Контакт

Култура

(Видео) Горан Папаз објави преработка на „Го молам ноќва небото“ од Тоше Проески

Објавено пред

Саксофонистот Горан Папаз објави преработката на песната „Го молам ноќва небото“ од Тоше Проески.

dobivaj vesti na viber

Како продуцент и гитарист на песната се потпишува Танче Гроздановски, пијаното го отсвире Иван Еминовиќ а вокалот е на Андреа Гроздановска.

„Маестро Григор Копров кој е автор на музиката и еден од најдобрите текстописци кај нас, Огнен Неделковски, несебично дадоа дозвола за да се направи оваа преработка“, информираше Горан Папаз.

Песната е снимена во студиото Гроздановски.

Култура

По повод Светскиот ден на театарот, 27 март, МНТ ги отвора вратите за сите граѓани

Објавено пред

По повод Светскиот ден на театарот, 27 март, Македонскиот народен театар ги отвора вратите за сите граѓани.

dobivaj vesti na viber

Публиката ќе има можност бесплатно да ја гледа претставата „Само глас“ од Нина Плавањац, во режија на Марјан Неќак, во која играат првенците на МНТ, Звездана Ангеловска и Никола Ристановски, со снимен глас, како и балетанот Дејан Битровски.

Пред почетокот на изведбата ќе бидат прочитани светската порака од Самиха Ајуб, египетска актерка, и македонската порака од Теута Ајдини-Јегени, актерка.

Билетите се подигнуваат на денот на изведбата од 14:00 часот на билетарницата на МНТ.

Прикажи повеќе...

Култура

Прво па женско 11 почнува со ПичПрич на тема „Бев Сама“

Објавено пред

На 6 април во Кино Фросина (МКЦ – Скопје) во 20 часот, Тиииит!Инк. го најави единаесеттото издание на единствениот фестивал за промоција на феминистичката култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО со ПичПрич на тема „Бев Сама“.

dobivaj vesti na viber

ПичПрич ја промовира женската усна историја, нормализирајќи ги женските искуства и преземајќи го јавниот простор и е авторски концепт на Ана Василева и Румена Бужаровска.

Како и секоја година, ПичПрич се обидува да отвори простор за актуелните теми поврзани со положбата на жените во нашата земја и поширокиот регион, особено со оглед на неодамнешниот наплив на вести за кривични дела извршени врз жени во моменти кога поради сплет на околности се нашле сами со сторителот.

Токму затоа оваа година темата е „Бев сама“ за да се нагласи изложеноста на насилство, погрешното лоцирање на вината и честото непостапување.Освен тоа, модерната психологија тврди дека токму напуштеноста е оној сублиминален простор во кој се јавува траумата.

Истовремено, пошироко гледано темата претставува и коментар на недостатокот на системска поддршка со кој се соочуваат жените во исполнувањето на многубројните улоги во општеството – од најтрадиционалните (работа во домот, одгледување на деца и негување на стари лица, лица со попреченост), па сѐ до оние кои се сметаат за нетипични (раководни и политички функции, спорт итн.).

Гледано од спротивната перспектива, бидувањето сама во смисла на сопствената соба на Вулф е оној простор на слобода неопходен за еманципација и ослободување на женската креативност. Повеќе за разновидните толкувања на оваа тема ќе слушнеме од нашите раскажувачки.

По настанот следи диџеј сет на Diah во бифето на Фросина.

Билетите за настанот се достапни на билетарницата на МКЦ и онлајн на https://bileti.mkc.mk/ во висина од 200 денари.

Настанот е реализиран со поддршка од Шведска и фондацијата Kvinna till Kvinna.

Прикажи повеќе...

Култура

Мојсова-Чепишевска: Македонистиката во Париз се развива со забрзано темпо

Објавено пред

Она што се случи во Париз пред 50 години не беше случајност, туку дел од континуирана поврзаност на македонската и француската културна и академска средина. Истражувања и објавени статии на француски филолози за македонскиот јазик датираат од периодот меѓу двете светски војни, пред неговата кодификација. Повеќе од јасно е дека во темелите на овој Лекторат е и еден претходен, исклучително значаен, непрекинат научен интерес за македонскиот јазик во француската филологија. Тоа нè обврзува на заеднички заложби и за денешниот развој на македонистиката во Франција. И по овие 50 години, веќе да мислиме и да работиме заеднички на она што ќе се случува во следните 50. А за тоа неопходно е заеднички да вложуваме во кадри, кои ќе го продолжат развојот на македонистиката на ИНАЛКО.

dobivaj vesti na viber

Меѓу другото, ова го истакна директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ), проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, на симпоиумот, кој по повод половина век од отворањето на Лекторатот по македонски јазик во Париз се одржа вчера на престижниот Национален институт за ориентални јазици и цивилизации (ИНАЛКО).

Во своето излагање таа детаљно се осврна и на она што претставува овој Лекторат за врските меѓу македонската и француската културна и академска средина од неговото формирање па наваму и особено за афирмацијата на македонскиот јазик, литература и култура во Франција. Одделно ги акцентира остварувањата и во првите години по отворањето на Лекторатот, меѓу кои се и Деновите на македонската култура, одржани неколку години по отворањето на Лекторатот и значајните книжевни преводи од македонски на француски јазик остварени во тој период.

„Ова е показ дека многу се остварило веќе во првите години по отворањето на Лекторатот по македонски јазик на ИНАЛКО и дека токму тој Лекторат станува средишна точка на врските меѓу француската и македонската културна и академска средина, но и почетна точка на една нова ера на присуството на македонскиот јазик, литература и култура во Франција. Ама тоа не е така само во тие први години по отворањето на Лекторатот, туку и во децениите потоа“, нагласи Мојсова-Чепишевска по детаљното осврнување на постигнувањата за афирмација на македонистиката во француската средина во периодот по отворањето на Лекторатот.

Во споредба со развојот во други европски академски средини, како што посочи директорката на МСМЈЛК при УКИМ, македонистиката на ИНАЛКО се развива со забрзано темпо. Притоа студиите по македонистика на ИНАЛКО не само што покажуваат континуитет туку насочуваат и кон развој. За присуството на странската македонистика во Европа, особено значајно е што сега на овој Лекторат македонскиот јазик се изучува како главен предмет и што студентите може да се стекнат со дипломи на сите три нивоа, сѐ до докторат. Тука е и првата професорска катедра за македонистика надвор од нашата земја, на која наставата ја изведуваат проф. д-р Фроса Пејоска-Бушро и сегашниот лектор, м-р Ѓоко Здравески, кој, како што нагласи Мојсова-Чепишевска, чекори по стапките на првиот лектор, проф. д-р Алекса Попоски, и на лекторите што по него се вложуваа во развојот на француската македонистика.

„Работата на овој македонистички центар е еден од вистинските примери како треба да се работи и на кој начин треба да го насочуваат својот развој и други лекторати и странски универзитетски центри на кои се изучуваат македонскиот јазик, литература и култура“, нагласи Мојсова-Чепишевска и во своето излагање на ИНАЛКО.

Таа се осврна и на влогот на Ацо Шопов за воспоставувањето и развивањето на македонско-француските културни врски на современ план поради што на чествувањето на јубилејот 50 години од Лекторатот по македонски јазик во Париз, одделно внимание се посвети и на делото на овој великан на македонската литература и култура по повод 100-годишнината од неговото раѓање. Притоа потсети и на значајноста на неговите престои во Париз пред отворањето на Лекторатот, но и на остварувањата во годините потоа.

„Шопов е оној што даде вистински влог во поврзувањето на двете култури – македонската и француската. Треба да имаме предвид и дека по објавувањето на збирката ‘Гледач во пепелта’, кога Шопов е амбасадор во Сенегал (1971-1975) и се среќава со Африка, не само што ја запознава африканската култура туку преку францискиот јазик дава свој влог во франкофонијата… …Не треба да заборавиме и дека во неговата поетска книга ‘Дрво на ридот’, во која ‘Македонија е во светот, а светот во Македонија’, Шопов токму со песната ‘Во еден од центрите на Париз’ ни го остави и аманетот за врските меѓу македонската и француската култура“, посочи Мојсова-Чепишевска.

На симпозиумот по повод 50 години од отворањето на најстариот активен лекторат по македонски јазик на универзитетите во светот – Лекторатот по македонски јазик во Париз, на ИНАЛКО имаше ученици од седум држави: странски македонисти и слависти, универзитетски професори – лингвисти, книжевни истражувачи и културолози, книжевни преведувачи и поети.

Заеднички со почитувачите на македонскиот јазик, литература и култура од Франција, САД/Канада, Шпанија, Полска, Сенегал и Тунис македонските учесници ја испратија пораката дека по оствареното во изминатите педесет години, со јасна цел и визија, вложувањата во македонистиката треба да продолжуваат во годините што следуваат. На симпозиумот, кој е и уште една потврда на добрата соработка меѓу МСМЈЛК при УКИМ и ИНАЛКО, се поттикнаа и заеднички иницијативи и нови проекти за следните години, кои се очекува да бидат значаен придонес во развојот на интересот за македонскиот јазик, литература и култура во француската и воопшто во европската академска и културна средина.

Прикажи повеќе...

Најново

Домашен9 часа

(Видео) По победата на Вардар, Чкембари испратени со специјалци и полициски возила од Аеродром

Битолската навивачка група Чкембари, со шест автобуси и едно комбе заминаа од салата „Јане Сандански“, откако Вардар го совлада Пелистер....

Македонија11 часа

Тешка сообраќајка во Чаир: Крв на улицата, еден возач однесен во болница

Тешка сообраќајка се случи вечерва во Чаир, во близина на стадионот. Во несреќата учествувале автомобил марка „фолксваген“ и моторцикл. Според...

Спорт12 часа

(Видео) Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Дербито во Првата македонска ракометна лига меѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер е прекинат попладнево во Скопје поради сериозни инциденти...

Свет14 часа

(Видео) Дрон камиказа падна во близина на Москва, се сомнева дека леталото било украинско

Во областа Тула во Русија, недалеку од поширокиот московски регион, се урнало и експлодирало беспилотно летало камиказа. „Две лица се...

Регион16 часа

Вучиќ: Предупредив дека доаѓа војна, не ми кажа Путин туку сам сфатив

Српскиот претседател Александар Вучиќ зборуваше за состојбите во светот. Тој вели дека Американците создаваат „нов блок во Европа, кој значително...

Македонија17 часа

(Фотогалерија) Охрид, Водно, Градски парк, Кучково – викенд места за прошетка на сонце

Убав пролетен ден не е за седење дома. На вакво мислење се голем број наши сограѓани кои сончевото време го...

Македонија17 часа

Заев вети, институциите исполнија, хотелот во Лагадин на чичко Никола е легален

По десетина поништени решенија на Општина Охрид и исто толку жалби од инвеститорот, две пресуди на Управен суд и нешто...

Македонија17 часа

Дабиќ: Во МНР масовно се впумпуваат партиски кадри, па се унапредуваат со злоупотреба

На денешната панел дискусија на тема „Алармантните состојби во македонската дипломатија“ обраќање имаше амбасадорот и претседател на Македонски дипломатски синдикат...

Македонија21 час

Спасовски: Лажните дојави за бомби се од група од Македонија и ќе одговараат за тероризам

Набргу група македонски државјани ќе добијат кривични пријави за тероризам и ќе одговараат за лажните дојави за бомби во училиштата...

Свет21 час

Нови гробови на историските гробишта во Украина: Победата е наша, но оваа е цената

Сместени во југоисточниот дел на Лавов, гробиштата Личакив се едни од најстарите во Европа и често се споредуваат со историскиот...

Македонија22 часа

Пратеник од ДУИ барал пари за да гласа уставни измени, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Ковачевски знае дека ниту неговите пратеници нема да поддржат уставни измени и затоа е нервозен. Иста е состојбата и во...

Свет22 часа

Трамп: Јас сум жртва на лов на вештерки

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера во Тексас им порача на илјадници приврзаници дека е подложен на една по друга лажни...

Македонија23 часа

Македонските патарини лани собрале над 53 милиони евра

На наплатните станици во државава лани е остварен промет во износ од 53.242.070 евра, соопшти Јавното претпријатие за државни патишта...

Македонија23 часа

Времето денес сончево и топло

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност, велат од УХМР. Ќе дува слаб до умерен ветер од...

Свет1 ден

Русија по грешка призна дека Украинците сепак ѝ потопиле воен брод

Украинските сили пред една година тврдеа дека рускиот воен брод Саратов е целосно уништен, што Русите постојано го негираа. На...

Свет2 дена

Каде ќе започне контраофанзивата?: Генерал изненади со најавата, Москва ја менува тактиката

Пролетта пристигна во Украина – при крајот на март температурите достигнаа највисоки 17 Целзиусови степени низ поголемиот дел од источниот...

Топ2 дена

Обвинителството со детали за девојчето во Струга: едниот силувач бил семеен пријател

Обвинителството бара притвор за тројцата кои силувале 14-годишно девојче во Струга. За случајот поведена е истрага против две лица, на...

Топ2 дена

Филмска потера на автопатот кај Тетово – полицијата пукала во тркалата на автомобил со кој бегале дилери на дрога

Полициска бркотница се одвивала синоќа на автопатот Гостивар-Тетово кога дилери на дрога ја забележале полицијата и одлучиле да се дадат во...

Македонија2 дена

Оштетувања на дигесивниот тракт има битолчанецот кој испил корозивно средство во кафуле, а нарачал кисела вода

Веќе петти ден на Клиниката за Токсикологија е хоспитализиран битолчанецот поради испиено корозивно средство во кафуле. Според информациите што вчера...

Македонија2 дена

Од што починала петгодишната Јана ќе покаже обдукцијата – се чека наодот додека се испитуваат лица

Обдукцијата на телото на петгодишната Јана Христовска, ќе треба да го дадат одговорот од што починало девојчето во битолската болница...