Контакт

Култура

(Видео) Вечерва премиера на филмот „Сава“ на Македокс

Објавено пред

Вечерва, со почеток во 23 часот во Куршумли ан во рамките на фестивалот за документарни филмови „Македокс“ – Скопје, премиера ќе има долгометражниот документарен филм „Сава“. Филмот е копродукција меѓу Сава филмс (Англија) и Ортак филмс (МКД).

Сава е документарен патувачки филм по течението на реката од 990 километри низ земјите на поранешна Југославија. Во траење од 74 минути, сниман е на локации низ Словенија, Хрватска, Босна и Србија. Филмот ги истражува комплексните односи помеѓу луѓето кои живеат по должината на реката Сава и нивните видувања за природата, идентитетот и националното припаѓање.

Режисер и продуцент на филмот е Метју Сомервил од Велика Британија, монтажата е на Горјан Атанасов од Северна Македонија, сниматели се Ден Мекрам и Метју Сомервил. Во овој филм реката има глас и во улога на наратор е ѕвездата на југословенскиот филм и светски позната актерка Мира Фурлан. Музиката е на Робин Шлохтермајер.

Ова е прв долгометражен документарен филм на режисерот Сомервил, која има завршено документарна фотографија на Универзитетот „Фалмаут“ во Лондон.

Филмот неодамна имаше светска премиера на фестивалот „Докуфест“ во Призрен, Косово, а беше прикажан и на Сараевскиот филмски фестивал. Инспирацијата за оваа приказна режисерот ја наоѓа во самите луѓе, кои живеат покрај течението на најдолгата река во некогашна Југославија, која, и покрај тоа што границите се поместени, сè уште ги поврзува луѓето. Сомервил го соединува неговото неколкугодишно истражување за историјата, политичкиот и социјалниот живот на овие народи во самиот филм, сакајќи да ни покаже како природата е поголема од која било нација.

„Реките ги поврзуваат луѓето, повеќе од кое било знаме, култура или етничко припаѓање. Сакам луѓето да се слушнат едни со други. Сакам луѓето да  забават. Да се прифатиме едни со други и да комуницираме заедно, околу природата што нè опкружува“, вели Сомервил.

Задолжен за монтажата на филмот и во улога на копродуцент е Македонецот Горјан Атанасов, кој својата наобразба ја доусовршува на постдипломски студии по постпродукција на Универзитетот „Метфилм скул“ во Лондон, каде и се запознава со режисерот Сомервил.

Во потрага по зрел женски наратор, како гласот на реката, стапуваат во контакт со една од најголемите ѕвезди од југословенскиот филм, со светска кариера во Холивуд, Мира Фурлан, која со воодушевување ја прифаќа поканата. Во нивните преписки таа вели:

„Драг Метју, многу ми е драго и се чувствувам почестена што помисливте на мене за овој прекрасен проект. Целиот мој живот го посветив против поделбата и инклузивноста. Можам да го потпишам моето име под твојата реченица, каде зборуваш за природата и човечката поврзаност, кои се над сите опасни илузии за национализмот. Како една од граѓаните кои ја загубија својата земја во онаа бесмислена војна во која се бореа новите елити за финансиска корист, ви благодарам за овој проект. Со еден збор: Да. Би соработувала со вас на овој проект“.

Фурлан пристигнува во Лондон, каде ја снимаат првата сесија за нахсинхронизација. За време на пандемијата успеваат да реализираат уште една сесија преку зум-платформата, додека таа е во нејзиниот дом во Лос Анѓелес, а Горјан и Метју во Лондон.

„Веќе во септември не успеавме да дојдеме во контакт со неа повторно и нејзиниот сопруг нè контактираше да ни пренесе дека Мира е болна. Требаше да ја снимиме со неа последната нахсинхронизација, но не успеавме. Следните 3 месеци беа мачни за чекање. За жал, Мира почина. Филмот е посветен во сеќавање на Фурлан и на нашата фантастична соработка со оваа голема уметница“, вели режисерот Сомервил.

Во март оваа година филмот беше финиширан во Скопје, а постпродукцијата во Лондон во април.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Со концерти на Игор Џамбазов, Гуру Харе и Тока Шитет вечерва завршува „Преспаленд“

Објавено пред

Во рамките на „Преспаленд“ во чест на народниот борец и поет Димитар (Мите) Богоевски во Ресен, денеска беше отворен мурал посветен на неговиот лик и дело.

Фестивалот продолжува со ликовната изложба „Преспа во срцето, Кирил Јоновски – најголемиот познавач и хроничар на овој регион“, која од 17 часот ќе биде отворена во Домот на културата во Ресен.

Во 19 часот во амфитеатарот во Ресен ќе настапи Тока Шитет. Зад ова уметничко име е Идриз Амети, фронтменот на групата „Бла бла бла“. Како соло уметник свири на традиционалниот балкански инструмент шаркија. По него, со почеток од 20 часот, фестивалот „Преспаленд“ со концерт ќе го затворат блуз-легендите Игор Џамбазов и Гуру Харе.

Прикажи повеќе...

Култура

„Скопје синема сити“ од 18 до 22 септември во Кинотеката

Објавено пред

Во дворот на Кинотеката, со почеток во 19 часот, утре, 18 септември, ќе почне седмото издание на Филмскиот фестивал за музички документарни филмови „Скопје синема сити“.

Фестивалот ќе трае четири дена, 18-19 септември и 21-22 септември. Сите проекции ќе почнуваат во 19 часот и билетите ќе може да се набават пред проекциите на касата од Кинотеката.

Филмот што ќе го отвори Фестивалот е уметничкиот филм „Кога ќе се родиме“ во режија на Винсент Мун за филмскиот композитор Олафур Арналдс, кој е воедно и „Артист во фокусот“. Истата вечер ќе се прикаже филмот за џез-великанот Мајлс Дејвис, Birth of the Cool, со што ќе се одбележи 30-годишнината од неговата смрт.

Втората вечер ќе биде прикажан филмот The Hip на режисерот Јане Алтипармаков и тоа ќе биде со слободен влез. Филмот што ќе следува е B-Movie: Lust and Sound in West Berlin за боемската и декадентна сцена во Западен Берлин.

На 21 септември ќе биде прикажан краткиот филм Angel’s Breath, односно филм за музичката авантура на Милан Младеновиќ и Суба во Бразил, кој го изнедри истоимениот албум.

Во продолжение ќе биде прикажан филмот за Кирил Џајковски – „Современа музика за современа доба“, во продукција на ТВ „Војводина“. Филмот е портрет на Џајковски и неговите достигнувања во електронската и филмската музика, а осврт е даден и на неговото минато со бендовите „Бастион“ и „Леб и сол“. Филмот досега не бил прикажан во Македонија. Истата вечер ќе биде прикажани филмовите „Трагачи по звукот“ (бесплатна проекција) и „Primal Scream: Изгубените снимки од Мемфис“.

Последната вечер ќе бидат прикажани филмовите „Кејт Буш: Трчајќи по ридот“ и „Марк Болан: Космичкиот танчар“.

Фестивалот е во организација на здружението „Номад-арт“ – Скопје во соработка со Кинотеката на Македонија, Институтот „Гете“ и Фондацијата „Милан Младеновиќ“.

Прикажи повеќе...

Култура

Документарниот филм со работен наслов Ironman освои награда во Белград

Објавено пред

Документарниот филм со работен наслов Ironman, во продукција на „Опиум филм“, од режисерите Кирил Каракаш и Светислав Подлешанов, е добитник на наградата East Silver Caravan Award во програмата Beldocs in Progress на 14. БЕЛДОКС – Меѓународен фестивал за документарни филмови во Белград, кој се одржа од 13 до 16 септември.

Како што информираат од продукцијата, филмот се снима и развива веќе трета година, а досега бил на повеќе работилници за развој на документарни филмови во Белград, Софија, Призрен, Лајпциг, Сараево, Рига и во Поградец како единствен претставник од нашата држава.

Од „Опиум филм“ исто така посочуваат дека филмот досега двапати е одбиен за финансирање филмски проекти од страна на Агенцијата за филм на РСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

Американски милијардер случајно признал убиство, му се заканува доживотен затвор

Американскиот милијардер Роберт Дурст вчера беше прогласен за виновен пред судот во Лос Анџелес за убиство на неговата најдобра пријателка...

Топ4 часа

Приведени пет лица поради напад врз полицајци на вчерашниот протест во Тетово

Тетовската полиција вчера уапсила три лица – Б.А.(31) од кичевското село Туин, Н.Б.(52) од тетовска Мала Речица и Џ.С.(33) од...

Топ5 часа

Жител на Сарај уапсен поради кражба на графички картички и струја за „копање“ на биткоини

Во скопското село Љубин, вчера околу 19.30 часот, единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го уапсила 39-годишниот Е.А. Како...

Свет7 часа

Американската војска призна: Во нашиот напад со дрон во Кабул загинаа 10 цивили

Американската војска во петокот потврди дека нејзиниот последен напад во Кабул кон крајот на август, во кој загинаа десет цивили,...

Македонија19 часа

Заев: Со Бугарија ќе бараме европско решение за двојна победа

Актуелниот момент поврзан со членството на Северна Македонија во ЕУ и состојбите во регионот беа главна тема на средбата на...

Македонија24 часа

Почина двегодишно дете со Ковид-19 кое имало претходни здравствени проблеми

Од Министерството за здравство информираат дека во денешната статистика за Ковид-19 на Институтот за јавно здравје ќе биде заведено и...

Македонија1 ден

Од следниот месец сертификатот за вакцинација ќе важи само со две дози

Од следниот месец сертификатот за вакцинација ќе важи само со две дози, најави министерот за здравство, Венко Филипче. Тоа значи...

Македонија1 ден

„Избери живот, гласај зелено!“ – ДУИ го откри слоганот за локалните избори

„Избери живот, гласај зелено!“ е слоганот со кој Демократската унија за интеграција ќе настапи на претстојните локални избори, кои ќе...

Македонија1 ден

Русковска барала вештачење на телефонот со кој бил фотографиран Рашковски

Шефицата на обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, стапила во контакт со сопственикот на порталот каде што беше...

Македонија1 ден

Обвинителството почна да ја разгледува документацијата за модуларната болница во Тетово

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција пред два дена ја добило документацијата за модуларната болница во Тетово...

Македонија1 ден

Маричиќ: Власта не се меша во истрагата за пожарот во Тетово

Власта воопшто не се меша во истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово. Да сакаше да се меша, немаше...

Македонија1 ден

(Видео) Мисајловски: Одбивањето оставки од Владата за трагичниот случај во Тетово значи дека немаат морал

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, на денешната прес-конференција во врска со трагедијата во Тетово и прашањето за оставки во Владата...

Македонија1 ден

Бугарија ѝ донира на Македонија 50.000 вакцини од „Фајзер“

Синоќа, во 21 часот пристигнаа вкупно 51.480 „Фајзер-Бионтек“ вакцини како донација од Бугарија. „Вчера, Северна Македонија доби донација од повеќе...

Регион1 ден

Словенија воведе задолжителна вакцинација за вработените во јавната администрација

Сите вработени во јавната администрација во Словенија, кои не прележале коронавирус и кои не се вакцинирани, задолжително ќе мора да...

Свет1 ден

И Холандија воведе сертификат за вакцинација за влез во ресторани, кафулиња, музеи…

Во Холандија од 25 септември за влез во кафулињата, рестораните, музеите, театрите и на културни настани ќе биде потребен сертификат...

Македонија2 дена

Косовскиот премиер не одговори дали ќе ги екстрадираат осудените во случајот „Монструм“

Министрите за правда на Македонија и Косово се во директен редовен контакт и тие соработуваат во однос на прашањето за...

Македонија2 дена

Нови правила за Македонците – влез во Швајцарија само со сертификат, во Белгија карантин за невакцинираните

Швајцарија, Белгија и Австрија донесуваат нови ковид-правила за патниците што влегуваат во нивните земји.  За Швајцарија, повеќе не е во...

Свет2 дена

(Видео) Бајден го заборави името на австралискиот премиер, нов гаф на американскиот претседател

Американскиот претседател Џо Бајден го заборави името на австралискиот премиер Скот Морисон, па го нарече „тој човек одоздола“ за време...

Македонија2 дена

МВР: На Рашковски му е дозволено да излегува од куќен притвор за да оди на лекар

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, смее да се оддалечува од домот каде што издржува куќен притвор, тврдат од...

Свет2 дена

Француската војска уби лидер на ИСИС

Францускиот претседател, Емануел Макрон, објави дека припадниците на француската војска го убиле водачот на Исламската држава во Сахара, Аднан Абу...

Досие