Контакт

Култура

Многубројни активности за месецот на франкофонијата

Објавено пред

Во рамките на манифестацијата „Март, месец на франкофонијата“, во Центарот за култура во Дебар се одржаа многубројни активности на младите од дебарските училишта.

Кординаторот на Центарот за одржлив развој на заедницата, Шуип Марку, говореше за значењето на оваа манифестација. Тој рече дека Македонија е полноправна членка на меѓународната организација на франкофонијата, а Дебар има одлична соработка со францускиот град Иф.

„Реализирани се многубројни заеднички проекти со францускиот град, а во Дебар има интерес како кај младите така и кај вознарсните за франкофонијата“, истакна Марку .

Во рамките на манифестацијата беше отворена изложба од над 4о-ина фотографии од соработката на Дебар и градот Иф во Франција, како и ликовна активност на учениците што цртааа знаменитости од Франција.

Организаторите оценија дека младите во Дебар имаат добри познавања за значајните историски и туристички локации на Франција.

К. М.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

концерти

„Поточиња“ на 21 и 22 март во МОБ

Објавено пред

Почетокот на пролетта во Скопје е резервиран за уште една детска забава. Фестивалскиот викенд на 21 и 22 март ќе помине во знакот на 17. Издание на Детскиот фестивал „Поточиња“.

Разиграни, распеани, а на сцената единствени, „Поточиња“ се подготвени да приредат уште една голема забава. Актерот, Мартин Јорданоски, како домаќин и водител под маската на Поки, ќе ја води публиката низ уште една фестивалска приказна, а распеаните „Поточиња“ ќе ги претстават новите песни и изненадувања.

„Поточиња“ во Македонска опера и балет за 21. и 22. март ги претставува следните термини и тоа од 11:00 ч., 13:00 ч. и 18:00 часот во двата дена. Билетите се по цена од 250 денари и се достапни на следните продажни локации: Продажна мрежа МК Тикетс, Југотон, Билетара на МОБ и онлајн – www.karti.com.mk

Прикажи повеќе...

концерти

Популарниот актер Семир Гичиќ вечерва со свој стендап во „Театар комедија“

Објавено пред

Вечерва со почеток во 20 часот популарниот комичар од Србија Семир Гичиќ со својот стендап гостува на сцената на „Театар комедија“. Семир ексклузивно гостува во Скопје и е добро познат на пошироката јавност како актер, режисер и драмски писател.

Неговиот стенд ап е популарен во целиот регион на поранешните југословенски простори.

Вечерва во 20 часот на сцената на Театар Комедија публиката ќе ужива во Безкоцептуалниот и извондрен стенд ап.

Прикажи повеќе...

Книги

„Шрапнел“ на Игор Анѓелков нова книга од „Или-Или“

Објавено пред

В понеделник, на 24 февруари, од печат ќе излезе новиот роман „Шрапнел“ од Игор Анѓелков. Седум години по „Фото синтеза“, во неговиот трет роман Анѓелков низ неколку наративни линии ги преиспитува суптилните релации меѓу историјата, личното сеќавање, односот со најблиските и општествените околности кои влијаат врз емотивното и приватното.

„Шрапнел“ е 181 издание во популарната едиција „ПРОаЗА“ на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ, за чиј дизајн на корицата се погрижи Марија Смилевска. Во понеделник книгата по промотивна цена ќе може да се купи во ИЛИ-ИЛИ, а веќе од следниот ден и во другите книжарници во Скопје и низ државава.

Игор Анѓелков (1974) дипломирал на Интердисциплинарните студии по новинарство, а магистрирал на мастер студиите по „Медиуми и комуникации“ на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Со години наназад активно е присутен во периодиката со низа критички осврти и рецензии од областа на филмот, музиката, книжевноста… Неговите текстови можат да се прочитаат на www.herojnaedenden.mk. Официјалното книжевно деби го имаше во 2006 година со збирката раскази „Кротки приказни“, a потоа следеа и романите „Крај-пат“ (2010) и „Фото синтеза“ (2013), кој беше финалист за „Рациновото признание“. Анѓелков зад себе има и две дела од областа на филмската есеистика: „Филм.мкд“ (2015), за која ја доби Државната награда за публицистика „Мито Хаџивасилев Јасмин“, и „Филмски град“ (2018). „Шрапнел“ е негов трет роман.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа44 минути

Петта жртва на коронавирусот во Италија

Во Италија денеска почина и петто лице заразено од коронавирусот, соопшти шефот на државната служба за цивилна заштита, Анџело Борели....

Македонија1 час

Филипче најави засилени контроли на аеродромите и границите поради ширење на коронавирусот во Италија

Поради новонастаната состојба со коронавирусот и проширувањето на вирусот во областите Ломбардија, Венето и Емилија-Ромања во Италија, утрово министерот за...

Економија2 часа

Поскапуваат горивата

Горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина, односно за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Цените на...

Македонија2 часа

Притвореничка од истражниот затвор каде што е Ангела ќе сведочи за убиството на Пино

На денешното рочиште за убиството на Пино Секондо сведочеше жената на која обвинетите првично ѝ признале дека сториле убиство. Адвокатката...

Топ3 часа

Двајца скопјани повредени од огнено оружје во Бутел

Доцна синоќа во 00:21 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Ферид Бајрам во Бутел биле слушнати истрели...

Европа3 часа

(Видео) Полиците во повеќе италијански маркети се целосно празни, луѓето се подготвуваат за епидемија

Во неколку помали места во италијанските региони Ломбардија и Венето, со население од околу 50.000 луѓе, од вчера на сила...

Европа3 часа

Четврта жртва на коронавирусот во Италија

Бројот на жртви од коронавирусот во Италија се искачи на четири, а бројот на заразени надмина 150. Според статистиката, во...

Свет5 часа

Сандерс: Ако треба би ја нападнал Кина

Фаворитот на партиските избори на американската Демократска партија за кандидат за претседател на САД, Берни Сандерс, воено би интервенирал против...

Свет5 часа

Нови 150 починати од коронавирусот во Кина

Кина денеска соопшти дека има нови 150 нови смртни случаи во епидемијата на коронавирусот, што е нов дневен рекорд откако...

Европа18 часа

Италија е трета земја во светот по бројот на заразени од коронавирус

Бројот на заразени со коронавирус во Италија значително се зголеми во последните три дена. До денеска се потврдени 152 случаи,...

Свет20 часа

Трет патник од бродот во Јапонија почина од коронавирус

Трет патник од крузерот „Дајмонд принцес“ во Јапонија почина од коронавирусот, објави денеска јапонското Министерство за здравство. 80-годишниот јапонски државјанин...

Европа21 час

Десет градови во Италија во изолација поради коронавирусот

Десет италијански градови, претежно во Ломбардија, се ставени во изолација откако вчера беа потврдени два смртни случаи и речиси 80...

Македонија22 часа

Четворица пациенти по инцидентот во Романовце се во животна опасност

Во текот на денешниот ден во Клиничкиот центар во Скопје примени се седум пациенти со изгореници, повредени од експлозија на...

Топ24 часа

Три деца загинаа а шест луѓе се повредени во експлозија на плинска боца во куќа во Романовце

Три малолетни деца на возраст од 8, 9 и 11 години утрово загинаа во експлозија на плинска боца во семејна...

Свет1 ден

Во земјотресот меѓу Иран и Турција – седум загинати во Турција, има и затрупани

Најмалку седум луѓе загинаа, а некои се затрупани под урнатините од згради на југоистокот од Турција, по потресот со јачина...

Спорт1 ден

Шпанците го обвинуваат тетовскиот супер-агент Фаљи Рамадани за перење пари!

Фаљи Рамадани, еден од најмоќните фудбалски агенти на светот, е под истрага на шпанските власти за учество во шема за...

Македонија1 ден

(Видео) Милошоски објави нов аудио-материјал: Заев договарал одлуки со Врховниот суд

На прес-конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот Антонијо Милошоски објави нов материјал, кој рече дека како транскрипт му го доставил...

Топ1 ден

На автопатот „Пријателство“ во камион превезувани 43 мигранти од Бангладеш

Во близина на бензинска пумпа на автопатoт „Пријателство“, во правец од ГП Табановце- Куманово, синоќа полициски службеници од Полициска станица...

Свет1 ден

(Видео) Загина во ракетата што сам ја направи, сакаше да докаже дека Земјата е рамна

Американскиот авантуристички пилот, познат како „Лудиот“ Мајк Хјус, загина вчера обидувајќи се да ја лансира ракетата што сам ја направи,...

Свет1 ден

Русија негира дека шири дезинформации за вмешаност на САД во ширењето на коронавирусот

Русија строго ги негираше тврдењата дека шири дезинформации за појавата на коронавирусот на социјалните медиуми. Американски официјални претставници изјавија дека...

Досие