Контакт

Култура

Валандово е „Град на културата“ за оваа година

Објавено пред

Општина Валандово оваа година ќе биде организатор на манифестацијата „Град на културата“, одлучи комисијата по распишаниот конкурс на Министерството за култура. На Конкурсот беа пријавени општините Валандово и Велес.

dobivaj vesti na viber

По разгледувањето на двете пристигнати пријави, во согласност со приоритетите, критериумите и мерилата содржани во конкурсот, стручната комисија составена од вработени во Министерството за култура оцени дека Општина Валандово понуди богата програма и издржан програмски концепт, со содржини од различни жанрови и естетика, од традиционалното и од современото творештво, со учество на релевантни домашни и странски уметници.

Во програмата се содржани 69 проекти од сите дејности, кои подразбираат достапност на културата за сите во општината и учество на многу млади домашни уметници и автори.

Општина Валандово ќе ги стави во функција инфраструктурните и човечките капацитети и ќе овозможи богата културна содржина во текот на целата година, како и меѓународна поврзаност и соработка во културата.

Од особено значење е што од вкупниот предвиден буџет за реализација на програмата (12.674.000,00 денари), од Министерството за култура се побарани 2.440.000,00 денари, што претставува 19,25 проценти од вкупниот буџет. Со тоа, Општина Валандово ќе ги покрие преостанатите 80,75 проценти финансиски средства, што во споредба со другата поднесена пријава, локалната самоуправа на Валандово ќе го издвои најголемиот дел од средствата за финансирање на реализацијата на програмата, велат надлежните.

Додаваат дека имајќи го предвид фактот што Општина Велес веќе двапати била финансирана во рамките на манифестацијата, и тоа во 2005 и во 2015 година, комисијата предложила да биде прифатена пријавата доставена од Општина Валандово.

Манифестацијата „Град на културата“, иницирана од Министерството за култура, а прифатена и поддржана од општините во државава, започна да се реализира во 2004 година и оттогаш, континуирано, општините учествуваат во културниот натпревар на идеи преточен со презентација на многубројни јавни настани.

Култура

Музичка убавина и префинето мајсторство на уметниците Јосифоска и Џермановиќ

Објавено пред

Со духовна грациозност и нагласен виртуозитет се огласија вчеравечер на „Охридско лето“ младите уметници од Србија, виолончелистката Ирена Јосиофоска и пијанистот Александар Џермановиќ.

dobivaj vesti na viber

Публиката уживаше во маестралната изведба на Сонатата во Це-дур за виолончело и пијано од Бетовен, во Фантастичните пиеси на Роберт Шуман, во Сонатата за виолончело и пијано од Сергеј Рахмањинов, како и во композицијата „Le grand Tango“ од Астор Пјацола.

Подиумот во црквата „Света Софија“ зрачеше од музичката убавина што ја приредија двајцата млади уметници со префинето мајсторство врз своите инструменти.

Ирена Јосифоска е една од најперспективните виолончелистки на нејзината генерација. Таа е победничка и освојува награди на повеќе национални и меѓународни натпревари.

„Првпат свирам во Македонија што е многу чудно зашто сум настапувала насекаде во светот, во Европа и во САД, а згора на тоа сум и половина Македонка. Но фестивалот „Охридско лето“ го следам уште од рана возраст. Доаѓајќи на одмор во Охрид имав можност да ги следам моите идоли и навистина е голема честа да настапам на концертниот подиум каде што свиреле и тие“, рече младата виолончелистка Јосифоска.

Младиот професор и пијанистички виртуоз, Александар Џермановиќ, е професор на Академијата за уметности во Нови Сад. Добитник е на бројни награди за пијано и камерна музика.

„Со Александар се знаеме од мали нозе, но не настапуваме често заедно. Досега сме одржале само три концерти и тоа на Балканот. Секогаш кога треба да се настапи на овие простори, секогаш се присетувам првин на него“, додаде Јосифоска која по учеството на „Охридско лето“ ја очекува настап на фестивал во Полска.

Репертоарот на класична музика на 62-то „Охридско лето“ продолжува утревечер со Музички времеплов на српските уметници Андрија Минчиќ на кларинет и Тадија Минчиќ на фагот во соработка со пијанистот Никола Цветковиќ.

Прикажи повеќе...

Култура

Богата музичка програма денеска на „Охридско лето“

Објавено пред

Концерт на учесниците на меѓународниот музички мајсторски курс под раководство на пијанистката Тамила Гулијева и виолинистот Емилио Перцан ќе се одржи денеска од 17 часот во црквата „Света Софија“ во рамките на „Охридско лето“.

dobivaj vesti na viber

Интернационалниот семинар за виолина, виола и камерна музика, под уметничко раководство на виолинистот Емилио Перцан постои од 2009 година.

Првите три години се одржува во Истра, Р. Хрватска, за од 2014 година со поддршка на Министерството за култура на Р. Северна Македонија да продолжи да се одржува во Охрид.

Семинарот го посетуваат млади виолинисти од Русија, Германија, Австрија, Хрватска, Грција, Србија, Словенија, Босна и Херцеговина и Македонија, а досега на семинарите учествувале повеќе од 150 ученици и студенти од овие и други земји.

Редовниот фестивалски термин од 21 часот во црквата „Света Софија“ вечерва е резервиран за виолончелистката Ирена Јосифоска и пијанистот Александар Џермановиќ од Србија.

Ирена Јосифоска е една од најперспективните виолончелистки на нејзината генерација.

Добитник е на прва награда на натпреварот „Габриели“ во 2021 година, таа се закитува и со наградата „Жан Никола Фирмених“ доделена од фестивалската академија во „Вербие“.

Во 2017 година таа е најмлад полу-финалист на престижниот натпревар „Кралица Елизабета“ во Белгија.

 

Прикажи повеќе...

Култура

Следната недела ќе започне јубилејната 55. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура

Објавено пред

Следната недела, во Охрид ќе започне јубилејната 55. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ).

dobivaj vesti na viber

На Школата којашто ќе трае до 2 септември ќе учествуваат шеесет странски македонисти и слависти од седумнаесет држави, коишто во Охрид доаѓаат со цврста решеност да ги продлабочат своите познавања и проучувања за македонскиот јазик, литература и култура. Пријавени се семинаристи од универзитетските центри од Австрија, Германија, Грција, Италија, Полска, Република Кореја, Романија, Руската Федерација, Соединетите Американски Држави, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Франција, Хрватска и Чешката Република.

Меѓу семинаристите се и универзитетски професори, значајни истражувачи од славистичкиот свет – лингвисти, книжевници и културолози и книжевни преведувачи, но и нови посветеници на македонистиката коишто искажуваат подготвеност да остварат влог во афирмацијата на македонскиот јазик, литература и култура во светот.

„Јубилејот 55 години непрекинато одржување на Летната школа на МСМЈЛК при УКИМ е исклучително значаен не само за македонскиот јазик, литература и култура, туку и за нашата држава воопшто, затоа што токму на оваа Школа се изнедруваат нашите најголеми поддржувачи и културни амбасадори во светот – странски македонисти. Ние имаме историски долг кон нашите претходници коишто ги удрија темелите на оваа Школа и кон странските македонисти коишто во децениите наназад ги афирмираат македонскиот јазик, литература и култура во светот, но и обрска кон иднината и перспективите на македонистиката во времето што е пред нас, постојано да вложуваме во развивањето на оваа Школа“ – истакнува директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска.

Таа и нагласува дека МСМЈЛК при УКИМ настојувал за ова јубилејно 55. издание да конципира програма којашто ќе им овозможи нови видици на странските македонисти и ќе поттикне нови истражувачки потфати, опфаќајќи и сегменти од македонската култура коишто претходно не биле дел од програмските содржини и дека ќе се стори сè за нејзиното успешно остварување.

Мојсова-Чепишевска посочува дека интересот за Школата бил голем, според брјот на странските македонисти и слависти коишто искажале интерес за нивно учество.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион1 час

Лончар: Едно дете е оперирано, а на еден патник му беше ампутирана ногата

Министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар по посетата на повредените во несреќата во Бугарија изјави дека нема загинати. „Ги...

Регион2 часа

Се истражуваат причините за несреќата со српскиот автобус во Бугарија, возачот е приведен

Тим истражители ќе ги истражува причините за несреќата со српскиот автобус што синоќа излета од коловозот на автопатот Тракија во...

Македонија2 часа

Власта да се извини за исвиркувањето на македонскиот јазик на прославата на ДУИ, порача опозицијата

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара од Владата на СДСМ и ДУИ, да се извини за исвиркувањето на прославата за Рамковниот договор, што...

Топ3 часа

Jапонскиот премиер: Никогаш повеќе нема да водиме војна

Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска, на 77-годишнината од капитулацијата на Токио во Втората светска војна, вети дека земјата никогаш повеќе...

Македонија3 часа

На Табановце се чека околу еден час, на Богородица 30 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Богородица времето на чекање за излез...

Свет3 часа

Путин му напиша писмо на Ким Џонг-ун

Рускиот претседател Владимир Путин напиша во писмо до севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун по повод Денот на ослободувањето на Северна Кореја...

Регион14 часа

Исповед на Светлана Бориловиќ, мајката на монструмот од Цетиње: Подобро што и тој е мртов

Два дена по масакрот во Црна Гора, Светлана Бориловиќ, мајката на Вук Бориловиќ, жителот на Цетиње кој уби десетмина сограѓани...

Регион14 часа

(Видео) Автобус со деца од Србија се преврте во Бугарија

Автобус со деца од Србија се преврте во канал на автопатот „Тракија“ кај градот Стара Загора, изјави за Нова ТВ,...

Европа16 часа

Секој ден расте опасноста за нуклеарната централа Запорожје, велат украинските власти

Опасноста од нуклеарната централа Запорожје на југот на Украина, за чие гранатирање меѓусебно се обвинуваат Киев и Москва повеќе од...

Свет16 часа

Удрил во барикада пред Капитол, а потоа се застрелал

Непознат човек загина откако утринава прво удри со својот автомобил во барикада во близина на американскиот Капитол, а потоа пукаше...

Македонија16 часа

Во општина Чаир санкции за 12 објекти кои работеле во недела

Денеска во периодот 10.00 до 17.00 часот припадници на Единицата за интервентна полиција во координација со инспектори од Државниот инспекторат...

Свет19 часа

Авторката на Хари Потер со поддршка за Ружди, па доби закана: Ти си следна

Џеј Кеј Роулинг – авторката на Хари Потер се огласи на Твитер по нападот врз писателот Салман Ружди, па доби...

Македонија20 часа

СДСМ: Анти-ЕУ Мицкоски може веднаш да си даде оставка

Од владејачката СДСМ со реакција за изнесени ставови на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Пд партијата велат „анти-ЕУ Мицкоски може...

Македонија22 часа

(Видео) Мицкоски: Ќе ја напуштам политиката ако додека сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ биде променет Уставот

Целокупниот процес е предавнички и калкулантски. Македонската дипломатија капитулираше. Предупредував дека ќе се случуваат нови и нови барања од страна...

Европа22 часа

(Видео) Експлозија во трговски центар во Ереван, има и жртви

Експлозија се случи во трговски центар во Ереван, град во Ерменија. Над трговскиот центар е снимен густ црн чад, јавуваат...

Европа22 часа

Пожар во црква во Египет за време на миса, најмалку 35 загинати

Најмалку 35 лица загинаа, а 45 се повредени во пожар во црква во египетскиот град Гиза, изјавиле два безбедносни извори...

Топ23 часа

МВР: Приведени десет лица, пронајдена дрога и оружје во угостителски објекти во Битола

Денеска во периодот од 01.00 до 04.00 часот од страна на полициски службеници од СВР Битола заедно со Одделот за...

Европа24 часа

Возило влетало во толпа луѓе во САД, еден загинат, 17 повредени лица

Едно лице загина, а 17 други се повредени откако возило влетало во толпа луѓе во бар во Пенсилванија, јавуваат американските...

Европа1 ден

Мекорд: Претресот на Трамп е загриженост за националната безбедност, му давал на Лавров доверливи информации

Доналд Трамп е под истрага на ФБИ за можни прекршувања на Законот за шпионажа, што, меѓу другото, го оневозможува споделувањето...

Европа1 ден

Пукање на аеродромот во Канбера, полицијата уапсила маж со огнено оружје

Аеродромот на австралиската престолнина Канбера денеска е евакуиран, откако маж почнал да пука со огнено оружје, јавија локалните медиуми, а...