Контакт

Култура

Васо Ристов е нов директор на Македонска опера и балет

Објавено пред

Со Македонската опера и балет ќе раководи Васо Ристов, актуелен селектор на музичката програма на Охридско лето и вработен во МОБ.

Новиот директор на оваа институција беше претседател на годинешниот конкурс за музичка дејност на Министерството за култура, на која имаше многу забелешки од јавноста за поддршката на избраните проекти.

Во 2005 година беше сменет од местото уметнички директор на Операта што се совпадна со револтот на вработените и Синдикатот на МОБ.

Ристов е и претседател на асоцијацијата на Македонски трубачи на Македонија.

Култура

По четврти пат Ресенски џез вечери

Објавено пред

Веќе четврта година по ред, продолжува традицијата на одржување на Ресенските џез вечери. На градскиот плоштад, пред Jazz Taverna, голем број љубители на џезот уживаа во настапот на групата „Инстинкт“, до доцните вечерни часови.

„Присуството на голем број повратници во Ресен во летните месеци, ја зголеми и потребата од поголем број културни настани. Годинава, малку порано ги одржуваме џез вечерите, за разлика од минатата година, кога се случија во месец август и ги гимаме во два викенди. Така, џез вечерите ги започнавме уште минатиот петок, со настапот на групата „Кабадајас“, а одлучивме овој викенд да има уште два настапи на музички групи. Синоќа пред ресенчани настапија членовите на групата „Инстинкт“, а вечерва, со настапот на Сашо Поповски трио, ги заокружуваме Ресенските џез вечери“, рече директорот на Домот на културата „Драги Тозија“ од Ресе, Васко Василевски.

Домот на културата „Драги Тозија“, како носител на културните настани во Ресен и Преспа, особено во летните месеци нуди разноврсна програмска понуда за сите вкусови и возрасти.

Прикажи повеќе...

Култура

Концерт на гудачки инструменти и две изложби вечерва на Охридско лето

Објавено пред

Музичката програма на фестивалот Охридско лето продолжува вечерва со концерт на гудачкиот квартет „Асасело“ од Германија.
Ќе настапат виолинистите Ростислав Кожевников и Барбара Штрајл, Јустина Шлива на виола и Тееми Мјоханен на чело. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.

Квартетот „Асасело“ е формиран во Базел во 2000 година уште додека неговите членови биле студенти на отсекот за камерна музика на тамошниот факултет. По дипломирањето, квартетот се сели во Келн, каде што членовите продолжуваат да работат и да студираат под менторство на познатиот квартет „Албан Берг“.

Членовите на „Асасело“ кариерата ја почнуваат со победата на натпреварот „Мигрос Културпроцент“ во Цирих по што следат турнеи и интернационални концерти во Унгарија, Русија, Холандија и во Велика Британија.

Дополнителната програма на Охридско лето вечерва ќе донесе две изложби.

„Кина во моите очи“ е темата на изложбата што ќе биде отворена во 19 часот, во малиот изложбен салон на Центарот за култура „Григор Прличев“. Изложбата на фотографии има цел да ги претстави природата, историјата, развојот и промените во Кина, како и пријателството помеѓу Кина и Република Северна Македонија, преку ретроспективата на македонските граѓани. Годинава се навршуваат 70 години од создавањето на Народна Република Кина и по тој повод амбасадата на Кина организира изложба на фотографии на која учествуваат сите граѓани што ја имаат посетено Н.Р. Кина.

Во организација на фестивалот Охридско лето и НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј од Охрид, во Куќата на Робевци со почеток во 20 часот ќе биде отворена изложба на сликарот Стефан Хаџи-Николов. Ова ќе биде 77. самостојна изложба на Хаџи-Николов и осма во Охрид, со што сликарот го одбележува 30-годишното присуство на охридската ликовна сцена. На изложбата ќе бидат претставени 40 слики од 3 творечки циклуси на авторот: знаменитостите на Охрид, дела со фигуративна тема и слики од циклусот „Пејзажи на душата“.

Прикажи повеќе...

концерти

„Моја бесмртна љубов“ – нова концертна сезона на Филхармонијата

Објавено пред

Новата концертна сезона (2019-2020) на Филхармонијата е со наслов „Моја бесмртна љубов“. Oд Филхармонијата најавуваат сезона богата со  фантастичен избор на солисти и диригенти, како и софистицирана и деликатно избрана програма која ќе го презентира диверизитетот на класичната музика преку разни естетики и стилови.

„Насловот алудира на писмата што Лудвиг ван Бетовен ги адресирал на својата мистериозна бесмртна љубов, кои и денеска се пример за деликатно и емотивно обраќање кон љубената. Со оваа посвета на Бетовен, која нема да биде одбележана само со насловот на сезоната, туку и преку изведба на негови дела, Филхармонија се вклучува во одбележувањето на 200-годишнината од раѓањето на овој германски композитор, која ќе се прославува насекаде во светот во 2020 година“, истакна Виктор Илиески, директор на Филхармонијата.

И Филхармонијата прославува значаен јубилеј – 75 години од формирањето.

„По повод овој значаен јубилеј нашата институција подготви роденденски концерт кој ќе се одржи на 21 ноември. На роденденскиот концерт ќе присуствуваат министрите што ќе учествуваат на самитот на земјите од Централна и Југосточна Европа и Кина – 16+1, кој тогаш ќе се одржува во Скопје. Тоа е голема чест и привилегија за нас како институција бидејќи овој концерт ќе претставува и презентација и промоција на нашата музичка традиција во пошироки рамки“, истакна Илиески.

Сезоната на Филхармонијата се отвора на 26 септември со концерт на кој ќе биде изведена музичката поема „Така зборуваше Заратустра“, антологиско дело на Рихард Штраус. Како солист ќе настапи врвниот руски пијанист Александар Мелников, чија изведба, како што оценуваат критичарите, речиси секогаш е проткаена со акутен, предизвикувачки и речиси саркастичен хумор.

„Со оркестарот ќе диригира Антони Вит, еден од највлијателните полски диригенти, добитник на наградата „Херберт вон Карајан“ во 1971 година. Вит му бил и асистент на Карајан на Велигденскиот фестивал во Салцбург, а неговата богата интернационална кариера вклучува настапи со најзначајните оркестри во Европа, Америка и Далечниот Исток“, истакна Илиески.

На прес-конференцијата зборуваше и продуцентката Роза Нолчева, која истакна дека и во новата сезона публиката ќе има можност да слуша солисти што настапуваат со водечките оркестари во Европа и Америка.

„Навистина е тешко секоја година да се прави исчекор во конципирањето на програмата кога стандардите се поставени високо, а ние се обидуваме да поставуваме високи параметри кога станува збор за секоја нова концертна сезона“, рече Нолчева.

Ана Кондратенко, концерт-мајстор во оркестарот на Филхармонијата, ја истакна програмата која паралаелно ќе се реализира на Камерната сцена.

„Исто така, во Камерната сала ќе продолжат да се одржуваат рецитали на странски, но и на нашите солисти, главно од оркестарот на Филхармонијата на кои оваа сцена им е матичен подиум на кој може активно да концертираат во разни формации и состави“, истакна Кондратенко.

Владимир Костов потенцира дека за него како концерт-мајстор и музичар во оркестарот е важно тоа што програмата е деликатно конципирана со настапи на врвни солисти и диригенти.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија27 минути

Објавен новиот предлог-закон: СЈО и ОЈО за организиран криминал ќе се спојат во ново јавно обвинителство

Министерството за правда подготви нов Предлог-закон за Јавно обвинителство во кој се здружуваат постојните капацитети на СЈО и Основното јавно...

Регион17 часа

(Видео) Косовскиот премиер Харадинај поднесе оставка

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај поднесе неотповиклива оставка на местото претседател на Владата на Косово, откако беше повикан да даде исказ...

Македонија18 часа

Мицкоски на состанок со Беса: „Ја договоривме заедничката борба против актуелната власт“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со генералниот секретар Игор Јанушев оствари средба со претседателот на Движењето Беса, Биљал Касами,...

Македонија19 часа

(Видео) За премиерот Заев, Кики и Фрики не постојат

Кики и Фрики за мене не постојат, објавете ги со име за да може да ве тужат, рече премиерот Заев...

Македонија19 часа

Власта предлага СЈО да се интегрира во Обвинителството за гонење организиран криминал и да го води Русковска

Владата ќе достави нов предлог-закон за Јавното обвинителство според кој специјалното јавно обвинителство ќе се интегрира во Обвинителството за гонење...

Македонија19 часа

(Видео) Просветниот инспекторат има 7 дена да одлучи за дисциплинската мерка за инспекторот Илиевски

Дисциплинската комисија му предложи на директорот на Држaвниот просветен инспекторат да одлучи во рок од 7 дена дали ќе го...

Македонија22 часа

Градоначалникот на Струга се откажа од ингеренциите за издавање дозволи за градба

Градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, ѝ ги отстапи на Владата ингеренциите во делот на издавање дозволи за градба, легализација...

Македонија23 часа

Владата: Откажана лидерската средба, не прифаќаме ултиматуми од Мицкоски

Лидерската средба што беше планирана за денеска, дефинитивно, нема да се одржи. Од Владата велат дека причината за откажување на...

Македонија23 часа

Новинарите избркани од зградата на Државниот просветен инспекторат

Половина час по почнувањето на седницата на дисциплинската комисија во Државниот просветен инспекторат, на која се расправа за постапката на...

Македонија1 ден

Северна Македонија и Јужна Кореја воспоставија дипломатски односи

Јужна Кореја официјално воспостави дипломатски односи со Северна Македонија, објави Министерството за надворешни работи во Сеул, пренесе новинската агенција „Јонхап“....

Свет1 ден

Осомничениот го запалил студиото за анимација во Кјото зашто му украле идеја

Четириесет и едногодишниот маж, кој е осомничен дека го подметнал пожарот во студиото за анимација во Кјото, Јапонија, во кој...

Спорт1 ден

Кога Вимблдон зависи од деца

Тие се во сенка, иако стојат на сонце. Тие се незабележливи, иако ги гледате на ТВ екранот како ви претрчуваат....

Македонија2 дена

Николовски по состанокот на СДСМ: Последните настани покажаа одлучна борба против криминалот и корупцијата

Заврши состанокот на Централниот одбор на СДСМ на кој во проширен состав, во присуство на повеќе градоначалници, министри, заменици и...

Свет2 дена

Во Мароко изречени смртни казни за убиството на скандинавските туристки, обезглавени во име на Исламска држава

Судот за борба против тероризам во мароканскиот главен град, Рабат, изрече смртни казни за три лица поради убиството на две...

Свет2 дена

Хаос во поплавените области во Индија, тигри влегуваат во семејни домови

Најмалку 40 села во северниот дел на Бангладеш се поплавени откако синоќа од коритото се излеа една од најголемите реки...

Топ2 дена

Тетовец со „голф“ влетал во десетмина пешаци, еден од нив тешко повреден

На локалниот пат село Горно Орашје – Тетово, во попладневните часови на 17 јули се случил посериозен сообраќаен инцидент во...

Регион2 дена

Дојавата за бомба на аеродромот во Белград е лажна

Министерството за внатрешни работи на Србија потврди дека дојавата за бомба во авионот на „Луфтханза“ на аеродромот „Никола Тесла“ во...

Македонија2 дена

Активистката Моника Ристеска осудена на една година затвор

Активистката за легализирање на марихуаната, Моника Ристеска, е осудена на една година затвор. Таа е осудена за неовластено производство и...

Македонија2 дена

ЗНМ: Случајот со „1ТВ“ е последен аларм за итни медиумски реформи

Последните случувања со приведувањето на Бојан Јовановски, менаџер во кабелската телевизија „1ТВ“, отвора сомнеж за сериозна злоупотреба на медиумите на...

Свет2 дена

(Видео) Бројот на жртви во пожарот во студиото за анимација во Јапонија се искачи на 23

Бројот на жртви во подметнатиот пожар во познатото јапонско студио за анимација во Кјото порасна на 23, објави Би-би-си. Постои...

Досие