакис ја претстави владината програма, на соседите им порача дека соработката ќе го одреди нивниот пат кон ЕУ

Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис денеска во грчкиот Парламент ја претстави владината програма, во рамки на  тридневната расправа за добивање доверба на...

Македонија19 часа

Запленет глисерот на Зоран Кичеец

Запленетиот глисер во Охрид, е во сопственост на второосомничениот во случајот „Рекет“, Зоран Милевски познат како Зоки Кичеец, потврдуваат од...

Македонија20 часа

„Анима мунди“: Познат е сторителот кој свирепо уби куче во Стојаково, бараме најстрога казна

Монструозниот чин на кој сведоци беа жителите на селото Стојаково во Богданци, кога куче беше запалено со бензин е пријавен...

Македонија23 часа

(Видео) Жителите на Аеродром против центар за зависници, бараат тие да се лечат на периферијата

Жители на скопската населба Аеродром излегоа на протест, по иницијативата за преместување на зависниците од центарот во Кисела Вода, во...

Свет23 часа

(Видео) Иран објави снимка од заземањето на британскиот танкер

Иранската револуционерна гарда објави видеоснимки за кои тврдат дека ги покажуваат моментите кога нејзините припадници го заробиле британскиот танкер „Стена...

Свет24 часа

Шест лица починаа поради жешкото време во САД

Најмалку шест лица го загубиле животот поради рекордно високите температури во САД, објави „Гласот на Америка“. Според властите, жртвите се...

Македонија24 часа

Речиси 300 возачи санкционирани во Скопје поради брзо возење и алкохол

Сообраќајната полиција во Скопје, почнувајќи од синоќа, спровела акциски контроли за откривање на возачи кои возат под дејство на алкохол,...

Свет1 ден

(Видео) Нобеловка му зборуваше на Трамп за мртвите родители, а тој ја праша „Каде се тие сега?“

Американскиот претседател, Доналд Трамп, предизвика бурни реакции на социјалните мрежи поради неговите прашања за време на разговорот со добитничката на...

Свет2 дена

Половина век од првото слетување на Месечината

Во Америка со низа манифестации денеска се одбележува 50-годишнината од слетувањето на Месечината на американските астронаути, Нил Армстронг и Баз...

Свет2 дена

Путин: Го симпатизирав Трамп на изборите во 2016, што има тука лошо?

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека го „симпатизирал“ Доналд Трамп како кандидат на претседателските избори во 2016 година, бидејќи Трамп...

Македонија2 дена

Заев го промени телефонскиот број, дел од неговите соработници ќе бидат отпуштени

Премиерот Зоран Заев и неговиот Кабинет воведуваат мерки за зголемување на безбедноста и ефикасноста во спроведувањето на агендата и комуникациите....

Македонија2 дена

За ВМРО е прифатливо припојувањето на СЈО и ЈО, но не се согласуваат со предлогот за Русковска

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски изјави дека спојувањето на СЈО во ЈО во едно обвинителство, на некој начин е практично прифатливо...

Досие