Контакт

концерти

Брајан Фери во Скопје на 9 септември

Објавено пред

Поп-легендата Брајан Фери на 9 септеври доаѓа во Скопје. Како што најавија од „Авалон продукција“, тој доаѓа во Скопје да испорача уште една незаборавна вечер со својот харизматично шармантен настап, исполнет со сите негови хитови и хитовите на „Рокси мјузик“ (Avalon, Slave To Love, Don’t Stop The Dance, Jealous guy…), како и песните од последниот негов албум Avonmore, придружуван од 12 неверојатни музичари на сцена.

Брајан Фери e еден од највлијателните и најиновативни артисти на светот на сите времиња и ова ќе биде можеби последна можност да се види во живо во салата на Македонската филхармонија. Влезниците за овој ексклузивен музички настан во земјата ќе бидат пуштени во продажба од 20 април по цена од 6.150 денари. Се одржува само еден концерт и во продажба ќе бидат пуштени само 700 влезници.

концерти

„Од класика до вариете“ со виртуозите на хармоника Александар Коловски и Ана Кришталева

Објавено пред

Од

Денеска, во Камерната сала на Македонската филхармонија, во 20 часот, концерт ќе одржи македонскиот виртуоз на хармоника, Александар Коловски, заедно со Ана Кришталева од Русија, исто така на хармоника.

Концертот носи наслов „Од класика до вариете“, а двајцата повеќенаградувани уметници ќе изведат комплексни и атрактивни дела од Е. Лекуона/А. Володос, Д. Скарлати, А. Кусиаков, Е. Григ, Р. Вуртнер, В. Семионов, А. Пјацола, Ј. Брамс/И. Јашкевич…

Коловски е роден во Скопје во 1990 година. Дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Златко Мадевски, а во 2018 година магистрира на Универзитетот „Антон Брукнер“ во Линц, Австрија, во класата на проф. Алфред Мелихар. Коловски редовно настапува на концерти и фестивали во Европа, Кина и во Русија. Во периодот од 2009 до 2012 година тој станува еден од студентите на реномираниот професор Фредерик Дешамп од Франција. Покрај класичната музика, во Франција во 2010 година Коловски почнува да се занимава и со изведба на т.н. вариете-музика. Критиката ќе го оцени како изведувач познат по својот темперамент, виртуозност и импресивна техника. Во 2011 година го освојува првото место на натпреварот „Светски трофеј“ во Пинето, Италија, освојува прво место на интернационалниот натпревар „Кастелфидардо“ во Италија во сениорска категорија за класична музика во 2011 година, потоа прво место на интернационалниот натпревар „Гранд при“ во Франција во 2011 година, како и прво место на „Кастелфидардо“ во сениорска категорија за вариете-музика. Коловски е добитник и на наградата „Виртуози“ во 2014 година во категоријата млад музички уметник, доделена од страна на македонското Министерство за култура, Македонската опера и балет и Македонската филхармонија.


Ана Кришталева е родена во Армавир, Русија, во 1996 година и уште од рани години се врзува за музиката редовно концертирајќи и настапувајќи на интернационални и домашни натпревари. Основното музичко образование го завршува во новокубанското детско музичко училиште во класата на проф. Михаил Бојко. Во 2014 година, пак, се запишува на Ростовскиот музички колеџ во класата на познатиот професор и заслужен артист на Русија, Јури Шишкин. Нејзиниот репертоар е богат и вклучува композиции од разни музички епохи, дела од Менделсон, Григ, Московски, Лекуона, Кусјаков, Бах, Шчедрин, Семионов… како и композиции од руската народна музика. Инаку, Ана Кришталева редовно настапува на натпревари, како и на концерти во Русија и надвор од земјата, а нејзините изведби се високо позитивно оценети од страна на критиката и опишани како интерпретации исполнети со страст и длабочина, во комбинација со долги и драматични скали, деликатен опсег на звукот и брилијантна техника… Кришталева е добитник на Гранд при на натпреварот „Акордеон плус“ во Ростов на Дон, Русија, во 2012 година, потоа победник е во сениорска категорија за класична музика на интернационалниот натпревар „Кастелфридардо“ во Италија во 2015 година, а има освоено и прво место на вториот интернационален натпревар за хармоника во Алкобаса, Португалија, како и прво место на натпреварот „Гридин“ во Курск, Русија, во 2016.

Прикажи повеќе...

концерти

Postmodern Jukebox на 14 декември во Скопје – врвно кабаре во Македонската филхармонија

Објавено пред

Од

Една од најинтересните концертни атракции во светот, музичкиот колектив Postmodern Jukebox, на 14 декември ќе настапи во Македонската филхармонија.

Postmodern Jukebox е музички колектив кој во тотален винтиџ-стил го носи духот на Њуjорк во своите настапи, во кои на специфичен кабаре-начин изведува песни во опсег од Radiohead и The White Stripes, па сè до Lady Gaga, Strokes и уште многу други.

„Настапите на Postmodern Jukebox во суштина претставуваат врвно џез и свинг-кабаре, кое наместо да одите да го гледате во Њујорк, ви доаѓа и можете да го гледате дома. Во тоа е тајната на нивните настапи во светот, кои се тотално распродадени, а за нивната гледаност на ‘Јутјуб’ воопшто и да не зборуваме“, се вели во соопштението од „Авалон продукција“, која го организиара овој настан.

Оттаму појаснуваат дека за настапот во Скопје е избрана салата на Македонската филхармонија како идеално место за таков тип шоу.

Прикажи повеќе...

концерти

Со „Аида“ вечерва ќе се спушти завесата на Мајските оперски вечери

Објавено пред

Од

Приказната за мистичниот Египет, Вердиевата „Аида“, денеска традиционално ќе ги затвори и овогодишните 46. по ред Мајски оперски вечери.

„Љубовниот триаголник помеѓу робинката Аида, командирот на војската Радамес и принцезата Амнерис ќе нè пренесе во едно минато време, а изведбите на Ана Лукреција Гарсија (Венецуела), Валтер Фракаро (Италија) и Софија Јанелидзе (Грузија) ќе ни приредат волшебно искуство и задоволство. Во останатите улоги се нашите првенци Владимир Саздовски, Невен Силјановски, Марјан Јовановски, Александара Лазаровска Василевски и Марјан Николовски. Диригент е нашата Бисера Чадловска, а режијата на Дејан Прошев“, соопшти Македонската опера и балет.

МОБ настанот ѝ го посвети на Данка Фирфова по повод 100-годишнината од нејзиното раѓање.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

(Видео) Демонстрантите повикаа на протест утре во 11 часот

Насобраните граѓани пред Собранието повикаа утре во 11 часот на протест поради промената на името и Уставот, кога започнува седницата...

Македонија6 часа

(Видео) Солза Грчева: Народот е доведен до ѕид од една предавничка тајфа

Нашиот глас ќе стигне до секој. Синоќа се случи нешто што неверував дека во мојата земја ќе биде.30 шок бомби...

Македонија6 часа

(Видео) Демонстрантите со порака до Владата да се откаже од договорот со Грција

На протестите пред Собранието на Република Македонија, кои продолжуваат веќе петти ден, демонстрантите порачаа дека македонскиот народ не го заслужил...

Македонија7 часа

Протест пред Собранието на Република Македонија

Петти ден по ред, пред Собранието на Република Македонија толпа граѓани протестираат поради договорот со Грција за промена на името...

Македонија11 час

(Видео) Бачев: Спасовски наредил брутално да се нападнат граѓаните пред Собрание

Според наши сознанија министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски ја издал наредбата полицијата брутално да реагира токму во моментот кога...

Македонија11 час

(Видео) Демонстрантите се жалат на употребата на шок-бомби, МВР вели – полициска процена

Демонстрантите што синоќа протестираа пред Собранието реагираат дека полицијата прекумерно употребила сила врз нив, како и дека без потреба биле...

Македонија13 часа

Обвинителството и МВР ќе истражуваат – кој испраќа заканувачки пораки и слики на „Фејсбук“

Основното јавно обвинителство Скопје информира дека било известено од страна на Министерството за внатрешни работи за заканувачки пораки и слики...

Македонија14 часа

Приведениот новинар одбил да се легитимира, велат од МВР

Во врска со новинарот на порталот „Инфомакс“, ја информираме јавноста дека тој одбивал да се легитимира, а притоа дал активен...

Македонија14 часа

Демонстрантите демолирале кафулиња, палеле автомобили и фрлиле солзавец, велат од МВР

26 демонстранти привела полицијата за време на синоќешниот протест пред Собранието. Повредени биле 10 полицајци, а седуммина побарале лекарска помош....

Македонија15 часа

Левица: МВР употреби прекумерна сила на синоќешните протести

Силите на МВР употребија прекумерна сила, големо количество солзавец и шок-бомби врз мирните невооружени демонстранти, реагираат од Левицата. Оваа акција...

Македонија15 часа

Владата ќе го достави законот за ратификација на договорот до Собранието

Владата ќе го достави до Собранието предлог-законот за ратификација на договорот со Грција, соопшти владината прес-служба по одржувањето на денешната...

Македонија15 часа

Син на екссудијка призна вина за крвавиот четврток – осуден на 1 година затвор

Нови двајца обвинети за настаните од крвавиот четврток минатата недела признаа вина, потврдуваат од кривичниот суд за „Макфакс“. На судското...

Надворешна политика16 часа

Захариева: Наредната недела зелено светло за преговори со Македонија

Вицепремиерката и министер за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, изјави дека по постигнатиот договор за името Северна Македонија, Советот...

Македонија16 часа

СДСМ ги осуди насилството и говорот на омраза пред Собранието 

СДСМ ги осуди вчерашните насилства пред Собранието, нападите од насобраната толпа врз новинарите, снимателите и полицајците кои се обидуваа да спречат...

Македонија17 часа

Запален автомобилот на пратеникот на СДСМ, Хари Локвенец

Запален е автомобилот на пратеникот на СДСМ од Прилеп, Хари Локвенец. Инцидентот се случил по објавувањето на фотографиите од Преспа...

Свет17 часа

Mинибус влета во посетителите на концерт во Холандија

Едно лице загина, а три се повредени кога минубус во раните утрински часови удри во посетители на концерт, на фестивалот...

Свет18 часа

(Видео) Тројца загинати и над 200 повредени во силен земјотрес во Јапонија

Најмалку три лица загинаа, а над 200 се повредени во земјотрес со јачина од 6,1 степени по Рихтер кој ја...

Македонија1 ден

МВР: Демонстрантите употребија распрскувачки средства, приведени 25 лица

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вечерашниот јавен протест во Скопје, пред зградата на Собранието, дел од...

Македонија1 ден

Повредени седум полицајци и две жени на протестите пред Собранието

Седум полицајци и две жени завршија со повреди за време на протестите што вечерва се случија пред Собранието. Од Ургентниот...

Македонија1 ден

Полицијата со шок бомби и солзавец ги растера демонстрантите пред Собранието

Единицата за брзо распоредување со шок бомби и солзавец ги растера демонстрантите од протестот против промена на името пред Собранието...

Досие