Контакт

Култура

Вечерва започнува студентската програма на „МакеДокс“

Објавено пред

Со перформансот „Скопје-Варшава… со љубов виа Малух“ според концептот на Владан Царичиќ – Цар, а во реализација на балерината Ивана Коцевска заедно со двете генерации „докуникулци“ на „МакеДокс“ вчера во Куршумли-ан, со филмот „Над возможното“ на Марта Прус, беше отворена програмата на „земјата во фокус – Полска“, соопштуваат организаторите.

Почетокот на програмата на „земјата во фокус – Полска“ предизвикала голема побарувачка за билети и создаде долга редица пред Куршумли-ан, а мал дел од публиката беше пренасочуван кон проекциите на следните филмови од програмата на „МакеДокс 9“, се вели во соопштението од организаторите.

Голем интерес предизвикале и полските филмови „Сестри“ на Михал Хитрош и „Опера за Полска“ на минатогодишниот добитник на наградата „Кромид“ на „МакеДокс“ за филмот „21хЊујорк“ – Пјотр Стасик.

Денеска пак со заедничкиот пикник со „Синестетика“, на кој млади уметници ќе ги продаваат своите ракотворби ќе почне Студентската програма, додека во ноќните часови, по завршувањето на проекциите на филмовите, во Куршумли-ан ќе биде одржан и концерт.

Деветтото издание на „МакеДокс“ е поддржано од Агенцијата за филм на Република Македонија, Програмата МЕДИА на Креативна Европа, Фондацијата за развој на демократијата од Вашингтон и Град Скопје.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Со филмот „Манаки – приказна во слики“ вечерва ќе се спуштат завесите на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола

Објавено пред

Вечерва, на затворањето на 40. јубилејно издание на ИФФК „Браќа Манаки“ на лауреатот на Златна камера 300 за животно дело, кинематограферот Јоргос Арванитис свечено ќе му биде врачена наградата, а меѓународното жири ќе ги соопшти имињата на добитниците на Златна, Сребрена и Бронзена камера 300 за најдобри кинематографски остварувања од годинашанта Главна селекција. Исто така ќе биде врачена и наградата „Мала камера 300“ за најдобиот кинематографер во селекцијата Кратки филмови. Веднаш потоа ќе се одржи специјална проекција на филмот „Манаки – приказна во слики“,чиј режисер и кинематографер е Роберт Јанкуловски и кој ја прикажува фотографската работа на Јанаки и Милтон Манаки и нивното големо творештво.

Ерик Готје и Јоргос Арванитис на „Браќа Манаки“

Вчера вечер, пак, свечено беа доделени и наградите кои се доделуваат првпат годинава – за најдобар ангажиран документарен филм, која ја доделува Општина Битола и за најдобар филм според публиката од програмата Мак поинт.

Трочленото жири кое одлучуваше за најдобар документарен филм, го награди „За Сама“ на режисерката и кинематограферка Ваад ал-Катеаб и кинематограферот Едвард Вотс, опишувајќи го како интимно и епско патување во време на војна, низ очите на една новинарка. Користејќи ја камерата, новинарката ги има уловено драматичнните мигови во Алепо, Сирија и страдањето на невините луѓе за време на стравотните бомбардирања и воените напади на градот.

„Заедно со градоначалничката на Битола, Наташа Петровска одлучивме да ја воведеме оваа награда на фестивалот бидејќи на тој начин ја продолжуваме традицијата на браќата Манаки, кои се првите документаристи на овие простори. Се надевам дека овој пристап и однос кон нивното творештво ќе остане аманет и за оние кои и во иднина ќе бидат дел од овој фестивал и дека ќе го негуваат документарниот филм“, рече Гена Теодосиевска, директорка на фестивалот.

Во програмата Макпоинт, која ги прикажува најновите остварувања на македонските автори, публиката гласаше по секокја проекција и според нејзините гласови, победи филмот „Скопје 2020“ на режисерот Радован Петровиќ и кинематограферот Андреј Лембанов.

„Одлучивме да ја воведем оваа награда и на тој начин дополнително да ја вклучиме публиката во фестивалот и во филмскиот свет. Се надевам дека наградата ќе ги мотивира младите македонски филмски професионалци да продолжат да творат и да бидат дел од Мак поинт програмата, рече Ана Василевска“, селекторка на оваа програма.

Френк Грибе, кинематографер на филмот „Лара“ кој беше прикажан во главната компетиција, денеска во разговор со Благој Куновски Доре , селектор на програмата се потсети на своето прво доаѓање во Битола пред 24 години.

Френк Грибе – кинематографер на филмот „Лара“

-„Лара“ има поестетски пристап и создава атмосфера со главниот лик која во Карлови вари беше наградена како најдобра млада актерка. Неговиот последен филм е трета соработка со еден од најинтересните режисери и претставува германски филм со француска естетика. Вчера околу 450 луѓе го гледаат филмот и публиката остана до крајот на филмот, рече Куновски.

За тоа какво е чувството да се присуствува на проекција на која се исполнети седиштата, за естетиката на филмот и соработката со режисерот, Грибе рече дека им требало подолго време за да го најдат заедничкиот јазик со режисерот.

-Откако на првиот ден за снимањето ја поставивме камерата и почнавме да се движиме, следниот ден режисерот рече дека треба да бидеме статични и така продолживме да снимаме до крајот на филмот со статични кадри. Зборувавме при снимањето за работата на Бергман и Антониони и нивното влијание може да се почувствува во филмот, рече Грибе.

Во филмот се мешаат трагедија и комедија, а поголемиот дел од тоа е содржано во сценариото кое е старо 10 години. Сценаристот доаѓа од Словенија, Блаш Кутин и тој ја раскажа приказната за Лара која го слави 60 роденден и во таа посебна вечер нејзиниот син ќе одржи деботантски пијано-концерт. Лара ја зацртала неговата музичка кариера, но на настапот не е добредојдена.

Минатогодишниот добитник на Сребрена камера 300 дојде во Битола за да ги поддржи своите пријатели Лакман и Арванитис.

Ерик Готје, кинематографер кој минатата година на фестивалот „Браќа Манаки“ ја доби наградата „Сребрена камера 300“ допатува во Битола и денеска сподели искуства од учеството на фестивалите во Венеција, Кан и овде во Битола.

Ерик Готје со Куновски. Готје минатата година на фестивалот „Браќа Манаки“ ја доби наградата „Сребрена камера 300“

„Секогаш е задоволство да се биде во Битола. Благодарен сум што ме побаравте да бидам член на жирито, поради обврски не можев да учествувам, но еве направив напор да дојдам на свеченото затворање на фестивалот. Овде се запознавам со многу кинематографери, драго ми е што Ед Лахман и Арванитис имаа специјални проекции во нивна чест, бидејќи тие се мои пријатели и колеги кои многу ги ценам, и каде би дошол на друго место ако не овде-на местото каде се спојуваат кинематограферите“, рече Готје.

Константин Есаѕе, кинематографер на филмот „Деде“ во разговор со Слаѓан Пенев, во рамки на програмата Грузија-земја во фокус“ разговараше за предизвиците при снимањето.

Филмот раскажува приказна за една жена и три мажи. Дина може да ги предизвика строгите традиции на длабокиот Кавказ, но дали ќе издржи нејзиниот дух?

Константин Есаѕе во разговор со Слаѓан Пенев, во рамки на програмата Грузија-земја во фокус“

„Ова е одличен фестивал за кинематографери , но каде е мојата награда?, се пошегува на почетокот Константин. Мојот германски колега кој пред мене беше овде рече дека 1 милион долари е мал буџет, па би сакал да прашам каков буџет е 100.000 евра? Патувавме низ Кавказ баравме локации за снимање во текот на три сезони: зима, пролет и есен. Поради малиот буџет моравме да набавиме евтина камера, тоа е АGASO. Дали некој слушнал за ваква камера? Мислам дека не. Тоа е многу евтина камера, но филмот го снимивме со неа. Поради временските неприлики, на Кавказ е многу студено и имаше многу снег, сите се разболевме, но успеавме да го завршиме филмот“, рече Есаѕе.

 

Прикажи повеќе...

Изложби

Педесет години светска галерија на карикатури

Објавено пред

Во Музеј „Куќата на Робевци“ во Охрид синоќа се одржа промоција и отворање на изложба на карикатури. Изложбата се состои од 50 карикатури – добитници на највисоката награда на секоја од 50-те изданија на Светската галерија на карикатури Скопје од 1969 – 2019 и ќе трае до 3 октомври.

Кога ќе се спомене ОСТЕН – најпрвин се мисли на карикатурата.., и со право! Скопје, град со релативно скромни традиции во карикатурата, благодарејќи на професионалното организационо обликување на Светската галерија на карикатури од страна на членовите на Редакцијата на македонскиот хумористично-сатиричен весник „Остен“, од 1969 година прераснува во град-мека на светската карикатура и тоа трае веќе 50 години!

За тоа се заслужни многумина: Од Блаже Конески (кумот на името „Остен“), Ацо Шопов, Владо Малески, Славко Јанески, Василие Поповиќ Цицо, .., преку Дарко Марковиќ, Дукан Јелен, Владо Јоциќ, Панде Јаревски, Миле Попоски, Димитар Чудо, Ане Василевски, Глигор Костовски, Делчо Михајлов, Ѓуро Варга, Ефтим Проески, Живко Павлов, сите во своите области како работници или соработници во Редакцијата на ОСТЕН, … па сѐ до Мице Јанкуловски, кој од 2004 година заедно со тимот на ОСТЕН успешно ја продолжува традицијата на Светската галерија на карикатури. Брендот, за волја на вистината, испадна доста жилав. Од првиот број на 1.1.1945, ОСТЕН сам за себе вели дека е весник кој „излегуе кога ќе му текне“… така што, ОСТЕН е бренд со карактер – како што се и луѓето кои го воделе сите овие години.

Стварноста на времето во кое живееме ја замени карикатурата. Реалноста е карикатурална, но не на интересен, критички и конструктивен начин како кај карикатурата. Јавната комуникација е полна со навреди, омраза, што е одраз на сопствените фрустрации, стравови, несигурност и неподнослива леснотија на неодговорноста за пуштената мисла во етерот. Карикатурата е уметност на пренесување пораки. Оттука артикулацијата на критичката мисла сублимирана во визуелна порака е вистинскиот атрибут на карикатурата што треба да се негува, да се надградува и да се усовршува. Во јавната комуникација денес како да недостасува артикулација, затоа – крајно време е да ја вратиме карикатурата на вистинското место!..

ОСТЕН и денес го прави она што отсекогаш го правел и ќе го прави, а се содржи во значењето на неговото име – ги боцка и ги пецка, односно ги провоцира, ги предизвикува, ги мотивира, ги стимулира своите соработници, уметноста, културата, публиката, општеството… и придонесува работите да одат напред! По 50 години постоење, преку Светската галерија на карикатури, ОСТЕН ќе продолжи да создава услови за да можат карикатуристите од цел свет на мира да стрелаат со своите мирнодопски куршуми сочинети од елементи на политика, уметност, хумор и сатира – точно во центарот на сите сомнителни и проблематични точки на светот во кој живееме.

Прикажи повеќе...

Култура

Програмата на 44. МОТ завршува со претставата „Чист град“ од Грција.

Објавено пред

Режисерите Анестис Азас и Продромос Циникорис од експерименталната сцена на националниот театар во Атина гостуваат со приказна за петте чистачки кои станаа театрални хероини во еден „Чист град“.

Кој ја чисти Атина? Зошто мнозинството што ја чисти Атина се жени или имигранти? Дали се тие ‘родени’ чистачи? Како нивните CV-ја се разликуваат од вашите? Можеби, на крајот, сите сме поданици на историјата? И кога сме веќе таму, нели го користиме терминот ‘чистка’ за да ги опишеме операциите на полицијата насочени кон ослободување на јавните места од ‘непосакуваните’ (имигранти, бездомници, ‘изопачени’)? Азас и Циникорис сега го истражуваат расизмот на „чистотата“ и „наивноста“, опасноста од фашизмот, женската имиграција во Грција и идентитетот на ‘чистачката’. Како театар на реалноста, „Чист град“ ги наоѓа и редефинира стереотипите преку погледи и лични искуства на вистински експерти што се однесува до чистотата: жените имигрантки, чистачки на Атина.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

Јовановски и Јанева повикани на распит во Обвинителството

Осомничените во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски и Катица Јанева се повикани на распит во Обвинителството. Првоосомничениот Бојан Јовановски е повикан...

Топ1 час

Нападнат вработен на Kомплексот клиники „Мајка Тереза“

Вчера во полициската станица бил пријавен физички напад што се случил на Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Случајот го пријавил 61-годишен...

Топ2 часа

Фатени двајца крадци кои ограбиле пет маркети во Охрид

МВР соопшти дека поднеле кривични пријави против две лица кои се сомничат за пет кражби во Охрид. Едниот е на...

Регион2 часа

Земјотрес во Албанија, почувствуван и кај нас

Земјотрес попладнево ја погоди Албанија, а беше почувствуван и во западниот дел од земјава и во Скопје. Земјотресот е со...

Топ5 часа

(Видео) Во координирана полициска акција во 24 градови пронајдени и одземени поголеми количества дрога и оружје

По претходно изготвен план за преземање на конкретни мерки и активности, со наредби од судија на претходна постапка, вчера од...

Свет6 часа

Зариф: САД се очајни, со санкциите сакаат да ги спречат Иранците да добиваат лекови

Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамад Џавад Зариф ги обвини САД дека со новите санкции против иранската централна банка сакаат...

Свет7 часа

„Фејсбук“ укина илјадници апликации

Компанијата „Фејсбук“ објави дека укинала десетици илјади апликации, кои биле потенцијална опасност за приватноста на корисниците, а тоа го покажала...

Топ7 часа

Кривична пријава против Јосифовски поради хакирање на Централниот регистар

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесе кривична пријава против поранешниот пратеник од Нова содицијалдемократска партија, Љубомир Јосифовски, поради...

Топ7 часа

Автомобил удри во жена во Маџари

Тешко повредена 41-годишна жена од Скопје, откако во неа удрил автомобил „Фолксваген пасат“ на ул.„Перо Наков“. Б.Ѓ. се здобила со...

Свет8 часа

Трамп одобри распоредување на воени трупи во Саудиска Арабија и ОАЕ

Американскиот претседател Доналд Трамп одобри распоредување американските сили во Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, после нападот врз саудиската нафтена...

Македонија23 часа

Советот за реформи во правосудството: Избор на шеф на обвинителство предложен од партија отвора врата за политизација

Избор на шеф на кое било јавно обвинителство на предлог на политичките партии, вклучувајќи ја опозицијата, е решение кое отвора...

Интервју/Дебата23 часа

(Видео) Поповска од ДОМ: Оптимист сум дека на следните избори ќе гласаме во една изборна единица

Пратеничката од партијата ДОМ, Лилјана Поповска, во интервју за „Макфакс“ изјави дека очекува да помине иницијативата за една изборна единица...

Свет1 ден

Над 30 светски лидери потпишаа иницијатива за борба против климатските промени

Над 30 шефови на држави и влади потпишаа апел за засилување на активностите во борбата против климатските промени, што ги...

Топ1 ден

Воз на релација Гевгелија – Скопје прегази 23-годишен мигрант

Пакистанец на возраст од 23 години загина на пругата во близина на селото Ногаевци кога во него удрил воз што...

Македонија1 ден

Почна уривањето на дивоградбите во Охрид

Општина Охрид ја почна најавената акција за уривање дивоизградени објекти на подрачјето на општината во согласност со законските процедури и...

Македонија1 ден

(Видео) Одложено судењето на Латас, предметот „Тотал“ сѐ уште во доказна постапка

Денешното рочиште за случајот „Тотал“, каде што обвинет е новинарот и поранешен уредник, Драган Павловиќ-Латас, е одложено за 17 октомври...

Свет1 ден

Во светот се одржуваат големи климатски протести, ќе се протестира и кај нас

Глобален протест против климатските промени за денеска е најавен во 139 земји и се очекува ова да биде најмасовниот во...

Свет1 ден

(Видео) Пукање во близина на Белата куќа, еден загинат и петмина повредени

Еден човек загина, а петмина се повредени при пукање во Вашингтон, во близина на Белата куќа, пренесуваат американските медиуми. Не...

Свет1 ден

Пентагон на Трамп ќе му претстави воени опции за Иран

Воени опции како одговор на иранскиот напад врз саудиската рафинерија, денеска, ќе му бидат претставени на американскиот претседател Доналд Трамп....

Свет1 ден

Саудиска Арабија почна воена операција во Јемен

Коалицијата што ја предводи Саудиска Арабија почна воена операција северно од јеменскиот пристаништен град Ходеида. Целта на операцијата, како што...

Досие