Контакт

Изложби

„Вагон за спиење“ – изложба на карикатури на Дарко Дрљевиќ

Објавено пред

Од денеска во 12 часот до 8 јули во галеријата „Остен“ ќе се одржи изложбата „Вагон за спиење – изложба на карикатури“ од светски познатиот карикатурист Дарко Дрљевиќ од Црна Гора.

Дарко Дрљевиќ е роден 1962 година во Колашин, Црна Гора.

Слободен уметник е од 1997. Претседател е на Здружението на карикатуристите на Црна Гора и разгранокот на европското Здружение на карикатуристите (ФЕКО Монтенегро). Досега освоил 193 награди на меѓународни натпревари за карикатура. Имал 59 самостојни и над 450 колективни изложби. Учесник е на многу сликарски колонии и колонии на карикатура и вклучен е во антологијата „Познати светски карикатуристи“. Основач е и главен уредник на хумористичниот магазин „Туш“ и организатор на првиот меѓународен фестивал на карикатура „Колашин 2007“.

Се занимава со карикатура, сликарство, илустрација, графика и со анимиран филм.

Работел за многу црногорски дневни весници: „Победа“, „Публика“, „Република“, „Дневне новине“, како и магазините „Омладински покрет“ (каде што ја почнал својата кариера во 1984 година), „Ошишани јеж“, „Илустрована политика“, „Вечерње новости“, „Блиц“ и други. Бил и соработник на многу весници во регионот, како што е мариборскиот дневен весник „Вечер“ итн.

На Меѓународниот фестивал во Земун 2000 година е прогласен за карикатурист на годината во Србија и Црна Гора. Објавил книга на карикатури и куси раскази во 2010 година.

Добитник е и на Посебната награда за сликарство во Накциван – Азербејџан во 2013 година.

Објавувал карикатури во разни ТВ-емисии, а се занимавал и со аматерски театар. На фестивалот на аматерски театри во Биело Поље за претставата „Конект“ ја освоил Посебната награда за најдобар авторски текст. Преставата се изведувала во Црна Гора, како и во Загреб, Пула, Сплит и во Зворник.

Во 2018 година Меѓународниот фестивал во Земун има издадено книга на карикатури на Дарко Дрљевиќ со наслов „Карикатурист гостин“, а Црногорската заедница во Загреб издала негова монографија.

Живее и работи во Подгорица како карикатурист коментатор на порталот РТЦГ и во дневниот весник „Победа“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Изложби

Уметницата Михаела Јовановска со мултимедијален проект ќе се претстави во Њујорк

Објавено пред

„1/2. Состојба“ е насловот на мултимедијалниот проект на уметницата Михаела Јовановска во соработка со видео авторката Вероника Камчевска, што ќе биде претставен в сабота, на 21 септември, во 18 часот во Њујорк.

Се работи за проект поврзан со истражување на тема родовата нееднаквост и нејзините релации. Концептот објаснува емоција која се стреми кон нејзината форма да стане целина. Ова го прикажува надворешното влијание за нееднаквост што го моделира битието како крајно отсутно во идејата да се биде човек.

Михела Јовановска работи во Националната галерија на Македонија како соработник за визуелни уметности и дизајн. Таа е мултимедијален уметник со главен фокус на уметничка инсталација. Нејзините дела се изложувани на повеќе групни и пет самостојни изложби, локално и меѓународно, вклучувајќи ги и Gallery MC – Њујорк, Прима центар – Берлин, КИЦ – Софија, Галерија Лауба – Загреб, Миодраг Дадо Џуриќ – Цетиње, Мала станица, НГ – Скопје, Биенале на млади, МСУ – Скопје.

Проектот ќе биде изложен до 30 септември и е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Прикажи повеќе...

Изложби

Изложба на Љубиша Камењаров – „Управило и наследството на Мурто“

Објавено пред

На 17 септември (вторник) во 20 часот на плоштадот во Автокоманда, во организација на КЦ 750 ќе биде претставена скулптуралната инсталација „Управило и наследството на Мурто“ на македонскиот уметник Љубиша Камењаров, која ќе биде изложена до 19 септември.

Скулптуралната инсталација „Управило и наследството на Мурто“ која е концепциски и ликовно поврзана со претходните дела „Рамнотежист“ и „Управило“, сега како продолжение прикажува како човечката фигура, со поедноставени (апстрахирани) анатомски одлики, која во контекст на просторот и поставеноста, ја отсликува важноста, ја нагласува доминантноста и значењето на субјектот и темата.

Надоврзувајќи се на предходните размисли и нивната реализација преку ликовни средства повторно ја забележува и преиспитува состојбата и поставеноста кај единките и групите, поточно хиерархиската поставеност во нивните меѓусебни односи.

Како алегорија, се препознава старата народна мудрост, која потсетува што е она што ги одредува правилата на игра (и играта воопшто!) и води, управува, влијае на поклониците.

Прикажи повеќе...

Изложби

Во Музеј на Град Скопје изложба од концерти и албуми на Влатко Стефановски

Објавено пред

Во Музејот на Град Скопје вечерва со почеток од 20 часот ќе биде отворена изложбата „Патешествие“ на промотивни постери и плакати од концерти и изданија на Влатко Стефановски, што претставува вовед во петтиот фестивал на музички документарни филмови „Скопје синема сити“, што ќе се одржува во Кинотеката од утре до 7 септември.

Материјалот што ќе биде претставен на изложбата е од личната колекција и архива на нашиот познат гитарист и го прикажува неговото патешествие преку бројните солистички концерти и проекти – од почетоците со „Леб и сол” до денес.

Организаторот наведува дека со оваа изложба се прикажува друг аспект од кариерата на Влатко, односно неговиот богат концертен опус низ годините. Стефановски изјави дека Фестивалот на документарен музички филм му изгледал како интересна можност да сподели со јавноста дел од неговата стрпливо собирана и чувана архива на плакати, од негови концерти и изданија.

– Се разбира, колекцијата е далеку поголема од она што ќе биде изложено и покажано, ама верувам дека и ова ќе предизвика интерес кај оние кои се подобро запознати со мојата работа. Вистинско шаренило од неколку децении музичка историја, фотографии, различни стилови и правци во графичкиот дизајн, големина, квалитет на хартија и сведоштво за некои други времиња, изјави Стефановски.

Од утре до 7 септември ќе се одржува 5. Скопје синема сити на кој во Кинотеката ќе бидат прикажани десет музички документарци. Фестивалот го организира здружението Номад-арт од Скопје, а во фокусот се филмови во кои „главна улога“ има гитарата и луѓето кои ги посветиле своите животи на овој инструмент.

Фестивалот ќе биде отворен со „Кит Ричардс: Под влијание“, кој е филмски портрет на Кит Ричардс, кого го нарекуваат срцето и душата на „Ролинг стоунси“. Ведаш по проекцијата, соло-настап ќе има Влатко Стефановски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Нов пожар во околината на Прилеп, гори шумата над манастирот во село Селце

Нов голем пожар денеска се појави кај село Селце, во непосредна близина на манастирот „Св.Димитрија“. Со пожарот е зафатена густа...

Македонија4 часа

Иванов: Антикорупциска манипулира, закупот е 1.950, а не 4.500 евра

Експретседателот Ѓорге Иванов реагира откако антикорупциската комисија даде препорака до Владата да се раскине договорот за закуп на неговите деловни...

Македонија6 часа

ВМРО-ДПМНЕ предлага анкетна комисија за работењето на СЈО

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска до Собранието поднесе предлог-одлука за основање анкетна комисија за утврдување на евентуалното нестручно, несовесно и...

Македонија6 часа

Апелациониот суд ги потврди доживотните затворски казни за „Диво Насеље“

Апелациониот суд Скопје ги одби жалбите на обвинетите во предметот „Диво Насеље“ и во целост ја потврди првостепената пресуда за...

Македонија6 часа

Антикорупциската комисија ќе побара Иванов да ја пресели канцеларијата од „Џеваир“

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе побара од Службата за општи и заеднички работи при Владата (СОЗР) да...

Македонија7 часа

(Видео) Туск: Северна Македонија направи сè што се очекуваше за влез во ЕУ

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, по денешната средба со премиерот, Зоран Заев, изјави дека Северна Македонија направила сè што...

Македонија7 часа

(Видео) Заев: „Рекет“ е силен тест за судството

„Рекет“ е силен тест за судството и успехот во правосудните реформи. Со решавање на овој случај и законот за Јавното...

Македонија9 часа

„02 Иницијативата“: Ништо не е реализирано од програмата за намалување на загадувањето за 2019 година

Од програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 со два милиона евра нема ништо реализирано, а објавена e само една...

Свет10 часа

Путин, Ердоган и Рохани: Да се формира одбор за изработка на нов Устав во Сирија

Лидерите на Турција, Русија и на Иран, Реџеп Таип Ердоган, Владимир Путин и Хасан Рохани, се согласија на состанокот во...

Свет11 час

Трамп: Иран стои зад нападот на Саудиска Арабија, но ќе почекаме да се докаже

Треба да се почека додека со сигурност не се дознае извршителот на нападот на Саудиска Арабија, изјави американскиот претседател Доналд...

Свет11 час

Хамнеи: Никогаш нема да преговараме со САД

Иран никогаш нема да преговара со САД, политиката на Вашингтон заснована на максимален притисок ќе пропадне, изјави врховниот ирански верски...

Македонија11 час

Пратеници формираа иницијатива за една изборна единица

Во Собранието на Северна Македонија се формира иницијатива за една изборна единица, во која се вклучија 12 пратеници од 10...

Македонија12 часа

Почнува внатрешното уредување на собите во студентскиот дом „Гоце Делчев“

Државниот студентски центар преку Министерството за образование и наука почнува со внатрешното  уредување на собите во В и Г-блоковите во...

Свет23 часа

Путин ѝ понуди оружје на Саудиска Арабија

Рускиот претседател Владимир Путин во Анкара ѝ понуди на Саудиска Арабија да ѝ продаде свое оружје, по нападите на нафтените...

Свет24 часа

(Видео) Еруптира најактивниот вулкан во Јапонија, исфрли пепел до 4.000 метри висина

Еруптира еден од најактивните вулкани во Јапонија, Сакуријам, и над кратерот исфрла облак од пепел на најмалку 1.000 метри висина,...

Македонија1 ден

(Видео) Активисти за заштита на животните упаднаа на собир на Шилегов и Марин

Активисти за заштита на животните упаднаа на собир во скопската населба Аеродром каде што средба со граѓаните имаа градоначалниците на...

Македонија1 ден

Укинат притворот на Стевчо Јакимовски

Судот му го укина куќниот притвор на поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, и му определи мерки на претпазливот....

Македонија1 ден

(Видео) Фатиме Фетаи се враќа во скопското Обвинителство, Лиле Стефанова во Радовиш

Советот на јавните обвинители на денешната седница им го прекина мандатот во СЈО на десетте помошници на поранешната специјална обвинителка,...

Македонија1 ден

Колевски: Јанева повеќе не е ниту гевгелиски обвинител

Поранешната шефица на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, повеќе не е ниту гевгелиски обвинител. Советот на јавните обвинители го стави...

Свет1 ден

Две семејства настрадаа во пожар во зграда во Сибир

Осум лица, меѓу кои и четири деца, загинаа во пожар во станбена зграда во сибирскиот град Краснојарск, соопшти руското Министерство...

Досие