Контакт

Култура

Вечерва почнува Фестивалот на грчки филм и култура

Објавено пред

Во кино „Милениум“ вечерва свечено се отвора Фестивалот на современ грчки филм и култура. Организатори на фестивалот се Здружението за промовирање на филмската уметност и култура „Арт синема“ Скопје и Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ заедно со Амбасадата на Република Грција во Северна Македонија. Фестивалот на грчки филм и култура е прв културен настан во земјава кој официјално се организира под покровителство на грчка институција.

Фестивалот на грчки филм и култура ќе трае до 27 октомври. Програмата се состoи од 6 прилично нови долгометражни грчки играни и документарни филмови од последните години, а ја правеа двајца грчки филмски автори, Димитрис Захос и Христос Каракепелис, и ја отсликува грчката продукција во последната декада.

На свеченото отворање ќе биде прикажан филмот „Витез“ во режија на Атина Цангари, а во наредните денови ќе може да се видат филмовите „Смак“, режија Елијас Деметриу (25 октомври, 18 часот, кино „Милениум), „Следната станица: Утопија“, режија Апостолос Каракаcис (26 октомври, 18 часот, кино „Милениум“), „Нејзина работа“, режија Никос Лабот (26 октомври, 20 часот, кино „Милениум), „Неправеден свет“, режија Филипос Цитос (27 октомври, 18 часот, кино „Милениум“) и „Поликсени“, режија Дора Масклавану (27 октомври, 20 часот, кино „Милениум“).

Фестивалот годинава има и еден голем ексклузивитет – тоа е специјалниот концерт на еден од најпознатите грчки музички бендови во последните години, бендот на Фоивос Деливоријас, кој ќе одржи концерт на 25 октомври во клуб-ресторанот МКЦ. Тие имаат специјален репертоар за оваа пригода и ќе свират филмска музика од познати грчки филмови.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Изложби

Групна изложба на млади графичари во МКЦ

Објавено пред

Група млади македонски графичари – Ана Трајковска, Ивана Секулоска, Јован Јосифовски и Душан Стефановски, ќе ги презентираат своите дела, кои отстапуваат од канонизираното класично поимање на графичката уметност. Преку разни аспекти, преку манипулирањето со техничките, медиумските и стилските концепти ќе претендираат да ги прошират границите на нејзиното поле.

Преку индивидуалните експериментирања со графичкиот печат и неговото втиснување во и врз разните материјали (епоксидна смола, линолеумски отпад, гипс, желатинска фолија, лесонит, тул, хартија итн.) авторите помалку или повеќе ќе успеат да ги допрат граничните подрачја и ќе ги прелеат и слеат во други ликовни медиуми во кои непосредно може да се препознаат карактеристиките на проширеното поле на графичката уметност.

Дел од петтемина автори, користејќи ги традиционалните методи на техничката изведба (но, и своевидното рециклирање на графичкиот отпад), со нивниот индивидуален пристап, всушност ќе ја манифестираат флуидноста на графичкиот медиум и прелевањето во интермедијалноста, која морфолошки ќе се артикулира во скулптурата, модниот дизајн, висечката инсталација, колажите и графитите. Иако концепциски и стилски меѓусебно се сосема диференцирани, сепак дифузната графичка линија на целата изложба го претставува оној заеднички именител што го означува примарниот интерактивен елемент, со кој авторите ќе го воспостават внатрешното дијалогизирање помеѓу делата, кои поединечно ги артикулираат разните поетички наративи: еколошките, социополитичките, феминистичките и културолошките.

Тие ќе бидат артикулирани преку презентирањето на двострано испечатениот, т.е. транспарентноста на античкиот скулпторски портрет на Ана Трајковска, како и транспарентноста на модниот дизајн на Ивана Секулоска; фрагментирањето и спојувањето на деловите во целоста на исклучителните критички колажи на Јован Јосифовски и трансферирањето на уличната уметност во галериски простор на Душан Стефановски, така што во сите дела на авторите може да се забележат автентичните индивидуални дискурси. Иако нецелосната виртуелна рецепција на делата од потписникот на овој текст се чини сомнителна, сепак се надеваме дека нема да биде големо промашувањето од менталното проектирање до реалното презентирање на делата. Исто така, се надеваме дека оваа изложба нема да биде единствена од ваков вид и дека во иднина на авторите ќе имаат уште поголем предизвик за натамошно истражување и исчекорување од класичната графичка уметност.

Прикажи повеќе...

Култура

Меморандум за соработка меѓу Министерството за култура и Асоцијацијата на архитектите

Објавено пред

Министерството за култура и Асоцијацијата на архитектите денес потпишаа меморандум за меѓусебна соработка во областа на архитектурата и заштитата на недвижното културно наследство.

Прва активност овозможена со потпишување на овој меморандум за соработка, како што информираа министерката Ирена Стефоска, претседателот на ААМ, Мишко Ралев, и претседателката на собранието на ААМ, Искра Јанковска-Михајловска, е вклучувањето тим професионални кадри, чија специјалност е заштита на објекти од културно наследство, во стручното тело при Министерството за поддршка на процесите на Охридскиот Регион.

Меморандумот предвидува соработка меѓу Министерството и архитектите во планирање проекти и активности поврзани со архитектурата во областа на заштитата на недвижното културно наследство, како и давање стручни мислења поврзани со архитектурата во проектите што Министерството ќе ги спроведува за заштитата на културното наследство.

Прикажи повеќе...

Култура

(Видео) „Да танцуваме уште“ – песната што стана културен феномен за време на ограничувањата во Франција

Објавено пред

Создадена минатиот декември, песната „Да танцуваме уште“ стана музички крик за сплотување на оние што се залагаат за враќање на културните настани во Франција.

Почнува во знак на протест на работниците во културата, но набрзо прераснува во културен феномен.

Со недели, оваа нумера е дел од протестите против рестриктивните мерки во земјата, но и на други локации каде луѓето спонтано се собираат, пејат и танцуваат.

Стиховите директно се однесуваат на ограничувањата воведени во октомври, што доведе до затворање на сите културни собири во земјата, а состојбата од тогаш остана непроменета.

„Со секоја авторитарна мерка за нашата сигурност, губиме од нашата самодоверба. Упорни се да ни ја ограничат свеста“, се наведува во текстот на песната.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион10 часа

Јанша го негира нон-пејперот: Тој документ не постои

Нема документ, па дури и нон-пејпер, со кој Словенија би се залагала за промена на границите на Балканот, е пораката...

Македонија12 часа

Судот одреди домашен притвор за Драги Рашковски

Ексгенералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, доби домашен притвор, кој му е изречен од Кривичниот суд. Судијата кој одлучуваше, го...

Македонија13 часа

Нови 908 заболени и 31 починат од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 3.616 тестирања, а регистрирани се 908 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Македонија14 часа

Заев за Рашковски: Нема недопирливи, но никој не е виновен додека за него не се докаже вина

Во однос на истрагата за поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, премиерот Заев вели дека нема недопирливи, но пресумцијата...

Македонија16 часа

Богдановиќ укажува дека ако се суспендира планот за зградите кај „Холидеј ин“, штетата ќе ја платат граѓаните

Во стариот Закон за урбанистичкото планирање општините немаа никакво ограничување за тоа колку да трае суспензијата или неспроведувањето на плановите...

Македонија16 часа

Филипче: Ќе преговараме Институтот „Торлак“ да ни стане стратешки партнер за набавка на вакцини

Министерството за здравство следната недела ќе преговара со српскиот Институт за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ да стане наш стртепки...

Свет17 часа

СЗО: Стапката на новозаразени се ближи до нов рекорд

Бројот на нови случаи на коронавирус во светот на неделно ниво е речиси двојно зголемен во последните два месеца и...

Европа18 часа

Првите „ковид-фри“ возови од денес превезуваат патници од Рим до Милано

Денес, тргнуваат специјални „ковид-фри“ возови, во кои патниците ќе може да се качуваат само со негативен тест на коронавирус, што...

Регион19 часа

„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу

Граѓаните на Србија развија имунитет најбргу со вакцината на „Фајзер“ и тоа две недели по првата доза, што е за...

Македонија19 часа

Во болниците во земјата се лекуваат 1.708 ковид-пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците во земјата е пријавено дека се лекуваат вкупно 1.708 пациенти со коронавирус...

Регион19 часа

Србија ги отвора училиштата

Кризниот штаб на Србија донесе одлука децата да се вратат на училиште. Според членот на Кризниот штаб, Предраг Кон, состојбата...

Македонија20 часа

Приведен Драги Рашковски, Обвинителството бара притвор

Полицијата го приведе поранешниот секретар во кабинетот на премиерот и поранешен генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, во рамките на истрагата...

Европа1 ден

Четири лица починаа по примањето на вакцината на „Астразенека“ во Италија

Четири лица во Италија починаа од ретки тромби, откако беа вакцинирани со вакцината на „Астразенека“, се вели во извештајот на...

Македонија2 дена

Во Македонија 890 нови случаи на коронавирус, 35 лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 890 нови случаи на коронавирус, 35 лица починаа, а оздравени се 1.024...

Македонија2 дена

Мицкоски: Илјадници луѓе се заведени во Избирачкиот список со два матични броја

Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, на денешниот брифинг со новинарите обелодени нов скандал со назив „Мафија 2“, кој се однесува...

Европа2 дена

Фон дер Лаен обвинета за кршење на дипломатскиот протокол

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, е обвинета за кршење на дипломатскиот протокол како одговор на поканата на...

Македонија2 дена

Кинеските вакцини ќе пристигнат на 28 април

Министерот за здравство најави дека на 28 април во земјата ќе стигнат 200 илјади кинески вакцини додавајќи дека потврдата ја...

Регион2 дена

Објавен нон-пејперот што го потресе регионот: предлози за нови граници на Балканот

Словенечкиот портал „Нецензурирано“ го објави нон-пејперот, односно неофицијалниот дипломатски документ за новите поделби на територијата на поранешна Југославија. Документот, кој...

Регион2 дена

Борисов ја достави оставката пред Националното собрание

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, утрово ја достави оставката пред новоизбраното 45-то Национално собрание на раководениот од него Совет на министрите,...

Европа2 дена

Две години од пожарот во „Нотр Дам“ – се очекува катедралата повторно да биде отворена во 2024

Катедралата „Нотр Дам“ во Париз, уништена во пожар пред две години, повторно ќе биде отворена во 2024 година, вети во...

Досие