Контакт

Култура

Вечерва отворање на Меѓународната ликовна колонија „Михајлово 2022“ во Кавадарци

Објавено пред

Денеска од 20:30 часот, во Летната бавча на Домот на култура „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, ќе биде отворена Меѓународната ликовна колонија „Михајлово 2022“ Кавадарци.

dobivaj vesti na viber

Во рамките на отворањето, претходно од 20 часот во Галеријата при Домот на културата ќе биде отворена изложба на Стефан Хаџи-Николов.

За време на отворањето ќе настапи групата „Акустико“.

Годинашното издание на колонијата ќе донесе учесници од Словенија, Србија, Турција, Црна Гора, Грција, Македонија, Косово, Германија и Русија.

Колонијата е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија и Локалната самоуправа на Општина Кавадарци.

За време на колонијата ќе се одржат изложба на Диме Темков, Љубљана, Словенија (Музеј Галерија – 22 август – 20 часот), изложба на Новица Трајковски, Скопје – „Тиквешанка“ (Вински музеј – 24 август – 20 часот), промоција на книгата „Наива – наивното сликарство и скулптура во Македонија“ од Гоце Бужаровски (Вински музеј – 24 август – 20:30 часот).

Уметниците ќе творат во Вила „Рума“ Дабниште, каде со изложба на дела од учесниците колонијата ќе биде затворена на 25 август од 20 часот. За време на затворањето ќе настапат рок-групи „Кавадарци најт“.

Култура

Филмот „Снежаната на крајот умира“ ќе се прикажува во кината од 6 октомври

Објавено пред

Животите на една хикикомори уметница, радиоводител со Аспергер синдром, сопственик на видеотека, филозоф од пред гранапче, креативен директор и гинеколог антинаталист се испреплетуваат низ три откачени приказни за љубов, пријателство и посветеност.

dobivaj vesti na viber

„Снежана на крајот умира“ е социјална драма во амбалажа на комедија на апсурд, која се занимава со тоа колку е ужасно тешко да се остане чесен и верен на своите вредности во морално корумпирана средина. Филмот е составен од 3 испреплетени приказни за 3 групи луѓе, една мува, едно прасе, една клозетска шолја и еден град, чии патишта се допираат и влијаат еден на друг.

Главните улоги во филмот ги толкуваат Верица Недеска, Наташа Петровиќ, Сашко Коцев, Дениз Абдула, Ивица Димитријевиќ, Давид Јанакиев и Тино Костадиновски.

Сценарист и режисер на филмот е Кристијан Ристески, продуцент е Дарко Попов, кинематографери се Димо Попов и Севдије Кастрати, монтажер е Горан Вуќиќ, композитори се Александар Пејовски и Ставрос Макрис, сценограф е Сашо Блажевски, костимограф е Емилија Ивановска Атанасовска, дизајнер на звук е Грег Малканџи, маскер е Мојца Горогранц Петрушевска, кастинг директор е Мони Дамевски.

Режисерот Ристески филмот го дефинира вака: „Нашиот филм е приказна за човечката добрина, пристојноста, интегритетот, надежта и радоста на животот“.

Филмот е македонско-кипарска копродукција меѓу продукциските куќи Вертиго висуал (МКД) и Карета филмс (КИП). Продукцискиот буџет е 405 илјади евра. Финансиски е поддржан од македонската Агенција за филм (200 илјади евра) и кипарското Министерството за култура (45 илјади евра).

„Снежана на крајот умира“ имаше светска премиера на почетокот на годинава во официјалната селекција на филмскиот фестивал „Слемденс“ во Парк сити, САД, а европска премиера имаше ова лето на фестивал од А категорија, речиси истовремено со македонската премиера на затворањето на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола.

„Слемденс“ е Оскар-квалифицирачки фестивал на дебитантски филмови со буџет до милион долари, чие мото е „од филмаџии за филмаџии“. Оваа година селекцијата на филмовите беше извршена од преку 8100 пријавени филмови. На овој фестивал своите светски премиери ги имале режисерските дебија на Кристофер Нолан (познат по „Tenet”, „Dunkirk“, „Inception“), Бонг Џун Хо
(познат по „Parasite“, „Okja“, „Memoirs of a Murder“), Шон Бејкер (познат по „Red Rocket“, „The Florida Project“, „Tangerine“), браќата Русо (познати по блокбастер франшизите „Авенџерс“ и „Капетан Америка“)…

Фестивалскиот лајнап беше објавен на  фестивалскиот вебсајт  и во престижните филмски списанија  Варајети,  Скрин дејли  и  Холивуд рипортер .

Ова се неколку извадоци од критиките што ги објавија американските медиуми по светската
премиера:

„Прекрасен мозаик што ме потсети на „Магнолија“ на Пол Томас Андерсон, напишан со уште поисчашена комедиографска рака“ – SLUG MAG

„Беше навистина инспиративно искуство да се види како филмот успева да исцеди од приказната толку многу надеж и љубов“ – ANTICRITIC

„Ристески умее да ја намириса блескавата необичност во баналното секојдневие како свиња што бара тартуфи“ – FILM THREAT

„Оваа приказна сигурно нема да ве потсети на ништо што до сега сте го виделе, што е препорака сама по себе“ – MOVIE BOOZER

„Прекрасно исчанчен филм кој поседува уникатно чувство за реалноста“ – UNSEEN FILMS

Ова се дел од критиките во интегрална форма:

Snow White Dies At The End


https://www.slugmag.com/tag/snow-white-dies-at-the-end/

Филмот е развиен на филмските маркети CineLink (во рамките на Сараевскиот филмски фестивал) и Балкан филм маркет (каде режисерот и продуцентот освоија награда за најдобар пич), сценариото е развиено во соработка со програмите за развој на сценарио Соурцес2 (Германија) и МИДПОИНТ (Чешка), а грубата монтажа на филмот беше селектирана во Works In Progress програмите Eastern Promisses WIP (во рамките на филмскиот фестивал во Карлови Вари), Sofia Meetings WIP (во рамките на Софискиот филмски фестивал) и MedFilm WIPs (во рамките на филмскиот фестивал MedFilm во Рим).

Продажен агент на филмот за сите пазари освен македонскиот и кипарскиот е американската компанија OneTwoThree Media, која почна со светска продажба на „Снежана на крајот умира“ во рамките на индустриската секција на Филмскиот фестивал во Торонто, кој заврши пред неполни две недели.

Домашната кино-дистрибуција ќе почне на 6 октомври во Cineplexx.

Прикажи повеќе...

Култура

МФФ „Киненова“ од 7 до 14 октомври под слоганот „Првиот остава трага“

Објавено пред

Од 7 до 14 октомври ќе се одржи новото издание на Меѓународниот фестивал на дебитантски филм „Киненова“, под слоганот „Првиот секогаш остава трага“. Со проекции во „Милениум“ и во Кинотека организаторите по седми пат на домашната публика ќе ѝ ги „подарат“ актуелните први и втори остварувања на новите режисерски имиња во седмата уметност, кои гледаат на светот со отворени и љубопитни очи, поставувајќи бројни прашања во своите филмови кои се релевантни и на овие простори.

dobivaj vesti na viber

-Октомври традиционално станува месец на „Киненова“. Секоја година се снимаат сè  поквалитетни деби остварувања, и како селектор се соочувам со слатки маки кои филмови да влезат во конкуренција за фестивалските награди, вели програмскиот селектор Игор Анѓелков, кој на домашните филмофили им препорачува „и оваа година да не ја пропуштат „Киненова“, затоа што овој фестивал нуди возбудливи програмски содржини низ фокусиран концепт, кој е единствен од ваков вид кај нас“.

В петок, во киното „Милениум“ во 20 часот, фестивалот ќе биде отворен со хрватскиот филм „Чичко“ на режисерскиот двоец Давид Капац и Андрија Мардешиќ, со Мики Манојловиќ и Горан Богдан во главните ролји. Ова е еден од осумте филма кои се дел од официјалната компетиција за фестивалските награди, меѓу кои има и филмови од Романија, Полска, Србија, Италија, Турција и од Косово.

– За годинашните лауреати во официјалната, но и во селекцијата за краткометражни остварувања, ќе одлучува интернационалното жири во состав Аида Бегиќ (БиХ), Паво Маринковиќ (Хрватска), Елеонора Венинова (С. Македонија), Симоне Стараче (Италија), и претседателката на жирито Илдико Енједи, наградуваната унгарска режисерка, која воедно е добитник на Наградата за особен придонес во светската филмска уметност. Таа ќе одржи и мастерклас за публиката, споделувајќи ги нејзините филмски искуства за снимањето на победникот на Берлиналето во 2017 година, филмот „За душата и телото“, потоа финалист и за Оскарот, соопшти директорот на Фестивалот, Небојша Јовановиќ.

Од останатите фестивалски содржини, вредни за споменување се „Режисерот во фокус“, австрискиот маг Михаел Ханеке, чии први три филмови го трасираа неговиот пат до европскиот и светски врв, потоа изборот на филмови од актуелната португалска и ирска кинематографија, како и соработката со полскиот фестивал „Вистула“, кој на домашните кино платна ќе ни ја претстави тамошната актуелна кинематографија.

Сè на сè, „Киненова“ #7 повторно нуди квалитетни филмски содржини, со што од година во година ја потврдува својата зацртана цел – соодветно претставување на новите филмски сили, кои претставуваат светла иднина на седмата уметност.

Прикажи повеќе...

Култура

„Бела ноќ“ утревечер во Скопје

Објавено пред

Бум од уметнички настани утревечер „Бела ноќ“ во Скопје. Скопјани ќе уживаат во музички концерти, изложби, проекции, поетски читања, работилници, жонглерско шоу и перформанси на десетици локации низ градот.

dobivaj vesti na viber

Скопје во чекор со европските метрополи, утревечер „Бела ноќ“, скопјани и посетителите ќе имаат можност да уживаат во музички концерти, изложби, проекции, поетски читања, работилници, жонглерско шоу и перформанси на десетици локации низ градот. Традиционалната културна манифестација „Бела ноќ“ ќе се одржи утревечер (1.10.2022) на повеќе локации низ Скопје.

Централната манифестација ќе се одржи на плоштадот „Филип Втори“ каде ќе се одигра детската претстава „Моќта на музиката“, жонглерско шоу, концерт на Мијата.
Камерниот оркестар на Битола ќе се престави со „James Bond Symphony“, а настанот ќе заврши со настап на диџеј Dubnotic.

Во Кинотека ќе се одржува фестивалот „Десонанз“ каде ќе презентира македонската електронска сцена, видеоарт и ќе се прикажуваат филмови од кинотеката. Во Градски парк кај фонтана ќе се може да се погледне „Сообраќаен инсектариум – Пајакарт“, групна изложба на 13 домашни автори од различни ликовни изрази.

Програмата ја збогатуваат и културните институции: Во МКЦ ќе се одржува „Скопје винил конвеншн“ и перформансот на Франк Масон (менталист и психички забавувач од Нирнберг, Германија), Детски културен центар „Карпош“ заедно со Зоолошка градина ќе ги анимираат најмладите со „ЗОО азбука“, во Национална галерија т.с. Даут-пашин амам ќе може да се погледне изложбата на Димитар Кондовски, во Музеј на современа уметност ќе може да се види ретроспективната изложба на Симон Узуновски „Пат за Волкодери“ и самостојната изложба на Јана Јакимовска „Ретро: телесни ретроспективи“, во Спомен-куќата на Мајка Тереза постојаната изложба и „Мисионерка на милосрдието – Спомените за Мајка Тереза во Државниот архив“, Библиотека „Браќа Миладиновци“ ќе организира креативна работилница за деца, поетско читање, клуб на читатели и музичка програма, во Музеј на македонската борба ќе може да се види изложбата „Скопје со културните добра” на Ансамбал Македонија, а во Музеј на Република Северна Македонија постојаната етнолошка поставка, постојаната историска поставка – „Македонците бегалци од Втората светска војна и Граѓанската војна во Грција 1940-1949“ и времената изложба – „Гозби за живите и предците, боговите и светците“.

Целосната програма со распоред, локации и учесници може да се погледне на www.univerzalna.com.mk/belanok. Сите настани се од отворен карактер и се бесплатни за посетителите. ЈСП Скопје ќе вози бесплатно од 18 до 05 часот, а ќе функционираат и ноќните линии.

Настанот е во организација на ЈУ Универзална сала, финансиран од Град Скопје, а покровители се Сити радио и Лајф радио.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 часа

Груби: На Али Ахмети му треба народот, на народот му треба Али Ахмети

Вицепремиерот Артан Груби денеска изјави дека ДУИ може да функционира и без него. Оваа негова изјава дојде откако лидерот на...

Европа13 часа

Медведев: Голема Русија повторно се раѓа

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, се огласи по потпишувањето на указот за пристапување на четирите окупирани украински...

Европа14 часа

Зеленски: Подготвени сме за дијалог, но со друг претседател на Русија

Во Украина денеска се одржа итен состанок на Советот за национална безбедност, а претседателот на Украина, Володимир Зеленски, по состанокот...

Топ15 часа

Почина 55-годишен скопјанец, со велосипед удрил во запрено товарно возило

Денеска (30.9.2022), во 13.20 часот, во СВР Тетово е пријавено дека на автопатот Тетово – Скопје, во непосредна близина на...

Свет17 часа

(Видео) Путин ја објави анексијата на четирите украински региони: Народот одлучи

Знаете дека референдуми се одржаа во Доњецк, Запорожје, Херсон и Луганск. Гласовите се преброени и народот дефинитивно одлучил, без никакво...

Економија18 часа

(Видео) Фирмите што ги нуди Мицкоски да ги достават понудите до среда, порача директорот на ЕСМ

Фирмите што ги нуди лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да ги достават понудите до среда, порача на прес-конференција генералниот директор...

Македонија18 часа

(Видео) Мицкоски: Го повикувам Ковачевски да не дезертира од дуел, како што тоа вообичаено го прави во својот живот

При денешната посета на општина Јегуновце, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски, истакна дека владата и Ковачевски повторно молчат...

Македонија18 часа

Груби: ДУИ може без мене, нема раскол во партијата

Вицепремиерот Артан Груби, смета дека ДУИ може да функционира и без него. Ова доаѓа откако лидерот на оваа партија, Али...

Македонија18 часа

Именуван нов заменик-градоначалник на град Скопје

На позицијата заменик градоначалник на Град Скопје е именуван Александар Трајановски. Александар Трајановски доаѓа од приватниот сектор и беше избран...

Македонија20 часа

Захариева: Одамна антибугарскиот бран стана антиевропски

Антибугарскиот бран во Македонија одамна се претвори во антиевропски. Граѓаните на Северна Македонија до ден денес се жртви на комунистичката...

Македонија21 час

„Огнените“ од ДУИ по средбата со Ахмети остануваат на ставот за промена во извршната власт

Група функционери и активисти на ДУИ од таканаречената „Огнена група“ предводени од градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, и чаирскиот огранок...

Свет23 часа

Амбасада на Русија: САД не треба да се сомневаат во нашата подготвеност да се браниме

Американската војска не треба да се сомнева во подготвеноста на Русија да ги брани својот суверенитет, територијален интегритет и народ...

Свет23 часа

Остин: Премногу е рано истекувањето на гас да се нарече терористички чин

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин најави дека сè уште е рано да се шпекулира кој би можел да биде...

Свет23 часа

Бајден: Никогаш нема да ги признаеме руските референдуми во Украина

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави денеска дека Америка никогаш нема да ги признае руските обиди да заземе делови од украинската...

Свет23 часа

Путин потпиша указ – ја призна независноста на Херсон и Запорожје

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за признавање на регионите Херсон и Запорожје како независни територии. „Во согласност со општо...

Македонија24 часа

MО: 78 милиони долари сојузничка поддршка од САД за модернизација, опремување и развој на капацитетите на Армијата

Армијата на Република Северна Македонија добива 78 милиони долари американска поддршка во развојот на своите капацитети, модернизацијата, опремувањето и развојот...

Свет2 дена

Гутереш: Руската анексија на украинските територии би била опасна ескалација

Доколку Русија продолжи со плановите за анексија на четири украински региони, тоа би претставувало опасна ескалација што би ги загрозила...

Македонија2 дена

Ковачевски: Да се обединиме за европска иднина околу стремежот за европска Македонија

Претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, од македонското Собрание денеска повика на обединување на сите фактори за европскиот пат...

Топ2 дена

Притвор за кавадарчанка, која свирепо го убила својот партнер

На 28.9.2022, од страна на полициски службеници од СВР Велес – ОВР Кавадарци, во координација со Одделот за криминалистичка полиција,...

Македонија2 дена

Со парите од вилата во Њујорк да се купат дипломатски станови, бара синдикатот

Македонскиот дипломатски синдикат го поздрави успешното продавање на недвижноста на поранешна Југославија на Петата авенија во Њујорк, во рамки на...