Контакт

Култура

Велешкиот театар со „Вдовицата се мажи“ на фестивал во Русија

Објавено пред

Од 25 до 31 мај, Театарот „Јордан Х.К-Џинот“, Велес ќе настапи на Интернационалниот театарски фестивал „Руска класика“ во Москва, Русија со комедијата „Вдовицата се мажи“ според „Мечка“ на А.П.Чехов, во режија и адаптација на Младен Крстевски.

„Вдовицата се мажи“ е адаптација на едночинката „Мечка“ од Антон Павлович Чехов, напишана во 1888 година, која на комичен и атрактивен начин за гледање ја следи приказната за вдовицата Попова, која седум месеци е во траур по смртта на сопругот и одбива да излезе од имотот и да прима посети. Комуницира единствено и само со нејзиниот лакеј Лука и вработените на имотот. Кај неа ненадејно доаѓа Смирноф, артилериски поручник во оставка и кредитор кој си ги бара назад парите кои му ги должи покојниот сопруг на Попова.

„Вдовицата се мажи“ е комедија на карактери која изобилува со брзи дијалози, силни емоции и ненадејни пресврти. Претстава за едноставната комплексност на човековата природа, за тенката граница помеѓу омразата и страста, за човекот кој честопати знае да биде чуден, а прекрасен и туѓ на себе.
Сценографијата за претставата е на Филип Коруновски, костимите се на Катерина Чукниева, а изборот на музиката е на Снежана Митова. Во претставата настапуваат актерите Марина Поп-Панкова, Васил Зафирчев и Младен Крстевски.

Култура

По седми пат годинава во Прилеп ќе се одржи Меѓународен џез фестивал

Објавено пред

Од

Од 30 август до 1 септември годинава во Прилеп ќе се одржи седмото издание на Меѓународниот џез фестивал. Фестивалот ќе се одржува на летната сцена од Центарот за култура „Марко Цепенков“, информираат организаторите.

Од Oпштина Прилеп во своето соопштение наведуваат дека во изминатите 6 изданија на фестивалот настапиле многу познати музички имиња од светот на џезот, од повеќе држави од Европа, а годинава фестивалот нуди многу поинтересна програма, која е комбинација на џез од земјите од Медитеранот, како Италија, Франција и Грција.

Фестивалот, како што додаваат од Oпштина Прилеп, ќе понуди и квалитетна џез-презентација на македонски бендови кои одлично котираат и се презентираат на европската и светската сцена, додека финалето оваа година, како што соопштуваат, е резервирано за „Деца лоших музичара“, бенд од Србија, кој во изминатите триесетина години на љубителите на џезот им има приредено многу незаборавни моменти.

Прикажи повеќе...

Култура

Седумдесет филма на 9. издание на „Македокс“

Објавено пред

Од

Македокс, фестивал

Деветтото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“ ќе се одржи 16 до 23 август во Куршумли ан, на платото пред Музејот на Македонија и во Музејот на современата уметност во Скопје. Како и претходните години, „Македокс“ ќе донесе пресек на најновото и најкреативното во документарната кинематографија сместено во повеќе програмски сегменти, како Главна програма, Нови автори, Кратки документарци, Студентска програма и две програми за деца и млади.

На „Македокс 9“ ќе бидат прикажани 70-ина филма, ќе бидат присутни исто толку гости, а филмовите ќе се натпреваруваат за наградите „Кромид“ за најдобар филм во главната програма, „Млад кромид“ за најдобар филм на нов автор, „Кокарче“ за најдобар студентски филм, „Сечкан кромид“ за најдобар краток филм, а сите влегуваат во конкуренција за наградата за филм со најдобри етички идеи.

„Со големо задоволство можам да истакнам дека годинава ќе имаме филмови од многу земји и што ќе ни дојдат гости од Индија до Исланд. Додадовме еден ден плус и фестивалот ќе се одвива во осум дена“, рече Петра Селишкар, селекторка на главната програма на „Македокс“, која потенцира дека годинава многу силна ќе биде селекцијата во Нови автори.

На отворањето на фестивалот, на 16 август во Куршумли ан, ќе бидат прикажани краткиот филм „Вај-фај Плаза Куба“ на Андријан Келтерборн и долгометражниот документарец за мачките во Истанбул со наслов „Кеди“ на Цејда Корун. По филмската програма на отворањето, ќе следува концерт на „Џими Барка експириенс“.

Мото на деветтото издание на фестивалот е „Реалноста режира, ние правиме филмови“, со што тематскиот фокус на фестивалот е ставен на режијата во документарниот филм. Во тој правец на „Македокс 9“ ќе бидат одржани две филмски работилници, а и двете ќе се случуваат во Музејот на современата уметност во Скопје.

Прикажи повеќе...

Култура

Заврши снимањето на краткометражниот нем филм „Љубовникот“

Објавено пред

Од

Краткометражниот филм „Љубовникот“, снимен во манирот на старите неми филмови по сценарио и во режија на Игор Иванов – Изи, а во продукција на „Скопје филм студио“, е во завршна фаза на постпродукција. Филмот пред неполни два месеца беше снимен на локација во Скопје во населбата Карпош 2, каде што со креативна сценографија, костимографија и приод на камерата беше создаден автентичен амбиент за работа на нем филм од 30-тите години на минатиот век.

Речиси како низ машина за времеплов е постигнат ефектот на незвучен филм, а актерската игра со препознатливата нагласена гестикулакција својствена за немите филмови шармантно ни пренесува приказна за еден љубовен триаголник.

Оваа нетипична филмска авантура за актуелното време има амбиција да потсети на филмската естетика од минатото, на големината на подвижните слики независно од тонот и гледано од денешен аспект гледачот да ја види таа сензација и натаму како свежа филмска форма.

За оваа намена филмот е снимен со 18 квадрати во секунда. Улогите ги толкуваат Игор Ангелов, Наталија Теодосиева и Сашо Петровски. Кинематографери на филмот се: доајенот на македонскиот филм Драган Салковски, Дејан Димески и Томи Салковски, костимограф е Емилија Атанасовска, монтажата е на Владимир Павловски, а продуцент е Томи Салковски.
Филмот е во продукција на „Скопје филм студио“, а е поддржан од Агенцијата за филм.

Во историјата на немите филмови фактографски се појаснува дека нем филм претставува филмска снимка што не содржи звучен запис. Јавното изведување на овие филмови е речиси секогаш проследено со музика. Немиот филм е настанат кон крајот на XIX век во Западна Европа и САД. Технологијата на снимање и репродукција на звукот настанала пред настанокот на првиот нем филм, но сè до 1920 година не постоеле погодни методи на синхронизација на визуелните и аудитивните записи на филмската лента. Затоа, заедно со некои експериментални исклучоци, сите дотогаш снимени филмови биле неми. Овој период е познат како ера на немиот филм, која завршува во 1927 година кога е направен и прикажан првиот комерцијално дистрибуиран звучен филм, „Џез-пејачот“.

Повеќето од долгометражните неми филмови снимени во САД исчезнале во изминатите сто години поради негрижа, па оваа оригинална уметничка творба на XX век е пред изумирање.

Филмовите во кои играле раните ѕвезди – Бастер Китон, Чарли Чаплин и Мери Пикфорд – и понатаму постојат. Музејот на модерната уметност во Њујорк, Конгресната библиотека и другите архиви со децении ги чуваат раните филмови, но студијата предупредуваат дека на секој еден класик што е сочуван исчезнуваат шест.

Од големите филмски студија, МГМ работи на зачувување на немите филмови и инвестира во филмската библиотека зачувувајќи 113 неми филмови продуцирани или дистрибуирани од МГМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 часа

(Фото и Видео) Застрашувачки видео снимки од рушењето на надвозникот во Италија

Италијанската полиција на социјалната мрежа „Твитер“ објави видео на кое се гледа моментот на рушењето на надвозник во близина на...

Македонија8 часа

Владата донесе одлука за спроведување кампања за референдумот

Владата донесе одлука да спроведе процес на планирана јавна комуникација од јавен интерес – кампања за референдумот. По потпишувањето на...

Македонија11 час

Владата го разреши директорот на БЈБ, Лазе Велковски, поради скандалот со џипот

Владата на денешната владина седница го разреши  директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазе Велковски. Со БЈБ сега ќе раководи...

Македонија14 часа

Зошто редовно се калкулира и навреме не се објавува тендер за набавка на инсулин?

Министерот за здравство, Венко Филипче, сè уште не најде долготрајно решение за проблемот со недостиг на инсулин за дијабетичарите. По...

Македонија14 часа

УЈП ќе има неограничен пристап до сметките на граѓаните, но тој треба да биде контролиран

Увидот на Упрвата за јавни приходи во личните податоци мора да се ограничи, а евентуалната размена на податоците со банките...

Економија15 часа

Четири компании со иновации изјавиле дека се поврзани со функционери

Четири од вкупно 77 компании добитници на грантови за иновации изјавиле дека во сопственичката структура имаат лице носител на јавна...

Економија17 часа

Ердоган најави бојкот на електронските уреди од САД

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека ќе следува бојкот на електронските уреди од САД  по заострувањето на односите со...

Топ18 часа

Почина шестмесечно бебе во Штип

Шестмесечно бебе без знаци на живот вчера било донесено во штипската болница. На неговото тело немало траги на насилство, а...

Свет19 часа

Трамп го потпиша законот за одбранбена политика вреден 716 милијарди долари

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го потпиша законот за годишната одбранбена политика, вреден 716 милијарди долари, што предвидува модернизација и...

Економија20 часа

Светски познатиот американски бренд за брза храна КФЦ доаѓа во Македонија

Премиерот Зоран Заев синоќа оствари средба со Фатмир Зимбери, сопственик на лиценцата за отворање ресторани за брза храна на американскиот бренд...

Топ20 часа

Пожар во „Неуромедика“, штетата сѐ уште не е утврдена

Пожар избувнал ноќеска во болницата „Неуромедика“ во центарот на Скопје. Како што информираат од Противпожарната бигада на град Скопје, пожарот...

Македонија20 часа

Владата на седница ќе го разгледа предлогот за разрешување на директорот на БЈБ

Владата денeска на седница ќе го разгледа предлогот за разрешување на директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазе Велковски, кој...

Македонија1 ден

По објавата на ,,Макфакс”, Министерството за здравство уште утре ќе распише тендер за набавка на инсулин

По објавата на ,,Макфакс” за недостиг на инсулин во државата, Министерството за здравство одлучи уште утре да распише тендер за...

Економија2 дена

(Видео) Заев: УЈП ќе ги гледа сметките оти најмала наплата на даноците има кај оние со најголеми приходи

Увидот на Управата за јавни приходи (УЈП) во банкарските сметки на граѓаните ќе служи само за државата да си ги...

renata-jakimovic renata-jakimovic
Македонија2 дена

Дијабетичарите принудени меѓу себе да си позајмуваат инсулин бидејќи го нема во аптеките

На повидок е нова инсулинска криза во Република Македонија, дијабетичарите со месеци мака мачат да дојдат до лекот од кој...

Македонија2 дена

(Видео) Лазе Велковски останува во МВР и по евентуалното разрешување

Лазе Велковски, директор на Бирото за јавна безбедност, ќе остане во МВР, дури и ако Владата на утрешната седница го...

Регион2 дена

Ставен под контрола пожарот на грчкиот остров Евија

Ставен е под контрола шумскиот пожар што избувна вчера на грчкиот остров Евија. Поради пожарот, на островот претходно денеска беше...

Македонија2 дена

За четири дена 528 пријави од дијаспората за претстојниот референдум

На повикот на Државната изборна комисија преку интеренет-апликација, со која гласачите од дијаспората може електронски на страницата да поднесат барање...

Македонија2 дена

Претседателот на Бугарија бара анекс-договор со Македонија

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, смета дека македонскиот премиер, Зоран Заев, не ѝ се извинил на соседната земја по изјавата...

Македонија2 дена

Чавков и пратениците следната недела на суд за крвавиот четврток

Следната недела, на 22 август, обвинетите за настаните во Собранието на крвавиот четврток повторно седнуваат на обвинителна клупа. Меѓу нив...

Досие