Контакт

Култура

(Видео) Да не служи за потсмев, во културата внимателно да се крои

Објавено пред

Бурните реакции што ги предизвикаа резултатите од конкурсот за култура, ревизијата на програмата и незадоволството на некои од апликантите беа тема на денешната надзорна расправа на Комисијата за култура. Пратеничките од опозицијата со многу прашања кон министерот за култура, Асаф Адеми, националниот координатор за култура, Роберт Алаѓозовски, советничката за култура на премиерот, Цветанка Ласкова.

На прашањето како некои национални установи добиле помала поддршка од Министерството за култура од некои проекти на невладини организации, Адеми одговори дека тој не може да има увид во сè, но тврди дека членовите на комисиите одлучувале според законот и верува во нивната стручност.

„Сметам дека ние транспарентно и демократски ги сослушавме сите оние што имаат забелешки на резултатите од конкусот. Се стигнало до овие резултати според постојните закони и критериуми. Тврдам дека членовите на комисиите совесно и стручно си ја завршиле својата работа, а за тоа можам да ви приложам нивна биографија. Се надевам дека со донесувањето на новиот закон за култура од Националната стратегија, ќе се подобрат механизмите на одлучување и ќе има повеќе задоволни“, рече Адеми.

Според поранешниот министер за култура, Роберт Алаѓозовски, проблемите доаѓаат и од таму што има премногу пријавени, а сите очекуваат поддршка од Министерството за култура.

„Со поефикасна децентрализација, како и подобар закон за спонзорства и донации, повеќето од проектите во културата ќе може да се пренасочат кон други извори за поддршка. Овие проблеми со незадоволни пријавени се провлекуваат со години. Мора да има филтри, не може државата да се грижи за толку голем број фестивали со иста содржина, на пример, и тука мора да има рестрикција. Секако, мора да се земе предвид тоа што се справуваме со намален буџет за култура и натаму ги оправаме последиците од поранешната власт“, смета Алаѓозовски.

Советничката Ласкова се огради од прашањата на пратеничките од ВМРО-ДПМНЕ  и ги упати кон претседателите на одлучувачките комисии од Министерството за култура.

„Немам ингеренции да зборувам дали се направени неправилности. По реакциите на јавноста од културата, ми ги дадоа на увид резултатите. Сепак, мојата работа како советник е да се погрижам за широката национална слика во културата, а проектите се во надлежност на комисиите“,  рече Ласкова.

Ова е втора надзорна расправа на Комисијата за култура, која е иницирана по резултатите на минатогодишниот и годинашниот конкурс на Министерството за култура. По 30 дена, вчера беше објавена и ревидираната програма за култура, но таа наиде на незадоволство кај јавноста од оваа сфера.

Во очекување да се донесе новиот закон за култура, претседателката на Комисијата, Ирена Стефовска, набргу најави уште една расправа на која ќе присуствуваат пратеници, претставници од граѓанскиот сектор и други инволвирани во креирање на политиката во културата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Актуелно

Режисерите на „Медена земја“ подготвуваат нови филмови

Објавено пред

Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, македонските режисери на документарниот филм со двојна номинација за Оскар „Медена земја“, се подготвуваат за неколку нови проекти, пишува ексклузивно „Варајати“.

Котевска добила финасиска поддршка за својот дебитански игран филм со работен наслов „Човек против јато“. Станува збор за приказна која говори за меѓугенерациски конфликт, односно контрастот на старите вредности и брзото темпо на современиот живот. Филмот ќе го снима во соработка со Стефанов и се надева дека ќе почне со снимањето идната година.

„Човек против јато “ е приказна за еден стар, тврдоглав селанец кој е горд на своите корени и земја, неговата модерна, независна ќерка која се обидува да ја избегне традиционалната улога и еден млад блогер зависен од адреналин кој сака да ги открие своите корени, но, преку низа недоразбирања, создава хаос на патот.

Во моментот Стефанов работи на анимиран проект што говори за климатските промени, со работен наслов „Швајцарско перење“.
„За мене, правењето филмови не е само раскажување различни приказни.Мојата почетна точка е дека има прашања што ме интересираат и што мислам дека знам како да ги преведам тие прашања на јазик што е универзално разбирлив“, изјавил Стефанов за Варајати.

Прикажи повеќе...

Култура

Почина Ѓорѓи Желчески, дел од познатото дуо Селимова-Желчески

Објавено пред

Пејачот Ѓорѓи Желчески, дел од познатото дуо Селимова-Желчески, почина утрово на 82 години во Белград.

Желчески беше роден во Прилеп 1938 година. Кариерата ја почнал како солист во Радио Скопје. Во 1959 година се запознал со пејачката Кевсер Селимова, со која по две години почнал да пее во дует. Заради неа и се преселил во Белград. По неколкугодишна врска се венчале и ја добиле ќерката Ана.

Дуетот Селимова-Желчески е најпознат по нивната изведба на народните песни: „Елено, ќерко“, „Бело лице љубам јас“, „Брала мома капини“ и други. На 15 ноември 2013 година, Селимова и Желчески одржаа концерт во Домот на АРМ, во Скопје, со кој го одбележаа јубилејот – пет децении творештво.

Прикажи повеќе...

Книги

Промоција на „По дождот“ и средба со Раде Шербеџија

Објавено пред

Издавачки центар „ТРИ“ ја претставува авторската книга „По дождот“ на филмскиот, телевизиски и театарски глумец Раде Шербеџија.

Промоцијата на книгата ќе биде на 26 февруари (среда), во Клуб-ресторанот во МКЦ, со почеток од 19 часот.

Промотор ќе биде истакнатиот писател и колумнист Венко Андоновски.

Книгата излезе од печат во 2018 година, a главната тема што се провлекува како нишка низ испреплетените парчиња текст е чувството на вечен егзил, патување во кое не постојат други граници освен реалните. Тие често како тегобност создаваат немир за кој мора да се пишува. За да се ослободи мислата, минатото, да се вкрстат патеките, да се заспие покрај морето или океанот. Да се одглуми најтешката улога – помирувањето со себеси, како странец во друга земја.

Секогаш неодреден, секогаш надвор од метежот, а внатре во себеси – Раде не е обичен раскажувач, тој е интимен сопатник низ поглавјата што ги ткае во својата приказна. Опишувајќи ја славата, но и осаменоста низ призмата на релациите меѓу себе и семејството, но и со холивудската немилосрдност, тој во „По дождот“ ни нуди токму таков амбиент. Сонце што огрева откако сите облаци ќе се расчистат.

Како култна икона на југословенскиот простор, овој заводлив и контроверзен актер и раскажувач ја создава својата книга на животот со леснотија опишувајќи ја најтивката и најгласна борба на вечното патување, на чувството дека животот се прелева низ границите за кои не постојат пасоши.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија39 минути

(Видео) Почна маршот на ВМРО-ДПМНЕ за правда

Со развиорени знамиња и скандирања „Никогаш Северна, само Македонија“ поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ го почнаа маршот за правда пред зградата на...

Македонија3 часа

Филипче: Дојдените од Италија да побараат преглед дома ако почувствуваат симптоми на коронавирус

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека оние што допатувале од Италија и имаат симптоми на болеста...

Македонија4 часа

Патникот од Дубаи нема коронавирус

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека патникот од Дубаи, кој јавил симптоми, нема коронавирус. „Вториот случај што го тестиравме...

Македонија5 часа

Владата со препораки за коронавирусот – да се откажат сите патувања и екскурзии на учениците во Италија

Владата донесе повеќе заклучоци и препораки за превенција и заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните од коронавирусот. Како...

Регион6 часа

Во Хрватска потврден првиот случај на коронавирус

Потврден еден случај на заразен со коронавирус во Хрватска. „Се работи за помлад човек, кој се наоѓа на Клиниката за...

Македонија8 часа

Маж варел кафе на плин и го предизвикал пожарот во Ново Лисиче

Од запалениот стан во Ново Лисиче пожарникарите извлекле петмина, меѓу кои една неподвижна жена и маж, кој од стресот не...

Актуелно9 часа

Режисерите на „Медена земја“ подготвуваат нови филмови

Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, македонските режисери на документарниот филм со двојна номинација за Оскар „Медена земја“, се подготвуваат за...

Македонија9 часа

(Видео) Милошоски ја предаде „бомбата” за Заев во Обвинителствотo

„Она што го поседувавав како материјал, аудио и транскрипти во кои се слуша гласот на Зоран Заев, го предадов во...

Регион9 часа

Двајца Срби, членови на екипажот на крузерот, имаат коронавирус

Двајца државјани на Србија, членови на екипажот на бродот „Дајмонд принцес“, е потврдено дека се заразени со коронавирусот. Информацијата ја...

Македонија11 час

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира пред Обвинителството и Врховниот суд

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на протест во 18 часот, кој ќе почне пред Обвинителството, а ќе заврши пред...

Спорт11 час

Џордан во солзи се прости од Коби Брајант (Видео)

Кошаркарската легенда Мајкл Џордан се прости од Коби Брајант, кој на 26 јануари заедно со својата ќерка Џијана и уште...

Македонија11 час

Тестовите потврдија – нема заразен од коронавирус во земјава

Лицето кое синоќа беше примено на Инфективната клиника во Скопје е тестирано и нема коронавирус, потврдија од Министерството за здравство....

Свет11 час

Почна процесот за екстрадиција на Асанж во САД

Првото рочиште во процесот на екстрадиција на Џулијан Асанж во САД се одржа пред судот во Лондон, при што двете...

Свет22 часа

Паника од коронавирусот, Италијанците ги испразнија супермаркетите

Во напад на паника поради коронавирусот Италијанците ги испразнија супермаркетите, а фотографиите на празни полици што ги објавија медиумите се...

Спорт22 часа

Ванеса Брајант ја тужи хеликоптерската компанија за трагичната несреќа

Ванеса Брајант поднела тужба против хеликоптерската компанија „Ајланд експрес хеликоптерс“ барајќи економска и казнена отштета по смртта на нејзиниот сопруг,...

Свет23 часа

Вајнштајн прогласен за виновен за сексуални напади

Поранешниот филмски продуцент Харви Вајнштајн е прогласен за виновен за две точки од обвиненијата за сексуален напад. Според Би-би-си, тој...

Македонија1 ден

Поради ужасните услови за живеење во Битола, Лука се враќа во Скопската зоолошка градина

Социјалните мрежи денеска беа преплавени од фотографии од тажното мајмунче Лука, сместено во валкан кафез во битолската Зоолошка градина, без...

Свет1 ден

Автомобил удри во карневалска поворка – 15 лица повредени во Германија

Полицијата уапси возач кој со сребрен караван се забил во карневалска поворка во Германија, пpи што се повредени 15 лица....

Европа1 ден

Бројот на починати од коронавирус во Италија се зголеми на седум лица

Во Италија почина и седмото лице од коронавирус. Станува збор за 80-годишен маж, кој претходно бил хоспитализиран, пренесоа локалните медиуми....

Македонија1 ден

Филипче апелира граѓаните да ги откажат патувањата во Италија

По петте смртни случаи од коронавирус во Италија, министерот за здравство, Венко Филипче, апелира граѓаните да ги одложат сите патувања...

Досие