Контакт

концерти

Вечер на Бах со рускиот виолончелист Александар Књазев

Објавено пред

Фестивалската програма на „Охридско лето“ продолжува вечерва со настап на еден од најдобрите виолончелисти на денешницата Александар Књазев. Концертот со дела од Јохан Себастијан Бах ќе се одржи во црквата „Света Софија“ во стандардниот фестивалски термин, 21 часот.

Лауреатот на бројни интернационални натпревари, Русинот Александар Књазев, е еден од најдобрите виолончелисти на денешницата. Неговите настапи низ светот постојано добиваат одобрувања од публиката и критиката. Роден е во Москва, каде и го започнува изучувањето на инструментот виолончело на шестгодишна возраст под менторство на Александар Федорченко. Дипломира на Конзерваториумот во Москва во 1986 година, а потоа своите студии ги продолжува на Конзерваториумот во Нижни-Новгород, каде пет години подоцна дипломира на одделот по оргули во класата на познатата Галина Козлова.
Соработувал со извонредни диригенти – Евгени Светланов, Јури Темирканов, Мстислав Ростропович, Владимир Федосејев, Јури Башмет, Максим Шостакович и Ними Јарви. На полето на камерната музика негови партнери биле познатите руски имиња – виолинистот Вадим Репин, пијанистот Николај Лугански, виолинистот Виктор Третјаков, пијанистот Борис Березовски и многу други изведувачи од целиот свет.

Покрај изведувачката дејност, Књазев се занимава и со образовна дејност. Имено, тој е професор на Конзерваториумот во Москва, а редовно одржува и мајсторски-курсеви во Европа и Азија. Неговата дискографија вклучува снимки со Борис Березовски, Дмитри Мактин, Николај Лугански, Филхармонискиот оркестар на Санкт Петерсбург, изведувајќи ги притоа некои од најзначајните дела од литературата наменета за виолончело од композиторите: Јохан Себастијан – Бах, Едвард Елгар, Сергеј Рахманинов, Фредерик Шопен и др.

концерти

Уникатната Зи Зи на роденденскиот концерт на Филхармонија

Објавено пред

Имагинативна и возбудлива, кинеската пијанистка Зи Зи, една од најуникатните појави меѓу новата генерација пијанисти, ќе настапи в четврток (21 ноември) во Филхармонијата. На роденденскиот концерт на Филхармонијата таа ќе го изведе Концертот за пијано и оркестар од Јоханес Брамс.

Критичарите ја опишуваат оваа пијанистка како полна со ентузијазам, гламур, младешка енергија, а за нејзините изведувачки капацитети велат дека може да ги пренесе слушателите во друга реалност. Критичарите не ги штедат зборовите и за нејзината креативна зрелост пишуваат дека таа во своите изведби е моќна, страсна, полна со чист артизам.

Концертот со симболичен наслов „Среќен роденден“, со кој Филхармонијата одбележува 75 години од основањето, ќе го води маестро Борјан Цанев, а на програмата се и „Фантазија корале“ од Томислав Зографски и варијациите „Среќен роденден“ од Филип Иванов.

Билетите се веќе достапни и може да се набават на билетарница на Филхармонијата или да се резервираат на тел: 02/3238 182 или, пак, да се купат онлајн на нашата веб-страница www. filharmonija.mk

Прикажи повеќе...

концерти

Олафур Арналдс со албумот на 21 век во „Сава центар“ во Белград

Објавено пред

На 20 ноември во белградскиот „Сава центар“ концерт ќе одржи маестралниот исландски музичар Олафур Арналдс, кој ќе го промовира еден од најдобрите албуми на 21 век, Re:member.

Во текот на последните петнаесетина години 33-годишниот пијанист, мултинструменталист и композитор Олафур Арналдс константно се откриваше и себе и музиката, која го инспирира и провоцира. Музата го водеше на потполно поинакви страни: од улога на тапанар во хардкор-бенд и свирење на Шопен со Алис Сара От преку соработката со многуте локални (исландски) уметници во рамките на Mercury Classics проектот (Island Songs) и компонирањето музика за култната ТВ-серија Broadcurch, до соработката со Јанус Расмусен на нивната визија на електронска/техно/клупска музика низ Kiasmos.

Во меѓувреме, правеше музика и за балет и за филм. Ги складира сите тие искуства, технички напредуваше, го ширеше кругот на уметници што ги инспирираат и се подготвуваше за конечно излегување од капислата. Арналдс на Re:member, кој е официјално негов четврти (соло) студиски албум, сите тие сурови искуства на свирење разни жанрови ги пушти да се преплетуваат и комбинираат без филтрирање, а во исто време влезе во сржта на креативниот процес во кој уметникот во текот на креацијата целосно изгледува од маѓепсаниот круг на туѓите и сопствените очекувања и навики.

Светските медиуми албумот Re:member го опишаа како запознавање на несекојдните агли на мистичниот Исланд, од каде што потекнува овој фантастичен композитор, музичар и продуцент.

Една од работите што овој Исланѓанин го прават посебен е дека токму во време на најдлабоката креаторска блокада изуми нов инструмент. Софтверот „Стратус“, кој Арналдс го креира, му помага со помош на само еден клавир да контролира уште два, кои го следат и баш според овој принцип настана албумот Re:member.

Овој албум го води слушателот низ разни расположенија и чувства, низ разни музички пејзажи. Секое парче на овие дела е можно да се чуе одделно – композицијата, придружно звучни елементи и поп-призвуци кои се пробиваат и цветаат низ песната. Секоја нумера со својот почеток нагласува дека re:member продолжува да тече, не се заморува и не му дозволува на слушателот да се умори бидејќи секојпат носи нешто ново и целосно неочекувано.

„Ова е албум со кој излегувам од своите рамки“, објаснува Арналдс. „Ги користам суровите влијанија од разните жанрови и не сакам ниеден начин да ги филтрирам. Албумот заоѓа во длабочините на креативниот процес и прикажува како поединецот може да манипулира со ситуацијата и да излезе од
навиките и очекуваното“.

Сепак, низ 12-те композиции на албумот Олафур не се исклучува, туку го повикува слушателот да му се придружи и да биде дел од неговиот креативен процес. Ваквите мотиви се видливи и на неговите настапи кога се труди целата публика да ја вклучи во самата изведба. „Сакам мојата музика да ја инспирира креативната заедница“, истакнува тој.

Светот изненадно минатата година го напушти единствениот Јохан Јохансон, но за оној суптилен дел на емоциите кои само музиката може да ги предизвика и да ги извлече во прв план, тука се и натаму алхемичарите Нилс Фрам, Макс Рихтер, Олафур Арналдс и други, кои сè уште се откриваат себеси и значењето што музиката го има во ова време на отуѓеност и површност.

Концертот на Олафур Арналдс не е само музички настан на годината на Балканот, ова е момент во просторот и времето кој може да инспирира на разни големи работи на генерации луѓе што сè уште не се сиурни во својот талент и своите чувства. Овој концерт се слуша со широко отворено срце.

Никола Бурагев

Прикажи повеќе...

концерти

Концерт на Вадим Глузман, еден од најоригиналните виолинисти

Објавено пред

„Меѓу срцето и умот“ е насловен концертот на кој ќе настапи исклучителниот руски виолинист Вадим Глузман, кој важи за еден од најдобрите инструменталисти на светската музичка сцена. На концертот в четврток (14 номври) Глузман ќе го изведе Концертот за виолина и оркестар оп.64 од Феликс Менделсон, едно од најизведуваните дела во виолинската литература. На програмата е и Симфонијата број 5 од Сергеј Прокофјев. Со оркестарот ќе диригира Михал Нестерович од Полска.

Вадим Глузман на 16 години се преселил во Израел каде учел виолина кај славниот Исак Штерн. Свири на исклучителен инструмент „Страдивари“ кој некогаш му припаѓал на големиот унгарски виолинист и педагог Леополд Оер.

Откако победи на Европскиот натпревар за диригирање во Шпанија во 2008 година, полскиот диригент Михал Нестерович (1974) застана зад пултот со голем број водечки оркестри и ансамбли во Европа. Оваа концертна сезона го прави дебито со Минхенската филхармонија, со Симфонискиот оркестар на Хамбург, со Филхармонијата на Луксембург…, а се враќа да диригира и со симфонсиките оркестри на Барселона, Базел, Галиција, со Кралската филхармонија…

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Застаре делото за Владо Бучковски, државата ќе ги плати трошоците за адвокатите

За експремиерот Владо Бучковски и за уште тројца обвинети застаре делото во предметот „Тенковски делови“. Коалицијата Сите за правично судење,...

Македонија5 часа

„Танјуг“: Франција е за постепен пристап и ревирзибилност на процесот

Постепено пристапување, отворање на структурни фондови на ЕУ, но и построга политика на условување и ревирзибилност на процесот на проширување...

Интервју/Дебата6 часа

(Видео) Фрламе храна колку цело Кочани да јаде цела година

Според податоците на Заводот за статистика, третина од населението во земјата не може да си дозволи три оброка дневно, додека...

Македонија6 часа

Дескоска: Наместо само за плати, судството да реагира и за застарените предмети

Министерката за правда, Рената Дескоска, ги повика судиите и вработените во судството наместо само за плати, да реагираат и за...

Топ7 часа

Малолетници од интернат во Кавадарци извршиле насилство врз нивниот цимер

Малолетник од Негорци кој бил сместен во ученичкиот дом „Крсте Петков Мисирков“ во Кавадарци бил нападнат од неговите цимери. Насилството...

Топ8 часа

Изгоре маж во импровизирана барака во Тетово

Безживотно машко тело е пронајдено изгорено рано утрово по пожар што зафати импровизирана дрвена барака на улицата Љубо Божиновски-Пиш. Пожарот...

Македонија8 часа

Активисти на средба со Пендаровски: Над 25.000 луѓе починаа досега поради загадениот воздух

Над 25.000 наши граѓани починале прерано изминативе осум години поради загадениот воздух што го дишеме, институциите не ни функционираат, живееме...

Македонија9 часа

(Видео) Богдановиќ: Што уште да направам, да се самозапалам ли за да реагира некој за „Никофон“

Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, ги демантира тврдењата на Обвинителството дека Општината не доставила доволно документација за случајот за катна...

Естрада9 часа

Балашевиќ имаше срцев удар, откажан концертот во Крагуевац

Музичарот Ѓорѓе Балашевиќ (66) го откажа распродадениот концерт во Крагуевац поради здравствени проблеми. Неговата ќерка Беба Балашевиќ ги објави вестите...

Македонија9 часа

Дескоска: Гласот на судството го слушаме само кога треба да се поделат пари

Министерката за правда, Рената Дескоска, на прес-конференција ја повика антикорупциската комисија да го испита имотот на судиите и обвинителите како...

Македонија11 час

Антикорупциската го затвори предметот против Мицкоски за хидроцентралите

По кратка постапка, за само пет минути, Антикорупциската комисија го затвори предметот против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој се...

Македонија11 час

(Видео) Царовска: Речиси 700 фантоми, кои немаат документи, ќе добијат граѓански статус

Околу 700 лица, од кои повеќето деца, немаат извод од Матичната книга на родените и не се запишани никаде во...

Македонија12 часа

Антикорупционерите бараат одговорност од Анѓушев поради судир на интереси

На дневен ред на седницата на антикорупциската комисија се два предмета поврзани со вицепремиерот Кочо Анѓушев – едниот поврзан со...

Македонија13 часа

Мајката на Пино: Го убиле и го оставиле животните да го јадат

Да не бевте вие, немаше да бидеме тука. Тие четири коски што останаа и тие немаше да се најдат. Моето...

Европа13 часа

Снежна бура во Франција: еден загинат, 300.000 дома останаа без струја, сообраќајот во колапс

Железничкиот сообраќај е во колапс, а 300.000 домаќинства останаа без електрична енергија поради ненадејната снежна бура во југоисточна Франција. Едно...

Свет13 часа

Полската полиција евакуира училиште и зграда по пронаоѓањето експлозив во стан

Според полското радио РМФ ФМ, една 11-катна зграда и блиското училиште во полскиот град Плок биле евакуирани кога полицајците откриле...

Свет14 часа

Австралиска авиокомпанија постави нов рекорд за најдолг комерцијален лет

Австралиската компанија „Кантас“ го урна светскиот рекорд за најдолг непрекинат комерцијален лет во историјата. Растојанието од Лондон до Сиднеј (17.800...

Регион14 часа

Поради говор на омраза, исклучени осум члена на ХДЗ во Хрватска

Судот на честа за Градскиот комитет на Загреб синоќа донесе одлука од партијата ХДЗ да исклучи осум члена поради говор...

Свет15 часа

Иранскиот врховен водач помилува 3.500 затвореници

Иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, помилува илјадници затвореници вклучувајќи 32 активисти и други обвинети за загрозување на безбедноста. Веб-страницата...

Свет16 часа

(Видео) Крвав напад во САД: Убиени двајца ученици, 16-годишниот напаѓач си пукал во главата

Двајца ученици загинаа во нападот што се случи вчера во средното училиште „Саугус“ во калифорнискиот град Санта Кларита.Напаѓачот е 16-годишен...

Досие