Контакт

Култура

Вечерва „Илијада“ за крај на 58. издание на „Охридско лето“

Објавено пред

Со театарската претстава „Илијада“ од Хомер, во режија на Јернеј Лоренци, а во копродукција на Словенечкиот народен театар – СНГ Драма Љубљана, Цанкарев дом и Градски театар од Словенија вечерва, како што соопштуваат организаторите, ќе биде спуштена завесата на 58. издание на фестивалот „Охридско лето“.

Претставата ќе се одигра на Античкиот театар со почеток во 21 часот.

Директорот на Словенечкиот народен театар, Игор Самобор, режисерот Јернеј Лоренци и дел од актерската екипа на прес-конференција изразија задоволство што првпат ќе играат под отворено небо и во амбиент што одговара на самата претстава и најавија дека публиката ќе ужива во прекрасен проект.

„Претставата ‘Илијaда’ е иновативна и величествена. Колку што е класична, толку е и инспирирана од европската театарска авангарда, со суптилни совети на модерната историја на Балканот. Изведбата почнува како концертна верзија на една опера, актерите во формална облека седат на столови раскажувајќи ја крвавата историја за ‘Илијада’ на микрофони. Микрофоните не се само за да се збогати звукот на зборовите, туку целата изведба е изградена од музика и поетскиот ритам хексаметар, слично како отчукувањата на срцето и одекот на коњскиот кас. Раскажаниот вовед полека прераснува во едно целосно театарско доживување со една универзална релевантна нишка кое е препознатливо за целата публика“, стои во соопштението од организаторите на „Охридско лето“.

Култура

Од 23 до 25 ноември во Токио ќе се одржи Европскиот книжевен фестивал

Објавено пред

Од 23 до 25 ноември на Европскиот книжевен фестивал кој по вторпат се одржува во Токио, Јапонија, ќе учествува и македонската писателка Лидија Димковска.

„Димковска, заедно со уште тројца досегашни добитници на наградата на Европската Унија за книжевност од Словенија, Велика Британија и Малта, ќе учествува на книжевна дебата и читање на кое кое Димковска ќе претстави фрагмент од романот „Резервен живот“ на македонски, англиски и јапонски јазик“,се наведува во соопштението.

На фестивалот пред јапонската публика покрај добитниците на наградата на ЕУ за книжевност со читања, дебати и промоции ќе се претстават и реномирани писатели од Белгија, Летонија, Финска, Австрија, Германија, Чешка, Португалија, Естонија, Холандија и други, а учествуваат и јапонски автори. По учеството на фестивалот, Димковска ќе престојува на еднонеделна писателска резиденција на јапонскиот остров Окинава.

Прикажи повеќе...

Книги

Промоција на книгата „Безбедносни системи – компаративна анализа“

Објавено пред

Утре, во Македонската филхармонија, ќе се одржи промоција на книгата „Безбедносни системи – компаративна анализа“ на професорот Оливер Бакрески. Промотори на книгата ќе бидат професорот Неџад Корајлиќ, декан на Факултетот за криминалистика, криминологија и безбедносни студии од Сараево, професорот Зоран Кековиќ, раководител на катедрата за безбедност при Факултетот за безбедност од Белград, и професорот Јасмин Ахиќ од Факултетот за криминалистика, криминологија и безбедносни студии од Сараево.

„Содржините на оваа книга, нејзините прашања и проблеми се од видот на оние што ги третираме како постојано отворени прашања за кои се бараат нови одговори. Анализата на овој комплетен зафат оди на нивото на највлијателните теории и современите истражувачки потфати. Во неа се собрани и систематизирани теориски осмислени идеи и истражувачки искуства, а книгата се оценува дека има големо едукативно значење“, стои во најавата.

Во соопштението се додава дека градењето ефикасен безбедносен систем е сè уште голем предизвик за Република Македонија. „Се смета дека ова прашање е едно од најтешките затоа што се поврзува со ефикасното функционирање на безбедносниот систем, но ова не значи дека постоењето безбедносен систем сам по себе ќе ја обезбеди потребната функционалност. Оттука, целокупната проблематика во книгата „Безбедносни системи“ се обработува на мошне специфичен начин, а преку истражувачките пластови се откриваат меѓусебните односи и влијанија“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Култура

Стартува осмата Недела на дизајн во Скопје

Објавено пред

„Објективност“ е темата на осмото издание на Недела на дизајнот во Скопје (Skopje Design Week) што се отвора на 21  ноември во „Јавна соба“. До 25 ноември на најпопуларната дизајнерска платформа за афирмација на културните и креативни индустрии во регионот ќе се одвиваат шест програмски целини. Со големата изложба на земјата во фокус посебно значење се дава на Германија како велесила во дизајнот, особено во сферата на дизајн на производ. Меѓународната изложба ЕКСПО е составена од домашни производители и млади перспективни дизајнери од целиот регион кои се во потрага по производители, а присутни се и студентски изложби од две академии за дизајн.

За првпат од годинава организирана е посета на фабрики за мебел со цел да се поттикне соработка со дизајнерите од други земји и компаниите.

Годинешната тема „Објективност“ е обид да се разбие заблудата дека еден производ треба да има само атрактивна форма за да може да се изложи и продаде.

„Кога се купува еден производ, се чини дека се бира врз основа на неговата естетика, а се занемарува важноста на функционалноста, материјалите и економските чинители. Оваа година го избравме објективното над субјективното – создадовме платформа за да демонстрираме дека при бирање на еден производ одлуките треба да се засновани пред сè на логичка синтеза и дека токму тоа е суштината на дизајнот – функцијата”, велат организаторите. „Замислете да купите стол што многу ви се допаднал поради својата форма и боја, но наслонот за грб е ужасен и секојдневно ви создава болки во грбот и сл. При избор на предмети со употребна вредност примерна е функцијата, секундарна е економската исплатливост и терцијална е естетиката”. Ова е нешто што Skopje Design Week веќе осум години се бори да го вкорени во размислувањето на публиката, додаваат организаторите.

Германија, годинешната земја во фокус, ќе се претстави со 12 светски познати дизајн-студија, отворени презентации на дизајнерите, посета и соработка со производители од Македонија кои сакаат да настапат на германскиот пазар.
„Германија е моторот на Европа во поглед на индустриски развој, производство, извоз и земја број 1 во светот во организирање меѓународни саеми и поврзување на бизниси од целиот свет. Добриот и квалитетен дизајниран мебел може да има успех само ако производителот успее да го пласира на светските пазари, а она што е најтешко за најголемиот дел од македонските производители е долгорочниот пласман на светските пазари”, велат организаторите.

Меѓународната изложба ЕКСПО (EXPO) годинава ја сочинуваат 8 компании од Македонија, 15 млади дизајнери од регионот и две академии за дизајн од Белград со прототипови од маси, столови, штендери, клуб-маси, осветлување, фотелји, радијатори, декоративни елементи и сл.
Ѕвезди на разновидната музичка програма годинава се српскиот музички продуцент и диџеј Марк Фанк, кој ќе настапи на отворањето на 21 ноември, џез-групата ЗАА (24 ноември) и хрватската диско-панк атракција „Лолобригида” (23 ноември), а во текот на Неделата на дизајнот музика ќе пуштаат и диџеите Константин, Марко Рикалоски, Еми Ермилова, Јуекс, Соул Кејс, а ќе настапи и српската пејачка Бојана Вунтуришевиќ.

Гастрономските истражувања премиерно годинава се во форма на кулинарско шоу на популарниот белгиски мастершеф Марк де Јонг, кој од 23 до 25 ноември ќе готви и дизајнира храна заедно со гостите: поетесата Марта Маркоска, актерката и активистка Ирена Ристиќ и модните менаџери од Скопскиот моден викенд. На отворената сцена тој ќе им покаже неколку кулинарски трикови со цел да им ги подобри готвачките вештини, а од нив ќе учи за поезијата, екоактивизмот и модниот стил. Публиката што ќе го следи настанот ќе ја дегустира храната на лице место.

Двете мултимедијални детски работилници, на 24 и 25 ноември, годинава се на тема „Шумски животни”. Под водство на Дора Локвенец, Марина Таневска и Тамара Димитрова, децата од 5 до 7 години ќе создаваат брошеви, бележници за книги, кутии за моливи, инспирирано од мотиви на шумски животни и со користење рециклирани материјали.

На експерименталната работилница за дизајн на производи, која е веќе во тек до 22 ноември, македонски дизајнери и архитекти заедно со осум мастер-студенти од Факултетот за продукт и моден дизајн при Универзитетот за уметност од Берлин (Univerzität Der Künste Berlin), предводени од светски познатата дизaјнерка и нивни професор Инеке Ханс, заедно со архитектката и керамичарка Анета Поповска и виртуозот за плетење трска на разбој Петар Благојевски ќе создадат нови дизајн-решенија за домаќинство и угостителство. Работилницата се реализира во керамичкото студио „Липа“ на Матка, а сите производи ќе бидат изложени на Неделата на дизајн во Скопје.

Недела на дизајнот во Скопје е дело на „Јавна соба“ – Центар за дизајн и иновација, во соработка со Делегацијата на германското стопанство со канцеларија во Македонија. Активностите ќе се реализираат во „Јавна соба“ и „Лукс’ секој ден од 10:00 до 01:00 часот, а влезот за сите посетители е слободен.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Унгарскиот министер за правда: Унгарија не може да го екстрадира Груевски, тој може да добие патнички документи

Унгарскиот министер за правда, Ласло Трочањи, за телевизијата „Еко“ изјави дека Никола Груевски може да аплицира за патнички документи како...

Македонија2 часа

Сијарто: Унгарските дипломати не го шверцуваа Груевски преку границите, тој имаше документи

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, денеска одржа прес-конференција на која рече дека Груевски морал да премине преку три...

Македонија3 часа

(Видео) Апостолски: Недозволиво е да се одреди мерка притвор без да биде сослушан обвинетиот

Денеска, го добивме решението за мерката притвор на Сашо Мијалков. Без да се повика на сослушување, недозволиво е на обвинетиот...

Македонија3 часа

Директорот на затворот „Скопје“: Мијалков е во ќелија со други затвореници, има право на посети и два часа прошетка

Нема наредба од судот за ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, да биде спроведен на рочиштето за предметот „Таргет-Тврдина“ поврзан со...

Македонија3 часа

Хан очекува објаснување од Орбан за азилот на Груевски

Еврекомесарот за проширување, Јоханес Хан на Твитер објави дека доколку е потврдена информацијата дека Унгарија одобрила азил за Никола Груевски,...

Свет3 часа

(Видео) Напад во Денвер, едно лице загина, двајца напаѓачи се уапсени

Доцна синоќа во центарот на Денвер две лица отвориле оган при што неколкумина беа ранети, а едно лице загина. Шефот...

Свет4 часа

(Видео) Американскиот Сенат преку писмо побара од Трамп втора истрага за Кашоги

ЦИА не успеа со сигурност 100 %, да утврди дали саудискиот престолонаследник го наредил убиство на новинарот Џамал Кашоги, изјави...

Македонија4 часа

МЗД: Да се разреши составот на Комисијата која утврди дискриминација кон Груевски

Со утврдувањето дискриминација кон Никола Груевски, Комисијата за заштита од дискриминација покажа селективно и непрофесионално работење, смета Мрежата за заштита...

Македонија14 часа

СЈО барало притвор за Мијалков поради оперативни информации дека ќе бега

Во решението на кривичниот суд за притворот на ексдиректорот на тајната полиција, Сашо Мијалков, пишува дека мерката му е определена...

Македонија16 часа

Адвокатот на Мијалков: Недозволиво е што тој не беше известен за притворот

Недозволиво е судија на претходна постапка или кривичен совет да не ја извести странката, во случајов Сашо Мијалков, дека за...

Македонија17 часа

(Видео) Мијалков спроведен во затворот во Шуто Оризари

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, вечерва е спроведен во истражниот затвор во Шуто Оризари поради опасност од бегство, велат...

Македонија18 часа

Владата го одби предлог-законот за амнестија предложен од ВМРО-ДПМНЕ

Владата на денешната владина седница донесе негативно мислење за предлог-законот за амнестија за настаните од 27 април. „Владата донесе негативно...

Uncategorized21 час

Амнестија во текот на судскиот процес, прекин на постапката за тие што не тепале на 27 април?

Кој ќе се спаси од кривична одговорност за инцидентите од 27 април, најверојатно ќе се утврдува според обвинителниот акт, односно...

Македонија21 час

Влада: Очекуваме Будимпешта да го предаде Груевски во Македонија

Владата соопшти дека официјално покрај протестната нота доставена вчера за улогата на амбасадите на Унгарија во бегството на Груевски од земјата,...

Бегството на Груевски22 часа

Груевски: Добив азил во Унгарија, продолжувам да ја барам правдата

Поранешниот премиер Никола Груевски, на неговиот „Фејсбук“ профил, ги потврди информациите дека добил политички азил во Унгарија. Тој себе си...

Македонија22 часа

Кривична за директор на јавно претпријатие кој незаконски си зел аванси од над 2 милиона денари

Гевгелиската полиција поднесе кривична пријава против 29-годишен директор од Дојран поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Како...

Бегството на Груевски23 часа

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски до Министерството за правда на Република Унгарија. „Барањето за...

Македонија1 ден

Сведокот ги препозна двајцата напаѓачи што го претепаа Никола Саздовски

На денешното рочиште за убиството на 20-годишниот навивач на групата „Комити“ повеќе од два часа сведочи сведокот Миле Алексовски, кој...

Свет1 ден

(Видео) Девојка со српско потекло меѓу убиените во Чикаго

Една од трите жртви на пукањето во болницата „Мерси“ во Чикаго е 25-годишна девојка со српско потекло, пишуваат српските медиуми....

Македонија1 ден

При апсењето на Бошкоски пронајдени се пиштол и хрватски пасош

Денешното рочиште за случајот „Тортура“, кој се однесува на апсењето на претседателот на партијата ОМ, Љубе Бошкоски, продолжи со репродуцирање...

Досие